заменик-министер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zamenik-minister/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 14:48:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заменик-министер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zamenik-minister/ 32 32 Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zamenik-ministerot-iseni-na-115-sesija-na-sovetot-na-megunarodnata-organizatsija-za-migratsii-vo-zheneva/ Tue, 26 Nov 2024 15:16:06 +0000 https://republika.mk/?p=841980

„Градењето капацитети за управување со миграцијата се планира и имплементира согласно националните потреби и интереси, но и во согласност со ЕУ политиките и стандардите, при што се земаат предвид и препораките содржани во Извештаите за напредок на Европската Комисија, како и искуствата на ЕУ државите“.

Ова, меѓу другото, го истакна заменик министерот за внатрешни работи д-р Астрит Исени во своето денешно обраќање во рамки на редовната 115 сесија на Советот на  Меѓународната организација за миграции (IOM), што се одржува во Женева, Швајцарија, посветена на натамошно усогласување на актуелните миграциони политики, како и прашања од значение за натамошното функционирање на оваа, инаку една од најголемите меѓународни асоцијации.

Во своето обраќање заменик министерот Исени презентирајќи дел од законските решенија и активностите по однос на миграциите на национално ниво, ги посочи и главните стратешки документи во оваа област како што се Националната стратегија за интегрирано гранично управување, Националната стратегија за борба против илегална миграција и прекуграничен криминал, Резолуцијата на миграциската политика и Патоказот за владеење на правото.

„Меѓународната соработка претставува важен дел во јакнењето на капацитетите за управување со миграцијата – како во областа на размена на информации и искуства, така и во областа на оперативната соработка и експертската и техничката поддршка“, потенцираше заменик министерот Исени, нагласувајќи ги во тој контекст имплементираните регионални проекти, финансиски поддржани од Европската комисија, а спроведени преку Фронтекс и други релевантни партнери, како и национални проекти дизајнирани и прилагодени за нашите потреби.

Инаку, во рамки на оваа четиридневна 115 Сесија, која што официјално започна со работа денеска, а ќе трае до четврток (28.11.), свое обраќање имаше и генералниот директор на ИОМ,  Ејми Поуп, која што го презентираше извештајот и стратешките заложби на организацијата во наредниот период.

The post Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева appeared first on Република.

]]>

„Градењето капацитети за управување со миграцијата се планира и имплементира согласно националните потреби и интереси, но и во согласност со ЕУ политиките и стандардите, при што се земаат предвид и препораките содржани во Извештаите за напредок на Европската Комисија, како и искуствата на ЕУ државите“.   Ова, меѓу другото, го истакна заменик министерот за внатрешни работи д-р Астрит Исени во своето денешно обраќање во рамки на редовната 115 сесија на Советот на  Меѓународната организација за миграции (IOM), што се одржува во Женева, Швајцарија, посветена на натамошно усогласување на актуелните миграциони политики, како и прашања од значение за натамошното функционирање на оваа, инаку една од најголемите меѓународни асоцијации.   Во своето обраќање заменик министерот Исени презентирајќи дел од законските решенија и активностите по однос на миграциите на национално ниво, ги посочи и главните стратешки документи во оваа област како што се Националната стратегија за интегрирано гранично управување, Националната стратегија за борба против илегална миграција и прекуграничен криминал, Резолуцијата на миграциската политика и Патоказот за владеење на правото.   „Меѓународната соработка претставува важен дел во јакнењето на капацитетите за управување со миграцијата – како во областа на размена на информации и искуства, така и во областа на оперативната соработка и експертската и техничката поддршка“, потенцираше заменик министерот Исени, нагласувајќи ги во тој контекст имплементираните регионални проекти, финансиски поддржани од Европската комисија, а спроведени преку Фронтекс и други релевантни партнери, како и национални проекти дизајнирани и прилагодени за нашите потреби.   Инаку, во рамки на оваа четиридневна 115 Сесија, која што официјално започна со работа денеска, а ќе трае до четврток (28.11.), свое обраќање имаше и генералниот директор на ИОМ,  Ејми Поуп, која што го презентираше извештајот и стратешките заложби на организацијата во наредниот период.
 
The post Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева appeared first on Република.

]]>
ДКСК: Заменик-министер во техничката влада, иако не смеел, распоредил 189 вработени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-zamenik-minister-vo-tehnichkata-vlada-iako-ne-smeel-rasporedil-189-vraboteni/ Wed, 24 Jul 2024 17:38:40 +0000 https://republika.mk/?p=799927

Заменик-министер во техничката влада што ја предводеше Талат Џафери, донел 189 решенија за распоредување на вработени, иако тоа било спротивно на одредби од Законот за спречување корупција и судир на интереси и на Изборниот законик.

Ваква оценка донесе Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) чија претседателка Татјана Димитровска на денешната седница (24 јули) најави дека „ќе иницираат постапка до надлежен орган“ против поранешниот функционер.

За отворањето на овој предмет шефицата на Антикорупциска информираше и претходно кога одговараше на прашања од пратеници за време на седница на Комисијата за политички систем во Собранието на која се разгледуваше годишниот извештај за работата на ДКСК. Тогаш таа информираше и дека станува збор за предмет за поранешен заменик во Министерството за внатрешни работи. Во техничката влада, на оваа функција беше Назим Буши од ДУИ.

Во време на изборниот период, согласно Пржинскиот договор, со МВР раководеше кадар на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, актуелниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Од редовите на СДСМ, пак, имаше дополнителен заменик, Митко Бојмацалиев.

Меѓутоа, двајцата, согласно закон, ги напуштија функции откако ДИК ги објави конечните резултати, па со МВР остана да раководи Буши.

„На ден 31.5.2024 година, заменик министерот ја презема надлежноста за раководење со Министерството, се до избор на новата влада. На 23.6.2024 година, Собранието ја избира новата Влада. Во тој период – од 31 мај до 23 јуни, во Министерството од страна на заменик министерот донесени се вкупно 189 решенија – 98 решенија за хоризонтално распоредување, 68 за унапредување и 23 решенија за распоредување со кои на работниците им се намалува основната плата“, рече претседателката на ДКСК на денешната седница.

Ставот на антикорупционерите е дека во тој период со оглед дека не бил извршен изборот на новата Влада не можело да се прават распоредување односно дека не се почитувани забраните во Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик.

„Се констатира повреда на законските одредби и за констатираното прекршување на законските одредби ДКСК ќе постапи во рамките на своите законски надлежности, ќе донесе одлука од нејзина надлежност и ќе иницира постапка до надлежен орган“, рече Димитровска.

The post ДКСК: Заменик-министер во техничката влада, иако не смеел, распоредил 189 вработени appeared first on Република.

]]>

Заменик-министер во техничката влада што ја предводеше Талат Џафери, донел 189 решенија за распоредување на вработени, иако тоа било спротивно на одредби од Законот за спречување корупција и судир на интереси и на Изборниот законик. Ваква оценка донесе Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) чија претседателка Татјана Димитровска на денешната седница (24 јули) најави дека „ќе иницираат постапка до надлежен орган“ против поранешниот функционер. За отворањето на овој предмет шефицата на Антикорупциска информираше и претходно кога одговараше на прашања од пратеници за време на седница на Комисијата за политички систем во Собранието на која се разгледуваше годишниот извештај за работата на ДКСК. Тогаш таа информираше и дека станува збор за предмет за поранешен заменик во Министерството за внатрешни работи. Во техничката влада, на оваа функција беше Назим Буши од ДУИ.
Во време на изборниот период, согласно Пржинскиот договор, со МВР раководеше кадар на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, актуелниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Од редовите на СДСМ, пак, имаше дополнителен заменик, Митко Бојмацалиев. Меѓутоа, двајцата, согласно закон, ги напуштија функции откако ДИК ги објави конечните резултати, па со МВР остана да раководи Буши. „На ден 31.5.2024 година, заменик министерот ја презема надлежноста за раководење со Министерството, се до избор на новата влада. На 23.6.2024 година, Собранието ја избира новата Влада. Во тој период – од 31 мај до 23 јуни, во Министерството од страна на заменик министерот донесени се вкупно 189 решенија – 98 решенија за хоризонтално распоредување, 68 за унапредување и 23 решенија за распоредување со кои на работниците им се намалува основната плата“, рече претседателката на ДКСК на денешната седница. Ставот на антикорупционерите е дека во тој период со оглед дека не бил извршен изборот на новата Влада не можело да се прават распоредување односно дека не се почитувани забраните во Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик. „Се констатира повреда на законските одредби и за констатираното прекршување на законските одредби ДКСК ќе постапи во рамките на своите законски надлежности, ќе донесе одлука од нејзина надлежност и ќе иницира постапка до надлежен орган“, рече Димитровска.

The post ДКСК: Заменик-министер во техничката влада, иако не смеел, распоредил 189 вработени appeared first on Република.

]]>
Заменик-министер распределил 189 вработени за време на избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zamenik-minister-raspredelil-189-vraboteni-za-vreme-na-izbori/ Wed, 24 Jul 2024 11:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=799843

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска на денешната осма седница информира дека ќе иницираат постапка до надлежен орган против заменик министер за донесување на 189 решенија за распоредување на вработени за време на избори.

Таа нагласи дека на 28.6.2024 година до ДКСК пристигнала претставка од познат подносител со укажување за сторена повреда на член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и член 8 став 1 алинеја 3 од Изборниот законик. Како што посочи, наводите се однесуваат на заменик министер на одредено Министерство при што се донесени вкупно 189 решенија, од кои 98 решенија се однесуваат за хоризонталнораспоредување на вработените во Министерството, 68 решенија за унапредување кои имаат финансиски импликации врз буџетот на Министерството и 23 решенија за распоредување со кои што им се намалува платат на вработените.

Димитровска неодамна образложувајќи го Годишниот Извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2023 година на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците одговарајќи на пратеничко прашање соопшти дека оформиле предмет против претходниот заменик министер за внатрешни работи за прекршување на Изборниот законик и Законот за спречување на корупција.

На денешната седница претседателката на Антикорупциска објасни дека ДКСК ја обезбедила целокупната документација од надлежните институции со цел потврдување на фактичката состојба.

Од извршениот увид во целокупната документација доставена од Министерството по оформениот предмет, ДКСК следната фактичка состојба – на 14.2.2024 година претседателот на Собранието донесе решение за распишување на избор на пратеници и за избор на претседател на Република С Македонија. На ден 30.5.2024 година, ДКСК донесе заклучок со завршување на изборите за пратеници. Согласно член 3 од Законот за изменување и диполнување на Законот за Владата, по престанување на функцијата на министер, заменикот на министерот во Министерството ја презема надлежноста односно ја врши функцијата министер наредниот ден по денот на објавување на конечните резултати од ДИК за спроведените избори за пратеници во Собранието. На ден 31.5.2024 година, заменик министерот ја презема надлежноста за раководење со министерството, односно бил назначен за заменик министер се до избор на новата влада. На 23.6.2024 година, Собранието ја избира новата Влада на Република С Македонија. Во периодот од 31.5.2024 до денот на изборот на Владата 23.6.2024 година во Министерството од страна на заменик министерот донесени се вкупно 189 решенија, 98 решенија за хоризонтално распоредување, 68 за унапредување и 23 решенија за распоредување со кои на работниците им се намалува основната плата, рече Димитровска.

Таа објасни дека согласно член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на судир на интереси, од денот на донесување на одлуката за распишување на избори до денот на завршување на изборот на претседател на Република Македонија се до завршување на изборите не може да се започне постапка за вработување на нови лица, постапки за престанок на работен однос освен во случај на итни и неодложни работи.

Од фактичката состојба за случајот, ДКСК утврди дека наводите изнесени во поднесената претставка се основани поради тоа што содејствијата преземени од страна на заменик министерот по однос на донесените решенија за распоредување не се испочитувани забраните утврдени во член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и член 8 а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик, односно донесени се решенија за распоредување во период кога се уште не бил завршен изборот на Влада. Исто така, ваквото постапување е спротивно и на член 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, односно претставува повреда на начелото на законитост согласно кое никој не смее да ја користи функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за извршување или пропуштање дејствија што според закон не смее. ДКСК констатира дека во конкретниот случај наводите содржани во пријавата за сторени повреди на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Изборниот законик се основани, поради што предлага постапката да се запре. Се констатира повреда на законските одредби и за констатираното прекршување на законските одредби ДКСК ќе постапи во рамките на своите законски надлежности, ќе донесе одлука од нејзина надлежност и ќе иницира постапка до надлежен орган, рече Димитровска.

Претседателката Димитровска на почетокот информира дека во рамки на денешната седница планирано е да се реферираат предлог-одлуки за вкупно 123 предмети, од областа на имотната состојба ќе се реферираат 60 предмети, од кои 53 предмети имаат предлог-одлука за постапката да се запре поради застареност, седум постапки од областа конкретно за проверување на имотната состојба, 51 предмет од областа на сомнеж од корупција и 27 предмети со сомнежи од судир на интереси.

The post Заменик-министер распределил 189 вработени за време на избори appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска на денешната осма седница информира дека ќе иницираат постапка до надлежен орган против заменик министер за донесување на 189 решенија за распоредување на вработени за време на избори. Таа нагласи дека на 28.6.2024 година до ДКСК пристигнала претставка од познат подносител со укажување за сторена повреда на член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и член 8 став 1 алинеја 3 од Изборниот законик. Како што посочи, наводите се однесуваат на заменик министер на одредено Министерство при што се донесени вкупно 189 решенија, од кои 98 решенија се однесуваат за хоризонталнораспоредување на вработените во Министерството, 68 решенија за унапредување кои имаат финансиски импликации врз буџетот на Министерството и 23 решенија за распоредување со кои што им се намалува платат на вработените. Димитровска неодамна образложувајќи го Годишниот Извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2023 година на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците одговарајќи на пратеничко прашање соопшти дека оформиле предмет против претходниот заменик министер за внатрешни работи за прекршување на Изборниот законик и Законот за спречување на корупција. На денешната седница претседателката на Антикорупциска објасни дека ДКСК ја обезбедила целокупната документација од надлежните институции со цел потврдување на фактичката состојба.
Од извршениот увид во целокупната документација доставена од Министерството по оформениот предмет, ДКСК следната фактичка состојба – на 14.2.2024 година претседателот на Собранието донесе решение за распишување на избор на пратеници и за избор на претседател на Република С Македонија. На ден 30.5.2024 година, ДКСК донесе заклучок со завршување на изборите за пратеници. Согласно член 3 од Законот за изменување и диполнување на Законот за Владата, по престанување на функцијата на министер, заменикот на министерот во Министерството ја презема надлежноста односно ја врши функцијата министер наредниот ден по денот на објавување на конечните резултати од ДИК за спроведените избори за пратеници во Собранието. На ден 31.5.2024 година, заменик министерот ја презема надлежноста за раководење со министерството, односно бил назначен за заменик министер се до избор на новата влада. На 23.6.2024 година, Собранието ја избира новата Влада на Република С Македонија. Во периодот од 31.5.2024 до денот на изборот на Владата 23.6.2024 година во Министерството од страна на заменик министерот донесени се вкупно 189 решенија, 98 решенија за хоризонтално распоредување, 68 за унапредување и 23 решенија за распоредување со кои на работниците им се намалува основната плата, рече Димитровска.
Таа објасни дека согласно член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на судир на интереси, од денот на донесување на одлуката за распишување на избори до денот на завршување на изборот на претседател на Република Македонија се до завршување на изборите не може да се започне постапка за вработување на нови лица, постапки за престанок на работен однос освен во случај на итни и неодложни работи.
Од фактичката состојба за случајот, ДКСК утврди дека наводите изнесени во поднесената претставка се основани поради тоа што содејствијата преземени од страна на заменик министерот по однос на донесените решенија за распоредување не се испочитувани забраните утврдени во член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и член 8 а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик, односно донесени се решенија за распоредување во период кога се уште не бил завршен изборот на Влада. Исто така, ваквото постапување е спротивно и на член 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, односно претставува повреда на начелото на законитост согласно кое никој не смее да ја користи функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за извршување или пропуштање дејствија што според закон не смее. ДКСК констатира дека во конкретниот случај наводите содржани во пријавата за сторени повреди на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Изборниот законик се основани, поради што предлага постапката да се запре. Се констатира повреда на законските одредби и за констатираното прекршување на законските одредби ДКСК ќе постапи во рамките на своите законски надлежности, ќе донесе одлука од нејзина надлежност и ќе иницира постапка до надлежен орган, рече Димитровска.
Претседателката Димитровска на почетокот информира дека во рамки на денешната седница планирано е да се реферираат предлог-одлуки за вкупно 123 предмети, од областа на имотната состојба ќе се реферираат 60 предмети, од кои 53 предмети имаат предлог-одлука за постапката да се запре поради застареност, седум постапки од областа конкретно за проверување на имотната состојба, 51 предмет од областа на сомнеж од корупција и 27 предмети со сомнежи од судир на интереси.

The post Заменик-министер распределил 189 вработени за време на избори appeared first on Република.

]]>
Маја Манолева ја презеде функцијата заменик-министер за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maja-manoleva-ja-prezede-funktsijata-zamenik-minister-za-zdravstvo/ Fri, 03 Mar 2023 17:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=615688

Во просториите на Министерството за здравство денеска Маја Манолева ја презеде функцијата заменик министер за здравство, информираше Министерството за здравство на својата веб страна.

Д-р Маја Манолева ја презеде функцијата заменик министер за здравство од д-р Владимир Рендевски, кој ѝ посака успешна работа на д-р Манолева и продолжување на реформите во здравствениот систем, се вели во објавата на Министерството.

The post Маја Манолева ја презеде функцијата заменик-министер за здравство appeared first on Република.

Заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски денеска си поднесе оставката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zamenik-ministerot-za-lokalna-samouprava-zoran-dimitrovski-deneska-si-podnese-ostavkata/ Tue, 14 Feb 2023 12:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=608842

Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски денеска си поднесе оставката на функцијата, откако вчера Демократскиот сојуз на седницата на Централниот совет донесе одлука да не ја поддржи реконструкцијата на владата најавена од премиерот Димитар Ковачевски. Оваа политичка партија беше членка на владината коалиција предводена од СДСМ и во парламентот има еден пратеник.

Ваквата одлука доаѓа откако претходно и партијата Алтернатива се одлучи да го напушти владејачкото мнозинство, откако премиерот Димитар Ковачевски го достави до Собранието на РСМ списокот на министри и заменици министри кои ќе бидат разрешени од функцијата.

Во Собранието вчера започна пленарната седница за реконструкција на владата, при што нов коалиционен партнер во владата е Алијанса на Албанците. Сепак, најавите за излегување од власта на Демократскиот сојуз и на Алтернатива го поставија прашањето за бројот на пратеници што ќе гласаат за реконструкција на актуелниот владин состав.

The post Заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски денеска си поднесе оставката appeared first on Република.

]]>

Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски денеска си поднесе оставката на функцијата, откако вчера Демократскиот сојуз на седницата на Централниот совет донесе одлука да не ја поддржи реконструкцијата на владата најавена од премиерот Димитар Ковачевски. Оваа политичка партија беше членка на владината коалиција предводена од СДСМ и во парламентот има еден пратеник.
Ваквата одлука доаѓа откако претходно и партијата Алтернатива се одлучи да го напушти владејачкото мнозинство, откако премиерот Димитар Ковачевски го достави до Собранието на РСМ списокот на министри и заменици министри кои ќе бидат разрешени од функцијата. Во Собранието вчера започна пленарната седница за реконструкција на владата, при што нов коалиционен партнер во владата е Алијанса на Албанците. Сепак, најавите за излегување од власта на Демократскиот сојуз и на Алтернатива го поставија прашањето за бројот на пратеници што ќе гласаат за реконструкција на актуелниот владин состав.  

The post Заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски денеска си поднесе оставката appeared first on Република.

]]>