замбија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zambija/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Jan 2023 18:10:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png замбија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zambija/ 32 32 Четири хрватски двојки осомничени за трговија со деца во Замбија пуштени од притвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chetiri-hrvatski-dvojki-osomnicheni-za-trgovija-so-detsa-vo-zambija-pushteni-od-pritvor/ Mon, 23 Jan 2023 18:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=600121

Четири хрватски двојки осомничени за трговија со деца во Замбија се пуштени денеска да се бранат од слобода до судењето, откако надлежниот суд констатирал дека со регулирањето на нивниот привремен престој во земјата се исполнети условите за ослободување од притвор, потврдија за ХИНА хрватски дипломатски извори.

Посочиле дека условите наложени од надлежниот суд се исполнети, привремениот престој во Република Замбија е регулиран (одобрен) и дека тие излегле.

Четирите двојки од Хрватска беа уапсени на почетокот на декември на аеродромот во Ндола, третиот по големина град во Замбија, под сомнение за трговија со луѓе, односно под сомнение за валидност на документите за посвојување малолетни деца од ДР Конго.

Обвинети се за обид за трговија со луѓе и фалсификување документи. Тие ја негираат вината.

Судот во Ндола, третиот по големина град во африканската земја со околу 19,5 милиони жители, им дозволи пред две недели на хрватските граѓани да се бранат од слобода откако платија кауција, 20.000 замбиски квачи по лице (околу 1100 долари) и патни исправи, да го регулираат нивниот престој во Замбија и да најдат 16 луѓе кои ќе гарантираат за нив.

Следното рочиште во судскиот процес е закажано за 6 февруари.

The post Четири хрватски двојки осомничени за трговија со деца во Замбија пуштени од притвор appeared first on Република.

]]>

Четири хрватски двојки осомничени за трговија со деца во Замбија се пуштени денеска да се бранат од слобода до судењето, откако надлежниот суд констатирал дека со регулирањето на нивниот привремен престој во земјата се исполнети условите за ослободување од притвор, потврдија за ХИНА хрватски дипломатски извори. Посочиле дека условите наложени од надлежниот суд се исполнети, привремениот престој во Република Замбија е регулиран (одобрен) и дека тие излегле. Четирите двојки од Хрватска беа уапсени на почетокот на декември на аеродромот во Ндола, третиот по големина град во Замбија, под сомнение за трговија со луѓе, односно под сомнение за валидност на документите за посвојување малолетни деца од ДР Конго. Обвинети се за обид за трговија со луѓе и фалсификување документи. Тие ја негираат вината. Судот во Ндола, третиот по големина град во африканската земја со околу 19,5 милиони жители, им дозволи пред две недели на хрватските граѓани да се бранат од слобода откако платија кауција, 20.000 замбиски квачи по лице (околу 1100 долари) и патни исправи, да го регулираат нивниот престој во Замбија и да најдат 16 луѓе кои ќе гарантираат за нив. Следното рочиште во судскиот процес е закажано за 6 февруари.

The post Четири хрватски двојки осомничени за трговија со деца во Замбија пуштени од притвор appeared first on Република.

]]>
Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvati-posvoile-131-dete-od-kongo-ke-se-proveruva-legalnosta-na-site-sluchai/ Thu, 12 Jan 2023 10:53:34 +0000 https://republika.mk/?p=596111

Хрватскиот министер за труд, семејство и социјална политика, Марин Пилетиќ, соопшти дека од 2012 година досега се посвоени 131 дете од ДР Конго, а ниту едно семејство не било под надзор на надлежниот Центар за социјална заштита.

За актуелниот случај со апсењето четири брачни парови од Хрватска во Замбија, осомничени за можна трговија со деца, Пилетиќ објасни дека е речиси невозможно да се посвои дете во Хрватска или дека постапката трае долго.

Тој најави дека неговиот ресор во соработка со Министерството за администрација ќе започне процедура за појасна правна рамка во однос на меѓудржавното посвојување, односно посвојување деца од други земји.

Осуммина хрватски државјани кои од 7 декември се во истражен затвор во Замбија поради сомневања за трговија со деца денеска го чекаат продолжението на судењето каде треба да се знае дали ќе бидат задржани во затвор или ќе им биде одредена кауција.

The post Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот министер за труд, семејство и социјална политика, Марин Пилетиќ, соопшти дека од 2012 година досега се посвоени 131 дете од ДР Конго, а ниту едно семејство не било под надзор на надлежниот Центар за социјална заштита. За актуелниот случај со апсењето четири брачни парови од Хрватска во Замбија, осомничени за можна трговија со деца, Пилетиќ објасни дека е речиси невозможно да се посвои дете во Хрватска или дека постапката трае долго. Тој најави дека неговиот ресор во соработка со Министерството за администрација ќе започне процедура за појасна правна рамка во однос на меѓудржавното посвојување, односно посвојување деца од други земји. Осуммина хрватски државјани кои од 7 декември се во истражен затвор во Замбија поради сомневања за трговија со деца денеска го чекаат продолжението на судењето каде треба да се знае дали ќе бидат задржани во затвор или ќе им биде одредена кауција.

The post Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи appeared first on Република.

]]>
Украина ја обвини Русија дека испраќа африкански затвореници на првата линија на фронтот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-ja-obvini-rusija-deka-isprakja-afrikanski-zatvorenici-na-prvata-linija-na-frontot/ Tue, 15 Nov 2022 12:55:18 +0000 https://republika.mk/?p=574062

Украинските власти ја обвинија Русија дека испраќа африкански државјани кои служат затврски казни во Русија на првите борбени линии во Украина.

Ваквото обвнување доаѓа еден ден откако беше објавено дека студент од Замбија загинал во борба, во време кога служел затворска казна во близина на Москва.

Путин испраќа африкански граѓани затворени во Русија во војната во Украина“, напиша на Твитер портпаролот на украинската дипломатија Олег Николенко.

Властите во Замбија во понеделникот објавија дека еден нивен државјанин, Лемехани Натан Ниренда, починал на 22 септември во Украина, додека требало да биде во затвор во Русија.

Замбија побара објаснување од Русија „за околностите под кои замбиски државјанин, кој издржува затворска казна во Москва, може да биде регрутиран да се бори во Украина и да го загуби животот“.

Како одговор, руската дипломатија објави дека ги истражува околностите за смртта на 23-годишниот студент од Замбија.

Украина го обвинува шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој е близок до Путин, дека испратил на фронтот неколку илјади борци, регрутирани во Русија, со ветување дека ќе добијат високи плати и ќе бидат ослободени од затворските казни.

Ниренда бил осуден за кршење на рускиот закон во април 2020 година, соопшти замбиската влада без да даде дополнителни детали.

Студентот по нуклеарно инженерство бил осуден на девет и пол години затвор. Казната ја служел во затвор во предградие на Москва.

The post Украина ја обвини Русија дека испраќа африкански затвореници на првата линија на фронтот appeared first on Република.

]]>

Украинските власти ја обвинија Русија дека испраќа африкански државјани кои служат затврски казни во Русија на првите борбени линии во Украина. Ваквото обвнување доаѓа еден ден откако беше објавено дека студент од Замбија загинал во борба, во време кога служел затворска казна во близина на Москва.
Путин испраќа африкански граѓани затворени во Русија во војната во Украина“, напиша на Твитер портпаролот на украинската дипломатија Олег Николенко.
Властите во Замбија во понеделникот објавија дека еден нивен државјанин, Лемехани Натан Ниренда, починал на 22 септември во Украина, додека требало да биде во затвор во Русија. Замбија побара објаснување од Русија „за околностите под кои замбиски државјанин, кој издржува затворска казна во Москва, може да биде регрутиран да се бори во Украина и да го загуби животот“. Како одговор, руската дипломатија објави дека ги истражува околностите за смртта на 23-годишниот студент од Замбија. Украина го обвинува шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој е близок до Путин, дека испратил на фронтот неколку илјади борци, регрутирани во Русија, со ветување дека ќе добијат високи плати и ќе бидат ослободени од затворските казни. Ниренда бил осуден за кршење на рускиот закон во април 2020 година, соопшти замбиската влада без да даде дополнителни детали. Студентот по нуклеарно инженерство бил осуден на девет и пол години затвор. Казната ја служел во затвор во предградие на Москва.

The post Украина ја обвини Русија дека испраќа африкански затвореници на првата линија на фронтот appeared first on Република.

]]>