Залужни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaluzhni/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Dec 2023 14:03:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Залужни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaluzhni/ 32 32 Залужни: Потребни ми се луѓе, муниција и оружје за да ја продолжам воената операција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaluzhni-potrebni-mi-se-luge-munitsija-i-oruzhje-za-da-ja-prodolzham-voenata-operatsija/ Wed, 27 Dec 2023 14:03:25 +0000 https://republika.mk/?p=727146

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни неодамна упати очајнички повик за воени ресурси, вклучувајќи луѓе, муниција и оружје, за да се продолжи борбата против Русија, објави РБЦ-Украина.

„Најважно ми е луѓето да дојдат во војска и да можат да ги извршуваат поставените задачи. Кој добива одложување, а кој не, кого државата ќе повика - тоа денес не е моја надлежност. Потребни ми се луѓе, потребна ми е муниција и потребно ми е оружје за да ја продолжам воената операција, рече Залужни.

Барањето на Залужни доаѓа откако украинскиот Парламент завчера предложи нацрт-закон со кој ќе се намали старосната граница за мобилизација од 27 на 25 години и ќе се намалат исклучоците, што значи дека повеќе Украинци ќе потпаднат под регрутација.

Неодамна, Зеленски рече дека Генералштабот побарал дополнителна мобилизација од 450.000 до 500.000 војници, бидејќи војната против Русија се приближува на втората годишнина, објави Си-ен-би-си, но Залужни подоцна тоа го негираше.

Зеленски ги обвини западните партнери на Украина, вклучително и САД, за лошите резултати од украинската контраофанзива. Зеленски тврди дека контраофанзивата започнала подоцна од планираното поради потребата од повеќе ресурси.

The post Залужни: Потребни ми се луѓе, муниција и оружје за да ја продолжам воената операција appeared first on Република.

]]>

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни неодамна упати очајнички повик за воени ресурси, вклучувајќи луѓе, муниција и оружје, за да се продолжи борбата против Русија, објави РБЦ-Украина.
„Најважно ми е луѓето да дојдат во војска и да можат да ги извршуваат поставените задачи. Кој добива одложување, а кој не, кого државата ќе повика - тоа денес не е моја надлежност. Потребни ми се луѓе, потребна ми е муниција и потребно ми е оружје за да ја продолжам воената операција, рече Залужни.
Барањето на Залужни доаѓа откако украинскиот Парламент завчера предложи нацрт-закон со кој ќе се намали старосната граница за мобилизација од 27 на 25 години и ќе се намалат исклучоците, што значи дека повеќе Украинци ќе потпаднат под регрутација. Неодамна, Зеленски рече дека Генералштабот побарал дополнителна мобилизација од 450.000 до 500.000 војници, бидејќи војната против Русија се приближува на втората годишнина, објави Си-ен-би-си, но Залужни подоцна тоа го негираше. Зеленски ги обвини западните партнери на Украина, вклучително и САД, за лошите резултати од украинската контраофанзива. Зеленски тврди дека контраофанзивата започнала подоцна од планираното поради потребата од повеќе ресурси.

The post Залужни: Потребни ми се луѓе, муниција и оружје за да ја продолжам воената операција appeared first on Република.

]]>
Зеленски првпат јавно призна дека постои конфликт со Залужни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-prvpat-javno-prizna-deka-postoi-konflikt-so-zaluzhni/ Wed, 22 Nov 2023 14:34:16 +0000 https://republika.mk/?p=715177

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика генералот Валериј Залужни да не се меша во политиката или да ја соблече униформата.

Зеленски во интервју за британскиот весник „Сан“ првпат јавно призна дека има конфликт со врховниот командант на вооружените сили на Украина.

Тој наведува дека за време на војна армијата не смее да се занимава со политика, бидејќи тоа не води кон единство на нацијата.

Зеленски посочува дека Залужни има право да се ангажира политички, но тогаш нема да може да командува.

„Ако некој води воена операција со знаење дека утре ќе се занимава со политика или избори, тогаш дури и на линијата на фронтот се однесува како политичар, а не како војник. Верувам дека тоа е огромна грешка“, објаснува Зеленски.

Според него, со сета почит кон генералот Залужни и кон сите команданти кои се на фронтот, мора да има апсолутно разбирање за хиерархијата.

„Не може да има двајца, тројца или повеќе лидери“, заклучува Зеленски.

Аналитичките портали со месеци пишуваат дека Зеленски сака да го замени Залужни, но дека САД се противат на тоа.

The post Зеленски првпат јавно призна дека постои конфликт со Залужни appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика генералот Валериј Залужни да не се меша во политиката или да ја соблече униформата. Зеленски во интервју за британскиот весник „Сан“ првпат јавно призна дека има конфликт со врховниот командант на вооружените сили на Украина. Тој наведува дека за време на војна армијата не смее да се занимава со политика, бидејќи тоа не води кон единство на нацијата. Зеленски посочува дека Залужни има право да се ангажира политички, но тогаш нема да може да командува. „Ако некој води воена операција со знаење дека утре ќе се занимава со политика или избори, тогаш дури и на линијата на фронтот се однесува како политичар, а не како војник. Верувам дека тоа е огромна грешка“, објаснува Зеленски. Според него, со сета почит кон генералот Залужни и кон сите команданти кои се на фронтот, мора да има апсолутно разбирање за хиерархијата. „Не може да има двајца, тројца или повеќе лидери“, заклучува Зеленски. Аналитичките портали со месеци пишуваат дека Зеленски сака да го замени Залужни, но дека САД се противат на тоа.

The post Зеленски првпат јавно призна дека постои конфликт со Залужни appeared first on Република.

]]>
Украина: Залужни разговараше со американските и британските партнери за соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-zaluzhni-razgovarashe-so-amerikanskite-i-britanskite-partneri-za-sorabotka/ Thu, 17 Aug 2023 08:08:15 +0000 https://republika.mk/?p=672905

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни разговараше со врховниот сојузнички командант на НАТО и командант на американските сили во Европа, генерал Кристофер Каволи и началникот на одбранбениот штаб на вооружените сили на Велика Британија, адмиралот Тони Радакин за соработката во воената сфера.

Врховниот командант на вооружените сили ги информирал партнерите за состојбата на фронтот и за време на офанзивните и одбранбените операции на украинските сили. Учесниците на состанокот разговарале и за можни непријателски дејствија. Тие особено се фокусирале на потребите на воените единици.

Залужни истакна дека на одбранбените сили им е потребна муниција, оружје, системи за противвоздушна одбрана, системи за електронско војување и уреди за далечинско деминирање.

Друго важно прашање се беспилотните летала. Спротивставување на непријателските беспилотни летала и градење сопствени способности, напиша Залужни на каналот Телеграм, пренесуваат украинските медиуми.

Според врховниот командант на украинската армија, на средбата со партнерите било договорено работата да се насочи во оваа насока. Тие разговараа и за зајакнување на заштитата на критичните инфраструктурни објекти од непријателски воздушни напади. Залужни им се заблагодари на американскиот и британскиот партнер за поддршката и помошта во борбата против рускиот агресор.

The post Украина: Залужни разговараше со американските и британските партнери за соработка appeared first on Република.

]]>

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни разговараше со врховниот сојузнички командант на НАТО и командант на американските сили во Европа, генерал Кристофер Каволи и началникот на одбранбениот штаб на вооружените сили на Велика Британија, адмиралот Тони Радакин за соработката во воената сфера. Врховниот командант на вооружените сили ги информирал партнерите за состојбата на фронтот и за време на офанзивните и одбранбените операции на украинските сили. Учесниците на состанокот разговарале и за можни непријателски дејствија. Тие особено се фокусирале на потребите на воените единици. Залужни истакна дека на одбранбените сили им е потребна муниција, оружје, системи за противвоздушна одбрана, системи за електронско војување и уреди за далечинско деминирање.