заложничка криза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zalozhnichka-kriza/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jul 2023 20:30:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заложничка криза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zalozhnichka-kriza/ 32 32 Човек во Макарска го заклучил жената и двете ќерки во стан и се заканувал со убиство и самоубиство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chovek-vo-makarska-go-zakluchil-zhenata-i-dvete-kerki-vo-stan-i-se-zakanuval-so-ubistvo-i-samoubistvo/ Sat, 15 Jul 2023 20:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=661798

Во хрватскиот туристички центар, Макарска, цела ноќ траела заложничка криза откако маж се заклучил во стан и се заканил дека ќе им наштети на членовите на семејството и себеси.

Полицијата веднаш излегла на терен, а преговорите со мажот траеле до утринските часови. Човекот седел на балконот на деветтиот кат и се заканувал дека ќе скокне.

Двете ќерки, кои исто така извесно време биле во станот, се однесени на сигурно, а сопругата останала во станот до шест часот, објави „Слободна Далмација“.

Ноќта околу 02:30 часот во Макарска маж се заклучил во стан со семејството. Тој се заканувал дека ќе повреди едно лице и се заканувал со самоубиство. На местото на настанот веднаш се испратени полициски службеници, а по нив и преговарач од Специјалната и интервентната полиција“, соопштуваат од полицијата.

Во шест часот наутро човекот ја пуштил сопругата, но тој одбил да излезе и продолжил да се заканува дека ќе се самоубие. Неколку часа подоцна, тој е уапсен, потврди полицијата.

Околу 9:23 часот човекот е уапсен. На членот на семејството му била укажана лекарска помош при што е констатирана полесна физичка повреда во вид на полесна рана по телото“, се наведува во соопштението на полицијата.

The post Човек во Макарска го заклучил жената и двете ќерки во стан и се заканувал со убиство и самоубиство appeared first on Република.

]]>

Во хрватскиот туристички центар, Макарска, цела ноќ траела заложничка криза откако маж се заклучил во стан и се заканил дека ќе им наштети на членовите на семејството и себеси. Полицијата веднаш излегла на терен, а преговорите со мажот траеле до утринските часови. Човекот седел на балконот на деветтиот кат и се заканувал дека ќе скокне. Двете ќерки, кои исто така извесно време биле во станот, се однесени на сигурно, а сопругата останала во станот до шест часот, објави „Слободна Далмација“.
Ноќта околу 02:30 часот во Макарска маж се заклучил во стан со семејството. Тој се заканувал дека ќе повреди едно лице и се заканувал со самоубиство. На местото на настанот веднаш се испратени полициски службеници, а по нив и преговарач од Специјалната и интервентната полиција“, соопштуваат од полицијата.
Во шест часот наутро човекот ја пуштил сопругата, но тој одбил да излезе и продолжил да се заканува дека ќе се самоубие. Неколку часа подоцна, тој е уапсен, потврди полицијата.
Околу 9:23 часот човекот е уапсен. На членот на семејството му била укажана лекарска помош при што е констатирана полесна физичка повреда во вид на полесна рана по телото“, се наведува во соопштението на полицијата.

The post Човек во Макарска го заклучил жената и двете ќерки во стан и се заканувал со убиство и самоубиство appeared first on Република.

]]>
Заложничка криза во аптека во Карлсруе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zalozhnichka-kriza-vo-apteka-vo-karlsrue/ Fri, 10 Mar 2023 19:27:31 +0000 https://republika.mk/?p=618301

Германската полиција во Карлсруе опколи област поради тековната заложничка ситуација во аптека, јави ДПА.

Во тек е голема полициска акција.

Службите за итна помош се на терен поради заложничка ситуација во аптеката на улицата Етлингер. Моменталната ситуација е нејасна, повеќе информации наскоро“, напиша локалната полиција на Твитер.

Се уште не се знае колку луѓе во моментов има во аптеката, односно колку заложници има.

„Дојче веле“ јавува дека полицијата го опколила просторот околу аптеката лоцирана во центарот на Карлсруе, а се дознава дека полицијата воспоставила контакт со лице осомничено за земање заложници.

Полицијата ги отворила вратите на училиште за во него да престојуваат жителите кои поради блокираните улици не можеа да стигнат до своите домови.

Луѓето не се во животна опасност“, соопшти полицијата врз основа на нивната проценка за моменталната состојба.

Сепак, тие ја замолија јавноста да ја избегнува областа и да ги следи сите упатства издадени од службите за итни случаи.

The post Заложничка криза во аптека во Карлсруе appeared first on Република.

]]>

Германската полиција во Карлсруе опколи област поради тековната заложничка ситуација во аптека, јави ДПА. Во тек е голема полициска акција.
Службите за итна помош се на терен поради заложничка ситуација во аптеката на улицата Етлингер. Моменталната ситуација е нејасна, повеќе информации наскоро“, напиша локалната полиција на Твитер.
Се уште не се знае колку луѓе во моментов има во аптеката, односно колку заложници има. „Дојче веле“ јавува дека полицијата го опколила просторот околу аптеката лоцирана во центарот на Карлсруе, а се дознава дека полицијата воспоставила контакт со лице осомничено за земање заложници. Полицијата ги отворила вратите на училиште за во него да престојуваат жителите кои поради блокираните улици не можеа да стигнат до своите домови.