заловување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zalovuvane/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Jun 2023 11:16:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заловување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zalovuvane/ 32 32 Заловување на бездомни кучиња во општина Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zalovuvane-na-bezdomni-kuchina-vo-opshtina-tsentar/ Mon, 26 Jun 2023 09:09:34 +0000 https://republika.mk/?p=655233

Заловувачкиот тим на ЈП Лајка оваа недела  ќе започне со стратешко заловување во општина Центар.

Тимот ќе се обиде да  го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне во овој реон, а кое го нема поминато хуманиот третман, соопштуваат од Лајка.

Ќе бидат   посетени  следниве локации: Пролет, Маџир Маало, Крњево, Ново Маало, Тасино Чешмиче, Панорама, Водно, Капиштец, Буњаковец, Дебар Маало и Градски Парк.

Доколку граѓаните од општина Центар имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите или да го донесат директно во ЈП Лајка, нека не контактираа на следниот телефон: 02 256 5859.

The post Заловување на бездомни кучиња во општина Центар appeared first on Република.

]]>

Заловувачкиот тим на ЈП Лајка оваа недела  ќе започне со стратешко заловување во општина Центар. Тимот ќе се обиде да  го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне во овој реон, а кое го нема поминато хуманиот третман, соопштуваат од Лајка. Ќе бидат   посетени  следниве локации: Пролет, Маџир Маало, Крњево, Ново Маало, Тасино Чешмиче, Панорама, Водно, Капиштец, Буњаковец, Дебар Маало и Градски Парк. Доколку граѓаните од општина Центар имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите или да го донесат директно во ЈП Лајка, нека не контактираа на следниот телефон: 02 256 5859.

The post Заловување на бездомни кучиња во општина Центар appeared first on Република.

]]>
„Лајка“ ќе заловува кучиња во Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/lajka-ke-zalovuva-kuchina-vo-tsentar/ Mon, 27 Mar 2023 09:40:03 +0000 https://republika.mk/?p=624166

Од Јавното претпријатие „Лајка“ информираат дека и оваа работна недела продолжуваат со стратешко заловување на кучиња скитиници низ општина Центар.

Нашиот тим на заловувачи оваа недела (27 - 31 март) ќе заловува во општина Центар. Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овој реон а кое го нема поминато хуманиот третман. Заловувачкиот тим ќе ги посети следниве локации: бул. Илинденска, Градски парк, Клинички Центар, ул. Самоилова итн, пишува во соопштението на ЈП „Лајка“.

Доколку граѓаните од гореспоменатата општина имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите може да се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или пак да пријават на info@lajka.com.mk, но и сами да го донесат директно во ЈП „Лајка“.

The post „Лајка“ ќе заловува кучиња во Центар appeared first on Република.

Шестмина заловувачи на „Лајка“ секојдневно „се надмудруваат“ со уличните кучиња во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shestmina-zalovuvachi-na-lajka-sekojdnevno-se-nadmudruvaat-so-ulichnite-kuchina-vo-skopje/ Sun, 12 Mar 2023 08:23:29 +0000 https://republika.mk/?p=618645

Од понеделникот ЈП „Лајка“ со шест заловувачи на терен почна акција за заловување на бездомните кучиња без ушна маркица на територија на Град Скопје со цел намалување на нивниот број. Заловувањето почна од Општина Аеродром, а ќе се одвива во континуитет и во останатите општини сè додека не се успее во што поголем број да се стерилизираат и кастрираат бездомните кучиња.

На првиот ден од акцијата заловувачите успеале да заловат 11 кучиња, а од нив, како што вели за МИА директорката на претпријатието Радмила Пешева, половина биле кучиња со сопственик, но нечипирани.

Во „Лајка“ има шест заловувачи кои работат со две возила во два тима, а заловуваат со сајли и со групни и подвижни кафези, како и со пушки за омамување (успивање). Засега тоа се расположливите алатки, а од „Лајка“ се надеваат дека во иднина ќе се збогатат со повеќе алатки и дека ќе бидат во можност да нарачаат и да се доопремат.

За кучињата кои се питоми, службата за заловување пристапува со поводник, а за оние подивите еден од заловувачите, ветеринарот Горан Ѓорѓиоски носи пушка со стреличка со анестезија, за да може полесно да ги фатат. Ѓорѓиоски е единствениот во „Лајка“ кој има дозвола за таква пушка, а останатите петмина, кучињата ги заловуваат или со сајла, метод кој се користи уште од времето на стационарот „Вардариште“, но и со поводник за кучињата кои се полесни за „фаќање“.

Екипата на МИА излезе на терен со заловувачите кои пробуваа да се надмудрат со дивите кучиња на територија на Општина Аеродром.

Во продолжение сторијата на МИА.

Со заловувачите се најдовме околу 10:30 часот кај „Лиса Центар“ во Ново Лисиче каде поразговаравме за начинот на кој ги заловуваат кучињата, колку време им е потребно, како и генерално за акцијата.

Во разговорот со нив ни беше укажано дека не може да се одреди временска рамка во однос на тоа колку време им е потребно да заловат куче, образложувајќи дека има питоми, но и диви и поагресивни кучиња. Кучињата се жива материја и не се предвидливи, велат заловувачите.

Двочасовните обиди да заловат пет кучиња кои граѓаните ги пријавиле за стерилизација тој ден не резултираа со успех.

Ветеринарот Воислав Димитровски, кој е поранешен директор на ЈП „Лајка“, а сега му помага на претпријатието, со мотор заврте круг околу соседните згради и за кратко време им јави на заловувачите дека трите кучиња кои ги бараме се наоѓаат позади автопералната во близина на трговскиот центар, по што екипата на МИА се упати кон местото, а заловувачите по опремата во возилото на „Лајка“.

Трите кучиња лежеа во тревникот спроти зградите, а ние пооддалечени застанавме да го проследиме процесот на заловување. Двајца од заловувачите Горан со пушка и Магдалена со поводник, скришно одзади нив, се приближија бавно за да не ги исплашат кучињата. Но, две од нив како да ги насетија и панично почнаа да бегаат кон зградите од каде им се изгуби трагата.

Додека МИА правеше фотографии од процесот на заловување, Димитровски повторно телефонски ги побара заловувачите повикувајќи ги кај „Лиса“ бидејќи таму нашол уште две други кучиња. Се упативме натаму каде уште еднаш ни се докажа дека работата на заловувачите не е така едноставна.

Директорката на „Лајка“ Пешева во изјавата за МИА нагласува дека со акцијата сакаат да почнат да работат плански по програмата „Залови, стерилизај, врати“. Тоа значи одење од општина по општина и што е можно повеќе нетретирани кучиња да го поминат третманот, да поминат тест за социјализација и да се вратат здрави на територија, а дел од нив и да вдомат. Со овој план треба да бидат опфатени сите општини на територија на Град Скопје.

За да програмата има успех, Пешева смета дека тоа треба да се прави во континуитет и масовно, редовно, секој ден, без престан.

Програмата подразбира дека на цела територија на Скопје, кучињата кога ќе бидат репродуктивно онеспособени, нивниот број во еден момент ќе запре, нема да има нови, а истите овие кучиња ќе ја штитат територијата од прилив на нови и непознати. Програмата е препорачана како економски исплатлива, бидејќи, како што појаснува Пешева, невозможно е со шест илјади кучиња (со колку што се шпекулира дека имаме) да се употреби политика на стационирање.

Според директорката на „Лајка“, бездомно куче живее од три до пет години и затоа се смета дека оваа програма за две до три години може да даде резултати доколку престане приливот на нови кучиња.

Таа уште еднаш го лоцира проблемот кај сопствениците.

Доколку луѓето не фрлаат нови и не произведуваат легла и со тоа што ние ќе стерилизираме, видливо ќе се намали бројот по три години. Затоа што кучињата се изложени на студ, на топло, страдаат во сообраќај, едноставно улично куче има во просек три до пет години животен век. И затоа се смета за хумана програма, дека едноставно ги оставате на слобода, а тие се сепак контролирани, не шират болест, не се размножуваат и стануваат дел од урбани маалски миленици, нагласува Пешева.

Таа апелира до сопствениците на кучиња, но и до општините да помогнат и да не се изземаат од нивната одговорност за борба со бездомната популација.

Општините треба да ги потсетуваат своите граѓани преку разни кампањи за своите обврски дека законска обврска е да се микрочипира миленикот, да се шета на поводник, по можност да не се размножува зашто секое едно куче кое оставило пород е комунален проблем, нагласува Пешева во изјавата за МИА.

Директорката на „Лајка“ вели дека кога би се заловувале 15 кучиња на ден нема да може да ги процесираат, затоа што капацитетот на стационарот е околу 120 бокса.

Во „Лајка“ е секогаш полно зашто кучињата се во некој дел од процесот – или чекаат крвна слика, тест за лишманија, постоперативно се држат или предоперативно, во секој случај повеќе од 15 дена гледаме да не останат, дури и пократко, по десет дена за да може брзо да работиме и повеќе кучиња да третираме, појаснува Пешева.

Во „Лајка“, како што рече, моментално има 160 кучиња, убави и здрави кои бараат дом. За секој човек кој сака да вдоми куче, во „Лајка“ има за сечиј вкус.

Луѓето го креираат проблемот, сите треба да бидеме подеднакво одговорни за да добиеме резултат, порачува Пешева, апелирајќи до граѓаните да пријавуваат нови кучиња на нивните локации.

The post Шестмина заловувачи на „Лајка“ секојдневно „се надмудруваат“ со уличните кучиња во Скопје appeared first on Република.

]]>

Од понеделникот ЈП „Лајка“ со шест заловувачи на терен почна акција за заловување на бездомните кучиња без ушна маркица на територија на Град Скопје со цел намалување на нивниот број. Заловувањето почна од Општина Аеродром, а ќе се одвива во континуитет и во останатите општини сè додека не се успее во што поголем број да се стерилизираат и кастрираат бездомните кучиња. На првиот ден од акцијата заловувачите успеале да заловат 11 кучиња, а од нив, како што вели за МИА директорката на претпријатието Радмила Пешева, половина биле кучиња со сопственик, но нечипирани. Во „Лајка“ има шест заловувачи кои работат со две возила во два тима, а заловуваат со сајли и со групни и подвижни кафези, како и со пушки за омамување (успивање). Засега тоа се расположливите алатки, а од „Лајка“ се надеваат дека во иднина ќе се збогатат со повеќе алатки и дека ќе бидат во можност да нарачаат и да се доопремат. За кучињата кои се питоми, службата за заловување пристапува со поводник, а за оние подивите еден од заловувачите, ветеринарот Горан Ѓорѓиоски носи пушка со стреличка со анестезија, за да може полесно да ги фатат. Ѓорѓиоски е единствениот во „Лајка“ кој има дозвола за таква пушка, а останатите петмина, кучињата ги заловуваат или со сајла, метод кој се користи уште од времето на стационарот „Вардариште“, но и со поводник за кучињата кои се полесни за „фаќање“. Екипата на МИА излезе на терен со заловувачите кои пробуваа да се надмудрат со дивите кучиња на територија на Општина Аеродром. Во продолжение сторијата на МИА. Со заловувачите се најдовме околу 10:30 часот кај „Лиса Центар“ во Ново Лисиче каде поразговаравме за начинот на кој ги заловуваат кучињата, колку време им е потребно, како и генерално за акцијата. Во разговорот со нив ни беше укажано дека не може да се одреди временска рамка во однос на тоа колку време им е потребно да заловат куче, образложувајќи дека има питоми, но и диви и поагресивни кучиња. Кучињата се жива материја и не се предвидливи, велат заловувачите. Двочасовните обиди да заловат пет кучиња кои граѓаните ги пријавиле за стерилизација тој ден не резултираа со успех. Ветеринарот Воислав Димитровски, кој е поранешен директор на ЈП „Лајка“, а сега му помага на претпријатието, со мотор заврте круг околу соседните згради и за кратко време им јави на заловувачите дека трите кучиња кои ги бараме се наоѓаат позади автопералната во близина на трговскиот центар, по што екипата на МИА се упати кон местото, а заловувачите по опремата во возилото на „Лајка“. Трите кучиња лежеа во тревникот спроти зградите, а ние пооддалечени застанавме да го проследиме процесот на заловување. Двајца од заловувачите Горан со пушка и Магдалена со поводник, скришно одзади нив, се приближија бавно за да не ги исплашат кучињата. Но, две од нив како да ги насетија и панично почнаа да бегаат кон зградите од каде им се изгуби трагата. Додека МИА правеше фотографии од процесот на заловување, Димитровски повторно телефонски ги побара заловувачите повикувајќи ги кај „Лиса“ бидејќи таму нашол уште две други кучиња. Се упативме натаму каде уште еднаш ни се докажа дека работата на заловувачите не е така едноставна. Директорката на „Лајка“ Пешева во изјавата за МИА нагласува дека со акцијата сакаат да почнат да работат плански по програмата „Залови, стерилизај, врати“. Тоа значи одење од општина по општина и што е можно повеќе нетретирани кучиња да го поминат третманот, да поминат тест за социјализација и да се вратат здрави на територија, а дел од нив и да вдомат. Со овој план треба да бидат опфатени сите општини на територија на Град Скопје. За да програмата има успех, Пешева смета дека тоа треба да се прави во континуитет и масовно, редовно, секој ден, без престан. Програмата подразбира дека на цела територија на Скопје, кучињата кога ќе бидат репродуктивно онеспособени, нивниот број во еден момент ќе запре, нема да има нови, а истите овие кучиња ќе ја штитат територијата од прилив на нови и непознати. Програмата е препорачана како економски исплатлива, бидејќи, како што појаснува Пешева, невозможно е со шест илјади кучиња (со колку што се шпекулира дека имаме) да се употреби политика на стационирање. Според директорката на „Лајка“, бездомно куче живее од три до пет години и затоа се смета дека оваа програма за две до три години може да даде резултати доколку престане приливот на нови кучиња. Таа уште еднаш го лоцира проблемот кај сопствениците.