жалост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zalost/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 14:27:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жалост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zalost/ 32 32 Утре e ден на жалост во Охрид по повод смртта на владиката Тимотеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-e-den-na-zhalost-vo-ohrid-po-povod-smrtta-na-vladikata-timotej/ Wed, 27 Nov 2024 14:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=842398

Советот на Општина Охрид на денешната вонредна седница свикана по повод смртта на Владиката Тимотеј, утре 28 ноември, го прогласи за Ден на жалост на територијата на Општина Охрид.

Претходно, советниците и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со едноминутно молчење му оддадоа почит на Владиката Тимотеј.

Согласно донесената одлука утре се откажуваат сите културни настани и манифестации на територијата на општината.

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква на вчерашната вонредна седница одлучи Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј да биде погребан во четврток, 28 ноевмри, на Плаошник. Претходно, со почеток во 9 часот во храмот „Св. Софија“ ќе бидат одржани заупокоената Света Литургија и Опелото. На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви.

Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир. Владиката Тимотеј почина по кратко боледување на 25 ноември на 73 годишна возраст.

The post Утре e ден на жалост во Охрид по повод смртта на владиката Тимотеј appeared first on Република.

]]>

Советот на Општина Охрид на денешната вонредна седница свикана по повод смртта на Владиката Тимотеј, утре 28 ноември, го прогласи за Ден на жалост на територијата на Општина Охрид. Претходно, советниците и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со едноминутно молчење му оддадоа почит на Владиката Тимотеј. Согласно донесената одлука утре се откажуваат сите културни настани и манифестации на територијата на општината. Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква на вчерашната вонредна седница одлучи Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј да биде погребан во четврток, 28 ноевмри, на Плаошник. Претходно, со почеток во 9 часот во храмот „Св. Софија“ ќе бидат одржани заупокоената Света Литургија и Опелото. На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви. Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир. Владиката Тимотеј почина по кратко боледување на 25 ноември на 73 годишна возраст.

The post Утре e ден на жалост во Охрид по повод смртта на владиката Тимотеј appeared first on Република.

]]>
В недела Ден на жалост во Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/v-nedela-den-na-zhalost-vo-tsrna-gora/ Fri, 05 May 2023 11:58:42 +0000 https://republika.mk/?p=637290

Владата на Црна Гора ќе прогласи Ден на жалост во недела поради трагичните настани во Србија, најави премиерот Дритан Абазовиќ.

Можно е да има два дена жалост. Денеска ќе ги известам моите колеги дека тоа ќе го направиме. На овој начин упатувам сочувство до семејствата на загинатите и повредените во овој неверојатно трагичен настан кој се случи двапати за краток период во Србија - рече тој.

Во Србија за два дена се случија две масовни убиства, едното во ОУ „Владислав Рибникар“, а другото во Младеновац, при што вкупно се убиени 17 лица, а 25 се повредени.

The post В недела Ден на жалост во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Владата на Црна Гора ќе прогласи Ден на жалост во недела поради трагичните настани во Србија, најави премиерот Дритан Абазовиќ.
Можно е да има два дена жалост. Денеска ќе ги известам моите колеги дека тоа ќе го направиме. На овој начин упатувам сочувство до семејствата на загинатите и повредените во овој неверојатно трагичен настан кој се случи двапати за краток период во Србија - рече тој.
Во Србија за два дена се случија две масовни убиства, едното во ОУ „Владислав Рибникар“, а другото во Младеновац, при што вкупно се убиени 17 лица, а 25 се повредени.

The post В недела Ден на жалост во Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Македонска Каменица завиена во црно: Тридневна жалост за сограѓаните кои загинаа во сообраќајка во Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/makedonska-kamenitsa-zaviena-vo-tsrno-tridnevna-zhalost-za-sograganite-koi-zaginaa-vo-soobrakajka-vo-italija/ Tue, 11 Apr 2023 08:15:50 +0000 https://republika.mk/?p=629701

Општина Македонска Каменица прогласи тридневна жалост по повод смртта на сограѓаните кои загинаа во сообраќајна несреќа во Италија. Во директен судир во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт, загинаа тројца македонски и еден италијански државјанин. Од Македонска Каменица загина З. С. (33), од село Саса А. К.(31), а В. И. (30) од село Пекљани, Виничко.

11,12 и 13 април ќе бидат денови на жалост во чест на нашите сограѓани кои загинаа во сообраќајна несреќа во Италија. Тие млади и примерни луѓе секогаш ќе останат меѓу нас. Општината ќе излезе во пресрет на семејствата, велат од Општината Македонска Каменица.

Од Советот на Општина Македонска Каменица информираат дека, по дополнителни консултации со службите во Општината ќе ја разгледаат можноста за одобрување на финансиски средства за семејствата на загинатите во трагичниот настан.

Од македонското Министерство за надворешни работи веќе претходно соопштија дека претставниците на конзулатот и амбасадата во Италија се во контакт со дел од семејствата на починатите. Тие ќе бидат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Италија.

The post Македонска Каменица завиена во црно: Тридневна жалост за сограѓаните кои загинаа во сообраќајка во Италија appeared first on Република.

]]>

Општина Македонска Каменица прогласи тридневна жалост по повод смртта на сограѓаните кои загинаа во сообраќајна несреќа во Италија. Во директен судир во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт, загинаа тројца македонски и еден италијански државјанин. Од Македонска Каменица загина З. С. (33), од село Саса А. К.(31), а В. И. (30) од село Пекљани, Виничко. 11,12 и 13 април ќе бидат денови на жалост во чест на нашите сограѓани кои загинаа во сообраќајна несреќа во Италија. Тие млади и примерни луѓе секогаш ќе останат меѓу нас. Општината ќе излезе во пресрет на семејствата, велат од Општината Македонска Каменица. Од Советот на Општина Македонска Каменица информираат дека, по дополнителни консултации со службите во Општината ќе ја разгледаат можноста за одобрување на финансиски средства за семејствата на загинатите во трагичниот настан. Од македонското Министерство за надворешни работи веќе претходно соопштија дека претставниците на конзулатот и амбасадата во Италија се во контакт со дел од семејствата на починатите. Тие ќе бидат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Италија.

The post Македонска Каменица завиена во црно: Тридневна жалост за сограѓаните кои загинаа во сообраќајка во Италија appeared first on Република.

]]>