жално е Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zalno-e/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Feb 2022 13:23:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жално е Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zalno-e/ 32 32 Д-р Демири: Жално е да живееш во Скопје, а да не бидеш вакциниран https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-demiri-zalno-e-da-ziveesh-vo-skopje-a-da-ne-bidesh-vakciniran/ Tue, 01 Feb 2022 13:23:59 +0000 https://republika.mk/?p=452491

Луѓето не треба да се опуштаат и да да мислат дека омикрон е лесна варијанта, затоа што ова охрабрување е клинички неиздржано, вели доктор Илир Демири од Инфективната Клиника и член на Комисијата за заразни болести.

Тој вели дека неговото досегашно искуство покажува дека нема евидентирано ниеден починат од ковид без коморбидитети, а да е редовно вакциниран.

Единствената мерка која би не заштитила да го поминеме ова полесно е вакцинацијата и тоа е наша обврска. Жално е пациент да живее во Скопје а да не е вакциниран, апелираше доктор Демири.

Заклучно со 29 јануари 2022 година во Македонија се вакцинирани вкупно 866.227 лица со барем една доза на  вакцина против ковид -19 во државата и странство .

Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 842.917 лица, а со трета доза се вакцинирани 128.268 лица.

Со една доза на вакцина против ковид-19, во државата и странство, вакцинирани се 52 отсто од населението над 18 годишна возраст, односно 48 отсто од население над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 41,9%.

Опфатот со две дози на вакцина против ковид-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 50,6%, односно 46,7% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 40,7%.

 

The post Д-р Демири: Жално е да живееш во Скопје, а да не бидеш вакциниран appeared first on Република.

]]>

Луѓето не треба да се опуштаат и да да мислат дека омикрон е лесна варијанта, затоа што ова охрабрување е клинички неиздржано, вели доктор Илир Демири од Инфективната Клиника и член на Комисијата за заразни болести. Тој вели дека неговото досегашно искуство покажува дека нема евидентирано ниеден починат од ковид без коморбидитети, а да е редовно вакциниран.
Единствената мерка која би не заштитила да го поминеме ова полесно е вакцинацијата и тоа е наша обврска. Жално е пациент да живее во Скопје а да не е вакциниран, апелираше доктор Демири.
Заклучно со 29 јануари 2022 година во Македонија се вакцинирани вкупно 866.227 лица со барем една доза на  вакцина против ковид -19 во државата и странство . Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 842.917 лица, а со трета доза се вакцинирани 128.268 лица. Со една доза на вакцина против ковид-19, во државата и странство, вакцинирани се 52 отсто од населението над 18 годишна возраст, односно 48 отсто од население над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 41,9%. Опфатот со две дози на вакцина против ковид-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 50,6%, односно 46,7% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 40,7%.  

The post Д-р Демири: Жално е да живееш во Скопје, а да не бидеш вакциниран appeared first on Република.

]]>