Залив на коските Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaliv-na-koskite/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 11:19:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Залив на коските Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaliv-na-koskite/ 32 32 Министерот Љутков најави реконструкција на локалитетот „Залив на коските“ на Охридското Езеро: Мораме да го развиваме културниот туризам во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerot-lutkov-najavi-rekonstruktsija-na-lokalitetot-zaliv-na-koskite-na-ohridskoto-ezero-morame-da-go-razvivame-kulturniot-turizam-vo-ohrid/ Sat, 13 Jul 2024 11:00:18 +0000 https://republika.mk/?p=796377

Реконструкција и модернизација на системот за наводнување на комплексот „Залив на коските“ кај Градиште, повторно ставање во употреба на терасата на објектот за пријатен престој на посетителите, а од следната година и интензивни зафати за санација на платформата на наколната населба „Миќов град“ и кровните конструкции на колибите. Тоа денеска од Охрид го најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој беше во посета на локалитетот.

Љутков по обиколката на комплексот заедно со директорот на Музејот и со стручните лица од Заводот за заштита на спомениците и музеј - Охрид посочи дека целиот комплекс е оставен на забот на времето без какви било интервенции за негово одржување, уште помалку некакви вложувања во него.

Бидејќи станува збор за исклучително важен локалитет во Охрид и еден од најпосетените места за туристите што остварува и економски бенефит, Љутков најави дека веднаш ќе се отпочнат поголем број проектни активности во насока на доекипирање и подобрување на условите за работа во комплексот, со цел натамошно нормално функционирање на комплексот.

Вршителот на должноста директор на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид, Горан Патчев, од своја страна посочи дека понекогаш не се во прашање само средствата, туку и лошото менаџирање во управувањето со објектите што масовно се посетени од туристите и слабата поддршка од повисоките инстанци.

- Комплекот се одржува тековно, но може да се санира само онолку колку што се парите. Инаку „Заливот на коските“ на национално ниво е на второто место според приходите, и согласно тоа треба да се инвестира. Ние имаме изработено физибилити студија, така што треба да ги послушаме само добрите предлози и да одиме напред со добри практики, рече Патчев.

Инаку, Љутков уште ја искористи можноста да истакне дека во програмата на работата на Министерството за култура и туризам е предвидено културата да стане профитабилна дејност.

- Затоа и го споивме туризмот заедно со културата, бидејќи сметаме дека со развој и културниот туризам, културата може да стане значајна стопанска гранка, рече тој.

The post Министерот Љутков најави реконструкција на локалитетот „Залив на коските“ на Охридското Езеро: Мораме да го развиваме културниот туризам во Охрид appeared first on Република.

]]>

Реконструкција и модернизација на системот за наводнување на комплексот „Залив на коските“ кај Градиште, повторно ставање во употреба на терасата на објектот за пријатен престој на посетителите, а од следната година и интензивни зафати за санација на платформата на наколната населба „Миќов град“ и кровните конструкции на колибите. Тоа денеска од Охрид го најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој беше во посета на локалитетот. Љутков по обиколката на комплексот заедно со директорот на Музејот и со стручните лица од Заводот за заштита на спомениците и музеј - Охрид посочи дека целиот комплекс е оставен на забот на времето без какви било интервенции за негово одржување, уште помалку некакви вложувања во него. Бидејќи станува збор за исклучително важен локалитет во Охрид и еден од најпосетените места за туристите што остварува и економски бенефит, Љутков најави дека веднаш ќе се отпочнат поголем број проектни активности во насока на доекипирање и подобрување на условите за работа во комплексот, со цел натамошно нормално функционирање на комплексот. Вршителот на должноста директор на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид, Горан Патчев, од своја страна посочи дека понекогаш не се во прашање само средствата, туку и лошото менаџирање во управувањето со објектите што масовно се посетени од туристите и слабата поддршка од повисоките инстанци. - Комплекот се одржува тековно, но може да се санира само онолку колку што се парите. Инаку „Заливот на коските“ на национално ниво е на второто место според приходите, и согласно тоа треба да се инвестира. Ние имаме изработено физибилити студија, така што треба да ги послушаме само добрите предлози и да одиме напред со добри практики, рече Патчев. Инаку, Љутков уште ја искористи можноста да истакне дека во програмата на работата на Министерството за култура и туризам е предвидено културата да стане профитабилна дејност. - Затоа и го споивме туризмот заедно со културата, бидејќи сметаме дека со развој и културниот туризам, културата може да стане значајна стопанска гранка, рече тој.

The post Министерот Љутков најави реконструкција на локалитетот „Залив на коските“ на Охридското Езеро: Мораме да го развиваме културниот туризам во Охрид appeared first on Република.

]]>