жалби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zalbi/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Dec 2023 11:19:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жалби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zalbi/ 32 32 ЕК: Жалбите за изборни нерегуларности во Србија треба соодветно да се истражат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ek-zhalbite-za-izborni-neregularnosti-vo-srbija-treba-soodvetno-da-se-istrazhat/ Wed, 27 Dec 2023 18:05:25 +0000 https://republika.mk/?p=727061

Иако правото на мирни демонстрации мора да се зачува, насилството не е решение и е неприфатливо, а жалбите дека имало нерегуларности за време на локалните парламентарни избори во Србија треба соодветно да се истражат, соопшти денеска Европската комисија, пренесува Бета.

Европската Унија повикува на мир и дијалог, соопшти Европската комисија на барање на телевизијата Н1 да ги коментира низата настани во Србија што се случија по вонредните парламентарни и локални избори одржани на 17 ноември.

Иако правото на мирни демонстрации мора да се зачува, насилството не е решение и е неприфатливо. Полициските дејствија мора да бидат пропорционални и да ги почитуваат основните права во рамки на владеењето на правото, велат од Европската комисија.

Како што додаваат, „приговорите за изборни нерегуларности треба соодветно да се истражат и да се постапи по нив“.

Во изјавата објавена на 19 декември, Борел и Вархеји изразија очекување дека „веродостојните извештаи за (изборни) нерегуларности ќе бидат разгледани на транспарентен начин од надлежните органи на Србија“.

Ова ги вклучува наводите поврзани со локалните избори во Белград и другите општини. Го повикуваме политичкото раководство на Србија да обезбеди конструктивен и инклузивен дијалог низ политичкиот спектар, порачаа Борел и Вархеји.

The post ЕК: Жалбите за изборни нерегуларности во Србија треба соодветно да се истражат appeared first on Република.

]]>

Иако правото на мирни демонстрации мора да се зачува, насилството не е решение и е неприфатливо, а жалбите дека имало нерегуларности за време на локалните парламентарни избори во Србија треба соодветно да се истражат, соопшти денеска Европската комисија, пренесува Бета. Европската Унија повикува на мир и дијалог, соопшти Европската комисија на барање на телевизијата Н1 да ги коментира низата настани во Србија што се случија по вонредните парламентарни и локални избори одржани на 17 ноември. Иако правото на мирни демонстрации мора да се зачува, насилството не е решение и е неприфатливо. Полициските дејствија мора да бидат пропорционални и да ги почитуваат основните права во рамки на владеењето на правото, велат од Европската комисија. Како што додаваат, „приговорите за изборни нерегуларности треба соодветно да се истражат и да се постапи по нив“. Во изјавата објавена на 19 декември, Борел и Вархеји изразија очекување дека „веродостојните извештаи за (изборни) нерегуларности ќе бидат разгледани на транспарентен начин од надлежните органи на Србија“. Ова ги вклучува наводите поврзани со локалните избори во Белград и другите општини. Го повикуваме политичкото раководство на Србија да обезбеди конструктивен и инклузивен дијалог низ политичкиот спектар, порачаа Борел и Вархеји.

The post ЕК: Жалбите за изборни нерегуларности во Србија треба соодветно да се истражат appeared first on Република.

]]>
Тече рокот за жалби за проектите за годишната Програма на Министерството за култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/teche-rokot-za-zhalbi-za-proektite-za-godishnata-programa-na-ministerstvoto-za-kultura/ Fri, 10 Mar 2023 12:40:01 +0000 https://republika.mk/?p=618155

Тече рокот за жалби за културните институции, здруженија на граѓани и уметници, кои не се задоволни од одлуката на Комисијата за финансиски средства и одобрените проекти од годишната Програма на Министерството за култура, истакна ресорнара министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Јас би сакала да кажам дека се уште има правен механизам да се реагира на сето она незадоволство, коешто е покажано, но да се има во предвид што и која одговорност ја носат одговорните лица, односно подносителите на таа апликација, во однос на тоа што напишале во самата апликација. Кога ќе заврши тој правен рок, односно таа правна алатка за одговор на жалби, повторно излезме со исто онаков брифинг со новинари, известување до медиуми, вели Костадиновска-Стојчевска по комеморативната програма по повод 80 години од депортацијата на штипските Евреи во логорот Треблинка.

Прашана до кога ќе трае тој рок, министерката за култура со одговор дека имаат рок од 15 дена за жалба по приемот на решенијата.

-Значи, имаше рок во електронскиот систем кога можат да ги подигнат решенијата, ако не се лажам тоа беше претходниот петок, што значи имаат 15 дена рок за поднесување на жалба, додаде Костадиновска-Стојчевска.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој реагираше на доделената сума за фестивалот за забавни песни „Макфест“, прашан дали ќе достават жалба за доделените средства за „Макфест“ одговори дека премногу му значи на Штип и „Макфест“ за да и даде значење на министерката за култура.

Општина Штип втора година по ред сама ќе го организира фестивалот „Макфест“ без финансиска поддршка од Министерството за култура.

The post Тече рокот за жалби за проектите за годишната Програма на Министерството за култура appeared first on Република.

]]>

Тече рокот за жалби за културните институции, здруженија на граѓани и уметници, кои не се задоволни од одлуката на Комисијата за финансиски средства и одобрените проекти од годишната Програма на Министерството за култура, истакна ресорнара министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска. Јас би сакала да кажам дека се уште има правен механизам да се реагира на сето она незадоволство, коешто е покажано, но да се има во предвид што и која одговорност ја носат одговорните лица, односно подносителите на таа апликација, во однос на тоа што напишале во самата апликација. Кога ќе заврши тој правен рок, односно таа правна алатка за одговор на жалби, повторно излезме со исто онаков брифинг со новинари, известување до медиуми, вели Костадиновска-Стојчевска по комеморативната програма по повод 80 години од депортацијата на штипските Евреи во логорот Треблинка. Прашана до кога ќе трае тој рок, министерката за култура со одговор дека имаат рок од 15 дена за жалба по приемот на решенијата. -Значи, имаше рок во електронскиот систем кога можат да ги подигнат решенијата, ако не се лажам тоа беше претходниот петок, што значи имаат 15 дена рок за поднесување на жалба, додаде Костадиновска-Стојчевска. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој реагираше на доделената сума за фестивалот за забавни песни „Макфест“, прашан дали ќе достават жалба за доделените средства за „Макфест“ одговори дека премногу му значи на Штип и „Макфест“ за да и даде значење на министерката за култура. Општина Штип втора година по ред сама ќе го организира фестивалот „Макфест“ без финансиска поддршка од Министерството за култура.

The post Тече рокот за жалби за проектите за годишната Програма на Министерството за култура appeared first on Република.

]]>