жалба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zalba/ За подобро да се разбереме Tue, 28 May 2024 19:52:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жалба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zalba/ 32 32 Коалицијата „Европски фронт“ вечерва поднела тужба пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koalitsijata-evropski-front-vecherva-podnela-tuzhba-pred-upravniot-sud-na-reshenieto-na-dik-za-preglasuvaneto-vo-zhelino/ Tue, 28 May 2024 19:52:49 +0000 https://republika.mk/?p=782587

До Управниот суд вечерва е пристигната тужба од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино, потврдуваат за МИА од Управниот суд.

Управниот суд треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

ДИК вчера на седница не го прифати приговорот од „Европскиот фронт“ за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино.

По прегласувањето во избирачко место 2101 во Ларце, Желино, Коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат.

Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на Парламентарните избори 2024 Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, додека Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.

Во Собранието денеска се одржа конститутивна седница, на која беа верифицирани мандатите на 118 пратеници.

The post Коалицијата „Европски фронт“ вечерва поднела тужба пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино appeared first on Република.

]]>

До Управниот суд вечерва е пристигната тужба од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино, потврдуваат за МИА од Управниот суд. Управниот суд треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата. ДИК вчера на седница не го прифати приговорот од „Европскиот фронт“ за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино. По прегласувањето во избирачко место 2101 во Ларце, Желино, Коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат. Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на Парламентарните избори 2024 Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, додека Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати. Во Собранието денеска се одржа конститутивна седница, на која беа верифицирани мандатите на 118 пратеници.

The post Коалицијата „Европски фронт“ вечерва поднела тужба пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино appeared first on Република.

]]>
Таткото на Вања со нова жалба пред Врховен против мерката притвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-na-vana-so-nova-zhalba-pred-vrhoven-protiv-merkata-pritvor/ Thu, 25 Apr 2024 09:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=770848

Врховниот суд денеска одржа јавна седница по жалбата на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор.

Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд по мерката притвор на таткото на Вања, откако во март годинава Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје.

Бранителот на осомничениот Ѓорчевски, адвокатот Владимир Туфегџиќ, на седницата рече дека од последната одржана јавна седница до денеска, околностите воопшто не се променети.

Затоа останувам при жалбените наводи дека решението со кое е продолжена мерката притвор е донесено без доволно образложенија во кои не се наведува ниту еден доказ со кој се докажува зошто овој човек би требало да остане во притвор, рече тој.

Дополни дека осомничениот не може да се даде во бегство затоа што важноста на патната исправа му истекла и дека тој активно учествува во истрагата.

Во изјава за медиуми по седницата, Туфегџиќ информираше дека бил вештачен мобилниот уред на Ѓорчевски, но дека сѐ уште немаат никакви информации од вештачењето. Тој посочи и дека случајот стигнал и до Центарот за социјални грижи, откако на семејството на таткото на Вања, не им било дозволено да остварат контакт со неговата помала ќерка.

Осомничениот Александар Ѓорѓиевски, се сложи со образложението на својот адвокат и истакна дека е обвинуван, како што рече, за некои работи кои и ден денеска не ги разбира.

Бев прикажувани екстремно спротивно од тоа што сум како родител и татко. Сакам и јас да знам што точно се случува затоа што и јас водев истрага, знам парченца од тие делови. Би сакал да го дочекам моментот кога ќе го дознам идентитетот на тие луѓе, сите се подеднакво криви, рече тој.

Јавниот обвинител Наум Паноски, рече дека ЈО останува во целост при изнесените наводи во предлогот.

Малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, осомничен дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

По предлог на надлежен обвинител беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

The post Таткото на Вања со нова жалба пред Врховен против мерката притвор appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд денеска одржа јавна седница по жалбата на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор. Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд по мерката притвор на таткото на Вања, откако во март годинава Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје. Бранителот на осомничениот Ѓорчевски, адвокатот Владимир Туфегџиќ, на седницата рече дека од последната одржана јавна седница до денеска, околностите воопшто не се променети.
Затоа останувам при жалбените наводи дека решението со кое е продолжена мерката притвор е донесено без доволно образложенија во кои не се наведува ниту еден доказ со кој се докажува зошто овој човек би требало да остане во притвор, рече тој.
Дополни дека осомничениот не може да се даде во бегство затоа што важноста на патната исправа му истекла и дека тој активно учествува во истрагата. Во изјава за медиуми по седницата, Туфегџиќ информираше дека бил вештачен мобилниот уред на Ѓорчевски, но дека сѐ уште немаат никакви информации од вештачењето. Тој посочи и дека случајот стигнал и до Центарот за социјални грижи, откако на семејството на таткото на Вања, не им било дозволено да остварат контакт со неговата помала ќерка. Осомничениот Александар Ѓорѓиевски, се сложи со образложението на својот адвокат и истакна дека е обвинуван, како што рече, за некои работи кои и ден денеска не ги разбира.
Бев прикажувани екстремно спротивно од тоа што сум како родител и татко. Сакам и јас да знам што точно се случува затоа што и јас водев истрага, знам парченца од тие делови. Би сакал да го дочекам моментот кога ќе го дознам идентитетот на тие луѓе, сите се подеднакво криви, рече тој.
Јавниот обвинител Наум Паноски, рече дека ЈО останува во целост при изнесените наводи во предлогот. Малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември. За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, осомничен дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка. По предлог на надлежен обвинител беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.  

The post Таткото на Вања со нова жалба пред Врховен против мерката притвор appeared first on Република.

]]>
Решението на Шаќири е од 10 јануари, ниту МКЦ, ниту кандидатите не се известени и пробиен е рокот за жалба https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/reshenieto-na-shakiri-e-od-10-januari-nitu-mkts-nitu-kandidatite-ne-se-izvesteni-i-probien-e-rokot-za-zhalba/ Mon, 22 Jan 2024 15:13:53 +0000 https://republika.mk/?p=735540

Музичарот Арбен Шаќири е новиот директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Таму дури денеска дознале за исходот од конкурсот, иако решението за директорската позиција е изработено пред скоро две недели.

Решението на Шаќири е од 10 јануари. Тој дојде денеска на работа со решението, а кандидатите, ниту МКЦ како институција во меѓувреме не се известени за назначувањето. Рокот од осум денови за жалба е пробиен, а, со тоа, поминато е и времето за жалба на другите кандидати. Правото на жалба не е испочитувано, велат од МКЦ за Радио МОФ.

The post Решението на Шаќири е од 10 јануари, ниту МКЦ, ниту кандидатите не се известени и пробиен е рокот за жалба appeared first on Република.

Франција обвинува за фаворизирање на англискиот јазик во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-obvinuva-za-favorizirane-na-angliskiot-jazik-vo-eu/ Tue, 31 Oct 2023 20:38:04 +0000 https://republika.mk/?p=696823

Франција поднесе жалба против Европската Унија пред Општиот суд на ЕУ поради фаворизирање на англискиот пред останатите јазици, објави „Политико“, наведувајќи дека Париз го обвинува блокот дека некои од новите вработувања во европските институции ги врши врз основа на проценки направени само на англиски јазик.

Според бриселскиот портал, реакцијата на Франција следи откако во процесот на селекција при вработувањето на нови службеници поврзани со секторите вселена, одбрана и економија, биле вклучени тестови само на англиски јазик.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Париз смета дека ваквиот пристап ги фаворизира „англофонските кандидати“ пред нивните конкуренти, како и дека тоа претставува дискриминација и прекршување на договорите на ЕУ, кои предвидуваат дека сите граѓани на Унијата треба да имаат рамноправен третман, без разлика на националноста. Дополнително, и правилата за ангажирање на функционери на ЕУ, исто така, забрануваат дискриминација врз основа на јазикот, освен под одредени услови.

- Тоа ги дискриминира кандидатите кои не се англофони, изјави за „Политико“ француски дипломат кој побарал анонимност, нагласувајќи дека ова не е само „француска борба“, бидејќи и другите земји членки споделуваат иста загриженост.

Според друг анонимен дипломат, француската позиција има поддршка и од други членки на ЕУ, пред се од Италија

- Ова не е позиција против одреден јазик, туку во корист на повеќејазичноста, додаде тој.

Во француската жалба до Општиот суд на ЕУ како пример за „дискриминацијата“ се доставени два огласи за вработување на Европската канцеларија за избор на персонал од оваа и од минатата година, во кои некои од тестирањата биле спроведени само на англиски јазик.

Европскиот општ суд, кој е прва судска инстанца во рамки на Судот на правдата на ЕУ за спорови во кои се инволвирани институциите на Унијата, се очекува да донесе одлука по жалбата во рок од една година, но веќе ги поништи двата огласи за вработување кои се основа за покренување на спорот.

Според Договорот за ЕУ, францускиот е еден од 24-те официјални јазици на Унијата, но неформално, заедно со англискиот и германскиот се смета за еден од трите работни јазици на Европската комисија, како и еден од двата говорни јазици на Советот на ЕУ, заедно со англискиот.

Со вкупно 3.271 вработени во ЕК во 2023 година, Французите се трети по бројност во оваа институција на ЕУ, веднаш по Италијанците и Белгијците.

Како што наведува „Политико“ иако употребата на англискиот јазик е нашироко распространета во институциите ЕУ, Франција „никогаш не се откажа од надежта дека бриселската администрација зборува и француски“.

The post Франција обвинува за фаворизирање на англискиот јазик во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Франција поднесе жалба против Европската Унија пред Општиот суд на ЕУ поради фаворизирање на англискиот пред останатите јазици, објави „Политико“, наведувајќи дека Париз го обвинува блокот дека некои од новите вработувања во европските институции ги врши врз основа на проценки направени само на англиски јазик. Според бриселскиот портал, реакцијата на Франција следи откако во процесот на селекција при вработувањето на нови службеници поврзани со секторите вселена, одбрана и економија, биле вклучени тестови само на англиски јазик. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Париз смета дека ваквиот пристап ги фаворизира „англофонските кандидати“ пред нивните конкуренти, како и дека тоа претставува дискриминација и прекршување на договорите на ЕУ, кои предвидуваат дека сите граѓани на Унијата треба да имаат рамноправен третман, без разлика на националноста. Дополнително, и правилата за ангажирање на функционери на ЕУ, исто така, забрануваат дискриминација врз основа на јазикот, освен под одредени услови. - Тоа ги дискриминира кандидатите кои не се англофони, изјави за „Политико“ француски дипломат кој побарал анонимност, нагласувајќи дека ова не е само „француска борба“, бидејќи и другите земји членки споделуваат иста загриженост. Според друг анонимен дипломат, француската позиција има поддршка и од други членки на ЕУ, пред се од Италија - Ова не е позиција против одреден јазик, туку во корист на повеќејазичноста, додаде тој. Во француската жалба до Општиот суд на ЕУ како пример за „дискриминацијата“ се доставени два огласи за вработување на Европската канцеларија за избор на персонал од оваа и од минатата година, во кои некои од тестирањата биле спроведени само на англиски јазик. Европскиот општ суд, кој е прва судска инстанца во рамки на Судот на правдата на ЕУ за спорови во кои се инволвирани институциите на Унијата, се очекува да донесе одлука по жалбата во рок од една година, но веќе ги поништи двата огласи за вработување кои се основа за покренување на спорот. Според Договорот за ЕУ, францускиот е еден од 24-те официјални јазици на Унијата, но неформално, заедно со англискиот и германскиот се смета за еден од трите работни јазици на Европската комисија, како и еден од двата говорни јазици на Советот на ЕУ, заедно со англискиот. Со вкупно 3.271 вработени во ЕК во 2023 година, Французите се трети по бројност во оваа институција на ЕУ, веднаш по Италијанците и Белгијците. Како што наведува „Политико“ иако употребата на англискиот јазик е нашироко распространета во институциите ЕУ, Франција „никогаш не се откажа од надежта дека бриселската администрација зборува и француски“.

The post Франција обвинува за фаворизирање на англискиот јазик во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Франција се жали: Во ЕУ се фаворизира англискиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-se-zhali-vo-eu-se-favorizira-angliskiot-jazik/ Tue, 31 Oct 2023 11:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=696633

Франција поднесе жалба против Европската Унија пред Општиот суд на ЕУ поради фаворизирање на англискиот пред останатите јазици, објави „Политико“, наведувајќи дека Париз го обвинува блокот дека некои од новите вработувања во европските институции ги врши врз основа на проценки направени само на англиски јазик.

Според бриселскиот портал, реакцијата на Франција следи откако во процесот на селекција при вработувањето на нови службеници поврзани со секторите вселена, одбрана и економија, биле вклучени тестови само на англиски јазик.

Париз смета дека ваквиот пристап ги фаворизира „англофонските кандидати“ пред нивните конкуренти, како и дека тоа претставува дискриминација и прекршување на договорите на ЕУ, кои предвидуваат дека сите граѓани на Унијата треба да имаат рамноправен третман, без разлика на националноста. Дополнително, и правилата за ангажирање на функционери на ЕУ, исто така, забрануваат дискриминација врз основа на јазикот, освен под одредени услови.

„Тоа ги дискриминира кандидатите кои не се англофони“, изјави за „Политико“ француски дипломат кој побарал анонимност, нагласувајќи дека ова не е само „француска борба“, бидејќи и другите земји членки споделуваат иста загриженост.

Според друг анонимен дипломат, француската позиција има поддршка и од други членки на ЕУ, пред се од Италија

„Ова не е позиција против одреден јазик, туку во корист на повеќејазичноста“, додаде тој.

Во француската жалба до Општиот суд на ЕУ како пример за „дискриминацијата“ се доставени два огласи за вработување на Европската канцеларија за избор на персонал од оваа и од минатата година, во кои некои од тестирањата биле спроведени само на англиски јазик.

Европскиот општ суд, кој е прва судска инстанца во рамки на Судот на правдата на ЕУ за спорови во кои се инволвирани институциите на Унијата, се очекува да донесе одлука по жалбата во рок од една година, но веќе ги поништи двата огласи за вработување кои се основа за покренување на спорот.

Според Договорот за ЕУ, францускиот е еден од 24-те официјални јазици на Унијата, но неформално, заедно со англискиот и германскиот се смета за еден од трите работни јазици на Европската комисија, како и еден од двата говорни јазици на Советот на ЕУ, заедно со англискиот.

Со вкупно 3 271 вработени во Европската комисија во 2023 година, Французите се трети по бројност во оваа институција на ЕУ, веднаш по Италијанците и Белгијците.

Како што наведува „Политико“ иако употребата на англискиот јазик е нашироко распространета во институциите на ЕУ, Франција „никогаш не се откажа од надежта дека бриселската администрација зборува и француски“.

The post Франција се жали: Во ЕУ се фаворизира англискиот јазик appeared first on Република.

]]>

Франција поднесе жалба против Европската Унија пред Општиот суд на ЕУ поради фаворизирање на англискиот пред останатите јазици, објави „Политико“, наведувајќи дека Париз го обвинува блокот дека некои од новите вработувања во европските институции ги врши врз основа на проценки направени само на англиски јазик. Според бриселскиот портал, реакцијата на Франција следи откако во процесот на селекција при вработувањето на нови службеници поврзани со секторите вселена, одбрана и економија, биле вклучени тестови само на англиски јазик. Париз смета дека ваквиот пристап ги фаворизира „англофонските кандидати“ пред нивните конкуренти, како и дека тоа претставува дискриминација и прекршување на договорите на ЕУ, кои предвидуваат дека сите граѓани на Унијата треба да имаат рамноправен третман, без разлика на националноста. Дополнително, и правилата за ангажирање на функционери на ЕУ, исто така, забрануваат дискриминација врз основа на јазикот, освен под одредени услови. „Тоа ги дискриминира кандидатите кои не се англофони“, изјави за „Политико“ француски дипломат кој побарал анонимност, нагласувајќи дека ова не е само „француска борба“, бидејќи и другите земји членки споделуваат иста загриженост. Според друг анонимен дипломат, француската позиција има поддршка и од други членки на ЕУ, пред се од Италија „Ова не е позиција против одреден јазик, туку во корист на повеќејазичноста“, додаде тој. Во француската жалба до Општиот суд на ЕУ како пример за „дискриминацијата“ се доставени два огласи за вработување на Европската канцеларија за избор на персонал од оваа и од минатата година, во кои некои од тестирањата биле спроведени само на англиски јазик. Европскиот општ суд, кој е прва судска инстанца во рамки на Судот на правдата на ЕУ за спорови во кои се инволвирани институциите на Унијата, се очекува да донесе одлука по жалбата во рок од една година, но веќе ги поништи двата огласи за вработување кои се основа за покренување на спорот. Според Договорот за ЕУ, францускиот е еден од 24-те официјални јазици на Унијата, но неформално, заедно со англискиот и германскиот се смета за еден од трите работни јазици на Европската комисија, како и еден од двата говорни јазици на Советот на ЕУ, заедно со англискиот. Со вкупно 3 271 вработени во Европската комисија во 2023 година, Французите се трети по бројност во оваа институција на ЕУ, веднаш по Италијанците и Белгијците. Како што наведува „Политико“ иако употребата на англискиот јазик е нашироко распространета во институциите на ЕУ, Франција „никогаш не се откажа од надежта дека бриселската администрација зборува и француски“.

The post Франција се жали: Во ЕУ се фаворизира англискиот јазик appeared first on Република.

]]>
Еурофарм Пелистер поденесе жалба за судењето во финалето на купот https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-podenese-zhalba-za-sudeneto-vo-finaleto-na-kupot/ Sun, 14 May 2023 15:22:42 +0000 https://republika.mk/?p=640706

Еурофарм Пелистер поднесе жалба до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за судењето на мечот против Вардар 1961 кој се одигра вчеравечер во Охрид во финалето од Купот на Македонија.

Жалбата е поднесена поради една од последните одлуки на судиската двојка Николовски - Металари. Вардар имаше еден гол предност, а во последниот напад на вардарци, Филип Талески имаше шут, кој, според пелистерци, е направен по одлука за пасивен напад на арбитрите со намера да се потроши време, објавија битолчани.

Еурофарм Пелистер се повикува на правилото број осум на ИХФ, според кое направена е материјална штета и прекршени се новите правила според кои секој потег кој во последните триесет секунди од мечот кој на каков било начин задржува или троши време автоматски значи седмерец и црвен картон за противникот.

Натпреварот го доби Вардар со 26:25 и по 16.пат го освои трофејот во Купот на Македонија.

The post Еурофарм Пелистер поденесе жалба за судењето во финалето на купот appeared first on Република.

]]>

Еурофарм Пелистер поднесе жалба до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за судењето на мечот против Вардар 1961 кој се одигра вчеравечер во Охрид во финалето од Купот на Македонија.
Жалбата е поднесена поради една од последните одлуки на судиската двојка Николовски - Металари. Вардар имаше еден гол предност, а во последниот напад на вардарци, Филип Талески имаше шут, кој, според пелистерци, е направен по одлука за пасивен напад на арбитрите со намера да се потроши време, објавија битолчани.
Еурофарм Пелистер се повикува на правилото број осум на ИХФ, според кое направена е материјална штета и прекршени се новите правила според кои секој потег кој во последните триесет секунди од мечот кој на каков било начин задржува или троши време автоматски значи седмерец и црвен картон за противникот. Натпреварот го доби Вардар со 26:25 и по 16.пат го освои трофејот во Купот на Македонија.

The post Еурофарм Пелистер поденесе жалба за судењето во финалето на купот appeared first on Република.

]]>
Се надевам дека организаторот на Оф фест ќе се премисли и ќе ја искористи жалбата како правен механизам да реагира, рече Костадиновска- Стојчевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-nadevam-deka-organizatorot-na-of-fest-ke-se-premisli-i-ke-ja-iskoristi-zhalbata-kako-praven-mehanizam-da-reagira-reche-kostadinovska-stojchevska/ Wed, 15 Feb 2023 14:16:13 +0000 https://republika.mk/?p=609340

Денеска, организаторите на „ОФ Фест“ се откажаа од организација на овогодишното издание на фестивалот за кој добија нешто над 1 милион денари, со образложение дека парите се недоволни.

Се надевам дека организаторот на ОФ Фест ќе се премисли и ќе ја искористи жалбата како правен механизам да реагира, рече денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Секој има право на жалба. Лани имавме долг период на ребаланс на буџетот, два и пол месеци  беше во Собрание. Не е точно дека требало да дојде ноември за да легнат средствата. Направив едно мало истражување и во 2019, ОФ Фест добиле 1 милион денари, поднеле жалба, и добиле уште 1 милион денари. Вкупно 2 милиона денари. Правото на жалба секој има право да го користи, онаму каде секој смета дека сумата од икс причини не е таа што треба да ја добијат и треба да добие повеќе, и тоа е право на жалба која почнува да тече 15 дена откако ќе го добијат решението. Бидејќи жалбата се поднесува електронски, се скратува периодот за одговoр  на жалбата, кој исто така ќе трае 15 дена, рече министерката на денешниот брифинг со новинарите.

https://republika.mk/vesti/kultura/otkazhan-of-fest-2023-nemame-namera-da-podnesuvame-zhalba-do-vtorostepenata-komisija-i-da-se-izlozhuvame-na-natamoshni-ponizhuvana/

The post Се надевам дека организаторот на Оф фест ќе се премисли и ќе ја искористи жалбата како правен механизам да реагира, рече Костадиновска- Стојчевска appeared first on Република.

Русковска ќе се жали пред Советот на јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-kje-se-zali-pred-sovetot-na-javni-obviniteli/ Wed, 17 Aug 2022 10:15:16 +0000 https://republika.mk/?p=541317

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска која беше суспендирана од функцијата, ќе се жали пред Советот на обвинители откако републичкиот обвинител, Љубомир Јовески донесе решение со кое времено ја отстрани од функцијата.

Ваквата одлука на Јовески доаѓа откако претходно тој напиша извештај во кој се констатирани неправилности при претресот што Русковска заедно со обвинителките го извршија во Управата за финансиска полиција во јули годинава под сомнение дека директорот на управата, Арафат Муареми криел предмети во фиока за кои Обвинителството на Русковска не било информирано.

Русковска за ТВ 24 потврди дека веќе го примила решението за времено отстранување од работното место.

Преку соопштение, директорот на управата за финансиска полиција, Арафат Муреми соопшти дека поднел оставка како в.д. директор на управата.

Според Законот, со одлуката на Јовески меѓу другото е определено кој обвинител ќе ги преземе предметите на Русковска, а до избор на нов шеф на ОЈО ГОКК со ова Обвинителство ќе раководи обвинителот кој Русковска го определила како заменик со годишниот распоред за работа на обвинителите. Мандатот на Русковска истекува во ноември годинава.

The post Русковска ќе се жали пред Советот на јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска која беше суспендирана од функцијата, ќе се жали пред Советот на обвинители откако републичкиот обвинител, Љубомир Јовески донесе решение со кое времено ја отстрани од функцијата. Ваквата одлука на Јовески доаѓа откако претходно тој напиша извештај во кој се констатирани неправилности при претресот што Русковска заедно со обвинителките го извршија во Управата за финансиска полиција во јули годинава под сомнение дека директорот на управата, Арафат Муареми криел предмети во фиока за кои Обвинителството на Русковска не било информирано. Русковска за ТВ 24 потврди дека веќе го примила решението за времено отстранување од работното место. Преку соопштение, директорот на управата за финансиска полиција, Арафат Муреми соопшти дека поднел оставка како в.д. директор на управата. Според Законот, со одлуката на Јовески меѓу другото е определено кој обвинител ќе ги преземе предметите на Русковска, а до избор на нов шеф на ОЈО ГОКК со ова Обвинителство ќе раководи обвинителот кој Русковска го определила како заменик со годишниот распоред за работа на обвинителите. Мандатот на Русковска истекува во ноември годинава.

The post Русковска ќе се жали пред Советот на јавни обвинители appeared first on Република.

]]>
Асанж ќе се жали пред Врховниот суд на Велика Британија за одлуката за екстрадиција во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/asanz-kje-se-zali-pred-vrhovniot-sud-na-velika-britanija-za-odlukata-za-ekstradicija-vo-sad/ Fri, 01 Jul 2022 15:12:28 +0000 https://republika.mk/?p=522255

Би-Би-Си денеска јави дека Џулијан Асанж побарал дозвола да се жали на одлуката за негова екстрадиција во САД, откако британската министерка за внатрешни работи Прити Пател минатиот месец го одобрила неговото протерување.

Би-Би-Си доби официјална потврда дека барањето на основачот на Викиликс е доставено до Вишиот суд во Лондон.

Американските власти го бараат Асанж поради документите објавени во 2010 и 2011 година, за кои САД тврдат дека загрозија многу животи, а станува збор за документи поврзани со војните во Авганистан и Ирак.

Асанж имаше рок до петок да одлучи дали ќе поднесе жалба на одлуката за екстрадиција.

Основачот на Викиликс е во лондонскиот затвор Белмарш

The post Асанж ќе се жали пред Врховниот суд на Велика Британија за одлуката за екстрадиција во САД appeared first on Република.

]]>

Би-Би-Си денеска јави дека Џулијан Асанж побарал дозвола да се жали на одлуката за негова екстрадиција во САД, откако британската министерка за внатрешни работи Прити Пател минатиот месец го одобрила неговото протерување. Би-Би-Си доби официјална потврда дека барањето на основачот на Викиликс е доставено до Вишиот суд во Лондон. Американските власти го бараат Асанж поради документите објавени во 2010 и 2011 година, за кои САД тврдат дека загрозија многу животи, а станува збор за документи поврзани со војните во Авганистан и Ирак. Асанж имаше рок до петок да одлучи дали ќе поднесе жалба на одлуката за екстрадиција. Основачот на Викиликс е во лондонскиот затвор Белмарш

The post Асанж ќе се жали пред Врховниот суд на Велика Британија за одлуката за екстрадиција во САД appeared first on Република.

]]>
Адвокатот на Зекири подготвува жалба за притворот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/advokatot-na-zekiri-podgotvuva-zalba-za-pritvorot/ Sat, 09 Apr 2022 15:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=485899

Одбраната на генералниот секретар на Владата во оставка Мухамед Зекири, денеска поднесува жалба за судското решение за 30-дневен притвор. Адвокатот Александар Трајковски за Алсат вели дека во жалбата се побиваат трите основи за притвор, односно се исклучува можноста за бегство на Зекири, неговото влијаење врз истрагата или повторување на делото. Обвинителката Катерина Коларевиќ рече дека цврсти докази за бегство нема, но поради оперативни сознанија постои таков сомнеж.

Од Судот информираат дека ќе почекаат 48 часа да видат дали на нивна адреса ќе пристигнат жалби за притворот, од страна на одбраната или обвинителството, па најверојатно од понеделник ќе носат одлука.

Зекири вчеравечер заврши во Истражниот затвор во Шутка, на барање на Обвинителството, кое го сомничи за проневера. Од Обвинителството соопштија дека првоосомничениот ја злоупотребил службената положба, склучувајќи договор без јавна набавка. Според Обвинителството договорот бил склучен со правно лице, во што со умисла му помогнале двајца хрватски државјани, кои во моментов не се достапни за органите на прогонот.

Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од над 57 милиони денари, а на штета на буџетот. Износ што бил поголем од 795.000 евра односно од договорениот износ за вршење на консултански услуги – пишува во официјалното соопштение од Обвинителството.

Зеќири, преку фејсбук статус поднесе неотповиклива оставка од функцијата, а премиерот Димитар Ковачевски нагласи дека тоа е акт на политичка одговорност.

The post Адвокатот на Зекири подготвува жалба за притворот appeared first on Република.

]]>

Одбраната на генералниот секретар на Владата во оставка Мухамед Зекири, денеска поднесува жалба за судското решение за 30-дневен притвор. Адвокатот Александар Трајковски за Алсат вели дека во жалбата се побиваат трите основи за притвор, односно се исклучува можноста за бегство на Зекири, неговото влијаење врз истрагата или повторување на делото. Обвинителката Катерина Коларевиќ рече дека цврсти докази за бегство нема, но поради оперативни сознанија постои таков сомнеж. Од Судот информираат дека ќе почекаат 48 часа да видат дали на нивна адреса ќе пристигнат жалби за притворот, од страна на одбраната или обвинителството, па најверојатно од понеделник ќе носат одлука. Зекири вчеравечер заврши во Истражниот затвор во Шутка, на барање на Обвинителството, кое го сомничи за проневера. Од Обвинителството соопштија дека првоосомничениот ја злоупотребил службената положба, склучувајќи договор без јавна набавка. Според Обвинителството договорот бил склучен со правно лице, во што со умисла му помогнале двајца хрватски државјани, кои во моментов не се достапни за органите на прогонот. Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од над 57 милиони денари, а на штета на буџетот. Износ што бил поголем од 795.000 евра односно од договорениот износ за вршење на консултански услуги – пишува во официјалното соопштение од Обвинителството. Зеќири, преку фејсбук статус поднесе неотповиклива оставка од функцијата, а премиерот Димитар Ковачевски нагласи дека тоа е акт на политичка одговорност.  

The post Адвокатот на Зекири подготвува жалба за притворот appeared first on Република.

]]>
Обвинителот за кого Кичеец лекомислено предизвикал смрт, не се жали на пресудата за смрт на полицаец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelot-za-kogo-kicheec-lekomisleno-predizvikal-smrt-ne-se-zali-na-presudata-za-smrt-na-policaec/ Wed, 02 Feb 2022 09:52:13 +0000 https://republika.mk/?p=452849

Судскиот процес против кичевецот кој во декември 2019 година во тешка сообраќајка на влезот во Гостивар усмртил еден полицаец, а уште еден бил тешко повреден, лани во ноември заврши со првостепена пресуда од само една година затвор, без очекувана жалба од обвинителот Арсим Адеми. Родителите за загинатиот 23-годишен полицаец реагираат, пишува порталот „МКД.мк“.

На казната се жалеше адвокатката на предизвикувачот на тешката сообраќајна несреќа и побара враќање на неговиот пасош. Обвинителот Aдеми е познат по случајот со Зоран Милевски Кичеец каде за сообраќајка со жртва која се случи поради преминување на полна линија, утврдил небрежност.

Ова не е судство. Ова нема никаква врска со право и правда. Од Групчин наваму владеат други закони“, велат родителите на Петар Ѓурчиноски кои веќе две години бараат само праведна судска разврска на тешката сообраќајна несреќа која се случи на 28 декември 2019 година во 19,10 часот на влезот во Гостивар во која загина нивниот син полицаец, а уште еден беше тешко повреден.

Целиот текст тука

The post Обвинителот за кого Кичеец лекомислено предизвикал смрт, не се жали на пресудата за смрт на полицаец appeared first on Република.

]]>

Судскиот процес против кичевецот кој во декември 2019 година во тешка сообраќајка на влезот во Гостивар усмртил еден полицаец, а уште еден бил тешко повреден, лани во ноември заврши со првостепена пресуда од само една година затвор, без очекувана жалба од обвинителот Арсим Адеми. Родителите за загинатиот 23-годишен полицаец реагираат, пишува порталот „МКД.мк“. На казната се жалеше адвокатката на предизвикувачот на тешката сообраќајна несреќа и побара враќање на неговиот пасош. Обвинителот Aдеми е познат по случајот со Зоран Милевски Кичеец каде за сообраќајка со жртва која се случи поради преминување на полна линија, утврдил небрежност.