закуп на земјоделско земјиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakup-na-zemjodelsko-zemjishte/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Jul 2022 08:27:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закуп на земјоделско земјиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakup-na-zemjodelsko-zemjishte/ 32 32 Истекува рок за поднесување барање за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/istekuva-rok-za-podnesuvanje-baranje-za-zakup-na-zemjodelsko-zemjishte-nad-3-hektari/ Fri, 15 Jul 2022 08:27:11 +0000 https://republika.mk/?p=529151

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) потсетува дека на 21 јули истекува рокот на кој земјоделците може да аплицираат за двата јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари со намена за подигнување на долгогодишни насади и производство на сточна храна. Преку овие два јавни огласи на располагање се ставени вкупно 3.769 хектари државно земјоделско земјиште, распоредено во повеќе региони низ државата.

Намената на земјоделското земјиште кое се дава под закуп за првиот јавен оглас е производство на сточна храна  (житни, фуражни и индустриски култури) за период до 15 години. Со огласот се опфатени 529 хектари земјоделско земјиште над 3 хектари, распределени во 10 региони низ државата: Берово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Штип.

Вториот јавен оглас е со намена за подигнување на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години. Вкупно на располагање под закуп со овој оглас се предвидени 3.240 хекатари, распределени во 22 региони низ државата: Берово, Валандово, Виница, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Куманово, Кавадарци, Неготино, Струга, Струмица, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Тетово, Велес, Штип и Чаир.

Право на учество на јавените огласи имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Кај огласот за закуп на земјоделско земјиште со намена за производство на сточна храна минималната површина на земјоделското земјиште која може да се даде под закуп на еден учесник изнесува 3 хектари, доколку понудувачот достави потврда од овластена ветеринарна станица за располагање со најмалку 5 грла говеда или копитари, односно 50 овци или кози, односно 20 свињи, односно 500 кокошки, мисирки, гуски, патки или бисерки. Максимална површина на која за овој јавен оглас еден учесник може да аплицира изнесува 20 хектари. Додека кај вториот оглас со намена за подигнување на долгогодишни насади големината на површината која може да се даде под закуп на еден корисник се утврдува врз основа на минимално материјално-техничката опременсот и бројот на вработени според бизнис планот на понудувачот.

Наша цел како министерство е секоја педа обработливо земјиште да го ставиме на располагање за обработка на земјоделците, како мотивација и поддршка за поголемо домашно производство на храна.

Јавните огласи беа распишани на средината од месец јуни и се достапни на следните линкови:

Јавен оглас бр.02/22: http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2688
Јавен оглас бр.03/22: http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2689

Заинтересираните земјоделци и земјоделски стопанства повеќе информации за јавните огласи може да добијат во секторот за земјиште при министерството, подрачните единици на министерството или на веб странта www.mzsv.gov.mk.

The post Истекува рок за поднесување барање за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари appeared first on Република.

]]>

Јавен оглас бр.02/22: http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2688 Јавен оглас бр.03/22: http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2689

Заинтересираните земјоделци и земјоделски стопанства повеќе информации за јавните огласи може да добијат во секторот за земјиште при министерството, подрачните единици на министерството или на веб странта www.mzsv.gov.mk.

The post Истекува рок за поднесување барање за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари appeared first on Република.

]]>
Владата дава под закуп земјиште за лешник, маслинарници, оранжерии… https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-dava-pod-zakup-zemjishte-za-leshnik-maslinarnici-oranzerii/ Wed, 25 May 2022 19:15:54 +0000 https://republika.mk/?p=506906

На денешната седница Владата на Република Македонија ја донесе Одлуката за давање на согласност на два јавни оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари.

Предмет на јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари преставува земјоделско земјиште со вкупна површина од 1.520ха 53ар 54м2  и тоа за следните региони во Република Македонија: Гостивар, Дебар, Кичево, Куманово, Ресен, Тетово и Гази Баба, како и во регионите Берово, Битола, Македонски Брод, Виница, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Велес и Штип со намена за:

подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години,
подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
подигање на маслинарници за период до 50 години,
одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,
ливади за период до 15 години,
за одгледување на брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,
рибници до 20 години, и
спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

The post Владата дава под закуп земјиште за лешник, маслинарници, оранжерии… appeared first on Република.

]]>

На денешната седница Владата на Република Македонија ја донесе Одлуката за давање на согласност на два јавни оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари. Предмет на јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари преставува земјоделско земјиште со вкупна површина од 1.520ха 53ар 54м2  и тоа за следните региони во Република Македонија: Гостивар, Дебар, Кичево, Куманово, Ресен, Тетово и Гази Баба, како и во регионите Берово, Битола, Македонски Брод, Виница, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Велес и Штип со намена за: подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање на маслинарници за период до 50 години, одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за одгледување на брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години, и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.  

The post Владата дава под закуп земјиште за лешник, маслинарници, оранжерии… appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Нови 5722 хектари земјоделско земјиште за храна и стратешки култури https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sdsm-novi-5722-hektari-zemjodelsko-zemjishte-za-hrana-i-strateshki-kulturi/ Sat, 23 Apr 2022 16:23:53 +0000 https://republika.mk/?p=492672

СДСМ како одговорна партија презема мерки за зголемување на земјоделското произвдство во време на глобална економска криза и недостиг на основните прехранбени продукти на светскиот пазар, соопшти владејачката партија преку празничното соопштение до јавноста.

Информираат дека веќе е распишан Јавен повик за доделување на слободно земјоделско земјиште над три хектари, за одгледување на стратешки култури, односно пченица, пченка, јачмен, сончоглед, рж, ориз, овес, маслодајна репка, тритикале и добиточен грашок.

Со оваа мерка се опфатени нови 5.722 хектари земјоделско земјиште, во 14 региони, кои ќе се доделуваат преку електронско јавно надавање.

Покрај оваа мерка на сила е и Интервентниот фонд првично проектиран на 250 а потоа проширен на 400 милиони денари со кои дополнително се стимулира домашното производство на храна.

Помошта и поддршката на земјоделците останува врвен приротет за Владата предводена од СДСМ.

The post СДСМ: Нови 5722 хектари земјоделско земјиште за храна и стратешки култури appeared first on Република.

]]>

СДСМ како одговорна партија презема мерки за зголемување на земјоделското произвдство во време на глобална економска криза и недостиг на основните прехранбени продукти на светскиот пазар, соопшти владејачката партија преку празничното соопштение до јавноста. Информираат дека веќе е распишан Јавен повик за доделување на слободно земјоделско земјиште над три хектари, за одгледување на стратешки култури, односно пченица, пченка, јачмен, сончоглед, рж, ориз, овес, маслодајна репка, тритикале и добиточен грашок. Со оваа мерка се опфатени нови 5.722 хектари земјоделско земјиште, во 14 региони, кои ќе се доделуваат преку електронско јавно надавање. Покрај оваа мерка на сила е и Интервентниот фонд првично проектиран на 250 а потоа проширен на 400 милиони денари со кои дополнително се стимулира домашното производство на храна. Помошта и поддршката на земјоделците останува врвен приротет за Владата предводена од СДСМ.

The post СДСМ: Нови 5722 хектари земјоделско земјиште за храна и стратешки култури appeared first on Република.

]]>
Земјоделското земјиште распределено кај вистинските земјоделци, вели министерот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zemjodelskoto-zemjishte-raspredeleno-kaj-vistinskite-zemjodelci-veli-ministerot/ Wed, 02 Feb 2022 16:00:14 +0000 https://republika.mk/?p=453124

Денеска, во Прилеп, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со заменик-министерот Трајан Димковски, ги доделија првите договори за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари за последните два јавни повици.

„Министерството ќе биде отворено за сите земјоделци, како што го отворивме во 2017 – та година, но и ние сѐ повеќе, секој ден ќе бидеме на терен. Карванот на Министерството заедно со сите сектори е тука денеска, во посета на Прилеп, за да ги доделиме првите договори за земјоделско земјиште. Потпишани се 900 договори, тоа е огромна бројка на склучени договори со кои ќе се стави во функција земјоделско земјиште од неколку илјади хектари низ целата држава, во различни региони. Околу 500 хектари, се овде во Прилеп, за кои се склучени 232 договори. Првите договори имавме чест да ги доделиме денеска, овде во Прилеп, бидејќи овде се склучени најмногу договори. Продолжуваме со праксата земјоделското земјиште да биде ставено комплетно во функција, да биде во рацете на вистинските земјоделци и да се зголеми производството. Продолжуваме да се грижиме за земјоделците, како преку креирање на мерки и политики, така и преку она што сме го ветиле уште во 2016- та година, а тоа е да дојде земјата во вистинските раце, кај вистинските земјоделци“ изјави Николовски.

При тоа, министерот посочи дека се подготвуват нови огласи и повици, се прават сите анализи за да се отворат нови можности земјоделското земјиште да биде ставено во функција на развојот и да биде помош и поддршка за земјоделските стопанства и за земјоделците од сите региони.

Николовски потенцираше дека праксата на директни средби и контакти со земјоделците продолжува и понатаму, за да се слушнат проблемите, предлозите, идеите и размислувањата на земјоделците бидејќи тие најдобро знаат со што се соочуваат и посочи дека целта е заеднички да наоѓаме решенија, и тие да се вградат во годишните програми и во политиките што ќе ги креира Министерството.

The post Земјоделското земјиште распределено кај вистинските земјоделци, вели министерот appeared first on Република.

МЗШВ: Јавните повици се поништени поради правично и законито доделување на земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-javnite-povici-se-ponishteni-poradi-pravichno-i-zakonito-dodeluvanje-na-zemja/ Mon, 24 Jan 2022 17:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=448868

Министерствотo за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) најостро ги демантира сите информации изнесени од Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со поништувањето на Јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп. Министерството информира дека Јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, се поништени поради неправилности во постапката, а со цел правично, транспарентно и законито доделување на државно земјоделско земјиште.

Јавниот повик 01/21 е поништен од причина што мнозинството од членовите на Комисијата утврдиле дека дел од членовите на Комисијата работеле без потребениот кворум за работа пропишан со правилникот за работа на Комисијата. Четворица од членовите на Комисијата веќе имаат доставени изјави до архивата на МЗШВ, дека не биле известени ниту за јавното отворање на понудите, ниту за тековното работење на Комисијата за овој јавен повик.

Јавниот повик 04/21 е поништен поради тоа што членовите на Комисијата процениле дека во јавниот повик недостига нагласен документ со кој ќе се утврди староста на насадот за којшто се доставени поднудите, што би можело да доведе до злуопотреба на постапката.

Од овие причини, а согласно Законот за земјоделско земјиште, но и заради транспарентна, законита и правична распределба на државното земјоделско земјиште под закуп, овие два јавни повици се поништени пред стапување во функција на актуелниот министер Љупчо Николовски. Актуелниот министер Николовски, неселективно ќе преземе соодветни чекори за иницирање на одговорност на службените лица коишто со своите постапки придонеле за неправилности во постапките. МЗШВ најтраснапрентно ги извести понудувачите на јавните повици за поништувањето, на законски начин пропишан со Законот за општа управна постапка преку објавување на известувањето во два дневни весници и во Службен весник на РСМ. На никој начин со актите на министерството не се ограничува правото на надомест на штета доколку кој било земјоделец има претпрено каква било штета од поништувањето и ако тоа го докаже во соодветна судска постапка - велат од МЗШВ.

Оттаму велат дека Министерствотово најбрз можен рок ќе објави нови Јавни повици за истите региони. Земјоделците кои аплицираа на поништените јавни повици, ќе имаат можност повторно со истите елаборати, да аплицираат за истите земјоделски површини. МЗШВ апелира земјоделците да не потпаѓаат под манипулативните изјави на Трипуновски. Во последните 4 години, оваа Влада го врати достоинството на земјоделците и покажа што значи правична и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште кај вистинските земјоделци.

The post МЗШВ: Јавните повици се поништени поради правично и законито доделување на земја appeared first on Република.

]]>

Министерствотo за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) најостро ги демантира сите информации изнесени од Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со поништувањето на Јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп. Министерството информира дека Јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, се поништени поради неправилности во постапката, а со цел правично, транспарентно и законито доделување на државно земјоделско земјиште.
Јавниот повик 01/21 е поништен од причина што мнозинството од членовите на Комисијата утврдиле дека дел од членовите на Комисијата работеле без потребениот кворум за работа пропишан со правилникот за работа на Комисијата. Четворица од членовите на Комисијата веќе имаат доставени изјави до архивата на МЗШВ, дека не биле известени ниту за јавното отворање на понудите, ниту за тековното работење на Комисијата за овој јавен повик.   Јавниот повик 04/21 е поништен поради тоа што членовите на Комисијата процениле дека во јавниот повик недостига нагласен документ со кој ќе се утврди староста на насадот за којшто се доставени поднудите, што би можело да доведе до злуопотреба на постапката.   Од овие причини, а согласно Законот за земјоделско земјиште, но и заради транспарентна, законита и правична распределба на државното земјоделско земјиште под закуп, овие два јавни повици се поништени пред стапување во функција на актуелниот министер Љупчо Николовски. Актуелниот министер Николовски, неселективно ќе преземе соодветни чекори за иницирање на одговорност на службените лица коишто со своите постапки придонеле за неправилности во постапките. МЗШВ најтраснапрентно ги извести понудувачите на јавните повици за поништувањето, на законски начин пропишан со Законот за општа управна постапка преку објавување на известувањето во два дневни весници и во Службен весник на РСМ. На никој начин со актите на министерството не се ограничува правото на надомест на штета доколку кој било земјоделец има претпрено каква било штета од поништувањето и ако тоа го докаже во соодветна судска постапка - велат од МЗШВ.