законски измени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakonski-izmeni/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Jun 2024 17:23:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png законски измени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakonski-izmeni/ 32 32 Повеќето пратеници го притиснаа зелено копче: Изгласана потребата за реорганизација на министерстватa https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poveketo-pratenitsi-go-pritisnaa-zeleno-kopche-izglasana-potrebata-za-reorganizatsija-na-ministerstvata/ Fri, 07 Jun 2024 15:29:22 +0000 https://republika.mk/?p=785566

Реорганизацијата на министерствата го помина првиот собраниски филтер- 74 пратеници од новото владејачко мнозинство гласаа „за“ законот да оди по скратена постапка, додека опозициските од СДСМ, Левица и дел од ДУИ гласаа „против“ потребата од брза процедура.. Мандатарот за состав на Владата Христијан Мицкоски од собраниската говорница побара поддршка од цел парламент, бидејќи според него трансформацијата на постоечките ресори, укинувањето на агенциите и дел од постоечките јавни претпријатија, ќе значат ефикасна извршна власт.

Законските измени за организација на државната управа попладнево ќе се разгледува на комисиска седница за политички систем, која може да трае најдолго три дена. Пратеничката група на СДСМ засега го кажа само ставот од технички аспект, дека се против скратена постапка за системски закон, како што рече нивниот координатор, особено поради тоа што се зголемуваат бројот на министерство и нема ниту проценка како тоа ќе влијае на регулативата.

Забелешка имаа и пратениците од Левица затоа што доцна синоќа законот бил повлечен, доработен па повторно пуштен во процедура. Доколку по комисиските филтри овој закон биде изгласан, новина ќе бидат отворањето на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерство за спорт. Во социјална политика ќе се додадат секторите демографија и млади, а ресорот труд ќе премине во Министерството за економија, додека туризмот ќе биде дел од Министерството за култура. Министерството за информатичко општество и администрација се дели на две посебни министерства - за дигитална трансформација и за администрација..

The post Повеќето пратеници го притиснаа зелено копче: Изгласана потребата за реорганизација на министерстватa appeared first on Република.

]]>

Реорганизацијата на министерствата го помина првиот собраниски филтер- 74 пратеници од новото владејачко мнозинство гласаа „за“ законот да оди по скратена постапка, додека опозициските од СДСМ, Левица и дел од ДУИ гласаа „против“ потребата од брза процедура.. Мандатарот за состав на Владата Христијан Мицкоски од собраниската говорница побара поддршка од цел парламент, бидејќи според него трансформацијата на постоечките ресори, укинувањето на агенциите и дел од постоечките јавни претпријатија, ќе значат ефикасна извршна власт. Законските измени за организација на државната управа попладнево ќе се разгледува на комисиска седница за политички систем, која може да трае најдолго три дена. Пратеничката група на СДСМ засега го кажа само ставот од технички аспект, дека се против скратена постапка за системски закон, како што рече нивниот координатор, особено поради тоа што се зголемуваат бројот на министерство и нема ниту проценка како тоа ќе влијае на регулативата. Забелешка имаа и пратениците од Левица затоа што доцна синоќа законот бил повлечен, доработен па повторно пуштен во процедура. Доколку по комисиските филтри овој закон биде изгласан, новина ќе бидат отворањето на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерство за спорт. Во социјална политика ќе се додадат секторите демографија и млади, а ресорот труд ќе премине во Министерството за економија, додека туризмот ќе биде дел од Министерството за култура. Министерството за информатичко општество и администрација се дели на две посебни министерства - за дигитална трансформација и за администрација..

The post Повеќето пратеници го притиснаа зелено копче: Изгласана потребата за реорганизација на министерстватa appeared first on Република.

]]>
В понеделник се очекува да бидат поднесени законските измени за трансформација на министерствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/v-ponedelnik-se-ochekuva-da-bidat-podneseni-zakonskite-izmeni-za-transformatsija-na-ministerstvata/ Fri, 31 May 2024 14:43:47 +0000 https://republika.mk/?p=783602

В понеделник група пратеници од новото владејачко мнозинство се очекува да ги поднесат законските измени во Собранието преку кои се планира формирање нови и трансформација на постоечките министерства, брифираат за МИА партиски извори.

Претседателот на Собранието Африм Гаши вчера најави дека на првата седница што ќе ja закаже, уште пред формирањето на Владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства. Но, исто така на дневен ред би можеле да се најдат и измени со кои ќe се избегнат предвремени избори за градоначалници.

Сега сме исправени пред предизвикот да имаме носители на општините кои ќе се изберат за пет, шест месеци и после за седум, осум месеци пак да има избори. Мислам дека не е во ред и спротивно е на Уставот некој да се избере со четиригодишен мандат, а некој да се избере со исти гласови на избори со мандат од осум месеци. Мислиме дека е неуставно и треба да се поправи со закон кој ќе овозможи тоа да биде можно, вели Гаши во интервју за Радио Слободна Европа.

За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство.

The post В понеделник се очекува да бидат поднесени законските измени за трансформација на министерствата appeared first on Република.

]]>

В понеделник група пратеници од новото владејачко мнозинство се очекува да ги поднесат законските измени во Собранието преку кои се планира формирање нови и трансформација на постоечките министерства, брифираат за МИА партиски извори. Претседателот на Собранието Африм Гаши вчера најави дека на првата седница што ќе ja закаже, уште пред формирањето на Владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства. Но, исто така на дневен ред би можеле да се најдат и измени со кои ќe се избегнат предвремени избори за градоначалници.
Сега сме исправени пред предизвикот да имаме носители на општините кои ќе се изберат за пет, шест месеци и после за седум, осум месеци пак да има избори. Мислам дека не е во ред и спротивно е на Уставот некој да се избере со четиригодишен мандат, а некој да се избере со исти гласови на избори со мандат од осум месеци. Мислиме дека е неуставно и треба да се поправи со закон кој ќе овозможи тоа да биде можно, вели Гаши во интервју за Радио Слободна Европа.
За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство.

The post В понеделник се очекува да бидат поднесени законските измени за трансформација на министерствата appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Немало никаков состанок во вила „Водно“ за уставните измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-nemalo-nikakov-sostanok-vo-vila-vodno-za-ustavnite-izmeni/ Sat, 13 Apr 2024 12:30:03 +0000 https://republika.mk/?p=765685

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски тврди дека немало никаков состанок во вила „Водно“ за уставните измени. Ваквите обвинувања што ги изнесе вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, тој ги отфрли како инсинуации и како работи кажани на митинг кои немаат никаков допир со реалноста.

Ниту имало некаков состанок во вила „Водно“ на кој се разговарало за какви било измени и на кој било закон, ниту со тие измени се планирало какво било гласање на уставните измени. Со индигнација ги отфрлам тие инсинуации, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање.

Во тек, е потсети Ковачевски, носење комплетно нов кривичен законик на кој работат експерти во Министерството за правда. Иако се заинтересирал до каде се измените, тој, како што рече, досега не добил одговор.

Ако се сеќавате, законските измени беа презентирани во Парламентот и немаше ниту една дискусија од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ против. Тие обезбедија кворум тие законски измени да се изгласаат, дури најголемиот дел од нив беа среќни, нив ќе ги прашате зашто беа среќни, но јас ќе ве потсетам дека законските измени се донесени заради усогласување со европското законодавство во делот на конфискација на имот стекнат на незаконски начин и заради усогласување на одредби од законот со одредбите на законите на други држави, Словенија, Германија и 90 отсто од земјите членки на ЕУ и Советот на Европа во кои не постојат бланкетни одредби за обвинување лица и нивно бескрајно држење во притвор. Со тоа Кривичниот законик стана поевропски, а постојат над 400 одредби во Кривичниот законик со кои можат да бидат помилувани лица кои се огрешиле по кој било закон во државата - рече Ковачевски.

 

Според него, досега изборната кампања се води коректно, без лични навреди и дисквалификаци.

Мислам дека имаме демократска кампања со една дамка која ќе мора да се испита од надлежните институции, а се однесува на обвинувањата кои беа објавени од еден ваш колега новинар во однос на злоупотребите кои тој ги изнесе преку одредени докази. Институциите треба да докажат дали тие докази се валидни или не во однос на злоупотребата на националниот медиумски сервис, да видат за што се работи - нагласи Ковачевски.

На прашањето колку пати се сретнал со израелскиот експерт за политички маркетинг Асаф Еисин, претседателот на СДСМ одговори дека не се сретнал само со него, туку и со многу други ПР стратези.

Се имам сретнато и со него и со дузина други маркетинг експерти кои ги нудат своите услуги. Се имам среќавано со многу ПР стратези, дел од нив се од Македонија, а дел од странство зашто за време на избори многу од нив ги нудат своите услуги на политичките партии за кампањи. Во однос на тоа кои агенции работат за СДСМ многу јасно ќе може да се види од потпишаните договори и извештаите што секоја партија има обврска да ги поднесува до ревизорските институции. Можете да ги прашате и другите политички партии со кого се сретнуваат и дали имаат договори со тие со кои се сретнуваат - напомена Ковачевски.

Мицкоски вчера, на изборниот митинг во Тетово, рече дека наводно Ковачевски заедно со Али Ахмети, Артан Груби и Стево Пендаровски, правел план за носење на измените на Кривичниот законик за да се обезеди мнозинство за уставните измени.

The post Ковачевски: Немало никаков состанок во вила „Водно“ за уставните измени appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски тврди дека немало никаков состанок во вила „Водно“ за уставните измени. Ваквите обвинувања што ги изнесе вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, тој ги отфрли како инсинуации и како работи кажани на митинг кои немаат никаков допир со реалноста. Ниту имало некаков состанок во вила „Водно“ на кој се разговарало за какви било измени и на кој било закон, ниту со тие измени се планирало какво било гласање на уставните измени. Со индигнација ги отфрлам тие инсинуации, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање. Во тек, е потсети Ковачевски, носење комплетно нов кривичен законик на кој работат експерти во Министерството за правда. Иако се заинтересирал до каде се измените, тој, како што рече, досега не добил одговор.
Ако се сеќавате, законските измени беа презентирани во Парламентот и немаше ниту една дискусија од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ против. Тие обезбедија кворум тие законски измени да се изгласаат, дури најголемиот дел од нив беа среќни, нив ќе ги прашате зашто беа среќни, но јас ќе ве потсетам дека законските измени се донесени заради усогласување со европското законодавство во делот на конфискација на имот стекнат на незаконски начин и заради усогласување на одредби од законот со одредбите на законите на други држави, Словенија, Германија и 90 отсто од земјите членки на ЕУ и Советот на Европа во кои не постојат бланкетни одредби за обвинување лица и нивно бескрајно држење во притвор. Со тоа Кривичниот законик стана поевропски, а постојат над 400 одредби во Кривичниот законик со кои можат да бидат помилувани лица кои се огрешиле по кој било закон во државата - рече Ковачевски.
  Според него, досега изборната кампања се води коректно, без лични навреди и дисквалификаци.
Мислам дека имаме демократска кампања со една дамка која ќе мора да се испита од надлежните институции, а се однесува на обвинувањата кои беа објавени од еден ваш колега новинар во однос на злоупотребите кои тој ги изнесе преку одредени докази. Институциите треба да докажат дали тие докази се валидни или не во однос на злоупотребата на националниот медиумски сервис, да видат за што се работи - нагласи Ковачевски.
На прашањето колку пати се сретнал со израелскиот експерт за политички маркетинг Асаф Еисин, претседателот на СДСМ одговори дека не се сретнал само со него, туку и со многу други ПР стратези.
Се имам сретнато и со него и со дузина други маркетинг експерти кои ги нудат своите услуги. Се имам среќавано со многу ПР стратези, дел од нив се од Македонија, а дел од странство зашто за време на избори многу од нив ги нудат своите услуги на политичките партии за кампањи. Во однос на тоа кои агенции работат за СДСМ многу јасно ќе може да се види од потпишаните договори и извештаите што секоја партија има обврска да ги поднесува до ревизорските институции. Можете да ги прашате и другите политички партии со кого се сретнуваат и дали имаат договори со тие со кои се сретнуваат - напомена Ковачевски.
Мицкоски вчера, на изборниот митинг во Тетово, рече дека наводно Ковачевски заедно со Али Ахмети, Артан Груби и Стево Пендаровски, правел план за носење на измените на Кривичниот законик за да се обезеди мнозинство за уставните измени.

The post Ковачевски: Немало никаков состанок во вила „Водно“ за уставните измени appeared first on Република.

]]>
Барање на ВМРО-ДПМНЕ за итна седница за пасошите и возачките https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/barane-na-vmro-dpmne-za-itna-sednitsa-za-pasoshite-i-vozachkite/ Mon, 12 Feb 2024 10:47:27 +0000 https://republika.mk/?p=743144

Пратеникот Антонио Милошоски објави дека ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за итна седница измена на два закони околу патните исправи и возачките дозволи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-samo-so-izmena-na-ovie-dva-zakoni-mozhe-da-se-reshat-problemite-na-graganite/

Барање на ВМРО-ДПМНЕ за итна седница за пасошите и возачките, за да се поправи понижувањето што безрбетниците Пендаровски, Спасовски, Бујар, Артан, Заев, Ковачевски, Зечевиќ и Маричиќ им го приредија на државјаните на Македонија.
Со сервилноста кон трети држави ги затворија македонските граѓани во „државен притвор“ од г.п. Табановце до г.п. Богородица. Ветуваа интеграција, а го донесоа народот во состојба на буквална изолација. Полошо не било!, порача Милошоски.

The post Барање на ВМРО-ДПМНЕ за итна седница за пасошите и возачките appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Антонио Милошоски објави дека ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за итна седница измена на два закони околу патните исправи и возачките дозволи. https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-samo-so-izmena-na-ovie-dva-zakoni-mozhe-da-se-reshat-problemite-na-graganite/
Барање на ВМРО-ДПМНЕ за итна седница за пасошите и возачките, за да се поправи понижувањето што безрбетниците Пендаровски, Спасовски, Бујар, Артан, Заев, Ковачевски, Зечевиќ и Маричиќ им го приредија на државјаните на Македонија. Со сервилноста кон трети држави ги затворија македонските граѓани во „државен притвор“ од г.п. Табановце до г.п. Богородица. Ветуваа интеграција, а го донесоа народот во состојба на буквална изолација. Полошо не било!, порача Милошоски.

The post Барање на ВМРО-ДПМНЕ за итна седница за пасошите и возачките appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Само со измена на овие два закони може да се решат проблемите на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-samo-so-izmena-na-ovie-dva-zakoni-mozhe-da-se-reshat-problemite-na-graganite/ Mon, 12 Feb 2024 10:27:19 +0000 https://republika.mk/?p=743116

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска пред Собрание сподели дека ќе поднесе предлози за брзи измени на два закона, за брзо да се решат дел од проблемите предизвикани поради менувањето на личните документи, кои од денеска не важат без името „Северна“.

Првата измена, е како што кажа, во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, со кој би се решил проблемот со возачките дозволи, а втората е за измени на Законот за патни исправи.

Овие два закони кога се донесени, како се донесени и со кој ум се донесени, од денешен аспект е небитно. Денес е последен ден во рамки на којшто пратениците кои земаат плата од граѓаните на Република Македонија имаат можност да докажат дека работат во насока на интересот на граѓаните. Без политиканство, без политички игри, со измена на овие два закони. Кој и да ви говори друго, слободно разговарајте со експерти за меѓународно и внатрешно право, само со измена на овие два закони во делот на важност на возачките и на пасошите може да се решат проблемите на граѓаните, порача Тошковски.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски објави дека е поднесено барање за идна седница и се очекува претседателот на Собранието да ја уважи.

https://youtu.be/HqM97LFqhvw?si=9cEwLduTSil1P4MU

The post Тошковски: Само со измена на овие два закони може да се решат проблемите на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска пред Собрание сподели дека ќе поднесе предлози за брзи измени на два закона, за брзо да се решат дел од проблемите предизвикани поради менувањето на личните документи, кои од денеска не важат без името „Северна“. Првата измена, е како што кажа, во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, со кој би се решил проблемот со возачките дозволи, а втората е за измени на Законот за патни исправи.
Овие два закони кога се донесени, како се донесени и со кој ум се донесени, од денешен аспект е небитно. Денес е последен ден во рамки на којшто пратениците кои земаат плата од граѓаните на Република Македонија имаат можност да докажат дека работат во насока на интересот на граѓаните. Без политиканство, без политички игри, со измена на овие два закони. Кој и да ви говори друго, слободно разговарајте со експерти за меѓународно и внатрешно право, само со измена на овие два закони во делот на важност на возачките и на пасошите може да се решат проблемите на граѓаните, порача Тошковски.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски објави дека е поднесено барање за идна седница и се очекува претседателот на Собранието да ја уважи. https://youtu.be/HqM97LFqhvw?si=9cEwLduTSil1P4MU

The post Тошковски: Само со измена на овие два закони може да се решат проблемите на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Злоупотребите на балансерот ќе се надминуваат со законските измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zloupotrebite-na-balanserot-kje-se-nadminuvaat-so-zakonskite-izmeni/ Mon, 31 Oct 2022 15:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=567883

Еден ист кандидат на различни огласи за вработување се пријавил со различна етничка припадност. Ваквите злоупотреби на балансерот ќе се надминуваат со законските измени најави министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Тој не планира промени на процентите во балансерот по кои ќе се вработува во припадници на етничките заедници во администрацијата, а кои сега се вкупен збир на резидентното и нерезидентното население. Министерот тврди -тоа е според методологија од 2015, објави Телма телевизија.

Кандидатот кој ќе аплицира за одредена работа, откако еднаш ќе селектира националност Македонец, Албанец, Турчин или друга националност, истата нема да може да ја промени, како што е ситуацијата со ЕМБГ, што не може да се промени, вели Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација.

Методологијата на која се повикува министерот посочува единствено дека при распределба на вработувањата треба треба да се земе предвид процентуалната застапеност на припрадниците на заедниците од последно спроведениот попис, но не е посочено дека треба да е вкалкулирано и нерезидентно население. Ова беше спорно и за статстичарите кои посочуваа дека сите планирања во државата се вршат врз основа на резидентното насление.

Целиот текст овде.

The post Злоупотребите на балансерот ќе се надминуваат со законските измени appeared first on Република.

]]>

Еден ист кандидат на различни огласи за вработување се пријавил со различна етничка припадност. Ваквите злоупотреби на балансерот ќе се надминуваат со законските измени најави министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Тој не планира промени на процентите во балансерот по кои ќе се вработува во припадници на етничките заедници во администрацијата, а кои сега се вкупен збир на резидентното и нерезидентното население. Министерот тврди -тоа е според методологија од 2015, објави Телма телевизија.
Кандидатот кој ќе аплицира за одредена работа, откако еднаш ќе селектира националност Македонец, Албанец, Турчин или друга националност, истата нема да може да ја промени, како што е ситуацијата со ЕМБГ, што не може да се промени, вели Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација.
Методологијата на која се повикува министерот посочува единствено дека при распределба на вработувањата треба треба да се земе предвид процентуалната застапеност на припрадниците на заедниците од последно спроведениот попис, но не е посочено дека треба да е вкалкулирано и нерезидентно население. Ова беше спорно и за статстичарите кои посочуваа дека сите планирања во државата се вршат врз основа на резидентното насление. Целиот текст овде.

The post Злоупотребите на балансерот ќе се надминуваат со законските измени appeared first on Република.

]]>