законот за странски агенти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakonot-za-stranski-agenti/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jun 2024 09:13:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png законот за странски агенти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakonot-za-stranski-agenti/ 32 32 Стапи во сила законот за странски агенти: Клуч за 30.000 невладини организации во Грузија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stapi-vo-sila-zakonot-za-stranski-agenti-kluch-za-30-000-nevladini-organizatsii-vo-gruzija/ Mon, 03 Jun 2024 09:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=784327

Претседателот на грузискиот парламент Шалва Папуашвили денеска соопшти дека го потпишал законот за странски агенти, кој беше усвоен од парламентот, откако претседателката на државата Саломе Зурабишвили одби да го стори тоа, со што законот стапи во сила. Со ова треба да се стави клуч на 30.000 невладини организации колку што егзистираат во оваа кавкаска земја.

- Денеска го потпишав законот за транспарентност на странско влијание. Целта на овој закон е зајакнување на политичкиот, економскиот и социјалниот систем на Грузија во однос на надворешното мешање, рече Папуашвили на прес-конференција.

Пратениците во грузискиот парламент, со мнозинство од 84 гласа спрема четири, во вторникот го отфрлија ветото на законот што го стави претседателката Саломе Зурабишвили.

На 14 мај, Парламентот на Грузија во трето и последно читање го усвои предлог-законот „За транспарентност на странско влијание“ предложен од владејачката партија Грузиски сон, а грузиската претседателка Саломе Зурабишвили, која е непартиска личност, стави вето на овој закон на 18 мај.

Според тој закон, невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство ќе треба да се регистрираат како „агенти на странско влијание“.

Владата на Грузија тврди дека законот за „странски агенти“ е неопходен за да се зачува транспарентноста и да се спречи вовлекување на земјата во конфликт со Москва

The post Стапи во сила законот за странски агенти: Клуч за 30.000 невладини организации во Грузија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на грузискиот парламент Шалва Папуашвили денеска соопшти дека го потпишал законот за странски агенти, кој беше усвоен од парламентот, откако претседателката на државата Саломе Зурабишвили одби да го стори тоа, со што законот стапи во сила. Со ова треба да се стави клуч на 30.000 невладини организации колку што егзистираат во оваа кавкаска земја.
- Денеска го потпишав законот за транспарентност на странско влијание. Целта на овој закон е зајакнување на политичкиот, економскиот и социјалниот систем на Грузија во однос на надворешното мешање, рече Папуашвили на прес-конференција.
Пратениците во грузискиот парламент, со мнозинство од 84 гласа спрема четири, во вторникот го отфрлија ветото на законот што го стави претседателката Саломе Зурабишвили. На 14 мај, Парламентот на Грузија во трето и последно читање го усвои предлог-законот „За транспарентност на странско влијание“ предложен од владејачката партија Грузиски сон, а грузиската претседателка Саломе Зурабишвили, која е непартиска личност, стави вето на овој закон на 18 мај. Според тој закон, невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство ќе треба да се регистрираат како „агенти на странско влијание“. Владата на Грузија тврди дека законот за „странски агенти“ е неопходен за да се зачува транспарентноста и да се спречи вовлекување на земјата во конфликт со Москва

The post Стапи во сила законот за странски агенти: Клуч за 30.000 невладини организации во Грузија appeared first on Република.

]]>