Законот за рестриктивни мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakonot-za-restriktivni-merki/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Jan 2024 19:30:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Законот за рестриктивни мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakonot-za-restriktivni-merki/ 32 32 Владата едногласно ги поднесе измените во Законот за рестриктивни мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ednoglasno-gi-podnese-izmenite-vo-zakonot-za-restriktivni-merki/ Fri, 26 Jan 2024 19:30:54 +0000 https://republika.mk/?p=737287

Владата на седницата на 16 јануари едногласно изрази политичка волја до Собранието на Македонија да поднесе предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, кој ќе биде усогласен со македонското законодавство, соопшти Владата.

„На посочената владина седница, Владата го разгледа предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки и донесе одлука Министерството за надворешни работи како предлагач да го усогласи текстот на предлогот на закон со кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Министерството за правда, Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација, Секретаријатот за законодавство и другите надлежни институции“, соопшти Владата.

Во Собранието овој законски проект ќе го брани Бујар Османи, министер за надворешни работи и м-р Фатмире Исаки, заменик на министерот за надворешни работи, а за повереници Филип Тосевски, државен секретар во Министерството за надворешни работи и Наташа Дескоска, помошник директор во Министерството за надворешни работи.

Пречистениот текст на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки е веќе доставен до Собранието.

The post Владата едногласно ги поднесе измените во Законот за рестриктивни мерки appeared first on Република.

]]>

Владата на седницата на 16 јануари едногласно изрази политичка волја до Собранието на Македонија да поднесе предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, кој ќе биде усогласен со македонското законодавство, соопшти Владата. „На посочената владина седница, Владата го разгледа предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки и донесе одлука Министерството за надворешни работи како предлагач да го усогласи текстот на предлогот на закон со кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Министерството за правда, Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација, Секретаријатот за законодавство и другите надлежни институции“, соопшти Владата. Во Собранието овој законски проект ќе го брани Бујар Османи, министер за надворешни работи и м-р Фатмире Исаки, заменик на министерот за надворешни работи, а за повереници Филип Тосевски, државен секретар во Министерството за надворешни работи и Наташа Дескоска, помошник директор во Министерството за надворешни работи. Пречистениот текст на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки е веќе доставен до Собранието.

The post Владата едногласно ги поднесе измените во Законот за рестриктивни мерки appeared first on Република.

]]>