Законо за нефер трговски практики Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakono-za-nefer-trgovski-praktiki/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Feb 2024 19:38:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Законо за нефер трговски практики Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakono-za-nefer-trgovski-praktiki/ 32 32 Трајанов: Закон за нефер трговски практики предложен од Владата наместо да го реши проблемот со дивеење на цените, отвора многу дилеми и проблеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trajanov-zakon-za-nefer-trgovski-praktiki-predlozhen-od-vladata-namesto-da-go-reshi-problemot-so-diveene-na-tsenite-otvora-mnogu-dilemi-i-problemi/ Tue, 27 Feb 2024 18:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=749024

За мене прашање е зошто од 2019 година чекавме до сега да го решиме до сега овој проблем, односно законот за нефер трговски практики. Дотолку повеќе кога министерот за економија излезе и рече дека ова е решение за проблемот со дивеење на цените. Оттука граѓаните ја доживуваат оваа голгота со нестабилни цени, голема инфлација посебно со храната, рече Здравко Трајанов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на емисијата „Аргумент плус“ што се емитува на телевизија 24.

Трајанов посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има забелешки на законот бидејќи во истиот има недоречености и тоа треба да се продискутира.

„Несериозно е да речете дека овој закон ќе го реши проблемот, а од друга страна да давате период од 6 месеци за адаптација. Или ако законот е добар требаше да помине, но не е така како што кажуваат“, кажа Трајанов.

Со законот ќе се направи прилагодување со европските регулативи, и тоа е добро, но од друга страна кај нас се настојува да се вметне регулација на цени, тука имаме сериозни забелешки, односно отворени прашања.

„Или зошто некои од понудените решенија не се докажани,  спорно е што во законот нема никаде да сретнете маржа. Министерството оди со поимот рабат и го дефинира на 10 проценти вклучувајќи ги сите трошоци во однос на се она што ќе се направи како трошок од страна на купувачот и ќе се признае како крајна цена. Прашањето е дали сите производи односно за сите може да ставиме урамниловка и да ги ставиме во тој рабат од 10 проценти плус трошоци затоа што има многу различни производи во пракса. Едни имаат многу повеќе директни трошоци за синџирот на снабдување, а од друга страна имате производи кои имаат многу помалку трошоци. И таа урамниловка не е добра  и треба да се размисли за решение на законот“, рече Трајанов.

Пратеникот објасни дека се дозволува на купувачот да даде крајна цена и во рамки на истата да ги објасни трошоците кои ќе настанат за да се најде во понатамошна фаза.

„И тука сега во законот како купувачи не се појавуваат граѓаните, туку фирми кои понатаму го препродаваат производот, и ќе може да манипулираат со крајните цени и тоа мора да се среди со амандманско решение“, вели Трајанов.

Министерството за економија, информира Трајанов дека ја нема листата за кои производи се однесуваат овој закон.

„Во синџирот на снабдување треба да бидат задоволни сите, но со овој закон тоа не е можно затоа не е точно тоа што го велат дека проблемот е решен, проблемот со цените не е решен“, заклучи Трајанов.

The post Трајанов: Закон за нефер трговски практики предложен од Владата наместо да го реши проблемот со дивеење на цените, отвора многу дилеми и проблеми appeared first on Република.

]]>

За мене прашање е зошто од 2019 година чекавме до сега да го решиме до сега овој проблем, односно законот за нефер трговски практики. Дотолку повеќе кога министерот за економија излезе и рече дека ова е решение за проблемот со дивеење на цените. Оттука граѓаните ја доживуваат оваа голгота со нестабилни цени, голема инфлација посебно со храната, рече Здравко Трајанов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на емисијата „Аргумент плус“ што се емитува на телевизија 24. Трајанов посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има забелешки на законот бидејќи во истиот има недоречености и тоа треба да се продискутира.
„Несериозно е да речете дека овој закон ќе го реши проблемот, а од друга страна да давате период од 6 месеци за адаптација. Или ако законот е добар требаше да помине, но не е така како што кажуваат“, кажа Трајанов.
Со законот ќе се направи прилагодување со европските регулативи, и тоа е добро, но од друга страна кај нас се настојува да се вметне регулација на цени, тука имаме сериозни забелешки, односно отворени прашања.
„Или зошто некои од понудените решенија не се докажани,  спорно е што во законот нема никаде да сретнете маржа. Министерството оди со поимот рабат и го дефинира на 10 проценти вклучувајќи ги сите трошоци во однос на се она што ќе се направи како трошок од страна на купувачот и ќе се признае како крајна цена. Прашањето е дали сите производи односно за сите може да ставиме урамниловка и да ги ставиме во тој рабат од 10 проценти плус трошоци затоа што има многу различни производи во пракса. Едни имаат многу повеќе директни трошоци за синџирот на снабдување, а од друга страна имате производи кои имаат многу помалку трошоци. И таа урамниловка не е добра  и треба да се размисли за решение на законот“, рече Трајанов.
Пратеникот објасни дека се дозволува на купувачот да даде крајна цена и во рамки на истата да ги објасни трошоците кои ќе настанат за да се најде во понатамошна фаза.
„И тука сега во законот како купувачи не се појавуваат граѓаните, туку фирми кои понатаму го препродаваат производот, и ќе може да манипулираат со крајните цени и тоа мора да се среди со амандманско решение“, вели Трајанов.
Министерството за економија, информира Трајанов дека ја нема листата за кои производи се однесуваат овој закон.
„Во синџирот на снабдување треба да бидат задоволни сите, но со овој закон тоа не е можно затоа не е точно тоа што го велат дека проблемот е решен, проблемот со цените не е решен“, заклучи Трајанов.

The post Трајанов: Закон за нефер трговски практики предложен од Владата наместо да го реши проблемот со дивеење на цените, отвора многу дилеми и проблеми appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Законот за нефер трговски практики се очекува идната недела да биде усвоен на владина седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-zakonot-za-nefer-trgovski-praktiki-se-ochekuva-idnata-nedela-da-bide-usvoen-na-vladina-sednitsa/ Tue, 07 Nov 2023 11:25:50 +0000 https://republika.mk/?p=699144

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека веќе се пристигнати сите забелешки и коментари од засегнатите страни, производителите, дистрибутерите и ланците супермаркети за предложениот закон за нефер трговски практики. Бектеши додаде дека се очекува идната недела да биде усвоен од Владата, а потоа и да биде доставен до Собранието.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Бектеши денеска најави дека оваа недела, во координација со премиерот Димитар Ковачевски и со претставници од надлежните институции ќе бидат разгледани сите забелешки и коментари, за да се вградат во драфт верзијата на законот.

Неделава ќе имаме координација со премиерот за коментарите кои ги добивме од засегнатите страни. Ќе ги разгледаме со различни институции за да ги вклопиме во финалниот драфт на законот. Ќе одржиме и последен состанок со Стопанската комора за да видиме кои ќе бидат прифатливи и можно да се вградат. Очекуваме во почетокот на наредната недела предложениот закон да се усвои на Влада и да се прати до Собранието. Се работи за решение кое дологорочно ќе влије позитивно врз намалување на цените, но воедно ќе биде и недискриминаторно во трговијата, посебно за земјоделските и прехранебните производи, истакна Бектеши.

Со законот се опфатени и се регулираат 26 нефер трговски практики.

The post Бектеши: Законот за нефер трговски практики се очекува идната недела да биде усвоен на владина седница appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека веќе се пристигнати сите забелешки и коментари од засегнатите страни, производителите, дистрибутерите и ланците супермаркети за предложениот закон за нефер трговски практики. Бектеши додаде дека се очекува идната недела да биде усвоен од Владата, а потоа и да биде доставен до Собранието. Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Бектеши денеска најави дека оваа недела, во координација со премиерот Димитар Ковачевски и со претставници од надлежните институции ќе бидат разгледани сите забелешки и коментари, за да се вградат во драфт верзијата на законот.