закон за заштита на потрошувачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-zashtita-na-potroshuvachi/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Dec 2022 10:07:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за заштита на потрошувачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-zashtita-na-potroshuvachi/ 32 32 Казна ако лебот во Берово нема и албанска амбалажа: По скратена постапка воведена двојазичност во стопанството низ цела Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kazna-ako-lebot-vo-berovo-nema-i-albanska-ambalaza-po-skratena-postapka-vovedena-dvojazichnost-vo-stopanstvoto-niz-cela-makedonija/ Tue, 06 Dec 2022 10:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=582486

Владејачката СДС, слугувајќи на нивниот национал-шовинистички коалиционен партнер ДУИ, продолжува со политики кои го деградираат значењето на македонскиот јазик и го загрозуваат унитарниот карактер на државата, наметнувајќи противуставна обврска трговците во нивното делување задолжително да го употребуваат и албанскиот јазик!, реагираат од Левица.

Во новиот Закон за заштита на потрошувачите, донесен во СКРАТЕНА собраниска постапка со европско знаменце, на сите трговци во државата се наметнува обврска амбалажите, налепниците, сертификатите, декларациите, гарантните листови и останатата документација на производите да ја испишуваат и на албански јазик и неговото писмо. Ова претставува непотребен и несразмерен товар и трошок за микро и малите трговци, но и противуставна обврска за задолжителна употреба на малцински јазик и на приватни субјекти!, алармираат од партијата.

За илустрација, велат од Левица - мала локална пекара во Берово која продава леб во Малешевскиот регион, согласно новиот закон може да се соочи со парична казна и времена забрана за вршење дејност доколку не ја напише амбалажата на својот производ и на албански јазик.

Ова е уште една во низата девастирачки мерки на владејачкото мнозинство, кое наместо справување со реалните економски и социјални проблеми на граѓаните, дополнително го отежнува работењето на ситните трговци и нивната борба за опстанок наспроти крупниот капитал и бизнис елитите, задоволувајќи ги единствено национал-шовинистичките хирови на ДУИ - кои никако не помагаат на сиромашниот Албанец во Македонија. Левица во наредниот период ќе иницира измени во Законот за заштита на потрошувачите со цел отстранување на овие противставни и нелогични законски обврски, кои доколку не бидат усвоени од мнозинството во Собранието, ќе бидат оспорени пред Уставниот суд!, порачаа оттаму.

The post Казна ако лебот во Берово нема и албанска амбалажа: По скратена постапка воведена двојазичност во стопанството низ цела Македонија appeared first on Република.

]]>

Што носи Законот за заштита на потрошувачите, кој денеска беше изгласан во Собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shto-nosi-zakonot-za-zashtita-na-potroshuvachite-koj-deneska-beshe-izglasan-vo-sobranie/ Thu, 03 Nov 2022 12:35:31 +0000 https://republika.mk/?p=569201

Собранието денеска во рамки на продолжението на 79. седница го донесе Законот за заштита на потрошувачите по скратена постапка.

Расправа по овој предлог се одвиваше вчера, а она што е новина и клучно во овој нов Закон е што се воведуваат, односно се дава посебно внимание на нечесни трговски практики, измамнички трговски практики и агресивни трговски практики при продажба на стоките и услугите, вклучувајќи ги и недвижностите, дигиталните услуги и дигиталните содржини.

Со предлог-законот треба да се обезбеди и високо ниво на заштита на правата за потрошувачите, а истовремено гарантира полесни услови за деловно работење.

Со предлозите, се уредуваат правата и обврските на потрошувачите и на трговците во потрошувачките односи, начините и постапките на заштита на правата на потрошувачите, информирањето на потрошувачите, унапредувањето на знаењето на потрошувачите за нивните права и начините и постапките на нивна заштита, правата и обврските на здруженијата и сојузите за заштита на правата на потрошувачите, правата и обврските на надлежните органи.

Со новото законско решение се овозможува подобро остварување на правата на потрошувачите преку ефективен надзор на пазарот, подобро информирање и едуцирање на потрошувачите за нивните права, зајакнување на независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите и обезбедува инструменти за брзо решавање на потрошувачките спорови како можноста за колективно решавање на потрошувачките спорови.

Пратениците на истата седница го изгласаа и Предлог-закон за дополнување на Законот за здравствената заштита.

Собранието го усвои и предложениот заклучок на предлог-законот за техничките барања за производите и оцена на сообразност во прво читање.

Претседателот на Собранието ја прекина седницата, а за продолжението на истата дополнително ќе информира.

The post Што носи Законот за заштита на потрошувачите, кој денеска беше изгласан во Собрание appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска во рамки на продолжението на 79. седница го донесе Законот за заштита на потрошувачите по скратена постапка. Расправа по овој предлог се одвиваше вчера, а она што е новина и клучно во овој нов Закон е што се воведуваат, односно се дава посебно внимание на нечесни трговски практики, измамнички трговски практики и агресивни трговски практики при продажба на стоките и услугите, вклучувајќи ги и недвижностите, дигиталните услуги и дигиталните содржини. Со предлог-законот треба да се обезбеди и високо ниво на заштита на правата за потрошувачите, а истовремено гарантира полесни услови за деловно работење. Со предлозите, се уредуваат правата и обврските на потрошувачите и на трговците во потрошувачките односи, начините и постапките на заштита на правата на потрошувачите, информирањето на потрошувачите, унапредувањето на знаењето на потрошувачите за нивните права и начините и постапките на нивна заштита, правата и обврските на здруженијата и сојузите за заштита на правата на потрошувачите, правата и обврските на надлежните органи. Со новото законско решение се овозможува подобро остварување на правата на потрошувачите преку ефективен надзор на пазарот, подобро информирање и едуцирање на потрошувачите за нивните права, зајакнување на независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите и обезбедува инструменти за брзо решавање на потрошувачките спорови како можноста за колективно решавање на потрошувачките спорови. Пратениците на истата седница го изгласаа и Предлог-закон за дополнување на Законот за здравствената заштита. Собранието го усвои и предложениот заклучок на предлог-законот за техничките барања за производите и оцена на сообразност во прво читање. Претседателот на Собранието ја прекина седницата, а за продолжението на истата дополнително ќе информира.

The post Што носи Законот за заштита на потрошувачите, кој денеска беше изгласан во Собрание appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Со новиот Закон за заштита на потрошувачи ќе се затвараат компании кои работат со нечесни трговски практики https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-so-noviot-zakon-za-zashtita-na-potroshuvachi-kje-se-zatvaraat-kompanii-koi-rabotat-so-nechesni-trgovski-praktiki/ Fri, 17 Jun 2022 08:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=516216

По донесување на Одлуката за повторното замрзнување на маржите на основните прехранбени производи, цените во маркетите веќе од вчера почнаа да се намалуваат. Очекуваме дека овој тренд на намалување на цените да продолжи и во наредните денови. Пазарниот инспекторат е на терен за да утврди дали трговците ја почитуваат Одлуката, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во „Утрински брифинг“.

Владата годинава донесе две мерки за заштита на стандардот на населението – замрзнување на цените и замрзнување на маржите. Мерката за замрзнување на маржите траеше до крајот на мај - кажа Бектеши и потенцираше дека се очекуваше дека цените кај трговците ќе останат на исто ниво.

Што не се случи, за што донесовме одлука повторно да ги замрзнеме профитните маржи со цел дам ги заштитиме граѓаните.

Не е етички да има маржа од 15% за одредени производи во време на ваква криза. Очекувавме дека според договорите со Стопанските комори компаниите веќе се навикнати на профитни маржи од 4% или 5%. Но, во дел од трошоците – на масло за јадење на пример, 7-8 денари се плаќа за рабат кон супермаркетите. Сега Владата ја укина оваа можност и за супермаркетите и за увозниците. Побарав да се прават секојдневни контроли не само на заштитетните производи туку и на другите производи. За мене е злоупотреба синџирите на маркети да имаат профит од 30% во ваква криза - кажа Бектеши.

Министерот информираше дека на следната седница на Владата на дневен ред ќе се најде новиот Закон за заштита на потрошувачите каде што точно ќе биде регулирано кои се чесни, а кои се нечесни практики кај ланците на маркети и тоа ќе биде санкционирано.

Во вторник на седница на Владата ќе се усвои Предлог закон за заштита на потрошувачите каде казните ќе бидат многу високи за сите нечесни практики кои се на штета на потрошувачите. Според постојното законско решение казната може да дојде до 5.000 евра, а отсега казните нема да бидат само парична.Има компании кои заработуваат и по 80 отсто на одредени производи и им се исплатува да платат казна и да продолжат со истата нечесна практика. Сега веќе, со новото решение ќе се соочат и со друг тип на казни, ќе има затворање на компании, јавно ќе ги обравиме компаниите, а ќе има и забрана за вршење дејност - кажа Бектеши и потенцираше дека ова законско решение е целосно усогласено со европската регулатива.

The post Бектеши: Со новиот Закон за заштита на потрошувачи ќе се затвараат компании кои работат со нечесни трговски практики appeared first on Република.