закон за вино Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-vino/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Nov 2023 16:32:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за вино Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-vino/ 32 32 Првпат гарантирана цена на винското грозје и заштита на географските вински ознаки, предвидува новиот закон за вино https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prvpat-garantirana-tsena-na-vinskoto-grozje-i-zashtita-na-geografskite-vinski-oznaki-predviduva-noviot-zakon-za-vino/ Tue, 14 Nov 2023 16:32:34 +0000 https://republika.mk/?p=701527

Владата на Македонија на денешната владина седница, по предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го прифати новиот закон за вино.

Како министерство имајќи предвид дека земјите членки на ЕУ се најголемиот пазар за извоз на вино од Република Македонија и со цел непречено да се зголеми и олесни извозот на македонско вино и производи од вино, министерството пристапи кон донесување на нов Закон за вино, кој во целост е усогласен со одредбите на европското законодавство.

Овој нов предлог закон за вино е на страна на лозарите и решава уште еден проблем на лозарите, а тоа е откупната цена. Па така со новиот закон за вино, за првпат, ќе се утврдува производната цена на винско грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет, согласно дадена методологија, предвидено е да ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството.

Преку новиот закон за вино, системот на заштитата на геогравските индикации на виното во целост се усогласени со европското законодавство, предвидувајќи истите да се заштитуваат на национално и меѓународно ниво со заштитена ознака за потекло или заштитена географска ознака. Традиционалниот назив на виното на национално и меѓународно ниво се заштитува со традиционална ознака.

Вината со геогравска ознака ќе треба да исполнуваат одредени барања во однос на квалитет или геогравски карактеристики, односно да бидат произведени од грозје кое потекнува исклучиво или во најголем дел од дефинираното географското подрачје и производството на вино се одвива во дефинираното географско подрачје.

Во насока на заштита на географските индикации на виното областите погодни за производство на вино во законот се делат на региони и реони, и виногорја, локалитети, месности.

Производството на вино со геогравска ознака ќе биде следено од сертификациони тела, кој процесот ќе го верифицираат во сите фази почнувајќи од самиот почеток на производство на грозје, до производство на вино со геогравска ознака. Сите заштитени ознаки на потекло и нивните корисници ќе бидат регистрирани во соодветен регистар во МЗШВ.

Во подготовката на новиот закон за вино министерството посветено работеше во консултација со земјоделците, винариите, научната јавност и земјоделските здруженија. Новиот закон за вино има за цел уште поголем развој на овој значаен сектор, потоа зголемен извоз на македонско вино и уште повисоко позиционирање на винската мапа, како и поголема сигурност за лозарите.

 

The post Првпат гарантирана цена на винското грозје и заштита на географските вински ознаки, предвидува новиот закон за вино appeared first on Република.

]]>

Владата на Македонија на денешната владина седница, по предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го прифати новиот закон за вино. Како министерство имајќи предвид дека земјите членки на ЕУ се најголемиот пазар за извоз на вино од Република Македонија и со цел непречено да се зголеми и олесни извозот на македонско вино и производи од вино, министерството пристапи кон донесување на нов Закон за вино, кој во целост е усогласен со одредбите на европското законодавство. Овој нов предлог закон за вино е на страна на лозарите и решава уште еден проблем на лозарите, а тоа е откупната цена. Па така со новиот закон за вино, за првпат, ќе се утврдува производната цена на винско грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет, согласно дадена методологија, предвидено е да ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството. Преку новиот закон за вино, системот на заштитата на геогравските индикации на виното во целост се усогласени со европското законодавство, предвидувајќи истите да се заштитуваат на национално и меѓународно ниво со заштитена ознака за потекло или заштитена географска ознака. Традиционалниот назив на виното на национално и меѓународно ниво се заштитува со традиционална ознака. Вината со геогравска ознака ќе треба да исполнуваат одредени барања во однос на квалитет или геогравски карактеристики, односно да бидат произведени од грозје кое потекнува исклучиво или во најголем дел од дефинираното географското подрачје и производството на вино се одвива во дефинираното географско подрачје. Во насока на заштита на географските индикации на виното областите погодни за производство на вино во законот се делат на региони и реони, и виногорја, локалитети, месности. Производството на вино со геогравска ознака ќе биде следено од сертификациони тела, кој процесот ќе го верифицираат во сите фази почнувајќи од самиот почеток на производство на грозје, до производство на вино со геогравска ознака. Сите заштитени ознаки на потекло и нивните корисници ќе бидат регистрирани во соодветен регистар во МЗШВ. Во подготовката на новиот закон за вино министерството посветено работеше во консултација со земјоделците, винариите, научната јавност и земјоделските здруженија. Новиот закон за вино има за цел уште поголем развој на овој значаен сектор, потоа зголемен извоз на македонско вино и уште повисоко позиционирање на винската мапа, како и поголема сигурност за лозарите.  

The post Првпат гарантирана цена на винското грозје и заштита на географските вински ознаки, предвидува новиот закон за вино appeared first on Република.

]]>