Закон за употреба на македонскиот јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-upotreba-na-makedonskiot-jazik/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 12:24:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Закон за употреба на македонскиот јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-upotreba-na-makedonskiot-jazik/ 32 32 Новиот Закон за употребата на македонскиот јазик сѐ уште не се применува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/noviot-zakon-za-upotrebata-na-makedonskiot-jazik-s-ushte-ne-se-primenuva/ Tue, 26 Nov 2024 12:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=841901

Десет месеци по донесувањето во Собранието, (26 јануари 2024), Законот за употребата на македонскиот јазик не се применува. Меѓу одредбите што тој ги содржи е формирање Инспекторат за надзор над примената на законот, но тој не профункционирал.

Проф. д-р Искра Пановска-Димкова, раководителка на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет на Скопскиот универзитет, денеска изјави дека доколку почне да се применува законот, кој треба да го замени стариот од 1998 година, ќе биде многу олеснето и вработувањето на кадарот што завршил македонски јазик, со оглед дека законот пропишува задолжително лекторирање на сите материјали, вработување лектори во сите државни институции, издавачки куќи, медиуми...

Законот што се донесе сѐ уште не е влезен во сила. Таму беше предвидено формирање Инспекторат, што не е случено. Во меѓувреме имавме избори, претпоставуваме дека им треба на луѓето време за да се снајдат на новите позиции, но очекуваме во најскоро време тоа да се случи, изјави раководителката на Катедрата за македонски јазик на УКИМ која денеска организираше Свечен час за одбележување 80 години од  прогласувањето на македонскиот јазик за службен.

Според Пановска-Димкова, со примената на Законот за употреба на македонскиот јазик  се очекува да се зголеми и интересот за студирање македонски јазик. Во оваа академска 2024/2025 година, на Катедрата за македонски јазик се запишале 20-ина студенти, слично колку и минатата година

Бројот е сличен како минатата година, но ние сме задоволни со тој број. Битен ни е квалитетот. Тие деца што доаѓаат да се запишат да студираат македонски јазик доаѓаат со вистинска желба, а не по одбиеност од други факултети како што беше во минатите години. Имајте предвид дека и бројот на матуранти секоја година е сѐ помал и помал и не може да очекуваме којзнае колкав број на студенти, додаде Пановска-Димкова.

Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ денеска организираше Свечен час за одбележување осум децении од  прогласувањето на македонскиот јазик за службен на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година.

Овој ноемвриски ден го избрале, рече таа,  затоа што „токму во ноември пред 80 години почнала со работа и првата јазична комисија со цел да дојде до конечната кодификација на македонскиот јазик“. Тоа се случило на 5 мај 1945 година, датум кој од 2019 година кај нас се одбележува како Ден на македонскиот јазик.

Првото заседание на АСНОМ за македонскиот народ е еден од ретките историски моменти што означуваат пресвртница во развојот на јазикот и на нацијата. Тоа е остварување на сонот на многу генерации Македонци  дотогаш и една идеја водилка за која многумина ги изгубиле своите животи. Тоа е еден момент што вреди да се одбележи од сите институции, па така и од Катедрата за македонски јазик, истакна Пановска-Димкова.

Професорите од Филолошкиот факултет на УКИМ, Димитар Пандев и Емилија Црвенковска, на свечениот час имаа излагања за придобивките од АСНОМ за македонскиот јазик.

Тоа беше заложба уште во времето на Михаило Апостолски, како водач на војската, којшто, меѓу другото, се залагаше македонскиот јазик да се воведе како службен јазик и тоа да биде определба и на АСНОМ, со цел да се  санкционира употребата на другите јазици на територијата на Македонија, оние јазици што претходно биле во службена употреба. Значи, тоа е основен став од кој тргнува АСНОМ и го доведува македонскиот како службен јазик во македонската држава, изјави проф. Пандев.

Според него, и денес се опстојува на АСНОМ-ските позиции за македонскиот јазик, а во однос на промените смета дека  „јазикот има способност да се рециклира, сето она што му е ненужно да го отфрла“ и оти „македонскиот јазик тоа успешно го прави во сите изминати осум децении“.

Проф. Црвенковска имаше излагање за значењето на АСНОМ за македонскиот јазик и просветата и се фокусираше на четири решенија на АСНОМ.

Едното е, се разбира, кога Македонија станува државотворна и македонскиот јазик државотворен, тоа повлекува и понатамошна кодификација на она што е прогласено за службен јазик – втората одлука на АСНОМ. Трето е Декларацијата за еднаквост меѓу народите што живеат на територијата на Македонија, што е многу важно, и четвртиот аспект е просветата, како што се нарекува тогаш образованието. Оттогаш започнуваат првите училишта на македонски јазик, уште за времето на НОБ, на слободна територија. Со неверојатна брзина се реализирало зацртаното, во првите шест месеци веќе се формирани основни училишта, гимназии и Одлуката за универзитет каде што токму денеска се наоѓаме и чиишто корени се во АСНОМ-ските решенија, изјави проф. Црвенковска.

Во однос на грижата за македонскиот јазик денес, таа укажа на „непочитување на (јазичната) норма во одредени ситуации, неводење сметка за акцентирањето и за културата на говорот“.

Во медиумите треба, исто така, да се води сметка за дикцијата, за истакнување битно од небитно кога се соопштуваат вести и за други недоследности за кои може да се работи и да се искристализираат, додаде професорката.

Свечениот час со поздравно обраќање го отвори деканот на Филолошкиот факултет на УКИМ, проф. д-р Владимир Мартиновски, кој рече дека решенијата донесени на Првото заседание на АСНОМ се „вертикали врз кои се гради македонската култура, наука и образование“.

Покрај излагањата организирани од Катедрата за македонски јазик, имаше и изложба во Државниот архив, насловена „АСНОМ – израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“.

The post Новиот Закон за употребата на македонскиот јазик сѐ уште не се применува appeared first on Република.

]]>

Десет месеци по донесувањето во Собранието, (26 јануари 2024), Законот за употребата на македонскиот јазик не се применува. Меѓу одредбите што тој ги содржи е формирање Инспекторат за надзор над примената на законот, но тој не профункционирал. Проф. д-р Искра Пановска-Димкова, раководителка на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет на Скопскиот универзитет, денеска изјави дека доколку почне да се применува законот, кој треба да го замени стариот од 1998 година, ќе биде многу олеснето и вработувањето на кадарот што завршил македонски јазик, со оглед дека законот пропишува задолжително лекторирање на сите материјали, вработување лектори во сите државни институции, издавачки куќи, медиуми...
Законот што се донесе сѐ уште не е влезен во сила. Таму беше предвидено формирање Инспекторат, што не е случено. Во меѓувреме имавме избори, претпоставуваме дека им треба на луѓето време за да се снајдат на новите позиции, но очекуваме во најскоро време тоа да се случи, изјави раководителката на Катедрата за македонски јазик на УКИМ која денеска организираше Свечен час за одбележување 80 години од  прогласувањето на македонскиот јазик за службен.
Според Пановска-Димкова, со примената на Законот за употреба на македонскиот јазик  се очекува да се зголеми и интересот за студирање македонски јазик. Во оваа академска 2024/2025 година, на Катедрата за македонски јазик се запишале 20-ина студенти, слично колку и минатата година
Бројот е сличен како минатата година, но ние сме задоволни со тој број. Битен ни е квалитетот. Тие деца што доаѓаат да се запишат да студираат македонски јазик доаѓаат со вистинска желба, а не по одбиеност од други факултети како што беше во минатите години. Имајте предвид дека и бројот на матуранти секоја година е сѐ помал и помал и не може да очекуваме којзнае колкав број на студенти, додаде Пановска-Димкова.
Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ денеска организираше Свечен час за одбележување осум децении од  прогласувањето на македонскиот јазик за службен на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година. Овој ноемвриски ден го избрале, рече таа,  затоа што „токму во ноември пред 80 години почнала со работа и првата јазична комисија со цел да дојде до конечната кодификација на македонскиот јазик“. Тоа се случило на 5 мај 1945 година, датум кој од 2019 година кај нас се одбележува како Ден на македонскиот јазик.
Првото заседание на АСНОМ за македонскиот народ е еден од ретките историски моменти што означуваат пресвртница во развојот на јазикот и на нацијата. Тоа е остварување на сонот на многу генерации Македонци  дотогаш и една идеја водилка за која многумина ги изгубиле своите животи. Тоа е еден момент што вреди да се одбележи од сите институции, па така и од Катедрата за македонски јазик, истакна Пановска-Димкова.
Професорите од Филолошкиот факултет на УКИМ, Димитар Пандев и Емилија Црвенковска, на свечениот час имаа излагања за придобивките од АСНОМ за македонскиот јазик.
Тоа беше заложба уште во времето на Михаило Апостолски, како водач на војската, којшто, меѓу другото, се залагаше македонскиот јазик да се воведе како службен јазик и тоа да биде определба и на АСНОМ, со цел да се  санкционира употребата на другите јазици на територијата на Македонија, оние јазици што претходно биле во службена употреба. Значи, тоа е основен став од кој тргнува АСНОМ и го доведува македонскиот како службен јазик во македонската држава, изјави проф. Пандев.
Според него, и денес се опстојува на АСНОМ-ските позиции за македонскиот јазик, а во однос на промените смета дека  „јазикот има способност да се рециклира, сето она што му е ненужно да го отфрла“ и оти „македонскиот јазик тоа успешно го прави во сите изминати осум децении“. Проф. Црвенковска имаше излагање за значењето на АСНОМ за македонскиот јазик и просветата и се фокусираше на четири решенија на АСНОМ.
Едното е, се разбира, кога Македонија станува државотворна и македонскиот јазик државотворен, тоа повлекува и понатамошна кодификација на она што е прогласено за службен јазик – втората одлука на АСНОМ. Трето е Декларацијата за еднаквост меѓу народите што живеат на територијата на Македонија, што е многу важно, и четвртиот аспект е просветата, како што се нарекува тогаш образованието. Оттогаш започнуваат првите училишта на македонски јазик, уште за времето на НОБ, на слободна територија. Со неверојатна брзина се реализирало зацртаното, во првите шест месеци веќе се формирани основни училишта, гимназии и Одлуката за универзитет каде што токму денеска се наоѓаме и чиишто корени се во АСНОМ-ските решенија, изјави проф. Црвенковска.
Во однос на грижата за македонскиот јазик денес, таа укажа на „непочитување на (јазичната) норма во одредени ситуации, неводење сметка за акцентирањето и за културата на говорот“.
Во медиумите треба, исто така, да се води сметка за дикцијата, за истакнување битно од небитно кога се соопштуваат вести и за други недоследности за кои може да се работи и да се искристализираат, додаде професорката.
Свечениот час со поздравно обраќање го отвори деканот на Филолошкиот факултет на УКИМ, проф. д-р Владимир Мартиновски, кој рече дека решенијата донесени на Првото заседание на АСНОМ се „вертикали врз кои се гради македонската култура, наука и образование“. Покрај излагањата организирани од Катедрата за македонски јазик, имаше и изложба во Државниот архив, насловена „АСНОМ – израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“.

The post Новиот Закон за употребата на македонскиот јазик сѐ уште не се применува appeared first on Република.

]]>
Предлог законот за употребата на македонскиот јазик се уште е во Собрание, не е променет од 1998 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/predlog-zakonot-za-upotrebata-na-makedonskiot-jazik-se-ushte-e-vo-sobranie-ne-e-promenet-od-1998-godina/ Fri, 03 Nov 2023 21:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=697969

Предлог законот за употребата на македонскиот јазик се уште е во Собрание. Овој закон не е променет уште од 1998 година. Јас постојано апелирам до пратениците и не можам да поверувам дека еден ваков закон наидува на какви било препреки, посочи на брифинг со новинарите министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Таа потенцираше дека испратила апел и до претседателот на Комисијата за култура да закаже седница, но уште нема повратен одговор.

Не можам да поверувам дека еден ваков закон наидува на какви било препреки. Ќе разберев да беше некој друг закон, да се соберат политички поени, но за овој Предлог закон, особено во време кога за јазикот како жива материја гледаме дека имаме се понеправилна употреба и дека имаме потреба од лектори и од поинаков механизам, но и од Инспекторатот кој што треба да се направи. Секоја друга мерка која ќе предложиме да ја правиме како Влада, ќе биде залудна доколку не се изгласа овој закон. Додека не се донесе законот, ние сме во една непријатна статус кво ситуација, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа се надева дека час поскоро законот ќе се стави на дневен ред, ќе оди на амандманска расправа и ќе се изгласа.

Во однос на Стратегијата за култура, министерката извести дека е завршено лекторирањето и ќе биде испратена до Владата, а потоа во Собрание.

При крај е и Стратегијата за заштита на културното наследство. Од тие два документи, потоа произлегуваат Законот за култура и Законот за заштита на културното наследство. Работната група работи по однос на Законот за заштита на културно наследство, нив не ги брзаме, не сакаме да биде закон кој ќе биде донесен преку ноќ. Тој Закон ќе се работи бидејќи мора да се усогласи со Законот за Охрид, иако годинава имавме позитивна одлука од УНЕСКО, тој остана на листата, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа потсети дека од 19 забелешки од УНЕСКО, само две беа за нас, а 17 за Албанија.

Оваа година првпат поднесувавме заеднички со Албанија, за да покажеме дека можеме заеднички да управуваме едно природно културно наследство кое што е го делиме, додаде министерката на брифингот со новинарите.

The post Предлог законот за употребата на македонскиот јазик се уште е во Собрание, не е променет од 1998 година appeared first on Република.

]]>

Предлог законот за употребата на македонскиот јазик се уште е во Собрание. Овој закон не е променет уште од 1998 година. Јас постојано апелирам до пратениците и не можам да поверувам дека еден ваков закон наидува на какви било препреки, посочи на брифинг со новинарите министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Таа потенцираше дека испратила апел и до претседателот на Комисијата за култура да закаже седница, но уште нема повратен одговор.
Не можам да поверувам дека еден ваков закон наидува на какви било препреки. Ќе разберев да беше некој друг закон, да се соберат политички поени, но за овој Предлог закон, особено во време кога за јазикот како жива материја гледаме дека имаме се понеправилна употреба и дека имаме потреба од лектори и од поинаков механизам, но и од Инспекторатот кој што треба да се направи. Секоја друга мерка која ќе предложиме да ја правиме како Влада, ќе биде залудна доколку не се изгласа овој закон. Додека не се донесе законот, ние сме во една непријатна статус кво ситуација, рече Костадиновска Стојчевска.
Таа се надева дека час поскоро законот ќе се стави на дневен ред, ќе оди на амандманска расправа и ќе се изгласа. Во однос на Стратегијата за култура, министерката извести дека е завршено лекторирањето и ќе биде испратена до Владата, а потоа во Собрание.
При крај е и Стратегијата за заштита на културното наследство. Од тие два документи, потоа произлегуваат Законот за култура и Законот за заштита на културното наследство. Работната група работи по однос на Законот за заштита на културно наследство, нив не ги брзаме, не сакаме да биде закон кој ќе биде донесен преку ноќ. Тој Закон ќе се работи бидејќи мора да се усогласи со Законот за Охрид, иако годинава имавме позитивна одлука од УНЕСКО, тој остана на листата, рече Костадиновска Стојчевска.
Таа потсети дека од 19 забелешки од УНЕСКО, само две беа за нас, а 17 за Албанија.
Оваа година првпат поднесувавме заеднички со Албанија, за да покажеме дека можеме заеднички да управуваме едно природно културно наследство кое што е го делиме, додаде министерката на брифингот со новинарите.

The post Предлог законот за употребата на македонскиот јазик се уште е во Собрание, не е променет од 1998 година appeared first on Република.

]]>
Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик пред Законодавно правната комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/predlog-zakonot-za-upotrebata-na-makedonskiot-jazik-pred-zakonodavno-pravnata-komisija/ Mon, 12 Jun 2023 06:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=650264

Собраниската Законодавно правната комисија денеска треба да го  разгледа Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик, откако на 8 јуни тој доби поддршка од матичната Комисија за култура. Предлагач на законот е Министерството за култура, а целта е подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба во јавната и во службената комуникација, почитување и унапредување на јазичниот стандард и организирање активности во таа насока.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на седницата на Комисијата за култура го образложи Предлог-законот, напоменувајќи дека со новиот закон ќе се прошират областите во коишто задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Како што рече, ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирање текстови што се објавуваат, како општите и поединечните акти на законодавната, на извршната и на судската власт и на единиците на локалната самоуправа,  службените документи и текстови на овие органи, но и на јавните установи и институции од областа на културата, образованието и науката.

- Со Предлог-законот ќе се даде правна основа за донесување национална стратегија за македонскиот јазик. Како и досега - и со овој закон проверката на потребното стручно знаење за лекторирање ќе се врши преку полагање испит за добивање лекторска лиценца. За вршење инспекциски надзор над примената на законот се предлага основање Инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице, рече министерката.

Членовите на оваа собраниска комисија треба да дискутираат и за Барањето за давање на автентично толкување на член член 15 ставови 1 и 2 и став 4 алинеи 1, 3 и 5, член 19 став 2, член 38 став 4, член 41 ставови 1 и 2, член 46 ставови 3, 4, 5 и 6, член 66 став 1 алинеја 1, член 67 став 1 алинеја 1, член 68 став 1 алинеја 1, член 69 став 1 алинеја 1, член 70 став 1 алинеја 2, член 71 став 1 алинеја 2, член 72 став 1 алинеја 1, член 73 став 1 алинеја 1, член 79 став 2 алинеи 1 и 5, член 80 став 3, член 83 став 1 алинеја 1, член 88 став 1 алинеја 1, член 90 став 1 алинеи 1 и 2, член 91 став 4 алинеја 2, член 94 став 2 и член 134 став 1 од Законот за градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија" број 15/15,98/15,193/15,226/15,31/16,142/16 и 190/16 и „Службен весник на Република Македонија" број 275/19), поднесено од градоначалникот на Општина Битола.

Покрај Законодавно правната комисија, во Собранието денеска ќе заседаваат и комисиите за политички систем и односи меѓу заедницитe и за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедницитe  се две точки - Предлог на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот државните награди, двата прво читање.

Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да расправаат по Одлуката за објавување јавен оглас за именување на членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, како и за избор на членови на Советот на јавни обвинители

The post Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик пред Законодавно правната комисија appeared first on Република.

]]>

Собраниската Законодавно правната комисија денеска треба да го  разгледа Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик, откако на 8 јуни тој доби поддршка од матичната Комисија за култура. Предлагач на законот е Министерството за култура, а целта е подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба во јавната и во службената комуникација, почитување и унапредување на јазичниот стандард и организирање активности во таа насока. Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на седницата на Комисијата за култура го образложи Предлог-законот, напоменувајќи дека со новиот закон ќе се прошират областите во коишто задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Како што рече, ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирање текстови што се објавуваат, како општите и поединечните акти на законодавната, на извршната и на судската власт и на единиците на локалната самоуправа,  службените документи и текстови на овие органи, но и на јавните установи и институции од областа на културата, образованието и науката. - Со Предлог-законот ќе се даде правна основа за донесување национална стратегија за македонскиот јазик. Како и досега - и со овој закон проверката на потребното стручно знаење за лекторирање ќе се врши преку полагање испит за добивање лекторска лиценца. За вршење инспекциски надзор над примената на законот се предлага основање Инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице, рече министерката. Членовите на оваа собраниска комисија треба да дискутираат и за Барањето за давање на автентично толкување на член член 15 ставови 1 и 2 и став 4 алинеи 1, 3 и 5, член 19 став 2, член 38 став 4, член 41 ставови 1 и 2, член 46 ставови 3, 4, 5 и 6, член 66 став 1 алинеја 1, член 67 став 1 алинеја 1, член 68 став 1 алинеја 1, член 69 став 1 алинеја 1, член 70 став 1 алинеја 2, член 71 став 1 алинеја 2, член 72 став 1 алинеја 1, член 73 став 1 алинеја 1, член 79 став 2 алинеи 1 и 5, член 80 став 3, член 83 став 1 алинеја 1, член 88 став 1 алинеја 1, член 90 став 1 алинеи 1 и 2, член 91 став 4 алинеја 2, член 94 став 2 и член 134 став 1 од Законот за градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија" број 15/15,98/15,193/15,226/15,31/16,142/16 и 190/16 и „Службен весник на Република Македонија" број 275/19), поднесено од градоначалникот на Општина Битола. Покрај Законодавно правната комисија, во Собранието денеска ќе заседаваат и комисиите за политички систем и односи меѓу заедницитe и за прашања на изборите и именувањата. На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедницитe  се две точки - Предлог на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот државните награди, двата прво читање. Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да расправаат по Одлуката за објавување јавен оглас за именување на членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, како и за избор на членови на Советот на јавни обвинители

The post Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик пред Законодавно правната комисија appeared first on Република.

]]>
Подготвен е нов Закон за употреба на македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/podgotven-e-nov-zakon-za-upotreba-na-makedonskiot-jazik/ Wed, 24 May 2023 19:01:55 +0000 https://republika.mk/?p=644358

Пратеничката од редовите на СДСМ Жаклина Лазареска на денешната прес-конференција истакна дека водејќи се од делата и вредностите на браќата Кирил и Методиј, но и на континуитетот на Свети Климент и Наум Охридски во последните години власта презема низа активности за заштита и унапредување на македонскиот јазик.

-На предлог на Владата предводена од СДСМ денот 5 мај е прогласен за ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога првата влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо Потпишавме прв договор со ЕУ, Договорот за Фронтекс, на официјален македонски јазик без фусноти и додавки, со што македонскиот јазик стана рамноправен со останатите јазици на Унијата. По цели децении, се отвораат нови лекторати по македонски јазик на универзитетските центри низ светот, рече Лазареска.

Таа додаде дека по 20 години на Институтот за македонски јазик, се овозможени вработувања на 17 млади луѓе, со што се докажува грижата за македонскиот јазик на дело.

-И таа грижа не застанува тука. Подготвен е нов Закон за употреба на македонски јазик, а за поддршка на македонското творештво воведуваме и нова државна награда која ќе го носи името на великанот Блаже Конески. Сето ова почитувани, е само дел од мерките и политиките што ги преземаме за заштита и унапредување на македонскиот јазик и дома и надвор од државата. Остануваме посветени на заштита на државните и националните интереси, додаде Лазареска.

The post Подготвен е нов Закон за употреба на македонскиот јазик appeared first on Република.