Закон за учебници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-uchebnici/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 11:32:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Закон за учебници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-uchebnici/ 32 32 Јаневска: Ќе се донесе нов Закон за учебници така што ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-ke-se-donese-nov-zakon-za-uchebnitsi-taka-shto-ke-se-razgranichi-shto-e-uchebnik-a-shto-materijal-za-uchene/ Mon, 28 Oct 2024 11:32:42 +0000 https://republika.mk/?p=831638

Новата Влада затекна многу проблеми во образованието, но со силни напори, за кратко време, успеавме да направиме многу добри работи, од кои треба да се нагласат зголемувањето на платите на наставниците, обезбедените учебници пред почетокот на учебната година, вложувањата во 36 големи реконструкции и 36 помали санации на инфраструктурни објекти како и континуираните средби со граѓански, претежно младински организации, што резултираше со неколку експресно прифатени барања на студентите.

Ова одговори министерката за образование и наука Весна Јаневска на прашањето за приоритетите во изминатите 4 месеци, на Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“, што денес се одржа во Владата.

Ова покачување на платите на наставниците претставува сериозен придонес кон она што постојано го велиме: дека образованието е еден од приоритетите на оваа Влада, затоа што продуктот што образованието го дава претставува чувар на државата. Не само што овозможивме да се одвојат средства за покачување на платите, туку со СОНК успеавме да направиме повеќегодишен договор, за наставниците да се чувствуваат сигурни, да не зависат од моменталната состојба туку да знаат дека во следните 4 години загарантирано им е покачувањето на платите од најмалку 46% “, рече министерката Јаневска.

Во Министерството за образование и наука се подготвува стратешки документ во кој ќе има јасно дефинирани цели за долгорочен развој на квалитетот на образованието и насоки за остварување на тие цели.

Идејата е овој документ да биде на јавна расправа, а потоа да се донесе во Собранието, за во иднина, кој министер и да дојде, да знае по која патека ќе се движи образованието“, објасни министерката Јаневска, додавајќи дека врз основа на овој документ, потоа ќе се изготви и следната Стратегија за образование, во која подетално ќе бидат објаснети целите од Декларацијата.

Одговарајќи на новинарско прашање за недостатокот на учебници во Општината Тетово, министерката посочи дека се обезбедени сите учебници што биле одобрени, а не биле испечатени во минатото и исто така, се дистрибуирани сите што биле побарани од училиштата. Напомена дека директорите не пријавувале оштетени учебници, за да ги заштитат сакајќи да ги заштитат родителите, кои според Законот, треба да се плати оштета во висина од 75% од цената на учебникот.

Колку учебници биле нарачани, толку биле дистрибуирани. Побарани беа учебници за предметите физичко воспитување, ликовно и музичко образование, а истите не се предвидени со Концепцијата за основното образование“, одговори Јаневска.

Наскоро, рече Јаневска, ќе се донесе нов Закон за учебници, по што ќе следи и донесувањето на подзаконските акти, носење нови концепции, како и нови учебници.

Откако ќе се донесе ова законско решение, ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење“, рече Јаневска.

The post Јаневска: Ќе се донесе нов Закон за учебници така што ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење appeared first on Република.

]]>

МОН подготвува нов закон за учебници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-podgotvuva-nov-zakon-za-uchebnitsi/ Fri, 20 Jan 2023 12:53:39 +0000 https://republika.mk/?p=599109

Со цел подигнување на квалитетот на содржината на учебниците како и подобрување на процесот на откуп и одобрување на учебници во основното и средното образование Министерството за образование и наука и Педагошката служба иницираат процес за изработка на нов Закон за учебници за основното и средното образование.

МОН и Педагошката служба упатуваат повик до сите заинтересирани, да го разгледаат постојното законско решение објавено на следниот линк, кое е основа за изработка на нов закон и да дадат свои сугестии и предлози на електронската адреса kabinet@mon.gov.mk, најдоцна до 28.02.2023 година.

Секој конструктивен предлог ќе биде предмет на дискусија од страна на посебна работна група формирана за оваа намена, по што, откако ќе биде креирана нацрт верзија на новото законско решение, ќе биде проследена до Владата, а потоа и до Собранието на финална дебата и конечно усвојување.

Потребата од ново законско решение во интерес на образовниот систем и квалитетот на воспитно – образовниот процес во државата е очигледна. Неопходно е поставување на повеќе повеќе дополнителни филтри за контрола при изработка и одобрување на содржината на учебниците, но и изнаоѓањето начин за поттикнување на што поголема конкуренција да учествува на јавните повици за одобрување на учебници, велат од МОН.

The post МОН подготвува нов закон за учебници appeared first on Република.

]]>

Со цел подигнување на квалитетот на содржината на учебниците како и подобрување на процесот на откуп и одобрување на учебници во основното и средното образование Министерството за образование и наука и Педагошката служба иницираат процес за изработка на нов Закон за учебници за основното и средното образование. МОН и Педагошката служба упатуваат повик до сите заинтересирани, да го разгледаат постојното законско решение објавено на следниот линк, кое е основа за изработка на нов закон и да дадат свои сугестии и предлози на електронската адреса kabinet@mon.gov.mk, најдоцна до 28.02.2023 година.
Секој конструктивен предлог ќе биде предмет на дискусија од страна на посебна работна група формирана за оваа намена, по што, откако ќе биде креирана нацрт верзија на новото законско решение, ќе биде проследена до Владата, а потоа и до Собранието на финална дебата и конечно усвојување. Потребата од ново законско решение во интерес на образовниот систем и квалитетот на воспитно – образовниот процес во државата е очигледна. Неопходно е поставување на повеќе повеќе дополнителни филтри за контрола при изработка и одобрување на содржината на учебниците, но и изнаоѓањето начин за поттикнување на што поголема конкуренција да учествува на јавните повици за одобрување на учебници, велат од МОН.  