закон за тутун Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-tutun/ За подобро да се разбереме Sat, 14 May 2022 13:29:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за тутун Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-tutun/ 32 32 Ковачевски: Опозицијата итно да го деблокира Законот за тутунарите во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-opozicijata-itno-da-go-deblokira-zakonot-za-tutunarite-vo-sobranieto/ Sat, 14 May 2022 13:33:29 +0000 https://republika.mk/?p=502212

Премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање за субвенциите за тутунарите, одговори дека средствата во буџетот се обезбедени и дека останува, како и секоја година, со измена во законот да се обезбеди нивната исплата.

Таа измена во законот им ја олеснува постапката на примателите на субвенции, односно производителите на тутун не треба да одат во УЈП да вадат потврда за платени даноци со цел да се олесни прво исплатата за да се олесни технички поднесувањето на барањето за субвенциите. Како и секоја година станува збор за техничка измена која што Собранието веднаш ја одобрува, но до овој момент на Комисијата за земјоделство тој закон не го става на дневен ред, истакна Ковачевски.

Премиерот потенцираше дека тој на парламентарна говорница побара од пратениците веднаш да го стават законот на дневен ред, но со оглед на тоа дека Комисијата за земјоделство се води од пратеник од опозицијата, односно претседател на една од коалиционите партии на ВМРО – ДПМНЕ, тој закон сеуште не се става на седница и не се закажува седница.

И само од тука можете да видите дека опозицијата блокира закони што значат подобар живот на граѓаните, а овде токму за тоа се работи бидејќи се обезбедуваат субвенции за производителите на тутун кои што се многу значајни производители во државата. Еве уште еднаш ја користам оваа можност да ги повикам веднаш да се закаже седница на Комисијата за земјоделство и таа техничка измена на законот за неколку часа да биде изгласана за да можат производителите на тутун да почнат веднаш да ги примаат своите субвенции, нагласи претседателот на Владата Ковачевски.

The post Ковачевски: Опозицијата итно да го деблокира Законот за тутунарите во Собранието appeared first on Република.

]]>

Пелагонските градоначалници и пратеници во одбрана на тутунарите, бараат измени на Законот за тутун https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pelagonskite-gradonachalnici-i-pratenici-vo-odbrana-na-tutunarite-baraat-izmeni-na-zakonot-za-tutun/ Tue, 04 Jan 2022 17:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=440600

Да има измени во Законот за тутун, а иницијативата до Собранието ќе се поднесе идната недела, констатираа шест градоначалници и четворица пратеници од Пелагонискиот регион на средбата што попладнево се одржа во прилепската локална самоуправа, на иницијатива на градоначалникот Борче Јовчески. На средбата беа градоначалниците на Прилеп, Битола, на Могила, Новаци, Демир Хисар и од Долнени како и по двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп и од Битола. Иако биле уредно поканети, градоначалниците на Кривогаштани и на Крушево не присуствуваа на оваа средба.

Според иницијаторот на средбата, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески барањето за измените во Законот за тутун и подобрувањето на положбата на тутунарите е на барањето и на тутунските здруженија и на производителите од Регионот кои сметаат дека тутунот реално не се цени, а е со добар квалитет.

Јовчески минатата недела одржа средба со дел тутунски здурженија, но не и со Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Се обративме и до земјоделскиот инспекторат да ги зајакне контролите на откупните пунктови. Тутунот е стратегијска култура, од него зависат локалните економии во Пелагонискиот регион, рече Јовчески.

Пратеникот од Прилеп Петар Ристески најави дека идната недела иницијативата за законските измени и официјално ќе се поднесе до Собранието. Всушност има повеќе делови од Законот кои им даваат многу права на откупуивачите, а малку на тутунарите.

Идната недела и официјално ќе ја поднесеме иницијативата за измените. А и имаме, како партија наш предлог закон кој досега на двапати е одбиван. Да се забрани увоз на тутун додека не се откупи домашното производство, а има и други одредби кои ја прават тешка позицијата на тутунарите, а повеќе права имаат откупувачите. Со законот, државата нема контрола на откупот на тутун. За оваа реколта се склучени договори за 22 000 тони, но нема повеќе од 19-20 000 тони. Имаме информации за тутунари кои не насадиле, а склучиле договори и земаат субвенции. И, ако се купи тутун повеќе од 20 000 тони, тоа значи од некаде е донесен, а не е домашно производство. Од тутунот живеат 30 000 семејства и е многу битен за економијата, посебно во Пелагонискиот регион, смета пратеникот Ристески.

Според Сојузот на земјоделските здруженија, до Нова година се откупени околу 9 300 тони по просечна цена од 192 денари.

The post Пелагонските градоначалници и пратеници во одбрана на тутунарите, бараат измени на Законот за тутун appeared first on Република.

]]>

Да има измени во Законот за тутун, а иницијативата до Собранието ќе се поднесе идната недела, констатираа шест градоначалници и четворица пратеници од Пелагонискиот регион на средбата што попладнево се одржа во прилепската локална самоуправа, на иницијатива на градоначалникот Борче Јовчески. На средбата беа градоначалниците на Прилеп, Битола, на Могила, Новаци, Демир Хисар и од Долнени како и по двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп и од Битола. Иако биле уредно поканети, градоначалниците на Кривогаштани и на Крушево не присуствуваа на оваа средба. Според иницијаторот на средбата, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески барањето за измените во Законот за тутун и подобрувањето на положбата на тутунарите е на барањето и на тутунските здруженија и на производителите од Регионот кои сметаат дека тутунот реално не се цени, а е со добар квалитет. Јовчески минатата недела одржа средба со дел тутунски здурженија, но не и со Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.