Закон за средно образование Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-sredno-obrazovanie/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Dec 2022 08:10:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Закон за средно образование Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-sredno-obrazovanie/ 32 32 Се подготвува нов Закон за средно образование, почна јавната дебата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-podgotvuva-nov-zakon-za-sredno-obrazovanie-pochna-javnata-debata/ Tue, 20 Dec 2022 08:10:15 +0000 https://republika.mk/?p=587874

Средно образование за деца со странско државјанство или деца без државјанство, формирање инклузивни тимови и поддршка за ученици со попреченост, вработување образовни асистенти во училиштата. Ова се само дел од предлозите кои ќе бидат вклучени во новиот Закон за средно образование, чија работна верзија ја претстави министерот Јетон Шаќири во средното угостителско училиште „Лазар Танев“.

Постојниот закон се спроведува повеќе од 27 години, а во меѓувреме средното образование стана задолжително, беа донесени нови наставни планови и програми и истите постојано се ажурираат и дополнуваат.

Имаме многу нови права и можности за сите чинители во образовниот процес во средните училишта и сето тоа мора да биде дел од една правна рамка. Денес сме тука, заедно, за да ја направиме таа рамка. Имаме основа, која можеме добро да ја надградиме. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на отворањето на првата од неколку јавни дискусии кои ќе бидат организирани во следните денови, по повод изработка на нов Закон за средно образование, кој како што рече, треба да биде во духот на европските принципи и инклузија на сите ученици.

Шаќири потсети дека Стратегијата за образование 2018-2025 година во делот на општото образование поставува неколку приоритети – подобрување на содржината на средното образование, зголемување на опфатот на учениците и подобрување на инклузивноста и меѓуетничката интеграција во средното образование, подобрување на капацитетите на човечките ресурси во средните училишта и подобрување на условите за учење и на квалитетот на образованието.

Тој ги повика присутните на дебатата да бидат активни и да дадат свои видувања на предлог верзијата на законот која ја изготви работна група составена од претставници на повеќе засегнати страни и да изнесат сугестии, со цел усвојување на најдобрата верзија на законското решение.

 

The post Се подготвува нов Закон за средно образование, почна јавната дебата appeared first on Република.

]]>

Средно образование за деца со странско државјанство или деца без државјанство, формирање инклузивни тимови и поддршка за ученици со попреченост, вработување образовни асистенти во училиштата. Ова се само дел од предлозите кои ќе бидат вклучени во новиот Закон за средно образование, чија работна верзија ја претстави министерот Јетон Шаќири во средното угостителско училиште „Лазар Танев“. Постојниот закон се спроведува повеќе од 27 години, а во меѓувреме средното образование стана задолжително, беа донесени нови наставни планови и програми и истите постојано се ажурираат и дополнуваат.
Имаме многу нови права и можности за сите чинители во образовниот процес во средните училишта и сето тоа мора да биде дел од една правна рамка. Денес сме тука, заедно, за да ја направиме таа рамка. Имаме основа, која можеме добро да ја надградиме. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на отворањето на првата од неколку јавни дискусии кои ќе бидат организирани во следните денови, по повод изработка на нов Закон за средно образование, кој како што рече, треба да биде во духот на европските принципи и инклузија на сите ученици.
Шаќири потсети дека Стратегијата за образование 2018-2025 година во делот на општото образование поставува неколку приоритети – подобрување на содржината на средното образование, зголемување на опфатот на учениците и подобрување на инклузивноста и меѓуетничката интеграција во средното образование, подобрување на капацитетите на човечките ресурси во средните училишта и подобрување на условите за учење и на квалитетот на образованието. Тој ги повика присутните на дебатата да бидат активни и да дадат свои видувања на предлог верзијата на законот која ја изготви работна група составена од претставници на повеќе засегнати страни и да изнесат сугестии, со цел усвојување на најдобрата верзија на законското решение.  

The post Се подготвува нов Закон за средно образование, почна јавната дебата appeared first on Република.

]]>