Закон за служба во Армијата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-sluzba-vo-armijata/ За подобро да се разбереме Sat, 21 May 2022 15:15:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Закон за служба во Армијата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-sluzba-vo-armijata/ 32 32 Усогласени измените за подобар Закон за служба во Армијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/usoglaseni-izmenite-za-podobar-zakon-za-sluzba-vo-armijata/ Sat, 21 May 2022 15:15:34 +0000 https://republika.mk/?p=505223

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Домот на Армијата во Скопје оствари заедничка средба со претставниците на Независниот синдикат на одбраната, Синдикатот на одбраната и безбедноста, Независниот синдикат на професионалните војници на Македонија, Независниот синдикат на професионални војници – СО, и Иницијативниот одбор на армиските пензионери, на која беше постигната согласност околу предлог измените на Законот за служба во Армијата на Република Македонија.

Министерката Петровска им упати благодарност на сите претставници на синдикатите за нивните предлози и сугестии кои ги дадоа во текот на интензивниот дијалог со министерката во изминатиот период, во насока на подобрување на измените и дополнувањата на Законот со цел унапредување на правата и статусот на припадниците на Армијата на Република Македонија.

Заедно сме обединети за иста цел. Преку интензивните дискусии што ги имав со вас дојдовме до предлози кои значајно ќе ги подобрат правата на нашите припадници, како што се усогласување со минималната плата, а тоа значи линеарно зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал, правото на остварување на пензија ќе биде со навршување на 40 години работен стаж односно 38 за жените без оглед на возраста, а ќе се изврши и нова пресметка за активниот воен и цивилен персонал кој правото на пензија го стекнал од денот на формирање на Армијата во висина од 80% во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж, рече Петровска.

Во однос на отпремнината како можност за професионалните војници со навршени 45 години возраст, во износ од 1000 евра за секоја година помината во Армијата, новиот предлог согласно барањето на Синдикатите е износот да биде две просечни плати но не помалку од 1000 евра, со што е оставен простор за повисок износ.

До предлагањето на измените на Законот на барање на Синдикатите, Министерството за одбрана се обврза да ја провери можноста правото за земање отпремнина да се прошири на професионалните војници со навршени 45 години кои се задржани како помошно технички персонал во Министерството, и да утврди дали условите за пензионирање на припадниците на Армијата може за важат за војниците распоредени по навршувањето на 45 години во други институции.

Дополнително министерката Петровска презеде обврска да отвори уште една можност за професионалните војници со навршени 45 години – тие да бидат дел од реформата на Системот за управување со кризи, да бидат опфатени со Законот за критична инфраструктура и Законот за вработени во МО.

Предлог измените и дополнувањата на Законот за служба во Армијата на Република Македонија беше повлечен од страна на министерката Петровска со цел да биде дополнет и доставен до Собранието како заеднички производ, креиран преку еден инклузивен процес на Министерството, Генералштабот и синдикатите на одбраната.

Во текот на следната седмица овој предлог Закон ќе биде доставен до Владата за понатамошна постапка.

The post Усогласени измените за подобар Закон за служба во Армијата appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Домот на Армијата во Скопје оствари заедничка средба со претставниците на Независниот синдикат на одбраната, Синдикатот на одбраната и безбедноста, Независниот синдикат на професионалните војници на Македонија, Независниот синдикат на професионални војници – СО, и Иницијативниот одбор на армиските пензионери, на која беше постигната согласност околу предлог измените на Законот за служба во Армијата на Република Македонија. Министерката Петровска им упати благодарност на сите претставници на синдикатите за нивните предлози и сугестии кои ги дадоа во текот на интензивниот дијалог со министерката во изминатиот период, во насока на подобрување на измените и дополнувањата на Законот со цел унапредување на правата и статусот на припадниците на Армијата на Република Македонија.
Заедно сме обединети за иста цел. Преку интензивните дискусии што ги имав со вас дојдовме до предлози кои значајно ќе ги подобрат правата на нашите припадници, како што се усогласување со минималната плата, а тоа значи линеарно зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал, правото на остварување на пензија ќе биде со навршување на 40 години работен стаж односно 38 за жените без оглед на возраста, а ќе се изврши и нова пресметка за активниот воен и цивилен персонал кој правото на пензија го стекнал од денот на формирање на Армијата во висина од 80% во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж, рече Петровска.
Во однос на отпремнината како можност за професионалните војници со навршени 45 години возраст, во износ од 1000 евра за секоја година помината во Армијата, новиот предлог согласно барањето на Синдикатите е износот да биде две просечни плати но не помалку од 1000 евра, со што е оставен простор за повисок износ. До предлагањето на измените на Законот на барање на Синдикатите, Министерството за одбрана се обврза да ја провери можноста правото за земање отпремнина да се прошири на професионалните војници со навршени 45 години кои се задржани како помошно технички персонал во Министерството, и да утврди дали условите за пензионирање на припадниците на Армијата може за важат за војниците распоредени по навршувањето на 45 години во други институции. Дополнително министерката Петровска презеде обврска да отвори уште една можност за професионалните војници со навршени 45 години – тие да бидат дел од реформата на Системот за управување со кризи, да бидат опфатени со Законот за критична инфраструктура и Законот за вработени во МО. Предлог измените и дополнувањата на Законот за служба во Армијата на Република Македонија беше повлечен од страна на министерката Петровска со цел да биде дополнет и доставен до Собранието како заеднички производ, креиран преку еден инклузивен процес на Министерството, Генералштабот и синдикатите на одбраната. Во текот на следната седмица овој предлог Закон ќе биде доставен до Владата за понатамошна постапка.

The post Усогласени измените за подобар Закон за служба во Армијата appeared first on Република.

]]>