Закон за рестриктивни мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-restriktivni-merki/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Feb 2024 07:30:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Закон за рестриктивни мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-restriktivni-merki/ 32 32 Црните листи во редовите на ДУИ го повлекоа Законот за рестриктивни мерки од Собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsrnite-listi-vo-redovite-na-dui-go-povlekoa-zakonot-za-restriktivni-merki-od-sobranie/ Fri, 02 Feb 2024 07:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=739560

Сосема неочекувано, власта се реши да го повлече од собраниска процедура предлог Законот за рестриктивни мерки.Официјалното образложение е дека е од администативни причини.

Но, пратеници за „Република“ коментираат дека вистинската причина е критиките од јавноста и од експертската јавност дека со него се кршат десетина други закони и оти е спротивен со Уставот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-na-posledniot-den-ispratil-vo-sobranie-dva-kontroverzni-zakoni-vladata-saka-da-bide-sud-i-da-odluchuva-komu-da-mu-se-odzeme-imot/

Причина за повлекувањето е доколку се донесе овој закон први на кои ќе треба да се примени се функционери на ДУИ кои се или се следни да бидат ставени на американската црна листа.

Со измените на Законот за рестриктивни мерки американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции.

Овој закон предвидуваше Овие закони предвидуваат воведување црни листи и  одземање на имот за кој ќе одлучува владата а не судот и целосно да ги преземе ингеренциите на судството.

Уште се предвидува дека лицата кои ќе се најдат на американската црна листа со одлука на влада да им биде конфискуван имот  и да им биде изречена забрана за привремено извршување на јавна функција до правосилност на пресуда.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dvizhene-besa-tehnichkiot-premier-talat-dhaferi-reshil-tehnichki-da-gi-spasi-kriminaltsite-potvrdeni-i-od-sad/

The post Црните листи во редовите на ДУИ го повлекоа Законот за рестриктивни мерки од Собрание appeared first on Република.

]]>

Сосема неочекувано, власта се реши да го повлече од собраниска процедура предлог Законот за рестриктивни мерки.Официјалното образложение е дека е од администативни причини. Но, пратеници за „Република“ коментираат дека вистинската причина е критиките од јавноста и од експертската јавност дека со него се кршат десетина други закони и оти е спротивен со Уставот. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-na-posledniot-den-ispratil-vo-sobranie-dva-kontroverzni-zakoni-vladata-saka-da-bide-sud-i-da-odluchuva-komu-da-mu-se-odzeme-imot/ Причина за повлекувањето е доколку се донесе овој закон први на кои ќе треба да се примени се функционери на ДУИ кои се или се следни да бидат ставени на американската црна листа. Со измените на Законот за рестриктивни мерки американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции. Овој закон предвидуваше Овие закони предвидуваат воведување црни листи и  одземање на имот за кој ќе одлучува владата а не судот и целосно да ги преземе ингеренциите на судството. Уште се предвидува дека лицата кои ќе се најдат на американската црна листа со одлука на влада да им биде конфискуван имот  и да им биде изречена забрана за привремено извршување на јавна функција до правосилност на пресуда. https://republika.mk/vesti/makedonija/dvizhene-besa-tehnichkiot-premier-talat-dhaferi-reshil-tehnichki-da-gi-spasi-kriminaltsite-potvrdeni-i-od-sad/

The post Црните листи во редовите на ДУИ го повлекоа Законот за рестриктивни мерки од Собрание appeared first on Република.

]]>
Османи: Владата одобри измени на Законот за рестриктивни мерки, со кои црните листи на САД и на Велика Британија влегуваат во македонски закон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-vladata-odobri-izmeni-na-zakonot-za-restriktivni-merki-so-koi-tsrnite-listi-na-sad-i-na-velika-britanija-vleguvaat-vo-makedonski-zakon/ Tue, 16 Jan 2024 16:35:25 +0000 https://republika.mk/?p=733725

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку својот Фејсбук профил соопшти дека Владата на денешната седница ги одобрила измените на Законот за рестриктивни мерки, со кои, како што вели, американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции.

Шефот на дипломатијата Османи минатата недела на брифинг со медиумите информира дека  Министерството за надворешни работи почнува јавна расправа по однос на измените на Законот за рестриктивни мерки кои што имаат за цел проширување на опфатот на овие рестриктивни мерки, како и инструментите коишто се на располагање на државата во услови на воведени рестриктивни мерки.

-Согласно сегашното решение, Законот за рестриктивни мерки ги регулира прашањата на воведување, изменување и престанување на важењето на рестриктивните мерки, како и механизмите на координација и надзор на примената на истите, како основи за воведување рестриктивни мерки во сегашното решение се - задолжителни обврзувачки резолуции на Советот за безбедност на Обединети нации, правни акти на ЕУ, други меѓународни организации во кој членува земјата и на барање на надлежни органи на други држави за прашања на тероризмот и пролиферација на оружкјето, истакна Османи во изјава за медиуми по брифингот со новинарите.

Тоа што го предлагаме со овие измени на Законот на оваа јавна дебата, додаде Османи, е да се додадат како основ за воведување на рестриктивни мерки од страна на државата и правните акти на САД и правните акти на Обединетото Кралство, што значи покрај Совет за безбедност, Европска Унија, сега и правните акти на САД и Обединетото Кралство се валидна основа за воведување рестриктивни мерки.

-Како инструменти што ги има државата при воведување рестриктивни мерки се покрај ембарго за оружје, забрана за влез во Македонија за граѓани коишто не се државјани на Република Македонија, се разбира и финансиски мерки вклучувајќи конфискација на имот, меѓутоа се проширува Законот со уште еден опфат, а тоа е прво, од целите на Законот освен меѓународната безбедност, демократијата, се воведува и корупцијата, злоупотреба на службената должност и хибридните закани кон државата како цели коишто сакаме да ги постигнеме со измените на Законот за рестриктивни мерки, а се додаваат два важни инструменти, откако се задолжува институцијата предлагач да ги достави сите докази - материјални, нематеријални до Јавното обвинителство, а ЈО законски се обврзува веднаш да почне постапка, кривична постапка, вклучувајќи и конфискација на имот, и доколку заврши таа истрага со подигнување на обвинение тогаш се воведуваат два нови инструменти, а тоа е времено престанување на вршење на јавна функција и забрана за учество во процесот на јавни набавки се до правосилна судска одлука, појасни Османи.

Ова, подвлече Османи, се суштинските измени на Законот за рестриктивни мерки, додавањето на правните акти на САД како основа за воведување покрај тие на ЕУ и обврската институцијата предлагач да ги побара и да ги поднесе сите материјални докази до Обвинителството, а обврска на Обвинителството е да започне веднаш постапка и доколку заврши со обвинение, времено спречување на вршење на јавна функција и забрана за учество во постапка за јавни набавки доколку се работи за правни субјекти.

The post Османи: Владата одобри измени на Законот за рестриктивни мерки, со кои црните листи на САД и на Велика Британија влегуваат во македонски закон appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку својот Фејсбук профил соопшти дека Владата на денешната седница ги одобрила измените на Законот за рестриктивни мерки, со кои, како што вели, американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции. Шефот на дипломатијата Османи минатата недела на брифинг со медиумите информира дека  Министерството за надворешни работи почнува јавна расправа по однос на измените на Законот за рестриктивни мерки кои што имаат за цел проширување на опфатот на овие рестриктивни мерки, како и инструментите коишто се на располагање на државата во услови на воведени рестриктивни мерки.