Закон за рестрективни мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-restrektivni-merki/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Feb 2024 08:40:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Закон за рестрективни мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-restrektivni-merki/ 32 32 Џафери сомничав дали ќе може да се спроведе законот за „црни листи“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-somnichav-dali-ke-mozhe-da-se-sprovede-zakonot-za-tsrni-listi/ Tue, 06 Feb 2024 08:40:27 +0000 https://republika.mk/?p=740825

Техничката Влада се очекува на денешната седница повторно да го разгледа Предлог-законот за рестриктивни мерки, кој беше повлечен од собраниска процедура. Премиерот на техничката Влада Талат Џафери во интервју за МИА вели дека една од причините за повлекувањето е дека во составот на Владата имало несогласувања околу текстот на законот. Потребно е, вели тој, да се создаваат нови дополнителни можности за да се спроведат правните аспекти, но, додава дека, законот треба да се гледа и од политички контекст за да биде исполнета неговата цел.

-Добро, административно прво и по однос на претставниците, дали ќе бидат исти, нема да бидат исти. По однос на дилемите коишто се отворија во јавноста без да се гледа текстот, искрено јас и не стигнав да го видам текстот таму бидејќи по надлежноста таму и немав обврска да го гледам текстот како материјален дел. По однос на статусот овде сметав дека е посоодветно да се повлече, особено што како информација имав дека внатре во составот на Влада имаше несогласување околу текстот, рече Џафери.

Во предложениот текст, потенцира тој, има „состојби“ кои не се совпаѓаат со нашиот правен систем, и во таа смисла потребно е да се создаваат нови дополнителни можности за да се спроведат правните аспекти. Но, на овој закон, според Џафери, не треба да се гледа само од правен, туку и со политички контекст за да биде прифатена неговата цел.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-go-praka-loga-vo-turtsija-za-da-proveri-do-kade-e-ekstraditsijata-na-palevski/

-Моето гледиште е политички, како политичко решение во смисла создавање предуслови за зацртување на предусловите за борбата против корупцијата и организираниот криминал. И ако тоа би требало да биде додадена вредност за напорите на државата за справување со таа појава во тој контекст е политичка одлука во смисла да се создаваат нови можности, дополнителни можности за да се спроведат правните аспекти, она што е конкретната борба и во тој контекст мислам дека е неопходно да се гледа законот, не стриктно само од правен аспект, туку и од политички контекст да се гледа работата пошироко за да ја има прифатливоста по однос на целта која што се поставува пред законот. Правниот дел, професионалниот дел, јас не би сакал да го оспорам секако фелата си има право да си ги гледа и затоа и е правната фела, меѓутоа покрај правниот аспект државата има политички обврски и можности и потреби кон граѓаните да излезе со дополнителни мерки по однос на борбата со корупцијата, рече Џафери во интервјуто за МИА.

The post Џафери сомничав дали ќе може да се спроведе законот за „црни листи“ appeared first on Република.

]]>

Техничката Влада се очекува на денешната седница повторно да го разгледа Предлог-законот за рестриктивни мерки, кој беше повлечен од собраниска процедура. Премиерот на техничката Влада Талат Џафери во интервју за МИА вели дека една од причините за повлекувањето е дека во составот на Владата имало несогласувања околу текстот на законот. Потребно е, вели тој, да се создаваат нови дополнителни можности за да се спроведат правните аспекти, но, додава дека, законот треба да се гледа и од политички контекст за да биде исполнета неговата цел.
-Добро, административно прво и по однос на претставниците, дали ќе бидат исти, нема да бидат исти. По однос на дилемите коишто се отворија во јавноста без да се гледа текстот, искрено јас и не стигнав да го видам текстот таму бидејќи по надлежноста таму и немав обврска да го гледам текстот како материјален дел. По однос на статусот овде сметав дека е посоодветно да се повлече, особено што како информација имав дека внатре во составот на Влада имаше несогласување околу текстот, рече Џафери.
Во предложениот текст, потенцира тој, има „состојби“ кои не се совпаѓаат со нашиот правен систем, и во таа смисла потребно е да се создаваат нови дополнителни можности за да се спроведат правните аспекти. Но, на овој закон, според Џафери, не треба да се гледа само од правен, туку и со политички контекст за да биде прифатена неговата цел. https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-go-praka-loga-vo-turtsija-za-da-proveri-do-kade-e-ekstraditsijata-na-palevski/
-Моето гледиште е политички, како политичко решение во смисла создавање предуслови за зацртување на предусловите за борбата против корупцијата и организираниот криминал. И ако тоа би требало да биде додадена вредност за напорите на државата за справување со таа појава во тој контекст е политичка одлука во смисла да се создаваат нови можности, дополнителни можности за да се спроведат правните аспекти, она што е конкретната борба и во тој контекст мислам дека е неопходно да се гледа законот, не стриктно само од правен аспект, туку и од политички контекст да се гледа работата пошироко за да ја има прифатливоста по однос на целта која што се поставува пред законот. Правниот дел, професионалниот дел, јас не би сакал да го оспорам секако фелата си има право да си ги гледа и затоа и е правната фела, меѓутоа покрај правниот аспект државата има политички обврски и можности и потреби кон граѓаните да излезе со дополнителни мерки по однос на борбата со корупцијата, рече Џафери во интервјуто за МИА.

The post Џафери сомничав дали ќе може да се спроведе законот за „црни листи“ appeared first on Република.

]]>
Власта не се откажува: Законот за „црни листи“ утре на владина седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ne-se-otkazhuva-zakonot-za-tsrni-listi-utre-na-vladina-sednitsa/ Mon, 05 Feb 2024 13:55:04 +0000 https://republika.mk/?p=740576

Законот за рестриктивни мерки утре ќе се најде на владина седница, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Утре ќе биде на Влада, јас ќе го предложам, а дали ќе помине на Собрание, баш би сакал да видам кој ќе го блокира. Имаше дебата зошто е повлечено, дали е од политички причини или не.. Имаше нова влада, сепак новата влада треба да го брани законот во Собрание. И се разбира треба уште еднаш да се потврди, а имаше и дополнително усогласување, рече Османи во интервју во Студио 10 на ТВ 24.

Во однос на критиките во судството и борбата против корупцијата, последната упатена од холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, кој минатиот месец имаше средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, во седиштето на партијата, Османи оцени дека некогаш ппогрешно се инерпретираат границите меѓу судството и владата, така што, рече, критиките врз судството се интерпетртиаат како слабост а вчадата

-Или бараме независно судство, или не бараме. Ако бараме независно судство, тогаш конфликтите таму, и проблемите внатре, не ни ги префрлувајте на нас ниту како вина, затоа што, нели не треба да се мешаме. Имаме една разлика со холандскиот амбасадор. Јас велам, дајте да ги отвориме поглавјата 23 и 24 за владеење на право. Не можеме сами ние да го реформираме. Тој вели, не можеме да ги отвориме поглавјата, но вие терајте европско судство. Тоа не може, да можевме, немаше да направиме толку компромиси за да го отвориме европскиот пат..., кажа Османи.

Османи додаде дека европското право е врвот на човечката цивилизација.

-Не постои и историски, и сега географски цивилизација којашто има такво ниво. И ние претендираме за тоа, инаку ние наше балканско владеење на право, можеме и сами, и сега го имаме. Во Бугарија сега има уставни измени за да воведат Судски совет и Јавно-обвинителски совет. Ние одамна имаме воведено Судски совет. Не значи дека ние сме толку лоши. Но тоа е без Европската Унија. Ако сакате европско право, отворете ги поглавјата, оцени Османи.

Инаку, на владината седница одржана на 16 јануари, Владата, едногласно, со консензус изрази политичка волја предложените законски измени за Законот за рестриктивни мерки да ги достави до Собранието, додека МНР минатиот месец започна јавна расправа за измени на Законот за рестриктивни мерки со кои и американската „црна листа“ ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми.

Измените во Законот произлегоа по проширувањето на црната листа на САД. МНР минатиот месец започна јавна расправа за измени на Законот за рестриктивни мерки со кои и американската „црна листа“ ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми. Предлог измените, како што најави тогаш министерот Бујар Османи, предвидуваат и воведување два важни инструменти, институцијата предлагач да ги побара и да ги поднесе сите материјални докази до Обвинителството, а ЈО да почне постапка, вклучувајќи и конфискација на имот и доколку заврши со обвинение, се предвидува и времено спречување на вршење на јавна функција и и забрана за учество во јавни набавки доколку се работи за правни субјекти

The post Власта не се откажува: Законот за „црни листи“ утре на владина седница appeared first on Република.

]]>

Законот за рестриктивни мерки утре ќе се најде на владина седница, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
-Утре ќе биде на Влада, јас ќе го предложам, а дали ќе помине на Собрание, баш би сакал да видам кој ќе го блокира. Имаше дебата зошто е повлечено, дали е од политички причини или не.. Имаше нова влада, сепак новата влада треба да го брани законот во Собрание. И се разбира треба уште еднаш да се потврди, а имаше и дополнително усогласување, рече Османи во интервју во Студио 10 на ТВ 24.
Во однос на критиките во судството и борбата против корупцијата, последната упатена од холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, кој минатиот месец имаше средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, во седиштето на партијата, Османи оцени дека некогаш ппогрешно се инерпретираат границите меѓу судството и владата, така што, рече, критиките врз судството се интерпетртиаат како слабост а вчадата -Или бараме независно судство, или не бараме. Ако бараме независно судство, тогаш конфликтите таму, и проблемите внатре, не ни ги префрлувајте на нас ниту како вина, затоа што, нели не треба да се мешаме. Имаме една разлика со холандскиот амбасадор. Јас велам, дајте да ги отвориме поглавјата 23 и 24 за владеење на право. Не можеме сами ние да го реформираме. Тој вели, не можеме да ги отвориме поглавјата, но вие терајте европско судство. Тоа не може, да можевме, немаше да направиме толку компромиси за да го отвориме европскиот пат..., кажа Османи. Османи додаде дека европското право е врвот на човечката цивилизација.
-Не постои и историски, и сега географски цивилизација којашто има такво ниво. И ние претендираме за тоа, инаку ние наше балканско владеење на право, можеме и сами, и сега го имаме. Во Бугарија сега има уставни измени за да воведат Судски совет и Јавно-обвинителски совет. Ние одамна имаме воведено Судски совет. Не значи дека ние сме толку лоши. Но тоа е без Европската Унија. Ако сакате европско право, отворете ги поглавјата, оцени Османи.
Инаку, на владината седница одржана на 16 јануари, Владата, едногласно, со консензус изрази политичка волја предложените законски измени за Законот за рестриктивни мерки да ги достави до Собранието, додека МНР минатиот месец започна јавна расправа за измени на Законот за рестриктивни мерки со кои и американската „црна листа“ ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми. Измените во Законот произлегоа по проширувањето на црната листа на САД. МНР минатиот месец започна јавна расправа за измени на Законот за рестриктивни мерки со кои и американската „црна листа“ ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми. Предлог измените, како што најави тогаш министерот Бујар Османи, предвидуваат и воведување два важни инструменти, институцијата предлагач да ги побара и да ги поднесе сите материјални докази до Обвинителството, а ЈО да почне постапка, вклучувајќи и конфискација на имот и доколку заврши со обвинение, се предвидува и времено спречување на вршење на јавна функција и и забрана за учество во јавни набавки доколку се работи за правни субјекти

The post Власта не се откажува: Законот за „црни листи“ утре на владина седница appeared first on Република.

]]>
Според Османи, законот за „црни листи“ бил повлечен административно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spored-osmani-zakonot-za-tsrni-listi-bil-povlechen-administrativno/ Fri, 02 Feb 2024 20:14:08 +0000 https://republika.mk/?p=739888

Министерот за надворешни работи Бујар Османи посочи дека Законот за рестриктивни мерки има за цел да обезбеди меѓународен мир, безбедност, демократија и владеење на правото. Тој рече дека нема политичко повлекување на Законот, туку административно повлекување, бидејќи беше условно донесен Законот и сега новата Влада треба да го потврди.

-Законот е во надлежност на Министерството за надворешни работи, и јас имав можност да презентирам пред јавноста одредени погледи како сметаме дека треба да се направат измените на Законот за рестриктивни мерки. На Влада дополнително се усогласи со законодавство и Министерство, и тој беше одобрен од страна на Владата условно, со цел да се направат дополнителни усогласувања во меѓувреме со Министерството за правда и законодавство, кои што во рамки на работна група и се случи. Сега бидејќи има нова Влада потребно е новата Влада да го потврди текстот на Законот, рече вечерва Османи во своето гостување на ТВ 21.

Тој посочи дека Законот за рестриктивни мерки има за цел да обезбеди меѓународен мир, безбедност, демократија и владеење на правото. Но, во целите на Законот додаваат дека се однесува и на борбата против корупцијата, злоупотребата на службената должност и хибридните закани.

-Во сегашното законско решение како основ за воведување на рестриктивни мерки од страна на нашата држава се три основи, тоа се задолжителни резолуции на Советот на безбедност на ОН, акти, правни акти на ЕУ и билатерални акти на други држави но само за тероризам и квалиферација. Сега додаваме дека за овие цели, безбедност, меѓународен мир, борба против корупцијата, злоупотреба на службена должност, како основа за донесување на рестриктивни мерки ги земаме и правните акти на САД и правните акти на Обединетото Кралство, со тоа што понатаму се разглобува која е процедурата за донесување на правните акти, рече Османи.

Тој додаде дека во актуелното решение како видови рестриктивни мерки се ембарго за оружје, забрана за влез, финансиски мерки. Сега, посочи, додаваат покренување на кривична постапка и преземање на мерки за обезбедување.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-go-povleche-zakonot-so-koj-trebashe-da-se-gonat-politichari-i-biznismeni-na-sdsm-i-dui/

-Кога ќе има ваков правен акт, МНР, МВР и ЈО предлагаат до Владата да донесе одлука и за наши рестриктивни мерки. Ако е за корупција, злоупотреба на службена должност Владата е должна, односно органот што предлага да ги однесе сите факти што ги има собрано од изворот на рестрикцијата до ЈО. ЈО е должно да отвори кривична постапка и ако покрене обвинение, и судот го прифати тоа обвинение, тогаш Судот може да донесе привремени мерки за обезбедување – забрана за вршење јавна функција, вклучувајќи и кандидирање на избори и конфискација на имот и други финансиски мерки, посочи Османи.

Тој посочи оти е точно дека Министерството за правда имало негативно мислење за првичното решение, посочувајќи дека мора да има судска одлука, и затоа се направиле дополнителни измени

The post Според Османи, законот за „црни листи“ бил повлечен административно appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи посочи дека Законот за рестриктивни мерки има за цел да обезбеди меѓународен мир, безбедност, демократија и владеење на правото. Тој рече дека нема политичко повлекување на Законот, туку административно повлекување, бидејќи беше условно донесен Законот и сега новата Влада треба да го потврди.
-Законот е во надлежност на Министерството за надворешни работи, и јас имав можност да презентирам пред јавноста одредени погледи како сметаме дека треба да се направат измените на Законот за рестриктивни мерки. На Влада дополнително се усогласи со законодавство и Министерство, и тој беше одобрен од страна на Владата условно, со цел да се направат дополнителни усогласувања во меѓувреме со Министерството за правда и законодавство, кои што во рамки на работна група и се случи. Сега бидејќи има нова Влада потребно е новата Влада да го потврди текстот на Законот, рече вечерва Османи во своето гостување на ТВ 21.
Тој посочи дека Законот за рестриктивни мерки има за цел да обезбеди меѓународен мир, безбедност, демократија и владеење на правото. Но, во целите на Законот додаваат дека се однесува и на борбата против корупцијата, злоупотребата на службената должност и хибридните закани.
-Во сегашното законско решение како основ за воведување на рестриктивни мерки од страна на нашата држава се три основи, тоа се задолжителни резолуции на Советот на безбедност на ОН, акти, правни акти на ЕУ и билатерални акти на други држави но само за тероризам и квалиферација. Сега додаваме дека за овие цели, безбедност, меѓународен мир, борба против корупцијата, злоупотреба на службена должност, како основа за донесување на рестриктивни мерки ги земаме и правните акти на САД и правните акти на Обединетото Кралство, со тоа што понатаму се разглобува која е процедурата за донесување на правните акти, рече Османи.
Тој додаде дека во актуелното решение како видови рестриктивни мерки се ембарго за оружје, забрана за влез, финансиски мерки. Сега, посочи, додаваат покренување на кривична постапка и преземање на мерки за обезбедување. https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-go-povleche-zakonot-so-koj-trebashe-da-se-gonat-politichari-i-biznismeni-na-sdsm-i-dui/
-Кога ќе има ваков правен акт, МНР, МВР и ЈО предлагаат до Владата да донесе одлука и за наши рестриктивни мерки. Ако е за корупција, злоупотреба на службена должност Владата е должна, односно органот што предлага да ги однесе сите факти што ги има собрано од изворот на рестрикцијата до ЈО. ЈО е должно да отвори кривична постапка и ако покрене обвинение, и судот го прифати тоа обвинение, тогаш Судот може да донесе привремени мерки за обезбедување – забрана за вршење јавна функција, вклучувајќи и кандидирање на избори и конфискација на имот и други финансиски мерки, посочи Османи.
Тој посочи оти е точно дека Министерството за правда имало негативно мислење за првичното решение, посочувајќи дека мора да има судска одлука, и затоа се направиле дополнителни измени

The post Според Османи, законот за „црни листи“ бил повлечен административно appeared first on Република.

]]>
Џафери го повлече Законот со кој требаше да се гонат политичари и бизнисмени на СДСМ и ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-go-povleche-zakonot-so-koj-trebashe-da-se-gonat-politichari-i-biznismeni-na-sdsm-i-dui/ Fri, 02 Feb 2024 12:16:38 +0000 https://republika.mk/?p=739705

Талат Џафери го повлече законот со кој треба да се казнат сите оние функционери и бизнисмени на владата на СДС и ДУИ, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ откако Владата неочекувано го врати Законот за рестриктивни мерки, наводно од административни причини.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tsrnite-listi-vo-redovite-na-dui-go-povlekoa-zakonot-za-restriktivni-merki-od-sobranie/

Што и објаснија од ДУИ на стратешките партнери за законот за црните листи? Дали можеби се смета дека ова не е европски закон? Зашто лажната европска коалиција на ДУИ и СДС се плаши. Тие треба да одговорат на овие прашања. Иднината што ја нуди СДС е иднина во која македонската партија е измеќар во владата и слепо служи на овие криминалци од ДУИ-смета портпаролот Марија Митева.

Со измените на Законот за рестриктивни мерки американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции.

Овој закон предвидуваше Овие закони предвидуваат воведување црни листи и  одземање на имот за кој ќе одлучува владата а не судот и целосно да ги преземе ингеренциите на судството.

Уште се предвидува дека лицата кои ќе се најдат на американската црна листа со одлука на влада да им биде конфискуван имот  и да им биде изречена забрана за привремено извршување на јавна функција до правосилност на пресуда.

The post Џафери го повлече Законот со кој требаше да се гонат политичари и бизнисмени на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>

Талат Џафери го повлече законот со кој треба да се казнат сите оние функционери и бизнисмени на владата на СДС и ДУИ, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ откако Владата неочекувано го врати Законот за рестриктивни мерки, наводно од административни причини. https://republika.mk/vesti/makedonija/tsrnite-listi-vo-redovite-na-dui-go-povlekoa-zakonot-za-restriktivni-merki-od-sobranie/  
Што и објаснија од ДУИ на стратешките партнери за законот за црните листи? Дали можеби се смета дека ова не е европски закон? Зашто лажната европска коалиција на ДУИ и СДС се плаши. Тие треба да одговорат на овие прашања. Иднината што ја нуди СДС е иднина во која македонската партија е измеќар во владата и слепо служи на овие криминалци од ДУИ-смета портпаролот Марија Митева.
Со измените на Законот за рестриктивни мерки американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции. Овој закон предвидуваше Овие закони предвидуваат воведување црни листи и  одземање на имот за кој ќе одлучува владата а не судот и целосно да ги преземе ингеренциите на судството. Уште се предвидува дека лицата кои ќе се најдат на американската црна листа со одлука на влада да им биде конфискуван имот  и да им биде изречена забрана за привремено извршување на јавна функција до правосилност на пресуда.

The post Џафери го повлече Законот со кој требаше да се гонат политичари и бизнисмени на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>
Грковска: Oдредени луѓе се вознемирени од механизам со кој реално ќе се санкционираат оние кои се на листа на санкции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-odredeni-luge-se-voznemireni-od-mehanizam-so-koj-realno-ke-se-sanktsioniraat-onie-koi-se-na-lista-na-sanktsii/ Sun, 21 Jan 2024 20:36:44 +0000 https://republika.mk/?p=735226

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во гостувањето во Дневникот на телевизија Сител се осврна на дилемите во јавноста околу измените на Законот за рестриктивни мерки. Иницијативата која ја поднесе Грковска за измени на законот, со цел да се прошири опфатот на рестриктивните мерки со додавање на корупцијата и организираниот криминал како основ, беше веднаш прифатена од Владата, а надлежното министерство го поднесе предлог-законот на усвојување.

Во однос на негативното мислење на Министерството за правда околу овој закон, Грковска појасни дека тоа се однесува на првата верзија на законот, а не на конечната верзија доставена до Владата. Таа истакна дека сепак е согласна во еден дел со ова мислење, односно дека и согласно сегашните законски прописи обвинителството може да покрене постапки по допрен глас, но проблемот е што правосудните органи се инертни, бавни и неиницијативни“, истакна Грковска.

Таа појасни дека со измените на Законот за рестриктивни мерки, јавното обвинителство ќе биде обврзано да постапи во кратки рокови, за да има побрза судска разрешница. Според вицепремиерката, брзото завршување на процедурата им оди во прилог и на лицата кои се на листите на санкции.

Во интервјуто за Сител, Грковска ја истакна определбата на Владата законските решенија да бидат во насока на презумција на невиност и човекови права, но и дека разбира дека одредена група луѓе е вознемирена, зашто на ваков начин правосудниот систем и сите во Република Македонија ќе имаат механизам со кој реално ќе се санкционираат оние луѓе кои се на листа на санкции. Сега го имаме обратното, додаде таа, нема реакција од нашиот правосуден систем, а тие продолжуваат со своите функции и дејности.

Таа појасни дека нејзината улога како вицепремиер е да ја координира подготовката на закони и стратегии, но предлог-законите ги поднесува надлежното министерство. Оттука, по формирањето на владината работна група за подготвување на законски измени со цел постапување по листите на санкции на САД и Обединетото Кралство, со која таа претседаваше, Министерството за надворешни работи, како институција во чија надлежност е овој закон, го поднесе предлогот законското решение до Владата.

Сите наши меѓународни партнери сакаат да видат ефикасна борба против корупцијата. Владата не може да процесира судски случаи, но тоа што може да направи е да овозможува и да го натера правосудниот систем да биде поефикасен“, истакна Грковска и информираше дека во пакет со овој закон овие прашања дополнително ќе се регулираат и во други закони, како нa пример Законот за јавни набавки, и други закони, за да се добие комплетно решение.

The post Грковска: Oдредени луѓе се вознемирени од механизам со кој реално ќе се санкционираат оние кои се на листа на санкции appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во гостувањето во Дневникот на телевизија Сител се осврна на дилемите во јавноста околу измените на Законот за рестриктивни мерки. Иницијативата која ја поднесе Грковска за измени на законот, со цел да се прошири опфатот на рестриктивните мерки со додавање на корупцијата и организираниот криминал како основ, беше веднаш прифатена од Владата, а надлежното министерство го поднесе предлог-законот на усвојување.
Во однос на негативното мислење на Министерството за правда околу овој закон, Грковска појасни дека тоа се однесува на првата верзија на законот, а не на конечната верзија доставена до Владата. Таа истакна дека сепак е согласна во еден дел со ова мислење, односно дека и согласно сегашните законски прописи обвинителството може да покрене постапки по допрен глас, но проблемот е што правосудните органи се инертни, бавни и неиницијативни“, истакна Грковска.
Таа појасни дека со измените на Законот за рестриктивни мерки, јавното обвинителство ќе биде обврзано да постапи во кратки рокови, за да има побрза судска разрешница. Според вицепремиерката, брзото завршување на процедурата им оди во прилог и на лицата кои се на листите на санкции. Во интервјуто за Сител, Грковска ја истакна определбата на Владата законските решенија да бидат во насока на презумција на невиност и човекови права, но и дека разбира дека одредена група луѓе е вознемирена, зашто на ваков начин правосудниот систем и сите во Република Македонија ќе имаат механизам со кој реално ќе се санкционираат оние луѓе кои се на листа на санкции. Сега го имаме обратното, додаде таа, нема реакција од нашиот правосуден систем, а тие продолжуваат со своите функции и дејности. Таа појасни дека нејзината улога како вицепремиер е да ја координира подготовката на закони и стратегии, но предлог-законите ги поднесува надлежното министерство. Оттука, по формирањето на владината работна група за подготвување на законски измени со цел постапување по листите на санкции на САД и Обединетото Кралство, со која таа претседаваше, Министерството за надворешни работи, како институција во чија надлежност е овој закон, го поднесе предлогот законското решение до Владата.