Закон за работни односи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-rabotni-odnosi/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Oct 2024 11:28:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Закон за работни односи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-rabotni-odnosi/ 32 32 Се прават анализи за носење на новиот закон за работни односи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-pravat-analizi-za-nosene-na-noviot-zakon-za-rabotni-odnosi/ Sat, 05 Oct 2024 11:28:18 +0000 https://republika.mk/?p=823056

Се прават сите анализи дали ќе се донесе новиот закон за работни односи, или ќе трпи одредени промени, или пак да се направи комбинација од новиот и стариот Закон за работни односи, информираше заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој денеска присуствуваше на дебата на „Текстилијада 8“ во Штип.

-Нашата цел пред носењето на законот за работни односи е да направиме едно синфронизирање помеѓу, а пред се заштита на правата на работниците и работните односи и да направиме една синфронизација каде преку заштита на работничките права и развојот на бизнис секторот, реалниот сектор во Македонија ќе направиме навистина подобри права за работниците и за заштита на работници, вели Ристески.

Во текот на вчерашниот ден и Миле Бошков од Бизнис конфедерација на „Текстилијадата“ во Штип посочи дека неопходен е да се донесе новиот закон за работни односи, кој, како што рече, стои во фиока.

-Можеби ќе треба да останеме на варијанта од претходниот Закон и варијанта од преговорите, доколку немаме време да го преработиме целиот. Крши многу работнички права ама ќе гледаме да им се вратат работнички права на работниците, изјави вчера Бошков.

The post Се прават анализи за носење на новиот закон за работни односи appeared first on Република.

]]>

Уставен формираше предмет за измените во работните часови поради договорите со „Бехтел и Енка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustaven-formirashe-predmet-za-izmenite-vo-rabotnite-chasovi-poradi-dogovorite-so-behtel-i-enka/ Thu, 03 Aug 2023 11:32:01 +0000 https://republika.mk/?p=668257

Од Уставниот суд информираат дека се формирани предмети за законските измени на Законот за работни односи и измената на ДУП Буњаковец 2.

Хелсиншки комитет за човекови права поднел иницијатива за член 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.111/23).

Со оспорените членови, како што е наведено во иницијативата, се напушта нивотo на заштита кое го нудат позитивните законски прописи и меѓународните конвенции и е обид да се наметне механизам за заобиколување на веке поставените правила.

Подносителите наведуваат дека се создава опасност од нееднаков третман на работниците и дискриминација од страна на министерот за финансии кој во согласност со министерот за труд и социјална политика, го пропишува начинот и местото на исплата на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење утврдено со закон. Дополнително оспорениот член со кој се предвидува исклучок од траењето на прекувремената работа подолго од 8 часа неделно и 190 часа годишно за работење на проекти од стратешко и национално значење според подносителите создава правна несигурост и простор за толкување и манипулација со вкупното времетраење на прекувремената работа без да се утврди горна граница.

Од Уставниот суд информираат дека е оспорена и Одлуката бр.07-9331/10 од 10.12.2012г. за изменување и дополнување ДУП Буњаковец 2, плански период 2011-2016.

Подносител на иницијативата е Сузана Јошевска, адвокатка и Граѓанска иницијатива „Шанса за Центар”.

Во иницијативата се тврди дека оспорената одлука за конкретни измени на ДУП Буњаковец 2 е во спротивност со Генералниот урбанистички план, односно дека границата на ДУП-от не е усогласена со опфатот на градската четврт планирана со ГУП, како и дека нумеричките податоци на ДУП-от се неусогласени со оние од ГУП-от. Подносителите наведуваат дека поради овие околности се прави груба повреда на член 11 став 7 и член 15-б од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Подносителите во иницијативата наведуваат дека донесената одлука за ДУП е во спротивност со владеењето на правото содржано во членот 8 од Уставот, како и дека е во спротивност со членови од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Овие предмети, како што велат од Уставен суд, се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и барањата и ќе оформи реферати кои ќе содржат предлози за гласање на седница.

The post Уставен формираше предмет за измените во работните часови поради договорите со „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>

Од Уставниот суд информираат дека се формирани предмети за законските измени на Законот за работни односи и измената на ДУП Буњаковец 2. Хелсиншки комитет за човекови права поднел иницијатива за член 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.111/23). Со оспорените членови, како што е наведено во иницијативата, се напушта нивотo на заштита кое го нудат позитивните законски прописи и меѓународните конвенции и е обид да се наметне механизам за заобиколување на веке поставените правила. Подносителите наведуваат дека се создава опасност од нееднаков третман на работниците и дискриминација од страна на министерот за финансии кој во согласност со министерот за труд и социјална политика, го пропишува начинот и местото на исплата на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење утврдено со закон. Дополнително оспорениот член со кој се предвидува исклучок од траењето на прекувремената работа подолго од 8 часа неделно и 190 часа годишно за работење на проекти од стратешко и национално значење според подносителите создава правна несигурост и простор за толкување и манипулација со вкупното времетраење на прекувремената работа без да се утврди горна граница. Од Уставниот суд информираат дека е оспорена и Одлуката бр.07-9331/10 од 10.12.2012г. за изменување и дополнување ДУП Буњаковец 2, плански период 2011-2016. Подносител на иницијативата е Сузана Јошевска, адвокатка и Граѓанска иницијатива „Шанса за Центар”. Во иницијативата се тврди дека оспорената одлука за конкретни измени на ДУП Буњаковец 2 е во спротивност со Генералниот урбанистички план, односно дека границата на ДУП-от не е усогласена со опфатот на градската четврт планирана со ГУП, како и дека нумеричките податоци на ДУП-от се неусогласени со оние од ГУП-от. Подносителите наведуваат дека поради овие околности се прави груба повреда на член 11 став 7 и член 15-б од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Подносителите во иницијативата наведуваат дека донесената одлука за ДУП е во спротивност со владеењето на правото содржано во членот 8 од Уставот, како и дека е во спротивност со членови од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Овие предмети, како што велат од Уставен суд, се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и барањата и ќе оформи реферати кои ќе содржат предлози за гласање на седница.

The post Уставен формираше предмет за измените во работните часови поради договорите со „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>
Ова е само еден грозен почеток на злоупотреба на работничките права, враќање во феудализам https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ova-e-samo-eden-grozen-pochetok-na-zloupotreba-na-rabotnichkite-prava-vrakane-vo-feudalizam/ Fri, 26 May 2023 18:12:28 +0000 https://republika.mk/?p=645043

Работното време на коридорите 8 и 10д кое „Гласен Текстилец“ пред само неколку месеца го оспори пред Уставен суд, а тој суд го оцени како неуставно законско решение, денеска беше донесено со европско знаменце од страна на владината коалиција, се вели во писмената реакција од Кристина Ампева од Здружението „Гласен Текстилец“.

Посочува дека ова е уште еден пример на злоупотреба на европското знаменце, кршење на конвенциите на Меѓународната организација на трудот.

Ова е враќање во феудалистичко општество и експлоатација на градежните работници. Ова е само еден грозен почеток на злоупотреба на работничките права, со наводно стратешки проект и дозвола за прекувремена незаконска работа, кој почеток понатаму ќе се користи и за останати дејности да бидат квалификувани како стратешки дејности, проекти, интереси, под влијание на разни структури, крупниот капитал, олигарсите, вели Ампева.

Забележува дека ова е пораз за сите работници, за сите синдикати и за нив како организација, која пред неколку месеци го оспори ова пред Уставен суд.

Оттука упатуваме голема загриженост за состојбата со човековите права, со почитувањето на законите, злоупотреби со европско знаменце за неевропски закон. Но, и очекуваме дека претседателот на државата, Стево Пендаровски денешните изгласани закони, вклучително и измената во Законот за работни односи нема да бидат потпишани од негова страна, подвлекува Ампева во соопштението.

The post Ова е само еден грозен почеток на злоупотреба на работничките права, враќање во феудализам appeared first on Република.

]]>

Работното време на коридорите 8 и 10д кое „Гласен Текстилец“ пред само неколку месеца го оспори пред Уставен суд, а тој суд го оцени како неуставно законско решение, денеска беше донесено со европско знаменце од страна на владината коалиција, се вели во писмената реакција од Кристина Ампева од Здружението „Гласен Текстилец“. Посочува дека ова е уште еден пример на злоупотреба на европското знаменце, кршење на конвенциите на Меѓународната организација на трудот.
Ова е враќање во феудалистичко општество и експлоатација на градежните работници. Ова е само еден грозен почеток на злоупотреба на работничките права, со наводно стратешки проект и дозвола за прекувремена незаконска работа, кој почеток понатаму ќе се користи и за останати дејности да бидат квалификувани како стратешки дејности, проекти, интереси, под влијание на разни структури, крупниот капитал, олигарсите, вели Ампева.
Забележува дека ова е пораз за сите работници, за сите синдикати и за нив како организација, која пред неколку месеци го оспори ова пред Уставен суд.
Оттука упатуваме голема загриженост за состојбата со човековите права, со почитувањето на законите, злоупотреби со европско знаменце за неевропски закон. Но, и очекуваме дека претседателот на државата, Стево Пендаровски денешните изгласани закони, вклучително и измената во Законот за работни односи нема да бидат потпишани од негова страна, подвлекува Ампева во соопштението.

The post Ова е само еден грозен почеток на злоупотреба на работничките права, враќање во феудализам appeared first on Република.

]]>
Пренџов: СДСМ не може да ги спроведе сопствените идеолошки постулати и тоа се гледа преку првиот закон, а тоа е законот за работни односи, толку е немоќна партијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prendhov-sdsm-ne-mozhe-da-gi-sprovede-sopstvenite-ideoloshki-postulati-i-toa-se-gleda-preku-prviot-zakon-a-toa-e-zakonot-za-rabotni-odnosi-tolku-e-nemokna-partijata/ Fri, 19 May 2023 18:13:32 +0000 https://republika.mk/?p=642788

„Прво, проектот „Бехтел и Енка“ се тера со европско знаменце. Се турка со европско знаменце каде што опозицијата согласно Деловник, закон и Устав нема можност да стопира повеќе од определен број на денови согласно Деловникот. Впрочем за тоа ќе видите што ќе пишува во извештајот за жал за сите нас во Република Македонија од страна на Комисијата од Брисел. Второ, за европските знаменца на законските решенија имаме изјава од страна на евроамбасадорот во државата и потоа имаме исто така и изјава на официјалниот портпарол на ЕК од Брисел дека ова што се прави и ваквите законски решенија кои што влегуваат во Собранието не се согласно европските стандарди“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Пренџов додаде како опозиција жестоко реагираат. Реагираат за да се подобрат работите. Зошто? Затоа што коридорите и патиштата нема СДСМ да ги реализира, СДСМ оди во опозиција.

Во текот на вчерашниот ден на дебатата токму законот за градба, излегоа на говорница двајца поранешни министри за транспорт и врски, ако некој во држава е најзапознаен со начините за градење тоа е министерот за транспорт и врски, господинот Балковски и господинот Владо Мисајловски, рече Пренџов.

Тој посочи дека најголемиот проект во патната инфраструктура наместо министер за транспорт и врски, Бочварски, го води вицепремиерот задолжен за ништо и невладини организации, Артан Груби.

Тука гледате која е подреденоста во Владата и колку СДСМ е немоќен. СДСМ не може да ги спроведе сопствените идеолошки постулати и тоа се гледа преку првиот закон, а тоа е законот за работни односи. Каде што Социјалдемократската Влада донесуваат закон со кој што работниците ќе можат да работат 60 + работни часови неделно, укажа тој.

Тој дури појасни дека сестринските партии на СДСМ од 40 часовно работно време го намалуваат за граѓаните, само СДСМ го продолжува 60+.

The post Пренџов: СДСМ не може да ги спроведе сопствените идеолошки постулати и тоа се гледа преку првиот закон, а тоа е законот за работни односи, толку е немоќна партијата appeared first on Република.

]]>

„Прво, проектот „Бехтел и Енка“ се тера со европско знаменце. Се турка со европско знаменце каде што опозицијата согласно Деловник, закон и Устав нема можност да стопира повеќе од определен број на денови согласно Деловникот. Впрочем за тоа ќе видите што ќе пишува во извештајот за жал за сите нас во Република Македонија од страна на Комисијата од Брисел. Второ, за европските знаменца на законските решенија имаме изјава од страна на евроамбасадорот во државата и потоа имаме исто така и изјава на официјалниот портпарол на ЕК од Брисел дека ова што се прави и ваквите законски решенија кои што влегуваат во Собранието не се согласно европските стандарди“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. Пренџов додаде како опозиција жестоко реагираат. Реагираат за да се подобрат работите. Зошто? Затоа што коридорите и патиштата нема СДСМ да ги реализира, СДСМ оди во опозиција.
Во текот на вчерашниот ден на дебатата токму законот за градба, излегоа на говорница двајца поранешни министри за транспорт и врски, ако некој во држава е најзапознаен со начините за градење тоа е министерот за транспорт и врски, господинот Балковски и господинот Владо Мисајловски, рече Пренџов.
Тој посочи дека најголемиот проект во патната инфраструктура наместо министер за транспорт и врски, Бочварски, го води вицепремиерот задолжен за ништо и невладини организации, Артан Груби.
Тука гледате која е подреденоста во Владата и колку СДСМ е немоќен. СДСМ не може да ги спроведе сопствените идеолошки постулати и тоа се гледа преку првиот закон, а тоа е законот за работни односи. Каде што Социјалдемократската Влада донесуваат закон со кој што работниците ќе можат да работат 60 + работни часови неделно, укажа тој.
Тој дури појасни дека сестринските партии на СДСМ од 40 часовно работно време го намалуваат за граѓаните, само СДСМ го продолжува 60+.

The post Пренџов: СДСМ не може да ги спроведе сопствените идеолошки постулати и тоа се гледа преку првиот закон, а тоа е законот за работни односи, толку е немоќна партијата appeared first on Република.

]]>
Експресно: 60 часовната работна недела денеска пред пратениците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ekspresno-60-chasovnata-rabotna-nedela-deneska-pred-pratenitsite/ Tue, 16 May 2023 07:25:39 +0000 https://republika.mk/?p=641208

Законот за работни односи за изградба на коридорите од „Бехтел и Енка“ денеска ќе се најде пред пратениците на седница. Пријавени се пратеници од опозицијата а расправата може да трае најмногу три дена.

Главната забелешка за овие измени е 60 часовната работна недела за работниците кои ќе работат на коридорите.

Денеска во Комисијата за Европски прашања почнува и дводневната расправа за Законот за урбанистичко планирање.

The post Експресно: 60 часовната работна недела денеска пред пратениците appeared first on Република.

]]>

Законот за работни односи за изградба на коридорите од „Бехтел и Енка“ денеска ќе се најде пред пратениците на седница. Пријавени се пратеници од опозицијата а расправата може да трае најмногу три дена. Главната забелешка за овие измени е 60 часовната работна недела за работниците кои ќе работат на коридорите. Денеска во Комисијата за Европски прашања почнува и дводневната расправа за Законот за урбанистичко планирање.

The post Експресно: 60 часовната работна недела денеска пред пратениците appeared first on Република.

]]>
Стојаноска: Предлог-измените на Законот за работни односи се противуставни и против сите европски декларации за труд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoska-predlog-izmenite-na-zakonot-za-rabotni-odnosi-se-protivustavni-i-protiv-site-evropski-deklaratsii-za-trud/ Thu, 11 May 2023 10:10:06 +0000 https://republika.mk/?p=639642

Таканаречениот европски фронт на власта започнува процес, со кој на македонските работници ќе им овозможи работа од утро до мрак, обвини денеска, Дафина Стојаноска, заменик-координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Целата македонска јавност вчера беше сведок, како власта, по експресно брза постапка, вчера ја свика и ја започна Комисијата заевропски прашања, со 8 точки на дневен ред, кои се во врска со договорот Бехтел и Енка. Денес треба да продолжи и веќе започна оваа 54-та седница, на која прва точка на дневен ред е ПЗ за ИД на Законот за работни односи. Се работи за дискриминирачки и неевропски Предлог на Закон, кој што, како што веќе напоменав, ќе овозможи работниците да работат од утро до мрак. Присилната работа, наместо да се санкционира, со овој закон се става во законска рамка - истакна Стојаноска.

Овој закон е противуставен, против сите конвенции за работно време и против сите европски декларации за труд.

Таа додаде дека истиов овој Закон беше поднесен од колеги од мнозинството за минатата седница, истите го изгласаа, па истиот го повлекоа, за да сега дојде со злоупотреба на европско знаме и со предлагач - криминалната влада на СДСМ и ДУИ.

Во ова Собрание дефинитивно се’ е можно и, кога ќе не повикуваат да учествуваме во процесот Жан Моне кој е за доуредување на Деловникот за работа на Собранието, јавно прашуваме дали и колку ова повеќе има смисла?Имено, со предложен член во законот, се предвидува подолго работно време од плус 8 часа неделно и плус 190 часа годишно, без притоа да се ограничи прекувремената работа и, ако се земат предвид одредбите од член 134 – за „неделен одмор“ од 24 часа и од член 133 - за „дневен одмор“ од 12 часа, ќе се увиди дека со ваквото законско решение се овозможува 72-часовна работна недела.
Сите синдикати на работниците станати се на нозе и се против ова законско решение кое ќе значи апсолутна злоупотреба на македонскиот работник.
Ова не се европски вредности! - обвини Стојаноска.

Ова го кажа и Европската комисија, но власта игнорира и постапува по свое убедување, односно дадено ветување, без согласност на македонските граѓани.

Порачуваме дека, ако денес во Македонија немаме институции кои на ова треба да реагираат и да постапат, доаѓа време кога тоа ќе се случи и сите овие злоупотреби и противуставни постапки ќе бидат санкционирани и соодветно казнети. Одговорноста конечно и еднаш засекогаш мора да почне - рече таа на крајот.

The post Стојаноска: Предлог-измените на Законот за работни односи се противуставни и против сите европски декларации за труд appeared first on Република.

]]>

Таканаречениот европски фронт на власта започнува процес, со кој на македонските работници ќе им овозможи работа од утро до мрак, обвини денеска, Дафина Стојаноска, заменик-координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Целата македонска јавност вчера беше сведок, како власта, по експресно брза постапка, вчера ја свика и ја започна Комисијата заевропски прашања, со 8 точки на дневен ред, кои се во врска со договорот Бехтел и Енка. Денес треба да продолжи и веќе започна оваа 54-та седница, на која прва точка на дневен ред е ПЗ за ИД на Законот за работни односи. Се работи за дискриминирачки и неевропски Предлог на Закон, кој што, како што веќе напоменав, ќе овозможи работниците да работат од утро до мрак. Присилната работа, наместо да се санкционира, со овој закон се става во законска рамка - истакна Стојаноска.
Овој закон е противуставен, против сите конвенции за работно време и против сите европски декларации за труд. Таа додаде дека истиов овој Закон беше поднесен од колеги од мнозинството за минатата седница, истите го изгласаа, па истиот го повлекоа, за да сега дојде со злоупотреба на европско знаме и со предлагач - криминалната влада на СДСМ и ДУИ.
Во ова Собрание дефинитивно се’ е можно и, кога ќе не повикуваат да учествуваме во процесот Жан Моне кој е за доуредување на Деловникот за работа на Собранието, јавно прашуваме дали и колку ова повеќе има смисла?Имено, со предложен член во законот, се предвидува подолго работно време од плус 8 часа неделно и плус 190 часа годишно, без притоа да се ограничи прекувремената работа и, ако се земат предвид одредбите од член 134 – за „неделен одмор“ од 24 часа и од член 133 - за „дневен одмор“ од 12 часа, ќе се увиди дека со ваквото законско решение се овозможува 72-часовна работна недела. Сите синдикати на работниците станати се на нозе и се против ова законско решение кое ќе значи апсолутна злоупотреба на македонскиот работник. Ова не се европски вредности! - обвини Стојаноска.
Ова го кажа и Европската комисија, но власта игнорира и постапува по свое убедување, односно дадено ветување, без согласност на македонските граѓани.
Порачуваме дека, ако денес во Македонија немаме институции кои на ова треба да реагираат и да постапат, доаѓа време кога тоа ќе се случи и сите овие злоупотреби и противуставни постапки ќе бидат санкционирани и соодветно казнети. Одговорноста конечно и еднаш засекогаш мора да почне - рече таа на крајот.

The post Стојаноска: Предлог-измените на Законот за работни односи се противуставни и против сите европски декларации за труд appeared first on Република.

]]>
Ковачевски уверува: 60-часовната работна недела ќе ја зголеми продуктивноста, а и нема да доаѓаат работници од странство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-uveruva-60-chasovnata-rabotna-nedela-ke-ja-zgolemi-produktivnosta-a-i-nema-da-doagaat-rabotnitsi-od-stranstvo/ Tue, 18 Apr 2023 13:58:44 +0000 https://republika.mk/?p=631760

Според премиерот Димитар Ковачевски 60-часовната работна недела ќе ја зголеми продуктивноста на градежните работници.

Досега во градежниот сектор многу компании имаат побарано слични измени и до Владата со оглед на тоа дека самиот сектор подлежи на сезонски варијации кои зависат од времето. Тоа се побудите со кои сакаме да направиме законски измени со кои подобро ќе се искористат ресурсите и второ се забрзува работата и се зголемува продуктивноста на овие работници. Доколку бидат донесени овие законски измени, ќе може да се ангажираат помал број работници и да се работат повеќе часови, па поголем дел од финансиските средства ќе останат во државата. Без законски измени ќе дојдат повеќе работници од странство. Сите работници ќе имаат право да дадат согласност за 60 часа работа неделно и секој час би бил платен, рече Ковачевски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања.

The post Ковачевски уверува: 60-часовната работна недела ќе ја зголеми продуктивноста, а и нема да доаѓаат работници од странство appeared first on Република.

Никој не ве тера со сила, ако нема работници што ќе работат 60 часа неделно ќе увеземе со странство, порача Груби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoj-ne-ve-tera-so-sila-ako-nema-rabotnitsi-shto-ke-rabotat-60-chasa-nedelno-ke-uvezeme-so-stranstvo-poracha-grubi/ Wed, 12 Apr 2023 10:55:43 +0000 https://republika.mk/?p=630121

Објаснувајќи ги измените на Законот за работни односи на новинарски брифинг за контроверзниот договор кој Владата го постигна со „Бехтел и Енка“, пвиот вицепремиерот Артан Груби убедуваше дека е неопходно да се донесат законските измени со цел коридорите да бидат изградени и поевтино и побрзо.

Ние сакаме проектот да чини поевтино и да се изгради побрзо. Во спротивно ќе чини и повеќе и ќе се гради повеќе време, вели Груби.

На прашањето како според новиот закон работниците ќе работат 60 часови кога тоа е противуставно Груби вели дека секаде има заклучоци.

Ако нема доволно работна сила ќе се увезува од странство. Никој не ги тера со сила, предупреди Груби.

Претходно Груби потврди дека јавноста нема да го види договорот, за кој протекоа скандалозни детали, бидејќи е „класифициран и во него има деловни тајни“

https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-javnosta-nema-da-go-vidi-dogovorot-so-bektel-i-enka-bidejki-e-klasifitsiran/

The post Никој не ве тера со сила, ако нема работници што ќе работат 60 часа неделно ќе увеземе со странство, порача Груби appeared first on Република.

]]>

Објаснувајќи ги измените на Законот за работни односи на новинарски брифинг за контроверзниот договор кој Владата го постигна со „Бехтел и Енка“, пвиот вицепремиерот Артан Груби убедуваше дека е неопходно да се донесат законските измени со цел коридорите да бидат изградени и поевтино и побрзо.
Ние сакаме проектот да чини поевтино и да се изгради побрзо. Во спротивно ќе чини и повеќе и ќе се гради повеќе време, вели Груби.
На прашањето како според новиот закон работниците ќе работат 60 часови кога тоа е противуставно Груби вели дека секаде има заклучоци.
Ако нема доволно работна сила ќе се увезува од странство. Никој не ги тера со сила, предупреди Груби.
Претходно Груби потврди дека јавноста нема да го види договорот, за кој протекоа скандалозни детали, бидејќи е „класифициран и во него има деловни тајни“ https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-javnosta-nema-da-go-vidi-dogovorot-so-bektel-i-enka-bidejki-e-klasifitsiran/

The post Никој не ве тера со сила, ако нема работници што ќе работат 60 часа неделно ќе увеземе со странство, порача Груби appeared first on Република.

]]>
Бочварски се сретна со ССМ, ги кажал плановите за измените на Законот за работни односи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bochvarski-se-sretna-so-ssm-gi-kazhal-planovite-za-izmenite-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/ Wed, 12 Apr 2023 10:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=630107

Mинистерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во просториите на Министерството за транспорт и врски оствари работна средба со претставниците на Сојуз на синдикати на Македонија и претставници од Здруженито на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите.

На средбата се разговарало за пакетот законски измени кои се опфатени за изградба на Коридорите 8 и 10-Д, посебно во делот на надлежностите на Министерството за транспорт и врски, односно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.

Како што соопштија од Министерството за транспорт и врски, Бочварски го потенцирал проектот за доизградба на Коридорот 8 и Коридорот 10-Д како „најзначаен инфраструктурен капитален проект со стратешко значење, на кој се посветува огромно внимание и посочи дека претставува огромна можност домашната градежната оператива да биде вклучена во неговата реализација“.

Министерот побара целосна поддршка од градежните комори се со цел брза, навремена и ефикасна изградба на автопатските делници на споменатите коридори, се наведува во соопштението.

Од Здружение на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите истакнале дека „ги препознаваат предностите на измените на Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, како и Законот за експропријација, со можност постапките да се применуваат и врз другите капитални проекти“.

На средбата се отворило и прашањето за Законот за работни односи и неговата примена во проектот за изградба на автопатските делници на Коридорите 8 и 10, при што се разгледале неколку опции и Министерството и ССМ се согласиле на нова средба со конкретни предлози по празниците.

The post Бочварски се сретна со ССМ, ги кажал плановите за измените на Законот за работни односи appeared first on Република.

]]>

Mинистерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во просториите на Министерството за транспорт и врски оствари работна средба со претставниците на Сојуз на синдикати на Македонија и претставници од Здруженито на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите. На средбата се разговарало за пакетот законски измени кои се опфатени за изградба на Коридорите 8 и 10-Д, посебно во делот на надлежностите на Министерството за транспорт и врски, односно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање. Како што соопштија од Министерството за транспорт и врски, Бочварски го потенцирал проектот за доизградба на Коридорот 8 и Коридорот 10-Д како „најзначаен инфраструктурен капитален проект со стратешко значење, на кој се посветува огромно внимание и посочи дека претставува огромна можност домашната градежната оператива да биде вклучена во неговата реализација“.
Министерот побара целосна поддршка од градежните комори се со цел брза, навремена и ефикасна изградба на автопатските делници на споменатите коридори, се наведува во соопштението.
Од Здружение на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите истакнале дека „ги препознаваат предностите на измените на Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, како и Законот за експропријација, со можност постапките да се применуваат и врз другите капитални проекти“. На средбата се отворило и прашањето за Законот за работни односи и неговата примена во проектот за изградба на автопатските делници на Коридорите 8 и 10, при што се разгледале неколку опции и Министерството и ССМ се согласиле на нова средба со конкретни предлози по празниците.

The post Бочварски се сретна со ССМ, ги кажал плановите за измените на Законот за работни односи appeared first on Република.

]]>
Груби и Ковачевски се обврзале да го изменат законот за работни односи, во спротивно ќе им исплаќаат пенали на Бехтел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-i-kovachevski-se-obvrzale-da-go-izmenat-zakonot-za-rabotni-odnosi-vo-sprotivno-ke-im-isplakaat-penali-na-behtel/ Mon, 10 Apr 2023 19:43:52 +0000 https://republika.mk/?p=629598

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ексклузивно во гостување во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител откри дел од договорот кој што Димитар Ковачевски и Артан Груби го потпишале со Бехтел, укажувајќи дека доколку законски не се измени работното време односно од 40 часа неделно не се зголеми на 60 часа, тогаш државата ќе плаќа пенали од три вида кон Бехтел, еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра.

Еве да дадам еден пример, и ова ексклузивно ќе оди за јавноста. Многу се зборуваше за зголемувањето на работната недела од 40 на 60 часа. Но што предвидува договорот кој што го има потпишано Артан Груби со Бехтел и Енка, вели: Доколку во рок од 45 дена по потпишување на договорот не се зголеми работната недела, значи владата во име на собранието презела обврска, иако во уставниот поредок е обратно, собранието ја бира владата, во тој случај ќе се плаќаат пенали од три вида, изјави Николоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-potpishala-vladata-53-milioni-evra-kazna-ako-makedonija-ne-obezbedi-60-chasovna-rabotna-nedela-za-behtel/

Прво, еднократно државата ќе исплати на Бехтел 53 милиони евра пенали, потоа секој месец ќе доплаќа по 1 милион и 265 илјади евра на постојните трошоци кои што треба да се платат во договорот, или вкупно месечно 4 милиони и 185 илјади евра и трето на ова дополнително уште 900 илјади евра секој месец. Значи еднократно 53 милиони евра, и секој месец за промена на работното време од 40 на 60 часа. Значи доколку не се зголеми работното време од 40 на 60 часа неделно, Македонија ќе треба да плати еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра пенали. Или еднократно 53 милиони евра и секој месец по 2 милиони 165 илјади евра во време траење на договорот, а договорот е дека автопатите треба да се завршат за 5 години.

Николовски додаде дека владата се обврзала дека на секоја делница ќе дава по 6 месеци рок на изведба, укажувајќи дека доколку има 5 делници ќе бидат потребни 7 и пол години.

И второ доколку ова не помине, се обврзале дека на секоја делница ќе даваат по дополнителни 6 месеци рок на изведба. Така што тие 5 години кои што беа споменувани дека ќе се завршат доколку има 5 делници тоа значи дека ќе бидат 7 и пол години., објасни Николоски.

Потпретседателот Николоски ги повика Груби и Ковачевски да одговорат дали ова е точно, бидејќи не го објавуваат договорот кој што го склучиле и потпишале.

Ова го споделувам вечерва, па нека одговорат дали е точно или не е точно, затоа што не го објавуваат договорот кој што го склучија и потпишаа, ги повика Николоски.

The post Груби и Ковачевски се обврзале да го изменат законот за работни односи, во спротивно ќе им исплаќаат пенали на Бехтел appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ексклузивно во гостување во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител откри дел од договорот кој што Димитар Ковачевски и Артан Груби го потпишале со Бехтел, укажувајќи дека доколку законски не се измени работното време односно од 40 часа неделно не се зголеми на 60 часа, тогаш државата ќе плаќа пенали од три вида кон Бехтел, еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра.
Еве да дадам еден пример, и ова ексклузивно ќе оди за јавноста. Многу се зборуваше за зголемувањето на работната недела од 40 на 60 часа. Но што предвидува договорот кој што го има потпишано Артан Груби со Бехтел и Енка, вели: Доколку во рок од 45 дена по потпишување на договорот не се зголеми работната недела, значи владата во име на собранието презела обврска, иако во уставниот поредок е обратно, собранието ја бира владата, во тој случај ќе се плаќаат пенали од три вида, изјави Николоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-potpishala-vladata-53-milioni-evra-kazna-ako-makedonija-ne-obezbedi-60-chasovna-rabotna-nedela-za-behtel/
Прво, еднократно државата ќе исплати на Бехтел 53 милиони евра пенали, потоа секој месец ќе доплаќа по 1 милион и 265 илјади евра на постојните трошоци кои што треба да се платат во договорот, или вкупно месечно 4 милиони и 185 илјади евра и трето на ова дополнително уште 900 илјади евра секој месец. Значи еднократно 53 милиони евра, и секој месец за промена на работното време од 40 на 60 часа. Значи доколку не се зголеми работното време од 40 на 60 часа неделно, Македонија ќе треба да плати еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра пенали. Или еднократно 53 милиони евра и секој месец по 2 милиони 165 илјади евра во време траење на договорот, а договорот е дека автопатите треба да се завршат за 5 години.
Николовски додаде дека владата се обврзала дека на секоја делница ќе дава по 6 месеци рок на изведба, укажувајќи дека доколку има 5 делници ќе бидат потребни 7 и пол години. И второ доколку ова не помине, се обврзале дека на секоја делница ќе даваат по дополнителни 6 месеци рок на изведба. Така што тие 5 години кои што беа споменувани дека ќе се завршат доколку има 5 делници тоа значи дека ќе бидат 7 и пол години., објасни Николоски. Потпретседателот Николоски ги повика Груби и Ковачевски да одговорат дали ова е точно, бидејќи не го објавуваат договорот кој што го склучиле и потпишале.
Ова го споделувам вечерва, па нека одговорат дали е точно или не е точно, затоа што не го објавуваат договорот кој што го склучија и потпишаа, ги повика Николоски.

The post Груби и Ковачевски се обврзале да го изменат законот за работни односи, во спротивно ќе им исплаќаат пенали на Бехтел appeared first on Република.

]]>
ССК: Предлог-законот за работни односи е конфузен, неразбирлив и неприменлив https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssk-predlog-zakonot-za-rabotni-odnosi-e-konfuzen-nerazbirliv-i-neprimenliv/ Fri, 24 Feb 2023 10:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=612682

Потребата од комплетно нов закон за работни односи е одамна утврдена, но измените кои се прават мора да се одраз на современите трендови на пазарот на трудот и динамичните односи меѓу работната сила и работодавачите, истакнува Сојузот на стопански комори на Македонија.

За да има задоволни работници потребно е да постојат здрави компании кои ќе работат во економско и деловно опкружување каде ќе има рамноправни услови за сите деловни субјекти. Предлог текстот на новиот закон за работни односи во ваква форма во која е даден е конфузен, неразбирлив и неприменлив, посебно во делот на уредување на договорите. Сојузот истакнува мислење дека не треба да има ограничување на број на анекси и скратување на времето на договор на определено време. Се соочуваме со недостаток на квалификувана работна сила која е многу мобилна и со наметнување на потешки правила, само го комплицира функционирањето на компаниите, реагираат од ССК.

Како спорни во предложеното решение ги наоѓаат и членовите од законот, каде се бара 100 процентно покривање на платата и во услови кога правното лице не работи, што, според ССК, преставува нелогично и тешко остварливо решение и може негативно да се одрази на понатамошно продолжување со работа. Исто така, додаваат, сè уште не се дефинирани условите и начинот за тоа, кој ќе ги сноси трошоците за дополнително родителско отсуство.

Сојузот на оваа тема оствари комуникација и со синдикатите при што се доаѓа до заклучок дека од текстот на новиот закон кој е на јавна расправа не се задоволни ниту работодавачите ниту синдикатите. Основата е на база на стари услови, а врз база на истите се вметнуваат промени кои не може да ги отсликаат современите трендови на работење и на овој начин не се постигнува она кое треба да биде темел на работењето на секоја компанија. Предложениот текст на законот има потреба од значајна доработка за да биде применлив во ново создадените услови за работа, а во текот на транспарентниот процес на јавни расправи има предлози кои даваат значаен инпут во позитивна насока. Исто така ја акцентираме и потребата паралелно со овој процес да се преземат и сериозни дејствија за намалување на сивата економија и за создавање на услови за здраво, предвидливо работење и инвестирање во инфраструкурата и капиталните позиции, реагираат од Сојузот.

The post ССК: Предлог-законот за работни односи е конфузен, неразбирлив и неприменлив appeared first on Република.

Пренџов: Бадијала фрлаа и кршеа, во Собранието нема место за неуставни закони https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prendzov-badijala-frlaa-i-krshea-vo-sobranieto-nema-mesto-za-neustavni-zakoni/ Thu, 30 Jun 2022 05:58:30 +0000 https://republika.mk/?p=521348

Пратеникот Љупчо Пренџов ја коментира вчерашната собраниска седница, на која не успеа да се донест измените на Законот за работни односи.

Пред да ја затвори седницата, за збор кај Џафери се пријавија 40 пратеници. Практично, сите пратеници од опозицијата во Парламентот, заедно со Алијанса за Албанците. Со правото на 4 реплики, тоа би фатило период од неколки дена, а веќе за утре на дневен ред е интерпелацијата на Џафери, а задутре е први јули, кога околу 60 судии и 13 обвинители ќе се пензионираат со 64, односно 62 години, по актуелниот закон.

Според образложението на предлог-измените на Законот за работните односи, чиј предлагач е Министерството за труд и социјална политика, продолжувањето на работниот век на 60 судии и 13 обвинители до 67 години старост е од суштински јавен интерес и ќе овозможи моментално непречено извршување на судската власт како есенција на владеењето на правото.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ НИкола Мицевски обвини дека власта и претседателот на Собранието Џафери прават ново насилие во Собранието, и праша зошто им се брза со законот и укажа дека ова законско решение се носи да се продолжи мандатот на петнаесетина судии и десетина обвинители.

Пратеникот Димитар Апасиев рече дека Левица ќе гласа против овој закон, бидејќи е „контроверзен закон кој се обидува да се донесе на шверцерски и на силеџиски начин“.

„Судиите со нивниот траен мандат се покажаа како рак рана на ова општество и ни треба драстичен ресет на судството по југословенски критериум, а тоа значи дека судиите не треба да имаат траен мандат и затоа треба да се смени Уставот за тоа да го смениме. Откако ќе се изгласа овој закон ќе може да го оспориме на Уставен суд, а сите овие преседани еден ден ќе ви се удрат од глава“, рече Апасиев.

„Само вие ги знаете причините зошто брзате да ги испратите во пензија овие судии и обвинители. Ние сакаме да им го продолжиме мандатот не за нас, туку за граѓаните. А вие си знаете зошто сакате да го спречите тоа. Се жалите сте биле уморни по целодневна расправа за пратенички прашања. Еве тука ја прекинувам оваа седница, за нејзиното продолжение дополнително ќе бидете известени“, рече Џафери и ја прекина седницата.

The post Пренџов: Бадијала фрлаа и кршеа, во Собранието нема место за неуставни закони appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Љупчо Пренџов ја коментира вчерашната собраниска седница, на која не успеа да се донест измените на Законот за работни односи. Пред да ја затвори седницата, за збор кај Џафери се пријавија 40 пратеници. Практично, сите пратеници од опозицијата во Парламентот, заедно со Алијанса за Албанците. Со правото на 4 реплики, тоа би фатило период од неколки дена, а веќе за утре на дневен ред е интерпелацијата на Џафери, а задутре е први јули, кога околу 60 судии и 13 обвинители ќе се пензионираат со 64, односно 62 години, по актуелниот закон. Според образложението на предлог-измените на Законот за работните односи, чиј предлагач е Министерството за труд и социјална политика, продолжувањето на работниот век на 60 судии и 13 обвинители до 67 години старост е од суштински јавен интерес и ќе овозможи моментално непречено извршување на судската власт како есенција на владеењето на правото. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ НИкола Мицевски обвини дека власта и претседателот на Собранието Џафери прават ново насилие во Собранието, и праша зошто им се брза со законот и укажа дека ова законско решение се носи да се продолжи мандатот на петнаесетина судии и десетина обвинители. Пратеникот Димитар Апасиев рече дека Левица ќе гласа против овој закон, бидејќи е „контроверзен закон кој се обидува да се донесе на шверцерски и на силеџиски начин“. „Судиите со нивниот траен мандат се покажаа како рак рана на ова општество и ни треба драстичен ресет на судството по југословенски критериум, а тоа значи дека судиите не треба да имаат траен мандат и затоа треба да се смени Уставот за тоа да го смениме. Откако ќе се изгласа овој закон ќе може да го оспориме на Уставен суд, а сите овие преседани еден ден ќе ви се удрат од глава“, рече Апасиев. „Само вие ги знаете причините зошто брзате да ги испратите во пензија овие судии и обвинители. Ние сакаме да им го продолжиме мандатот не за нас, туку за граѓаните. А вие си знаете зошто сакате да го спречите тоа. Се жалите сте биле уморни по целодневна расправа за пратенички прашања. Еве тука ја прекинувам оваа седница, за нејзиното продолжение дополнително ќе бидете известени“, рече Џафери и ја прекина седницата.

The post Пренџов: Бадијала фрлаа и кршеа, во Собранието нема место за неуставни закони appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Измените за судиите и јавните обвинители да се тргнати од Предлог-законот за работни односи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-izmenite-za-sudiite-i-javnite-obviniteli-da-se-trgnati-od-predlog-zakonot-za-rabotni-odnosi/ Tue, 31 May 2022 10:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=509184

На дневниот ред на Комисијата за труд и социјална политика денеска е Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, поднесен од група пратеници од парламентарното мнозинство. Се работи за низа измени кои според пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се крајно проблематични и дискриминаторски.

Дајанчо Ефтимов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ повика измените за судиите и јавните обвинители да бидат тргнати од дополнување на Законот за работни односи. Тој истакна дека со измените се предвидува на судиите и јавните обвинители да им се овозможи работниот однос, односно мандатот да може да се продолжи од страна на Судскиот совети и Советот на јавни обвинители и после 64 години за мажи и 62 години за жени, до наполнување на 67 години возраст на судијата или јавниот обвинител.

Со овие измени се отвора можност за класификација на судиите и јавните обвинители на подобни и неподобни, послушни и непослушни како и можност за уште поголема и подлабока партизација на судството во Република Македонија. Како дополнителен податок, според стандардите на Европската Унија, бројот на судии во однос на бројот на население во Македонија е голем. Дополнително, сите овие измени за судиите и јавните обвинители во овој закон, СДСМ се обидува да ги протне во сенка на измените кои се однесуваат на „недела неработен“ ден кои се дел од истиов предлог закон и каде се направени измени кои што ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ посочувавме уште кога се носеше законот.
Овие позадински игри на СДСМ и ДУИ не се првпат и во овој случај кога функционира активната блокада од ВМРО-ДПМНЕ, измените кои се однесуваат за судиите и јавните обвинители се обидуваат да ги протнат преку измените за „недела неработен ден“, појасни Ефтимов.

Пратеникот потсети дека најавиле дека сите законски решенија кои што се штетни за граѓаните и државата ќе бидат блокирани од нивна страна и дека е таков и случајот со овој закон.

Бараме, измените кои се однесуваат за судиите и јавните обвинители да бидат тргнати од овој предлог закон, со што ние како пратеничка група ќе дадеме допринес за измените кои се однесуваат за „недела неработен ден“, додаде Ефтимов.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Измените за судиите и јавните обвинители да се тргнати од Предлог-законот за работни односи appeared first on Република.

]]>

На дневниот ред на Комисијата за труд и социјална политика денеска е Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, поднесен од група пратеници од парламентарното мнозинство. Се работи за низа измени кои според пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се крајно проблематични и дискриминаторски. Дајанчо Ефтимов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ повика измените за судиите и јавните обвинители да бидат тргнати од дополнување на Законот за работни односи. Тој истакна дека со измените се предвидува на судиите и јавните обвинители да им се овозможи работниот однос, односно мандатот да може да се продолжи од страна на Судскиот совети и Советот на јавни обвинители и после 64 години за мажи и 62 години за жени, до наполнување на 67 години возраст на судијата или јавниот обвинител.
Со овие измени се отвора можност за класификација на судиите и јавните обвинители на подобни и неподобни, послушни и непослушни како и можност за уште поголема и подлабока партизација на судството во Република Македонија. Како дополнителен податок, според стандардите на Европската Унија, бројот на судии во однос на бројот на население во Македонија е голем. Дополнително, сите овие измени за судиите и јавните обвинители во овој закон, СДСМ се обидува да ги протне во сенка на измените кои се однесуваат на „недела неработен“ ден кои се дел од истиов предлог закон и каде се направени измени кои што ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ посочувавме уште кога се носеше законот. Овие позадински игри на СДСМ и ДУИ не се првпат и во овој случај кога функционира активната блокада од ВМРО-ДПМНЕ, измените кои се однесуваат за судиите и јавните обвинители се обидуваат да ги протнат преку измените за „недела неработен ден“, појасни Ефтимов.