Закон за помилување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-pomiluvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 18:48:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Закон за помилување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-pomiluvanje/ 32 32 Дали ќе ја отповика одлуката? Претседателката Сиљановска ја свика Комисијата за помилување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-ke-ja-otpovika-odlukata-pretsedatelkata-silanovska-ja-svika-komisijata-za-pomiluvane/ Thu, 24 Oct 2024 15:56:56 +0000 https://republika.mk/?p=830652

Комисијата за помилување составена од шест членови попладнево се состанува со претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во „Вила Водно“. Оваа средба следи по жестоките реакции во јавноста околу неколку имиња кои се најдоа на листата на помилувани по повод празникот „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, дознава Гласот на Америка на македонски јазик.

Акиф Равмановски еден од водачите на криминалната група „Барон“ од скопски Чаир после еден ден откако беше помилуван повторно се најде зад решетки.

Тој денес беше пуштен од затворот „Идризово“ каде издржуваше казна од 1 година и три месеци заради нелегално поседување на оружје бидејќи беше помилуван од претседателката Сиљановска – Давкова и казната беше заменета со условна. По пуштањето тој е веднаш уапсен.

Равмановски се сомничи за обид за убиство во инцидент кој се случи пред десетина дена во скопски Чаир каде беше застрелан член на ривалскиот клан од селото Грчец, инаку баран со меѓународна потерница.

The post Дали ќе ја отповика одлуката? Претседателката Сиљановска ја свика Комисијата за помилување appeared first on Република.

]]>

Комисијата за помилување составена од шест членови попладнево се состанува со претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во „Вила Водно“. Оваа средба следи по жестоките реакции во јавноста околу неколку имиња кои се најдоа на листата на помилувани по повод празникот „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, дознава Гласот на Америка на македонски јазик. Акиф Равмановски еден од водачите на криминалната група „Барон“ од скопски Чаир после еден ден откако беше помилуван повторно се најде зад решетки. Тој денес беше пуштен од затворот „Идризово“ каде издржуваше казна од 1 година и три месеци заради нелегално поседување на оружје бидејќи беше помилуван од претседателката Сиљановска – Давкова и казната беше заменета со условна. По пуштањето тој е веднаш уапсен. Равмановски се сомничи за обид за убиство во инцидент кој се случи пред десетина дена во скопски Чаир каде беше застрелан член на ривалскиот клан од селото Грчец, инаку баран со меѓународна потерница.

The post Дали ќе ја отповика одлуката? Претседателката Сиљановска ја свика Комисијата за помилување appeared first on Република.

]]>
Кабинетот на Пендаровски: Се реализира заложбата на претседателот за исклучување на аболицијата од правниот систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kabinetot-na-pendarovski-se-realizira-zalozhbata-na-pretsedatelot-za-iskluchuvane-na-abolitsijata-od-pravniot-sistem/ Wed, 04 Oct 2023 14:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=687926

Во Предлог-законот за помилување се исклучува можноста претседателот на државата да може да помилува лица за кои во тек е истражна или судска постапка.

Во однос на предлог Законот за помилување, во чија изработка беше вклучен и претставникот на претседателот, конечно е вклучена заложбата на претседателот Пендаровски за исклучување на аболицијата во нашиот правен систем, односно да се оневозможи правото на шефот на државата да помилува лица за кои е во тек истражна или судска постапка, а нема правосилна пресуда, велат од Кабинетот на претседателот на државата.

На овој начин, како што се посочува, ќе се овозможи кривичните судови да ја остварат во целост својата основна функција, а таа е во соодветна постапка да ја утврдат вината на обвинетите и да ги осудат виновните сторители на кривични дела.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zakonot-za-amnestija-dostaven-do-sobranieto-spored-premierot-toj-ne-e-praven-za-lichnosti-tuku-za-dela-od-pomal-obem/

Министерството за правда денеска соопшти дека Предлог-законот за помилување е доставен во владина процедура. Оттаму меѓу клучните новини го посочија прашањето за правото на претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење. Ова, како што се наведува, беше едно од најекспонираните прашања за што работната група застана зад решението согласно кое претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица.

The post Кабинетот на Пендаровски: Се реализира заложбата на претседателот за исклучување на аболицијата од правниот систем appeared first on Република.

]]>

Во Предлог-законот за помилување се исклучува можноста претседателот на државата да може да помилува лица за кои во тек е истражна или судска постапка.
Во однос на предлог Законот за помилување, во чија изработка беше вклучен и претставникот на претседателот, конечно е вклучена заложбата на претседателот Пендаровски за исклучување на аболицијата во нашиот правен систем, односно да се оневозможи правото на шефот на државата да помилува лица за кои е во тек истражна или судска постапка, а нема правосилна пресуда, велат од Кабинетот на претседателот на државата.
На овој начин, како што се посочува, ќе се овозможи кривичните судови да ја остварат во целост својата основна функција, а таа е во соодветна постапка да ја утврдат вината на обвинетите и да ги осудат виновните сторители на кривични дела. https://republika.mk/vesti/makedonija/zakonot-za-amnestija-dostaven-do-sobranieto-spored-premierot-toj-ne-e-praven-za-lichnosti-tuku-za-dela-od-pomal-obem/ Министерството за правда денеска соопшти дека Предлог-законот за помилување е доставен во владина процедура. Оттаму меѓу клучните новини го посочија прашањето за правото на претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење. Ова, како што се наведува, беше едно од најекспонираните прашања за што работната група застана зад решението согласно кое претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица.

The post Кабинетот на Пендаровски: Се реализира заложбата на претседателот за исклучување на аболицијата од правниот систем appeared first on Република.

]]>
Претседателот ќе може да помилува само за казна, не и за кривично гонење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-kje-moze-da-pomiluva-samo-za-kazna-ne-i-za-krivichno-gonenje/ Tue, 16 Aug 2022 06:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=540726

Во Министерството за правда во завршна фаза е текстот на новиот закон за помилување, за којшто, како што се најавува, во најскоро време ќе биде подготвена нацрт-верзија. Најзначајната измена што се предвидува е дека Претседателот ќе може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица.

Од Министерството за правда за МИА велат дека причините за донесување на нов закон за помилување произлегуваат, пред се, од недостатоците и правните празнини во постојниот Закон за помилување (“Службен весник на РМ” бр. 20/93, 12/09 и 99/16), од аспект на неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања регулирани со законот и од посоодветно легислативно уредување на материјата. Освен тоа, велат од Министерството, заради неопходноста од итност на постапката со законот се предвидуваат рокови за постапување на учесниците во постапката за помилување, а извршено е и терминолошко усогласување на одделни називи и поими.

-Со предлог законот се уредуваат поимот и видовите помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето. Една од најзначајните измени е дека Претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Втората позначајна новина предвидена во Предлогот на законот е формирањето Комисија во рамките на Министерството за правда која подготвува писмено образложено мислење за молбата кое Министерството за правда заедно со извештајот за молбата ги доставува до Претседателот. Со ова решение се очекува да се надминат досегашните можни ризици поврзани со дискрециските права на министерот за правда, посочуваат од Министерството за правда.

Мошне значајни се, како што посочуваат, и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување.

-Во таа насока, предвидени се кратки рокови за секоја од институциите кои се вклучени во постапката за помилување. Притоа, клучни се и одредбите за прекршочна одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, информираат од Министерството за правда.

Помилувањето како институт е еден од основните уставни надлежности на Претседателот на Република Македонија утврдени со член 84 од Уставот на Република Македонија. Помилувањето е содржано и во членот 114 од Кривичниот законик со кој се уредуваат материјално-правните прашања на помилувањето. Правната рамка која детално ја уредува оваа материја е прв пат воспоставена во 1993 година и досега е изменета и дополнета двапати и тоа во 2009 и 2016 година.

The post Претседателот ќе може да помилува само за казна, не и за кривично гонење appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за правда во завршна фаза е текстот на новиот закон за помилување, за којшто, како што се најавува, во најскоро време ќе биде подготвена нацрт-верзија. Најзначајната измена што се предвидува е дека Претседателот ќе може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Од Министерството за правда за МИА велат дека причините за донесување на нов закон за помилување произлегуваат, пред се, од недостатоците и правните празнини во постојниот Закон за помилување (“Службен весник на РМ” бр. 20/93, 12/09 и 99/16), од аспект на неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања регулирани со законот и од посоодветно легислативно уредување на материјата. Освен тоа, велат од Министерството, заради неопходноста од итност на постапката со законот се предвидуваат рокови за постапување на учесниците во постапката за помилување, а извршено е и терминолошко усогласување на одделни називи и поими.
-Со предлог законот се уредуваат поимот и видовите помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето. Една од најзначајните измени е дека Претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Втората позначајна новина предвидена во Предлогот на законот е формирањето Комисија во рамките на Министерството за правда која подготвува писмено образложено мислење за молбата кое Министерството за правда заедно со извештајот за молбата ги доставува до Претседателот. Со ова решение се очекува да се надминат досегашните можни ризици поврзани со дискрециските права на министерот за правда, посочуваат од Министерството за правда.
Мошне значајни се, како што посочуваат, и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување.
-Во таа насока, предвидени се кратки рокови за секоја од институциите кои се вклучени во постапката за помилување. Притоа, клучни се и одредбите за прекршочна одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, информираат од Министерството за правда.
Помилувањето како институт е еден од основните уставни надлежности на Претседателот на Република Македонија утврдени со член 84 од Уставот на Република Македонија. Помилувањето е содржано и во членот 114 од Кривичниот законик со кој се уредуваат материјално-правните прашања на помилувањето. Правната рамка која детално ја уредува оваа материја е прв пат воспоставена во 1993 година и досега е изменета и дополнета двапати и тоа во 2009 и 2016 година.

The post Претседателот ќе може да помилува само за казна, не и за кривично гонење appeared first on Република.

]]>
Во иднина помилување само за веќе осудени лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-idnina-pomiluvanje-samo-za-vekje-osudeni-lica/ Wed, 04 May 2022 15:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=497558

Во иднина, претседателот на државата нема да може да помилува лица кои се осомничени или обвинети, туку само оние за кои има правосулна судска пресуда дека сториле одредено кривично дело. Ова го најавува министерот за правда, Никола Тупанчевски кој изјави дека е подготвено целосно ново законско решение за да нема различни толкувања за помилувањата, бидјеќи според него тоа го овозможувало актуелното законско решение.

Примената на тој закон навистина покажа дека навистина постојат одредби коишто различно се интерпретираат. Во таа насока, се обидовме и се обидуваме да се сведат на минимум таквите можности за различното толкување на законот, така што дадени се прецизни критериуми се знае точно кои институции до каде се надлежностите и ингеренциите и практично се амолирани сите оние потенцијални можности за злоупотреба на законот за помилување, рече Тупанчевски.

Дел од правната фела стравува дека новото законско решение за помилување може да се злоупотреби за политички цели, а за да се избегне ова, предлагаат во комисиите за помилување да бидат вклучени и судиите.

The post Во иднина помилување само за веќе осудени лица appeared first on Република.

Тупанчевски: Новиот Закон за помилување нема да остава простор за погрешно толкување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tupanchevski-noviot-zakon-za-pomiluvanje-nema-da-ostava-prostor-za-pogreshno-tolkuvanje/ Thu, 17 Feb 2022 20:57:20 +0000 https://republika.mk/?p=460126

„Во моментов се работи на нов Закон за помилување. Овој закон, кој се изработува со експерти, комисии, вклучена е и Управата за извршување на санкции, ќе ги постави маргините и нема да се остави простор за погрешно толкување на некоја одредба“ кажа министерот за правда, Никола Тупанчевски во „Вин-вин“ на Телма.

Тој додаде дека досега сме биле сведоци каде што при помилувањата се правеа одредени злоупотреби и имаше отстапувања од самиот институот помилување.

„Исто така се работи и на нов Кривичен законик, кој меѓу другото, посебен фокус има на конекциите со Европскиот суд за човекови права“ кажа Тупанчевски.

Тој додаде дека Кривичниот законик е донесен одамна, а во меѓувреме има 37-38, како што кажа, крпеници, од кои добар дел се прави инстантно и на дневна основа, со одредени политички цели.

The post Тупанчевски: Новиот Закон за помилување нема да остава простор за погрешно толкување appeared first on Република.