закон за облигациони односи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-obligatsioni-odnosi/ За подобро да се разбереме Mon, 20 May 2024 12:44:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за облигациони односи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-obligatsioni-odnosi/ 32 32 Адвокатска комора: Членот 368 од Законот за облигациони односи е дискриминирачки и спротивен на Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/advokatska-komora-chlenot-368-od-zakonot-za-obligatsioni-odnosi-e-diskriminirachki-i-sprotiven-na-ustavot/ Mon, 20 May 2024 12:44:16 +0000 https://republika.mk/?p=780183

Доколку доверителите поднесат тужби пред судот во Стразбур, според воспоставената практика на судот, извесно е дека ќе се утврди повреда на правата од Европска конвенција за заштита на човековите права и државата ќе биде таа што ќе ги плаќа штетите. Ова значи дека сите граѓани во Република Македонија ќе ги плаќаат долговите на неплаќачите, оценуваат адвокатите

Членот 368 од Законот за облигациони односи е дискриминирачки и спротивен на Уставот. Со наведените измени се наруши правниот ред и поредок, се поттикна финансиска недисциплина, при што должниците се ставија во привилегирана положба, наспроти доверителите, а се наруши и финансиската стабилност на државата. Според Уставот, правото на сопственост е загарантирано право на секој граѓанин и правно лице. Уставот е највисок правен акт во државата, па оттука сите законски, подзаконски акти и други пишани правила треба да бидат во целосна согласност со овој правен акт, објаснуваат од Адвокатската комора на Македонија.

– Искрено се надеваме дека Уставниот суд, со целокупниот свој професионален интегритет и капацитет, внимателно ќе ги разгледа новите иницијативи што се однесуваат на овој член и во скор рок ќе го разреши овој правен проблем, кој во пракса создава низа проблеми, за граѓаните, компаниите и институциите – подвлекуваат адвокатите.

Тие сметаат дека измените на Законот за облигациони односи се спротивни на основните темелни вредности на Уставот и во практиката создаваат низа проблеми. Одредбите од член 368 од ЗОО, по донесените измени, се во директна спротивност со Законот за извршување, според кои, а согласно член 93 и 111, извршителот не може да го запре извршувањето поради апсолутна застареност на извршување.

– Покрај другите проблеми што ги предизвикаа овие законски измени, се појавуваат и низа прашања, како на пример: Што ќе се случува со данокот на додадена вредност и другите даноци што фирмите ги плаќаат однапред, пред да го платат долгот? Ова особено се однесува на данокот на добивка. Како резултат на ваквите законски измени фирмите се доведуваат во ризик и од намалување на ликвидноста. Физичките лица односно граѓаните, кои не можат да ги наплатат своите побарувања, ќе изгубат пари или други добра, што ќе придонесе за зголемување на социјалните случаи – пишува во дописот на АКМ.

Анализите на АКМ покажале дека во Хрватска, БИХ и други земји ги имаат истите одредби како што беа одредбите во земјава пред донесувањето на овие законски одредби. Исто така, комората напоменува дека доколку доверителите поднесат тужби пред судот во Стразбур, според воспоставената практика на судот, извесно е дека ќе се утврди повреда на правата од Европска конвенција за заштита на човековите права и државата ќе биде таа која ќе ги плаќа штетите. Ова значи дека сите граѓани во Република Македонија ќе ги плаќаат долговите на неплаќачите. Исто така, новите законски одредби се спротивни и на меѓународното право, бидејќи постои судска пресуда од Европскиот суд за човекови права, донесена за случајот „Бочварска против Република Македонија“ под број 27865/2, каде судот се произнел дека побарувањата мора да се третираат како сопственост.

The post Адвокатска комора: Членот 368 од Законот за облигациони односи е дискриминирачки и спротивен на Уставот appeared first on Република.

]]>

Затворање, отпуштања и финансиски загуби се закани за компаниите од контроверзниот Закон за облигациони односи – спас се бара во ДКСК, ДЗР и Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zatvorane-otpushtana-i-finansiski-zagubi-se-zakani-za-kompaniite-od-kontroverzniot-zakon-za-obligatsioni-odnosi-spas-se-bara-vo-dksk-dzr-i-vladata/ Fri, 08 Mar 2024 20:39:33 +0000 https://republika.mk/?p=752847

Контроверзниот закон за облигациони односи ќе затвори многу фирми кои се мачат со наплата на своите долгови со години, а сега по измените и дополнувањата на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, работите дополнително се влошуваат. Откако со години не успеале да си ги наплатат побарувањата, компаниите, покрај тоа што направиле финансиските трошоци за правни постапки, сега, со новите законски решенија ќе мора да се откажат и од основното побарување. Се работи за побарувања за кои фирмите инвестирале свои средства и ресурси, а сега едноставно треба да ги избришат, пишува „Фактор“.

Адвокатите и извршителите информираат дека не е мал бројот на фирми кои поради ваквите законски решенија ќе се соочат со големи загуби, а дел од нив и по неколкудецениско работење ќе мора да стават клуч на врата. Спас за ваквата состојба се бара и од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Покрај другите проблеми, Законот за облигациони односи и Законот за извршување може да предизвикаат и корупција.

Во дописот до ДКСК се наведува дека „постои колизија на одредени законски одредби со измените на Законот за облигациони односи чл. 368 став.3, а во врска со чл. 218 од Законот за извршување, што создава можност за стимулирање на корупцијата при наплата на побарувањата од договорните органи во јавните набавки“.

Во образложението до ДКСК се предлага „проверка на двете законски одредби, чл. 368 ст.3 од Законот за облигациони односи во врска со чл. 218 од Законот за извршување затоа што не постои и нема правна сигурност и владеење на правото, а исполнувањето на обврската ќе зависи исклучиво од добрата волја на договорниот орган. Од друга страна, ќе се откажат многу понудувачи кои реално трпат штета, намалената конкуренција влијае на цената, ќе се стимулира корупцијата, а понуди ќе поднесуваат понудувачи кои знаат дека сигурно ќе наплатат“.

Допис со назнака за селективност на законските решенија е испратен до Државниот завод за ревизија, а писмо е испратено и до кабинетот на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска и до Министерството за правда.

Приватниот сектор смета дека ваквите законски решенија им овозможуваат на должниците и од приватниот и од јавниот сектор да бидат во привилегирана положба и им овозможуваат да не мора да ја платат својата набавка и според член 368 ст.3 од ЗОО тоа да застари, при што товарот паѓа на доверителите односно накомпаниите, а голем дел од малите приватни фирми заради овие причини ќе се затворат.

Правните експерти веќе неколкупати реагира дека овие законски измени ќе донесат правен хаос, правна несигурност и големи штети во правосудството, но и во целокупната економија. Адвокатите кои се упатени во оваа проблематика, истакнаа дека измените и дополнувањата на Законот за облигационите односи и на Законот за извршувањеќе се одразат негативно не само на работењето на компаниите во земјава, туку и на државни органи и институции, а ќе бидат оштетени и многу граѓани кои имаат одредени побарувања, односно се јавуваат како доверители.
Инаку до Уставниот суд, кој претходно ја отфрли иницијативата за преиспитување на уставноста на измените на Законот за облигациони односи, поднесена е нова иницијатива од физичкото лице Предраг Баришиќ. Адвокатите, судиите и другите правни експерти реагираат дека измените на законите за облигациони односи и извршување се неприменливи во пракса.

The post Затворање, отпуштања и финансиски загуби се закани за компаниите од контроверзниот Закон за облигациони односи – спас се бара во ДКСК, ДЗР и Владата appeared first on Република.

]]>

Контроверзниот закон за облигациони односи ќе затвори многу фирми кои се мачат со наплата на своите долгови со години, а сега по измените и дополнувањата на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, работите дополнително се влошуваат. Откако со години не успеале да си ги наплатат побарувањата, компаниите, покрај тоа што направиле финансиските трошоци за правни постапки, сега, со новите законски решенија ќе мора да се откажат и од основното побарување. Се работи за побарувања за кои фирмите инвестирале свои средства и ресурси, а сега едноставно треба да ги избришат, пишува „Фактор“. Адвокатите и извршителите информираат дека не е мал бројот на фирми кои поради ваквите законски решенија ќе се соочат со големи загуби, а дел од нив и по неколкудецениско работење ќе мора да стават клуч на врата. Спас за ваквата состојба се бара и од Државната комисија за спречување на корупцијата. Покрај другите проблеми, Законот за облигациони односи и Законот за извршување може да предизвикаат и корупција. Во дописот до ДКСК се наведува дека „постои колизија на одредени законски одредби со измените на Законот за облигациони односи чл. 368 став.3, а во врска со чл. 218 од Законот за извршување, што создава можност за стимулирање на корупцијата при наплата на побарувањата од договорните органи во јавните набавки“. Во образложението до ДКСК се предлага „проверка на двете законски одредби, чл. 368 ст.3 од Законот за облигациони односи во врска со чл. 218 од Законот за извршување затоа што не постои и нема правна сигурност и владеење на правото, а исполнувањето на обврската ќе зависи исклучиво од добрата волја на договорниот орган. Од друга страна, ќе се откажат многу понудувачи кои реално трпат штета, намалената конкуренција влијае на цената, ќе се стимулира корупцијата, а понуди ќе поднесуваат понудувачи кои знаат дека сигурно ќе наплатат“. Допис со назнака за селективност на законските решенија е испратен до Државниот завод за ревизија, а писмо е испратено и до кабинетот на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска и до Министерството за правда. Приватниот сектор смета дека ваквите законски решенија им овозможуваат на должниците и од приватниот и од јавниот сектор да бидат во привилегирана положба и им овозможуваат да не мора да ја платат својата набавка и според член 368 ст.3 од ЗОО тоа да застари, при што товарот паѓа на доверителите односно накомпаниите, а голем дел од малите приватни фирми заради овие причини ќе се затворат. Правните експерти веќе неколкупати реагира дека овие законски измени ќе донесат правен хаос, правна несигурност и големи штети во правосудството, но и во целокупната економија. Адвокатите кои се упатени во оваа проблематика, истакнаа дека измените и дополнувањата на Законот за облигационите односи и на Законот за извршувањеќе се одразат негативно не само на работењето на компаниите во земјава, туку и на државни органи и институции, а ќе бидат оштетени и многу граѓани кои имаат одредени побарувања, односно се јавуваат како доверители. Инаку до Уставниот суд, кој претходно ја отфрли иницијативата за преиспитување на уставноста на измените на Законот за облигациони односи, поднесена е нова иницијатива од физичкото лице Предраг Баришиќ. Адвокатите, судиите и другите правни експерти реагираат дека измените на законите за облигациони односи и извршување се неприменливи во пракса.

The post Затворање, отпуштања и финансиски загуби се закани за компаниите од контроверзниот Закон за облигациони односи – спас се бара во ДКСК, ДЗР и Владата appeared first on Република.

]]>