Закон за нефер трговски практики Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-nefer-trgovski-praktiki/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 14:43:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Закон за нефер трговски практики Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-nefer-trgovski-praktiki/ 32 32 До Нова година мониторинг, а потоа строги казни за оние што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/do-nova-godina-monitoring-a-potoa-strogi-kazni-za-onie-shto-ne-go-pochituvaat-zakonot-za-nefer-trgovski-praktiki/ Tue, 22 Oct 2024 14:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=829938

До Нова година ќе има мониторинг врз спроведувањето на Законот за нефер трговски практики, а потоа ќе следуваат ригорозни казни за оние што нема да го почитуваат, најави денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Како што истакна Рисетски, сите економски мерки и овој закон се во интерес на граѓаните.

До Нова година ќе се мониторира спроведувањето на Законот за нефер трговски практики, а потоа ќе следуваат ригорозни казни за оние што нема да ги почитуваат мерките предвидени со ова законско решение. Сите мерки, вклучително и овој закон, се во интерес на граѓаните и во насока на подобрување на животниот стандард, истакна Ристески на прес-конференцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

Законот за нефер трговски практики стапи во сила кон крајот на септември. Со него се опфатени околу 2 500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени. Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица.

Казната за најтежок прекршок и непочитување на овој Закон може да изнесува до 20 000 евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице. Казните за полесни прекршоци зависат од тоа дали прекршокот го сторил правно или физичко лице. Највисокиот износ на казната за полесен прекршок што може да се изрече во постапка е 5.000 до 6.000 евра за голем трговец и 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец.

Надлежен орган за контрола на примената на Законот е Комисијата за заштита на конкуренцијата, која поведува и прекршочна постапка доколку се прекрши која било мандаторна одредба од Законот.

The post До Нова година мониторинг, а потоа строги казни за оние што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики appeared first on Република.

]]>

До Нова година ќе има мониторинг врз спроведувањето на Законот за нефер трговски практики, а потоа ќе следуваат ригорозни казни за оние што нема да го почитуваат, најави денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. Како што истакна Рисетски, сите економски мерки и овој закон се во интерес на граѓаните.
До Нова година ќе се мониторира спроведувањето на Законот за нефер трговски практики, а потоа ќе следуваат ригорозни казни за оние што нема да ги почитуваат мерките предвидени со ова законско решение. Сите мерки, вклучително и овој закон, се во интерес на граѓаните и во насока на подобрување на животниот стандард, истакна Ристески на прес-конференцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.
Законот за нефер трговски практики стапи во сила кон крајот на септември. Со него се опфатени околу 2 500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени. Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица. Казната за најтежок прекршок и непочитување на овој Закон може да изнесува до 20 000 евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице. Казните за полесни прекршоци зависат од тоа дали прекршокот го сторил правно или физичко лице. Највисокиот износ на казната за полесен прекршок што може да се изрече во постапка е 5.000 до 6.000 евра за голем трговец и 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец. Надлежен орган за контрола на примената на Законот е Комисијата за заштита на конкуренцијата, која поведува и прекршочна постапка доколку се прекрши која било мандаторна одредба од Законот.

The post До Нова година мониторинг, а потоа строги казни за оние што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики appeared first on Република.

]]>
Ристески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 проценти, а есенската кошничка веќе дава резултати https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/risteski-zakonot-za-nefer-trgovski-praktiki-ke-gi-namali-tsenite-na-proizvodite-barem-za-10-protsenti-a-esenskata-koshnichka-veke-dava-rezultati/ Sat, 28 Sep 2024 15:10:07 +0000 https://republika.mk/?p=820571

Ефектите од намалувањето на цените на прехрамбените и земјоделските производи ќе се видат до крајот на октомври или почетокот на ноември со спроведувањето на Законот за нефер трговски практики. Во меѓувреме се променуваат договорите меѓу производителите и добавувачите од една и трговците од друга страна за ограничување на рабатот на 10 отсто што ќе ги намали цените на 2 547 земјоделски и прехранбени производи опфатени со Законот.

Ова денеска во Прилеп го изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија.

Денеска започна примената на Законот за нефер трговски практики, донесен во март годинава по европска директива, а за првпат се спроведува во Македонија, и воопшто, во земја од Југоисточна Европа.

Со Законот за нефер трговски практики, рабатот ќе биде ограничен на 5 проценти и останатите трошоци, како што се маркетниг, рекламирање на производите, работниците ангажирани околу тие производи во маркетите, ќе биде ограничено на 5 проценти, или вкупно околу 10 проценти ограничувања. Ставовите се усогласени со стопанските комори. Спроведувањето на законот ќе го контролира Комисијата за заштита од конкуренција.

Од понеделник ќе видиме како се усогласува Законот за нефер трговски практики, а првичните информации ќе ги имаме од Комисијата за заштита од конкуренција. Од она што како Министерство го имаме како информација е дека договорите меѓу производителите и добавувачите со трговците се променети за да се усогласат со Законот и процесот е во тек, до понеделник. Законската обврска беше до до денеска, 28 септември сите договори да бидат променети, освен оние кои имаат рокови и ќе траат додека е нивната важност. Потоа ќе се променат според новите правила и регулативи во Законот за нефер трговски практики, објаснува заменик министерот за економија Марјан Ристески.

Според Ристески, видливи се ефектите и од мерките за есенската потрошувачка кошничка. Има намалувања од 6 до 12 проценти, а на терен е пазарната инспекција.

Од она што го кажуваат пазарните инспектори и граѓаните, имаме намалување на цените на 73 производи по категории. Инаку бројката опфаќа 500 до 600 производи, опфатени со оваа есенска кошничка. Веќе намалувањата изнесуваат од 5 до 12 проценти, во зависност од производите и во зависност од големината на маржата што ја имале претходно, изјави денеска заменик министерот за економија, Марјан Ристески.

The post Ристески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 проценти, а есенската кошничка веќе дава резултати appeared first on Република.

]]>

Ефектите од намалувањето на цените на прехрамбените и земјоделските производи ќе се видат до крајот на октомври или почетокот на ноември со спроведувањето на Законот за нефер трговски практики. Во меѓувреме се променуваат договорите меѓу производителите и добавувачите од една и трговците од друга страна за ограничување на рабатот на 10 отсто што ќе ги намали цените на 2 547 земјоделски и прехранбени производи опфатени со Законот. Ова денеска во Прилеп го изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија. Денеска започна примената на Законот за нефер трговски практики, донесен во март годинава по европска директива, а за првпат се спроведува во Македонија, и воопшто, во земја од Југоисточна Европа. Со Законот за нефер трговски практики, рабатот ќе биде ограничен на 5 проценти и останатите трошоци, како што се маркетниг, рекламирање на производите, работниците ангажирани околу тие производи во маркетите, ќе биде ограничено на 5 проценти, или вкупно околу 10 проценти ограничувања. Ставовите се усогласени со стопанските комори. Спроведувањето на законот ќе го контролира Комисијата за заштита од конкуренција. Од понеделник ќе видиме како се усогласува Законот за нефер трговски практики, а првичните информации ќе ги имаме од Комисијата за заштита од конкуренција. Од она што како Министерство го имаме како информација е дека договорите меѓу производителите и добавувачите со трговците се променети за да се усогласат со Законот и процесот е во тек, до понеделник. Законската обврска беше до до денеска, 28 септември сите договори да бидат променети, освен оние кои имаат рокови и ќе траат додека е нивната важност. Потоа ќе се променат според новите правила и регулативи во Законот за нефер трговски практики, објаснува заменик министерот за економија Марјан Ристески. Според Ристески, видливи се ефектите и од мерките за есенската потрошувачка кошничка. Има намалувања од 6 до 12 проценти, а на терен е пазарната инспекција. Од она што го кажуваат пазарните инспектори и граѓаните, имаме намалување на цените на 73 производи по категории. Инаку бројката опфаќа 500 до 600 производи, опфатени со оваа есенска кошничка. Веќе намалувањата изнесуваат од 5 до 12 проценти, во зависност од производите и во зависност од големината на маржата што ја имале претходно, изјави денеска заменик министерот за економија, Марјан Ристески.

The post Ристески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 проценти, а есенската кошничка веќе дава резултати appeared first on Република.

]]>
Што носи Законот за нефер трговски практики кој стапува на сила денеска https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/shto-nosi-zakonot-za-nefer-trgovski-praktiki-koj-stapuva-na-sila-deneska/ Sat, 28 Sep 2024 07:00:21 +0000 https://republika.mk/?p=820442

Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи стапува на сила денеска, 28 септември 2024.

Тоа значи дека денес е крајниот рок до кој купувачите и добавувачите треба да склучат нови договори за снабдување на земјоделски и прехранбени производи во кои на 10% е ограничен рабатот и дополнителните трошоци односно надоместоци. Листата на земјоделски и прехранбени производи содржи 2548 тарифни броеви. Тука се производите кои се со 5% ДДВ и 10% ДДВ, кажа во изјава за медиуми министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Како што информираше министерот Дурмиши, надоместоци се дозволени не повисоко од 10% од остварениот промет во тековната година, за:

  • ставање на полици на продажното место на купувачот,
  • рекламирање на земјоделски и прехранбени производи,
  • маркетинг на земјоделски и прехранбени производи,
  • ангажирање на персонал за опремување на просториите на купувачот во кои се врши продажба на земјоделски и прехранбени производи
  • рабат (национално утврдување)

Сакам да потенцирам дека овој закон не ја регулира трговската маржа, туку ги забранува дополнителните трошоци (надоместоци) кои добавувачите морале да ги плаќаат за нивните производи да се продаваат од купувачите. Со примена на овој закон очекуваме резултати на долг рок и намалување на цените на овие производи на листата од најмногу 10%, односно првите резултати со намалени цени ги очекуваме до крајот на октомври кога очекуваме дека ќе се потрошат залихите од претходните договори и ќе почнат да се продаваат производите согласно новите договори. Законот како што знаете донесен е на 20 март 2024 година и трговците и добавувачите имаа рок од шест месеци да ги усогласат договорите, односно да склучат нови договори, не подоцна од 27 септември. Што значи дека од утре почнува и ефективната примена на овој Закон, кажа министерот.

Овој Закон е носен во соработка со сите засегнати страни, односно со трговците, производителите и дистрибитерите и нема да има одложување на неговата примена.

Контролата за промена на овој Закон ја врши Комисијата за заштита од конкуренција.

Во координација Комисијата за заштита од конкуренција во наредните три месеци, односно до крајот на годината за да излеземе во пресрет на сите засегнати страни, доколку се утврди дека при склучување на новите договори не се испочитувани одредбите на Законот ќе има опомени, односно нема да се преоѓа веднаш на казнување.

Односно во следниот период од 3 месеци односно до крај на 2024 година, ќе се соработува со компаниите за да утврди дали се правилно склучени договорите односно дали се опфатени соодветно одредбите од законот.

Од 2025 година ќе се вршат редовни контроли од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Во меѓувреме со цел да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови додека да почнат да се чуствуваат првите резултати од Законот за нефер трговски практики ја донесовме одлуката за ограничување на маржата на 10% во трговија на големо и трговија на мало на 73 основни прехранбени производи.

Одлуката се спроведува, односно според првичните анализи на Министерството за економија цените на овие производи се намалени во просек од 5-10%

Кај некои производи намалувањето е помало, а кај некои производи и го нема затоа што кај овие производи маржата не била повисока од 10%.

The post Што носи Законот за нефер трговски практики кој стапува на сила денеска appeared first on Република.

]]>

Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи стапува на сила денеска, 28 септември 2024.
Тоа значи дека денес е крајниот рок до кој купувачите и добавувачите треба да склучат нови договори за снабдување на земјоделски и прехранбени производи во кои на 10% е ограничен рабатот и дополнителните трошоци односно надоместоци. Листата на земјоделски и прехранбени производи содржи 2548 тарифни броеви. Тука се производите кои се со 5% ДДВ и 10% ДДВ, кажа во изјава за медиуми министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Како што информираше министерот Дурмиши, надоместоци се дозволени не повисоко од 10% од остварениот промет во тековната година, за:
  • ставање на полици на продажното место на купувачот,
  • рекламирање на земјоделски и прехранбени производи,
  • маркетинг на земјоделски и прехранбени производи,
  • ангажирање на персонал за опремување на просториите на купувачот во кои се врши продажба на земјоделски и прехранбени производи
  • рабат (национално утврдување)
Сакам да потенцирам дека овој закон не ја регулира трговската маржа, туку ги забранува дополнителните трошоци (надоместоци) кои добавувачите морале да ги плаќаат за нивните производи да се продаваат од купувачите. Со примена на овој закон очекуваме резултати на долг рок и намалување на цените на овие производи на листата од најмногу 10%, односно првите резултати со намалени цени ги очекуваме до крајот на октомври кога очекуваме дека ќе се потрошат залихите од претходните договори и ќе почнат да се продаваат производите согласно новите договори. Законот како што знаете донесен е на 20 март 2024 година и трговците и добавувачите имаа рок од шест месеци да ги усогласат договорите, односно да склучат нови договори, не подоцна од 27 септември. Што значи дека од утре почнува и ефективната примена на овој Закон, кажа министерот.
Овој Закон е носен во соработка со сите засегнати страни, односно со трговците, производителите и дистрибитерите и нема да има одложување на неговата примена. Контролата за промена на овој Закон ја врши Комисијата за заштита од конкуренција. Во координација Комисијата за заштита од конкуренција во наредните три месеци, односно до крајот на годината за да излеземе во пресрет на сите засегнати страни, доколку се утврди дека при склучување на новите договори не се испочитувани одредбите на Законот ќе има опомени, односно нема да се преоѓа веднаш на казнување. Односно во следниот период од 3 месеци односно до крај на 2024 година, ќе се соработува со компаниите за да утврди дали се правилно склучени договорите односно дали се опфатени соодветно одредбите од законот. Од 2025 година ќе се вршат редовни контроли од Комисијата за заштита на конкуренцијата. Во меѓувреме со цел да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови додека да почнат да се чуствуваат првите резултати од Законот за нефер трговски практики ја донесовме одлуката за ограничување на маржата на 10% во трговија на големо и трговија на мало на 73 основни прехранбени производи. Одлуката се спроведува, односно според првичните анализи на Министерството за економија цените на овие производи се намалени во просек од 5-10% Кај некои производи намалувањето е помало, а кај некои производи и го нема затоа што кај овие производи маржата не била повисока од 10%.

The post Што носи Законот за нефер трговски практики кој стапува на сила денеска appeared first on Република.

]]>
Се очекува поевтинување на околу 2.500 производи – од утре на сила Законот за нефер трговски практики https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-ochekuva-poevtinuvane-na-okolu-2-500-proizvodi-od-utre-na-sila-zakonot-za-nefer-trgovski-praktiki/ Fri, 27 Sep 2024 09:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=820144

Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој дополнително треба да ги намали цените на производите и треба трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени.

Денеска завршува преодниот период рок на Законот од 6 месеци за да ги усогласат договорите со одредбите на овој закон добавувачите и купувачите кои склучиле договори за снабдување на земјоделски и прехранбени производи до денот на влегување во сила на овој закон. Во спротивно, тие договори ќе станат ништовни.

Доколку рокот на склучен договор за снабдување на земјоделски и прехранбени производи завршува додека трае преодниот период, добавувачот и купувачот се должни новиот договор да го склучат согласно одредбите на овој Закон од причина што основот за трговски практики во деловното работење меѓу добавувач и купувач се одредбите во овој закон, велат од Министерството за економија и труд.

Надлежен орган за контролира на примената на Законот е Комисијата за заштита на конкуренцијата, која ја контролира примената на одредбите од овој закон и поведува прекршочна постапка доколку се прекрши било која мандаторна одредба од Законот.

Прекршочна постапка се поведува по службена должност или по барање на физичко или правно лице кое има легитимен интерес за утврдување на постоење прекршок и мора да заврши во рок од три месеци. Решенијата за сторен прекршок се објавуваат на веб страницата на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Онаму каде што ќе се утврди дека се прекршени одредбите на Законот, се одредува казна односно висина на глоба, дефинирајќи го нејзиното ниво и рокови за плаќање. При изрекувањето на казните односно глоби, Комисијата за заштита на конкуренцијата ги зема предвид сите олеснителни и отежнувачки околности, како што се тежината, обемот и времетраењето на прекршокот и последиците што овој прекршок ги има врз добавувачите, прецизираат од Министерството за економија и труд.

Во зависност од тежината и значењето на прекршувањето, додаваат, Законот предвидува казни за најтежок прекршок и полесни прекршоци.

Највисокиот износ на казна за најтежок прекршок може да изнесува до 20.000 евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец. Казните за полесни прекршоци зависат од тоа дали прекршокот го сторил правно или физичко лице. Највисокиот износ на казната за полесен прекршок што може да се изрече во постапка е 5.000 до 6.000 евра за голем трговец и 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец, истакнуваат од Министерството.

Како што нагласуваат, решенијата на Комисијата за заштита на конкуренцијата се конечни.

Против решенијата може да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежен суд. Тужбата за поведување на управен спор се поднесува во рок од 30 дена од денот на приемот на решението и не го одлага извршувањето на решението, велат од Министерството за економија и труд.

Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица.

Од вторникот, пак, на сила е одлуката на Владата за ограничувања на профитната маржа до 10 отсто на 73 производи кои се најдоа на листата на „есенската кошница“, што, пак, го контролира Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Токму од ДПИ вчера информираа дека на првиот ден од контролата, кога се контролираа големите маркети, поради утврдени неправилности изречени се парични глоби во висина од околу 20 илјади евра. Вчера се контролираа бурекџилниците и малите маркети, а од денеска ќе се контролираат трговците на големо. Бруто профитната маржа во есенската кошница ќе биде ограничена до крајот на октомври, а со неа од Владата очекуваат да се намалат до 10 отсто цените на овие производи.

Вчера од опозициската СДСМ порачаа дека нема никаков ефект владината мерка за ограничување на маржите на дел прехранбените производи, а од ССМ, пак, сметаат дека мерката за намалени профитни маржи во „есенската кошница“ треба да трае најмалку три месеци за да има поголем ефект.

The post Се очекува поевтинување на околу 2.500 производи – од утре на сила Законот за нефер трговски практики appeared first on Република.

]]>

Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој дополнително треба да ги намали цените на производите и треба трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени. Денеска завршува преодниот период рок на Законот од 6 месеци за да ги усогласат договорите со одредбите на овој закон добавувачите и купувачите кои склучиле договори за снабдување на земјоделски и прехранбени производи до денот на влегување во сила на овој закон. Во спротивно, тие договори ќе станат ништовни.
Доколку рокот на склучен договор за снабдување на земјоделски и прехранбени производи завршува додека трае преодниот период, добавувачот и купувачот се должни новиот договор да го склучат согласно одредбите на овој Закон од причина што основот за трговски практики во деловното работење меѓу добавувач и купувач се одредбите во овој закон, велат од Министерството за економија и труд.
Надлежен орган за контролира на примената на Законот е Комисијата за заштита на конкуренцијата, која ја контролира примената на одредбите од овој закон и поведува прекршочна постапка доколку се прекрши било која мандаторна одредба од Законот.
Прекршочна постапка се поведува по службена должност или по барање на физичко или правно лице кое има легитимен интерес за утврдување на постоење прекршок и мора да заврши во рок од три месеци. Решенијата за сторен прекршок се објавуваат на веб страницата на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Онаму каде што ќе се утврди дека се прекршени одредбите на Законот, се одредува казна односно висина на глоба, дефинирајќи го нејзиното ниво и рокови за плаќање. При изрекувањето на казните односно глоби, Комисијата за заштита на конкуренцијата ги зема предвид сите олеснителни и отежнувачки околности, како што се тежината, обемот и времетраењето на прекршокот и последиците што овој прекршок ги има врз добавувачите, прецизираат од Министерството за економија и труд.
Во зависност од тежината и значењето на прекршувањето, додаваат, Законот предвидува казни за најтежок прекршок и полесни прекршоци.
Највисокиот износ на казна за најтежок прекршок може да изнесува до 20.000 евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец. Казните за полесни прекршоци зависат од тоа дали прекршокот го сторил правно или физичко лице. Највисокиот износ на казната за полесен прекршок што може да се изрече во постапка е 5.000 до 6.000 евра за голем трговец и 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец, истакнуваат од Министерството.
Како што нагласуваат, решенијата на Комисијата за заштита на конкуренцијата се конечни.
Против решенијата може да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежен суд. Тужбата за поведување на управен спор се поднесува во рок од 30 дена од денот на приемот на решението и не го одлага извршувањето на решението, велат од Министерството за економија и труд.
Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица. Од вторникот, пак, на сила е одлуката на Владата за ограничувања на профитната маржа до 10 отсто на 73 производи кои се најдоа на листата на „есенската кошница“, што, пак, го контролира Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Токму од ДПИ вчера информираа дека на првиот ден од контролата, кога се контролираа големите маркети, поради утврдени неправилности изречени се парични глоби во висина од околу 20 илјади евра. Вчера се контролираа бурекџилниците и малите маркети, а од денеска ќе се контролираат трговците на големо. Бруто профитната маржа во есенската кошница ќе биде ограничена до крајот на октомври, а со неа од Владата очекуваат да се намалат до 10 отсто цените на овие производи. Вчера од опозициската СДСМ порачаа дека нема никаков ефект владината мерка за ограничување на маржите на дел прехранбените производи, а од ССМ, пак, сметаат дека мерката за намалени профитни маржи во „есенската кошница“ треба да трае најмалку три месеци за да има поголем ефект.

The post Се очекува поевтинување на околу 2.500 производи – од утре на сила Законот за нефер трговски практики appeared first on Република.

]]>