закон за минерални суровини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-mineralni-surovini/ За подобро да се разбереме Wed, 31 May 2023 10:56:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за минерални суровини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-mineralni-surovini/ 32 32 Не се знае каде или какви суровини ќе се копаат за Коридорите 8 и 10д https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-se-znae-kade-ili-kakvi-surovini-ke-se-kopaat-za-koridorite-8-i-10d/ Wed, 31 May 2023 10:56:06 +0000 https://republika.mk/?p=646424

Собранието денеска во рамки на 112. седница расправаше за измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, што е дел од сетот закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д. Гласањето за измените ќе биде дополнително закажано.

Овие измени се единствените што поминаа на Комисијата за економски прашања по првото поднесување на законите во Собранието. За него имаше поднесено неколку амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и од ВМРО-НП, но тие не беа прифатени. Останатите закони од овој сет беа повторно доставени до Собранието со европско знаменце, и веќе се донесени.

Пратеникот Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека со овој закон се покажува дека опозицијата не ја кочи изградбата на коридорите 8 и 10д.

Трајанов укажа дека нема проектна докуметација за коридорите и не се знае каде ќе поминува трасата и каде ќе се копаат минералните суровини. Според него, Владата манипулира и условно го става нецелосно договорот на увид во Антикорупциска со што се потврдува дека е нетранспаретна.

Со измените брзите рокови за искористување на минералните суровини се кратат.

Не ми е јасно што ќе прави Владата со минералните суровини, кој ќе го изработи елаборатот, кој ќе ископува... ова е сива зона. Излегува дека ова останува на Владата, а изведувачот добива готов производ. Зошто се носи овој закон, за да се лови во матно, праша Трајанов.

Според него, нема лимит колку концесии ќе се доделат бидејќи нема проект.

Тони Јаревски, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека во овој закон имаме најубаво слика и доказ што сака власта да направи, кои се нивните скриените намери.

Прескокнуваат институции и со едно барање до управувачкиот комитет ќе се издаваат одобренијата за ископ преку ЈПДП. И посточекото законско решение предвидува проекти од стратешки интерес, вели Јаревски.

Реплицираше Бедри Фазли од ДУИ кој рече дека станува збор за мали измени што се однесуваат на изградба на коридор од стратешки интерес.

Добро е сите да го гласаме овој закон, во наш интерес е, ја забрзува изградбата и ги намалува трошоците, рече Фазли.

Собранието ја продолжи работата по 100. пленарна седница.

The post Не се знае каде или какви суровини ќе се копаат за Коридорите 8 и 10д appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска во рамки на 112. седница расправаше за измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, што е дел од сетот закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д. Гласањето за измените ќе биде дополнително закажано. Овие измени се единствените што поминаа на Комисијата за економски прашања по првото поднесување на законите во Собранието. За него имаше поднесено неколку амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и од ВМРО-НП, но тие не беа прифатени. Останатите закони од овој сет беа повторно доставени до Собранието со европско знаменце, и веќе се донесени. Пратеникот Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека со овој закон се покажува дека опозицијата не ја кочи изградбата на коридорите 8 и 10д. Трајанов укажа дека нема проектна докуметација за коридорите и не се знае каде ќе поминува трасата и каде ќе се копаат минералните суровини. Според него, Владата манипулира и условно го става нецелосно договорот на увид во Антикорупциска со што се потврдува дека е нетранспаретна. Со измените брзите рокови за искористување на минералните суровини се кратат.
Не ми е јасно што ќе прави Владата со минералните суровини, кој ќе го изработи елаборатот, кој ќе ископува... ова е сива зона. Излегува дека ова останува на Владата, а изведувачот добива готов производ. Зошто се носи овој закон, за да се лови во матно, праша Трајанов.
Според него, нема лимит колку концесии ќе се доделат бидејќи нема проект. Тони Јаревски, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека во овој закон имаме најубаво слика и доказ што сака власта да направи, кои се нивните скриените намери.