закон за медиуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-mediumi/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Mar 2024 18:16:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за медиуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-mediumi/ 32 32 Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-go-donese-zakonot-za-mediumi-i-drugi-zakoni/ Thu, 28 Mar 2024 18:16:56 +0000 https://republika.mk/?p=759915

Собранието на денешната последна пленарна седница за овој парламентарен мандат донесе неколку закони без никаква дискусија и дебата. Пратениците во рамки на последната 149. седница Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, по скратена постапка.

Со предложениот закон се стимулираат неделните, месечните и локалните медиуми и оние весници кои што се објавуваат на јазикот на националностите во Република Македонија да продолжат со своето работење и издавање на својот јазик.  Предлогот за изменување и дополнување на Законот за медиуми предвидува финансиската поддршката за печатење и дистрибуција на печатените медиуми да се врши од предвидените средства од Буџетот на Република Македонија, така што вкупната финансиска поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми, не смее да го надмине износот од 0.03 проценти од реализираните даночни приходи утврдени во последната донесена завршна сметка на Буџетот на Република Македонија.

Исто така, во рамки на оваа седница беа усвоени и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита и Предлог на законот за дополнување на Законот за спортот, и двата по скратена постапка

На оваа седница, Собранието не го усвои Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите, по скратена постапка.

Од 131.седница беше донесен Предлог на законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, по скратена постапка.

Додека, од 135. седница беа донесени Предлог на одлуката за одобрување на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2024 година, Предлог на одлуката за одобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2024 година, Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024 година.

Во рамки на 138. седница, Собранието ги донесе Предлог на законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка, Предлог на одлуката за давање согласност на Годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2024 година и Предлог на одлуката за давање на согласност на Финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2024 година.

Од 145. седница беа усвоени Предлог на законот за изменување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, Предлогот на законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Рамковниот договор за заем кој ќе се склучи меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Развојната банка на Македонија АД Скопје за програмски заем за Развојната банка на Македонија АД Скопје за креирање на работни места во микро, мали и средни претпријатија во Македонија, сите по скратена постапка.

Во рамки на 103. седница, пратениците го изгласаа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви, по скратена постапка.

На крајот на седницата, спикерот Јован Митрески потсети дека иако денеска беше последната пленарна седница за овој парламентарен состав, Собранието ќе биде постојано заседание.

-Нема одлука за распуштање, бидејќи изборите се редовни. Мандатот на пратениците трае до верификација на мандатот на следните пратеници. Ако има потреба, ќе бидете дополнително свикани. На сите ви посакувам успешна кампања, рече Митрески.

The post Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони appeared first on Република.

]]>

Собранието на денешната последна пленарна седница за овој парламентарен мандат донесе неколку закони без никаква дискусија и дебата. Пратениците во рамки на последната 149. седница Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, по скратена постапка. Со предложениот закон се стимулираат неделните, месечните и локалните медиуми и оние весници кои што се објавуваат на јазикот на националностите во Република Македонија да продолжат со своето работење и издавање на својот јазик.  Предлогот за изменување и дополнување на Законот за медиуми предвидува финансиската поддршката за печатење и дистрибуција на печатените медиуми да се врши од предвидените средства од Буџетот на Република Македонија, така што вкупната финансиска поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми, не смее да го надмине износот од 0.03 проценти од реализираните даночни приходи утврдени во последната донесена завршна сметка на Буџетот на Република Македонија. Исто така, во рамки на оваа седница беа усвоени и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита и Предлог на законот за дополнување на Законот за спортот, и двата по скратена постапка На оваа седница, Собранието не го усвои Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите, по скратена постапка. Од 131.седница беше донесен Предлог на законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, по скратена постапка. Додека, од 135. седница беа донесени Предлог на одлуката за одобрување на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2024 година, Предлог на одлуката за одобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2024 година, Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024 година. Во рамки на 138. седница, Собранието ги донесе Предлог на законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка, Предлог на одлуката за давање согласност на Годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2024 година и Предлог на одлуката за давање на согласност на Финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2024 година. Од 145. седница беа усвоени Предлог на законот за изменување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, Предлогот на законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Рамковниот договор за заем кој ќе се склучи меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Развојната банка на Македонија АД Скопје за програмски заем за Развојната банка на Македонија АД Скопје за креирање на работни места во микро, мали и средни претпријатија во Македонија, сите по скратена постапка. Во рамки на 103. седница, пратениците го изгласаа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви, по скратена постапка. На крајот на седницата, спикерот Јован Митрески потсети дека иако денеска беше последната пленарна седница за овој парламентарен состав, Собранието ќе биде постојано заседание.
-Нема одлука за распуштање, бидејќи изборите се редовни. Мандатот на пратениците трае до верификација на мандатот на следните пратеници. Ако има потреба, ќе бидете дополнително свикани. На сите ви посакувам успешна кампања, рече Митрески.

The post Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони appeared first on Република.

]]>
Измените на Законот медиуми пред матичната собраниска комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izmenite-na-zakonot-mediumi-pred-matichnata-sobraniska-komisija/ Fri, 18 Nov 2022 08:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=575243

Собраниската Комисија за транспорт и врси денеска треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Предлог законот се носи по скратена постапка, на предлог на пратенциите Арбана Пашоли, Диме Велковски, Исмаил Јахоски, Коле Чаракчиев и Марија Георгиевска.

-Целта на законот е воведување на начин на изборот на емитување на кампањи од јавен интерес со цел да се има поголема транспарентност при изборот како и почесто спроведување и емитување на истите со цел на поголемо подигнување на јавната свест. Со Предлог законот се допрецизираат и одредбите за реемитување на програмските сервиси кои се однесуваат за регулирање на авторските и сродни права на територија на Република Македонија. Со предлог законот ќе се овозможи поголема правна сигурност во однос на кампањите од јавнен интерес и нивното емитување, стои во Предлог законот, што денеска е на дневен ред и на собраниската Законодавно правна комисија.

 

The post Измените на Законот медиуми пред матичната собраниска комисија appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за транспорт и врси денеска треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Предлог законот се носи по скратена постапка, на предлог на пратенциите Арбана Пашоли, Диме Велковски, Исмаил Јахоски, Коле Чаракчиев и Марија Георгиевска. -Целта на законот е воведување на начин на изборот на емитување на кампањи од јавен интерес со цел да се има поголема транспарентност при изборот како и почесто спроведување и емитување на истите со цел на поголемо подигнување на јавната свест. Со Предлог законот се допрецизираат и одредбите за реемитување на програмските сервиси кои се однесуваат за регулирање на авторските и сродни права на територија на Република Македонија. Со предлог законот ќе се овозможи поголема правна сигурност во однос на кампањите од јавнен интерес и нивното емитување, стои во Предлог законот, што денеска е на дневен ред и на собраниската Законодавно правна комисија.  

The post Измените на Законот медиуми пред матичната собраниска комисија appeared first on Република.

]]>