закон за матична евиденција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-matichna-evidencija/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jul 2023 14:25:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за матична евиденција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-matichna-evidencija/ 32 32 Уставен суд не донесе одлука за Законот за матична евиденција, предметот останува отворен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustaven-sud-ne-donese-odluka-za-zakonot-za-matichna-evidentsija-predmetot-ostanuva-otvoren/ Thu, 20 Jul 2023 14:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=663615

Уставниот суд на денешната седница не донесе одлука по иницијативата на политичката партија „Левица“ за оценување на уставноста на три члена од Законот за матичната евиденција.

Како што информираа од Судот, судијата известител Дарко Костадиновски предложи да се поведе постапка, односно во следната фаза да се оценува уставноста на три члена кои опфаќаат податок националност во матичните книги на родените, венчаните и умрените од Законот за матичната евиденција, но овој предлог не го доби потребното мнозинство, што значи предметот останува отворен и понатаму.

-Согласно Деловникот на Уставниот суд одлука се носи со најмалку пет гласа „за“, велат од Уставен.

Иницијативата беше поднесена на 3 јули 2023 година од страна на политичка партија „Левица”.

– Чувството на национална припадност е лично чувство на граѓанинот и не може да се докажува со јавна исправа, т.е. со документ издаден од државен орган, пред сѐ поради фактот што слободата на изразување на националната припадност го вклучува и правото на промена на чувството за национална припадност, а со практичното воведување на графа за националноста во изводот од матичните книги – како јавни регистри, се окончува еднаш изразеното национално чувство, се наведува во иницијавата на „Левица“.

The post Уставен суд не донесе одлука за Законот за матична евиденција, предметот останува отворен appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на денешната седница не донесе одлука по иницијативата на политичката партија „Левица“ за оценување на уставноста на три члена од Законот за матичната евиденција. Како што информираа од Судот, судијата известител Дарко Костадиновски предложи да се поведе постапка, односно во следната фаза да се оценува уставноста на три члена кои опфаќаат податок националност во матичните книги на родените, венчаните и умрените од Законот за матичната евиденција, но овој предлог не го доби потребното мнозинство, што значи предметот останува отворен и понатаму.
-Согласно Деловникот на Уставниот суд одлука се носи со најмалку пет гласа „за“, велат од Уставен.
Иницијативата беше поднесена на 3 јули 2023 година од страна на политичка партија „Левица”.
– Чувството на национална припадност е лично чувство на граѓанинот и не може да се докажува со јавна исправа, т.е. со документ издаден од државен орган, пред сѐ поради фактот што слободата на изразување на националната припадност го вклучува и правото на промена на чувството за национална припадност, а со практичното воведување на графа за националноста во изводот од матичните книги – како јавни регистри, се окончува еднаш изразеното национално чувство, се наведува во иницијавата на „Левица“.

The post Уставен суд не донесе одлука за Законот за матична евиденција, предметот останува отворен appeared first on Република.

]]>
Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-sobrani-sme-da-im-kazheme-da-na-zhivotot-i-na-svetosta-na-semejstvoto-oformeno-od-eden-mazh-i-edna-zhena/ Thu, 29 Jun 2023 17:19:47 +0000 https://republika.mk/?p=656581

Еве не, чедата на МПЦ, собрани заедно со претставници на сите цркви и верски заедници за да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили - децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. Собрани сме за достоинствено и радосно да го покажеме нашето прегрнување на сиот свет како Божјо творение и да кажеме дека Црквата ниту сега, ниту кога било, не протестира против некоја личност и не отфрла никого. Нејзиното постоење е непрестаен бунт, но не против човек, туку против злото, гревот и смртта во кои, за жал, запаѓа светот. Единствена цел на Црквата е да го љуби и преобразува овој свет, но непоистоветувајќи се со него, порача архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во обраќањето на сенародниот собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција што се одржува попладнево во дворот на храмот „Св. Климент Охридски“.

Како што истакна г. г. Стефан, „денес светот го окупира нова идеолошка пропаганда на која и во нашето општество и го гледаме вистинското лице. Се подметнува поимот род кој е свесно избран. Има убав контекст, но во намерите на новите теоретичари и идеолози не носи ништо добро“.

-Сосема ги разбираме загриженоста и стравот, особено на родителите, за иднината на своите деца, ако тие два закона или нови слични закони станат обрзвувачка реалност. Да престане унакажувањето на образовниот систем со родова идеологија и сексуализација на нашите најмлади, да престане крајно неприфатливото да им се одзема на родителите од нивните родителски права и на децата од нивното детство. До кога нашите деца ќе учат од учебници чии содржини се диктираат од туѓи држави и туѓи центри?, рече поглаварот на МПЦ.

Според него, секуларно општество не значи и безбожно општество.

-Немаме ништо против секуларниот менталитет, но се прашуваме дали тоа значи да се изопшти Црквата од општествениот живот? Свесни сме за намерите на организации и движења кои зајакнаа, влегоа во државните институции и пишуваат закони како двата несреќни закона - за родова еднаквост и матична евиденција, кои целат не само да ја секуларизираат црквата, туку и да ја присилат да зборува со некојси светски поредок кој им е туѓ на апостолите, светите оци и светото Евангелие. И кога најдобронамерно ќе кажеме нешто, се обидуваат да не замолчат со промена на тезите за секуларниот, световен карактер на државата, секогаш како по правило, толкувајќи ја секуларноста спротивна на Уставот во кој Црквата и останатите верски заедници имаат свое место и свои загарнтирани права, подвлече неговото блаженство г. г. Стефан.

Тој се осврна и на ставот на Црквата кон жената.

-Собрани сме тука јасно и гласно да ја кажеме вистината, наместо професионалните експерти за менување тези. Жените во Македонија верувам не сакаат лажна еднаквост и лажни права, и не сакаат да бидат ослободувани од Црквата каде ја живеат својата вистинска слобода. Црквата е преполна со смели, самостојни и реализирани жени кои доаѓаат самостојно и во неа гледаат сигурно засолништво од овој заразан бунт, нагласи г. г. Стефан.

Поглаварот на МПЦ упати апел до верниците да застанат во одбрана на семејството и да го запазат ликот Божји во човекот.

Сенародниот собир се одржува под мотото „Имаме должност“, а го организира Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). На него присуствуваат верници од Скопје, но и од други делови на државата. Собирот почна со молитвата Оче наш  од страна на владиците.

Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог закони.

The post Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена appeared first on Република.

]]>

Еве не, чедата на МПЦ, собрани заедно со претставници на сите цркви и верски заедници за да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили - децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. Собрани сме за достоинствено и радосно да го покажеме нашето прегрнување на сиот свет како Божјо творение и да кажеме дека Црквата ниту сега, ниту кога било, не протестира против некоја личност и не отфрла никого. Нејзиното постоење е непрестаен бунт, но не против човек, туку против злото, гревот и смртта во кои, за жал, запаѓа светот. Единствена цел на Црквата е да го љуби и преобразува овој свет, но непоистоветувајќи се со него, порача архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во обраќањето на сенародниот собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција што се одржува попладнево во дворот на храмот „Св. Климент Охридски“. Како што истакна г. г. Стефан, „денес светот го окупира нова идеолошка пропаганда на која и во нашето општество и го гледаме вистинското лице. Се подметнува поимот род кој е свесно избран. Има убав контекст, но во намерите на новите теоретичари и идеолози не носи ништо добро“. -Сосема ги разбираме загриженоста и стравот, особено на родителите, за иднината на своите деца, ако тие два закона или нови слични закони станат обрзвувачка реалност. Да престане унакажувањето на образовниот систем со родова идеологија и сексуализација на нашите најмлади, да престане крајно неприфатливото да им се одзема на родителите од нивните родителски права и на децата од нивното детство. До кога нашите деца ќе учат од учебници чии содржини се диктираат од туѓи држави и туѓи центри?, рече поглаварот на МПЦ. Според него, секуларно општество не значи и безбожно општество. -Немаме ништо против секуларниот менталитет, но се прашуваме дали тоа значи да се изопшти Црквата од општествениот живот? Свесни сме за намерите на организации и движења кои зајакнаа, влегоа во државните институции и пишуваат закони како двата несреќни закона - за родова еднаквост и матична евиденција, кои целат не само да ја секуларизираат црквата, туку и да ја присилат да зборува со некојси светски поредок кој им е туѓ на апостолите, светите оци и светото Евангелие. И кога најдобронамерно ќе кажеме нешто, се обидуваат да не замолчат со промена на тезите за секуларниот, световен карактер на државата, секогаш како по правило, толкувајќи ја секуларноста спротивна на Уставот во кој Црквата и останатите верски заедници имаат свое место и свои загарнтирани права, подвлече неговото блаженство г. г. Стефан.   Тој се осврна и на ставот на Црквата кон жената. -Собрани сме тука јасно и гласно да ја кажеме вистината, наместо професионалните експерти за менување тези. Жените во Македонија верувам не сакаат лажна еднаквост и лажни права, и не сакаат да бидат ослободувани од Црквата каде ја живеат својата вистинска слобода. Црквата е преполна со смели, самостојни и реализирани жени кои доаѓаат самостојно и во неа гледаат сигурно засолништво од овој заразан бунт, нагласи г. г. Стефан. Поглаварот на МПЦ упати апел до верниците да застанат во одбрана на семејството и да го запазат ликот Божји во човекот. Сенародниот собир се одржува под мотото „Имаме должност“, а го организира Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). На него присуствуваат верници од Скопје, но и од други делови на државата. Собирот почна со молитвата Оче наш  од страна на владиците. Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог закони.

The post Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Легитимно е да се протестира, но легитимно е и да се знае вистината за законите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-legitimno-e-da-se-protestira-no-legitimno-e-i-da-se-znae-vistinata-za-zakonite/ Thu, 29 Jun 2023 16:40:00 +0000 https://republika.mk/?p=656547

Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во пресрет на сенародниот собир на МПЦ рече дека Законот за родова еднаквост, кој се уште не е ниту во владина процедура, има една единствена цел – да ги унапреди правата на жените.

Со Законот за родова еднаквост ќе се подобри положбата на жените во општеството, а со Законот за матична евиденција трансродово лице ќе може да се запише во матичната книга во родот во кој смета дека припаѓа.

„Не губиме ништо од она што во моментот го имаме како право. Признавањето на правото на одредена заедница не значи дека останатите губат некакви права. Напротив, тоа покажува дека државата има демократски капацитет и дека се грижи за сите граѓани, за сите заедници во општеството. Протестот е легитимно право на секој. Меѓутоа, легитимно право е да биде кажана вистината за двата закони“, вели Тренчевска.

Според неа, со него се регулираат механизмите, како Секретаријатот за родова еднаквост, кој ќе надгледува дали надлежните еднакво ги третираат мажите и жените.

-Вистината за Законот за родова еднаквост е дека со него ниту се третира менувањето на полот, ниту се третираат истополовите бракови, туку единствената област на која е фокусирана е положбата на жените и еднаквите можности на мажите и жените, вели Тренчевска.

Измените на Законот за водење матична евиденција е практично тој кој е поспорен бидејќи го регулира правното признавање на родовиот идентитет. Поднесен е од група пратенички од владејчакото мнозинство, но без да се консултираат со пратеничките групи.

Станува збор за два различни закони коишто третираат различна материја. Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можност на лице коешто е трансродово лице да може да ја смени дознаката во матичниот број, онаму кадешто се обележува родот, односно женски или машки род, рече Тренчевска.

Амбасадорката на Шведска во земјава вели дека родовата еднаквост е клучна за развојот на една држава.

Лекцијата од нашето патување е дека родовата еднаквост е многу важна за индивидуата, многу важна за општеството во целина, за економијата и просперитетот на државата. Жените често се вешти и многу образувани во своите професии и се потребни на пазарот на труд. Но за да се изгради општество подобро за сите, мора да бидат дел од процесите на носење демократски одлуки, рече амбасадорката Ами Ларсон Јаин.

Носењето на двата закони беа главните барања на Парадата на гордоста која се одржа во саботата во Скопје. Токму овие барања беа причина црквата за првпат да организира протест.

Македонија има напредок во индексот за родова еднаквост, и тоа за 2,5 поени за четири. Во извештајот, сепак се вели дека темпото на прогресот е многу бавен и ќе бидат потребни 57 години за да се постигне родова еднаквост. Македонските жени, споредено со тие во ЕУ, имаат помалку пари и помалку време.

The post Тренчевска: Легитимно е да се протестира, но легитимно е и да се знае вистината за законите appeared first on Република.

]]>

Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во пресрет на сенародниот собир на МПЦ рече дека Законот за родова еднаквост, кој се уште не е ниту во владина процедура, има една единствена цел – да ги унапреди правата на жените. Со Законот за родова еднаквост ќе се подобри положбата на жените во општеството, а со Законот за матична евиденција трансродово лице ќе може да се запише во матичната книга во родот во кој смета дека припаѓа.
„Не губиме ништо од она што во моментот го имаме како право. Признавањето на правото на одредена заедница не значи дека останатите губат некакви права. Напротив, тоа покажува дека државата има демократски капацитет и дека се грижи за сите граѓани, за сите заедници во општеството. Протестот е легитимно право на секој. Меѓутоа, легитимно право е да биде кажана вистината за двата закони“, вели Тренчевска.
Според неа, со него се регулираат механизмите, како Секретаријатот за родова еднаквост, кој ќе надгледува дали надлежните еднакво ги третираат мажите и жените.
-Вистината за Законот за родова еднаквост е дека со него ниту се третира менувањето на полот, ниту се третираат истополовите бракови, туку единствената област на која е фокусирана е положбата на жените и еднаквите можности на мажите и жените, вели Тренчевска.
Измените на Законот за водење матична евиденција е практично тој кој е поспорен бидејќи го регулира правното признавање на родовиот идентитет. Поднесен е од група пратенички од владејчакото мнозинство, но без да се консултираат со пратеничките групи.
Станува збор за два различни закони коишто третираат различна материја. Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можност на лице коешто е трансродово лице да може да ја смени дознаката во матичниот број, онаму кадешто се обележува родот, односно женски или машки род, рече Тренчевска.
Амбасадорката на Шведска во земјава вели дека родовата еднаквост е клучна за развојот на една држава. Лекцијата од нашето патување е дека родовата еднаквост е многу важна за индивидуата, многу важна за општеството во целина, за економијата и просперитетот на државата. Жените често се вешти и многу образувани во своите професии и се потребни на пазарот на труд. Но за да се изгради општество подобро за сите, мора да бидат дел од процесите на носење демократски одлуки, рече амбасадорката Ами Ларсон Јаин. Носењето на двата закони беа главните барања на Парадата на гордоста која се одржа во саботата во Скопје. Токму овие барања беа причина црквата за првпат да организира протест. Македонија има напредок во индексот за родова еднаквост, и тоа за 2,5 поени за четири. Во извештајот, сепак се вели дека темпото на прогресот е многу бавен и ќе бидат потребни 57 години за да се постигне родова еднаквост. Македонските жени, споредено со тие во ЕУ, имаат помалку пари и помалку време.

The post Тренчевска: Легитимно е да се протестира, но легитимно е и да се знае вистината за законите appeared first on Република.

]]>
Грковска му е благодарна на Хан за искрената и постојана поддршка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivz-e-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija/ Thu, 29 Jun 2023 14:10:21 +0000 https://republika.mk/?p=656467

Со средбата со Јоханес Хан, Комесар за буџет и администрација, се заокружи работната посета на Брисел на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. 

Таа го информираше за надлежностите на Кабинетот за политики за добро владеење, кој за првпат се воведе во актуелната влада, како и за реформските процеси кои ги координира.

Како докажан пријател на Македонија, Хан се интересираше за актуелните случувања  околу усвојувањето на уставните измени, што е клучен чекор за продолжување на евроинтегративниот процес на земјата. 

Вицепремиерката Грковска истакна дека сите вклучени страни треба да придонесат за промена на наративот околу ова прашање, кое не треба да се користи за популизам и јакнење на национализмот и евроскептицизмот во земјата и регионот.

Во оваа прилика, вицепремиерката Грковска упати благодарност до еврокомесарот Хан за неговата отворена и континуирана поддршка во пристапувањето кон Европската унија, како и за обезбедувањето макрофинансиска поддршка за нашата држава, како особено важна во справувањето со ефектите од економската криза.

The post Грковска му е благодарна на Хан за искрената и постојана поддршка appeared first on Република.

]]>

Со средбата со Јоханес Хан, Комесар за буџет и администрација, се заокружи работната посета на Брисел на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.  Таа го информираше за надлежностите на Кабинетот за политики за добро владеење, кој за првпат се воведе во актуелната влада, како и за реформските процеси кои ги координира. Како докажан пријател на Македонија, Хан се интересираше за актуелните случувања  околу усвојувањето на уставните измени, што е клучен чекор за продолжување на евроинтегративниот процес на земјата.  Вицепремиерката Грковска истакна дека сите вклучени страни треба да придонесат за промена на наративот околу ова прашање, кое не треба да се користи за популизам и јакнење на национализмот и евроскептицизмот во земјата и регионот. Во оваа прилика, вицепремиерката Грковска упати благодарност до еврокомесарот Хан за неговата отворена и континуирана поддршка во пристапувањето кон Европската унија, како и за обезбедувањето макрофинансиска поддршка за нашата држава, како особено важна во справувањето со ефектите од економската криза.

The post Грковска му е благодарна на Хан за искрената и постојана поддршка appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Поимот род и пол не е исто што и родов идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-poimot-rod-i-pol-ne-e-isto-shto-i-rodov-identitet/ Thu, 29 Jun 2023 09:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=656342

Законот за родова еднаквост не е исто што и Законот за матична евиденција. Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можноста на трансродово лице да може да ја смени ознаката во матичниот број онаму каде што се обележува родот, а Законот за родова еднаквост се фокусира на унапредување на положбата на жените во општество. Не губиме ништо од она што во моментот го имаме како право, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Министерката потенцира дека Законот за родова еднаквост ја унапредува положбата на жените во сите сфери на општественото живеење и што треба да направи државата за да ја унапреди положбата на жените во општеството.

Како што рече, со Законот за родова еднаквост ниту се третира менувањето на полот, ниту се третираат истополовите бракови.

Направивме 18 јавни дебати во однос на Предлог законот за родова еднаквост. Законот се уште е во консултативен процес, не е ниту во собраниска, ниту во владина процедура. Продолжува широкиот консултативен процес, за да ги слушнеме сите заинтерсирани чинители и да дојдеме до решение кое ќе одговара на целото општество, изјави Тренчевска по денешниот брифинг со новинарите.

Според министерката, проблемот настанал со спојувањето на овие два закони. Како што рече, станува збор за два различни закони кои третираат различна проблематика.

За Законот за измени и дополнување на Законот за матична евиденција, Владата во март 2022 година на седница донесе одлука да се повлече од собраниска процедура, за да се прошири консултативниот процес и да се изнајде решение кое ќе одговара на сите засегнати чинители во општеството, рече Тренчевска.

Прашана како го коментира вечерашниот протест на МПЦ, Тренчевска рече дека легитимно право е на секого да организира протест, но легитимно право е и да се каже вистината.

Како борец за човекови права, не можам да кажам дека протест не смее да се одржува. Протестот е легитимно право на секој, но легитимно право е и да биде кажана вистината за двата закони, и за дефинициите и за механизмите. Протест може и по Устав и по закон да организира секој во државата, рече Тренчевска.

Според министерката, родовата еднаквост не е исто што и половата еднаквост.

Поимот род и пол не е исто што и родов идентитет. Тое се дефинирани согласно постојната законска регулатива во државата и согласно она што државата го презела како обврска од Истанбулската конвенција, идентични се дефинициите во Предлог законот за родова еднаквост со Законот за заштита и спречување од насилство врз жените, правна несигурност во државата ќе постои ако имаме различни дефиниции во различни закони, додаде Тренчевска.

The post Тренчевска: Поимот род и пол не е исто што и родов идентитет appeared first on Република.

]]>

Законот за родова еднаквост не е исто што и Законот за матична евиденција. Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можноста на трансродово лице да може да ја смени ознаката во матичниот број онаму каде што се обележува родот, а Законот за родова еднаквост се фокусира на унапредување на положбата на жените во општество. Не губиме ништо од она што во моментот го имаме како право, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Министерката потенцира дека Законот за родова еднаквост ја унапредува положбата на жените во сите сфери на општественото живеење и што треба да направи државата за да ја унапреди положбата на жените во општеството. Како што рече, со Законот за родова еднаквост ниту се третира менувањето на полот, ниту се третираат истополовите бракови.
Направивме 18 јавни дебати во однос на Предлог законот за родова еднаквост. Законот се уште е во консултативен процес, не е ниту во собраниска, ниту во владина процедура. Продолжува широкиот консултативен процес, за да ги слушнеме сите заинтерсирани чинители и да дојдеме до решение кое ќе одговара на целото општество, изјави Тренчевска по денешниот брифинг со новинарите.
Според министерката, проблемот настанал со спојувањето на овие два закони. Како што рече, станува збор за два различни закони кои третираат различна проблематика.
За Законот за измени и дополнување на Законот за матична евиденција, Владата во март 2022 година на седница донесе одлука да се повлече од собраниска процедура, за да се прошири консултативниот процес и да се изнајде решение кое ќе одговара на сите засегнати чинители во општеството, рече Тренчевска.
Прашана како го коментира вечерашниот протест на МПЦ, Тренчевска рече дека легитимно право е на секого да организира протест, но легитимно право е и да се каже вистината.
Како борец за човекови права, не можам да кажам дека протест не смее да се одржува. Протестот е легитимно право на секој, но легитимно право е и да биде кажана вистината за двата закони, и за дефинициите и за механизмите. Протест може и по Устав и по закон да организира секој во државата, рече Тренчевска.
Според министерката, родовата еднаквост не е исто што и половата еднаквост.
Поимот род и пол не е исто што и родов идентитет. Тое се дефинирани согласно постојната законска регулатива во државата и согласно она што државата го презела како обврска од Истанбулската конвенција, идентични се дефинициите во Предлог законот за родова еднаквост со Законот за заштита и спречување од насилство врз жените, правна несигурност во државата ќе постои ако имаме различни дефиниции во различни закони, додаде Тренчевска.

The post Тренчевска: Поимот род и пол не е исто што и родов идентитет appeared first on Република.

]]>
Имаме обврска кон бога и кон својот род: Поглаварот г.г. Стефан лично го повикува народот на протест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-imame-sveta-dolzhnost-da-go-prodolzhime-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite/ Tue, 27 Jun 2023 09:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=655574

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.

По тој повод, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, преку видеообраќање побара поддршка за протестот пред Соборниот храм в четврток, на 29 јуни, против носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.

Возљубени, секој од нас, но и сите заедно имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од нашите предци, и како посебност и како сечовечко наследство и предание, да го продолжиме и да им го оставиме на поколенијата по нас. Со тоа не само што го чуваме минатото туку обезбедуваме и иднина како припадници и на својот народ и на општочовечката заедница. Бранејќи ги и чувајќи ги достоинствено тие придобивки ќе ги исполниме своите обврски и кон бога и кон својот род – рече поглаварот на МПЦ-ОА во видеообраќањето.

Покрај видеоповикот, објавени се плакати за протестот, на кои пишува: „Сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција“. Хаштагот на најавата за протестот, кој е дел од плакатот, гласи: „Имаме должност за спречиме менување на реалноста“.

Македонската православна црква-Охридска архиепископија првично го најави протестот веднаш по седницата на Синодот на МПЦ-ОА што се одржа на 20 јуни, а како мотив за протестот, како што беше наведено во соопштението по седницата на Синодот, се зачувување на достоинството и слободата и заштита на основните верски права.

Светиот синод на МПЦ-ОА изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат 95 отсто од населението, и не ги прифатиле сугестиите во однос на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие закони, за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството – соопштија пред една недела од САС МПЦ-ОА.

Од Светиот синод велат дека будно ги следат случувањата и активните притисоци за носењето на овие закони и дека се доведени во ситуација да мора да биде заштитено и одбрането семејството, а пред сѐ децата.

The post Имаме обврска кон бога и кон својот род: Поглаварот г.г. Стефан лично го повикува народот на протест appeared first on Република.

]]>

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. По тој повод, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, преку видеообраќање побара поддршка за протестот пред Соборниот храм в четврток, на 29 јуни, против носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.
Возљубени, секој од нас, но и сите заедно имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од нашите предци, и како посебност и како сечовечко наследство и предание, да го продолжиме и да им го оставиме на поколенијата по нас. Со тоа не само што го чуваме минатото туку обезбедуваме и иднина како припадници и на својот народ и на општочовечката заедница. Бранејќи ги и чувајќи ги достоинствено тие придобивки ќе ги исполниме своите обврски и кон бога и кон својот род – рече поглаварот на МПЦ-ОА во видеообраќањето.
Покрај видеоповикот, објавени се плакати за протестот, на кои пишува: „Сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција“. Хаштагот на најавата за протестот, кој е дел од плакатот, гласи: „Имаме должност за спречиме менување на реалноста“. Македонската православна црква-Охридска архиепископија првично го најави протестот веднаш по седницата на Синодот на МПЦ-ОА што се одржа на 20 јуни, а како мотив за протестот, како што беше наведено во соопштението по седницата на Синодот, се зачувување на достоинството и слободата и заштита на основните верски права. Светиот синод на МПЦ-ОА изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат 95 отсто од населението, и не ги прифатиле сугестиите во однос на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие закони, за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството – соопштија пред една недела од САС МПЦ-ОА. Од Светиот синод велат дека будно ги следат случувањата и активните притисоци за носењето на овие закони и дека се доведени во ситуација да мора да биде заштитено и одбрането семејството, а пред сѐ децата.

The post Имаме обврска кон бога и кон својот род: Поглаварот г.г. Стефан лично го повикува народот на протест appeared first on Република.

]]>
МПЦ организира сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mpts-organizira-senaroden-sobir-protiv-zakonot-za-rodova-ednakvost/ Mon, 26 Jun 2023 09:00:18 +0000 https://republika.mk/?p=655173

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан изразува загриженост поради процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, поради што во четврток ќе организира Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

https://republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-imame-sveta-dolzhnost-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite-da-go-prodolzhime/

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а аособено на жените и децата.

Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023 од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА кое е проследено и со видео обраќање на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post МПЦ организира сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција appeared first on Република.

]]>

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан изразува загриженост поради процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, поради што во четврток ќе организира Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. https://republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-imame-sveta-dolzhnost-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite-da-go-prodolzhime/ Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а аособено на жените и децата. Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023 од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА кое е проследено и со видео обраќање на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post МПЦ организира сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција appeared first on Република.

]]>
Г.г. Стефан: Имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од предците, да го продолжиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-imame-sveta-dolzhnost-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite-da-go-prodolzhime/ Mon, 26 Jun 2023 07:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=655118

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, денеска преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан изразува загриженост поради процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, поради што во четврток ќе организира Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а аособено на жените и децата.

Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023г. од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА кое е проследено и со видео обраќање на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post Г.г. Стефан: Имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од предците, да го продолжиме appeared first on Република.

]]>

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, денеска преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан изразува загриженост поради процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, поради што во четврток ќе организира Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а аособено на жените и децата.   Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023г. од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА кое е проследено и со видео обраќање на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post Г.г. Стефан: Имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од предците, да го продолжиме appeared first on Република.

]]>
МПЦ-ОА организира протест за „заштита на основните верски права и слобода“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mpts-oa-organizira-protest-za-zashtita-na-osnovnite-verski-prava-i-sloboda/ Wed, 21 Jun 2023 06:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=653532

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) на 29 јуни во Скопје ќе организира протест за достоинство, слобода и заштита на основните верски права. Причината за протестот, како што велат, е неприфаќањето на нивните сугестии во однос на предлог-законите за матична евиденција и родова еднаквост.

Светиот Синод на МПЦ-ОА изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале Соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат 95 отсто од населението, и не ги прифатиле сугестиите во однос на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие закони, за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка - семејството, стои во соопштението.

Од МПЦ порачуваат дека будно ги следат случувањата и активните притисоци за носењето на овие Закони и оценува дека во ситуација мора да биде заштитено и одбрането семејството, а пред се децата.

Повикуваме во оваа борба за достоинство, слобода и заштита на основните верски права да се придружи верниот народ, граѓанските здруженија, организации и сите поддржувачи заедно да ја заштитиме нашата вера и традиција од обидот за нејзино ‘искоренување’ спомнат во член 23 т.5 од предлог-законот, и да излезат на мирен протест пред Соборниот храм ‘Свети Климент Охридски’ во Скопје на 29 јуни 2023 година во 18 часот, против донесувањето на овие закони, заклучил Синодот на МПЦ-ОА.

The post МПЦ-ОА организира протест за „заштита на основните верски права и слобода“ appeared first on Република.

Стојаноски: За пензија, маж ќе стане жена, па по две години пак ќе стане маж https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-za-penzija-maz-kje-stane-zena-pa-po-dve-godini-pak-kje-stane-maz/ Mon, 21 Mar 2022 13:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=476149

Сметам дека е несоодветно вака широка материја за која постојат меѓународни стандарди да се регулира само со изјава на нотар и со фотокопија од лична карта, без притоа да се даде одговор на сите оние прашања кои произлегуваат како одговор на вака дефинирано законско решение, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ за измените на Законот за матична евиденција.

Ако само со изјава на нотар и со фотокопија од лична карта може да се промени полот, тогаш што ќе се случи со одењето во пензија, учеството во спортски натпревари, кандидатурите во политиката каде е задолжителен родов баланс на листите, добивање на права од спротивен пол? Што ако маж се декларира за жена за порано да оствари право на пензија, а потоа пак, се декларира како маж? За ваков закон треба широка јавна дебата, да се слушнат различни ставови како и мислењата на експерти. Ова е обид за дефокус, Стојаноски.

The post Стојаноски: За пензија, маж ќе стане жена, па по две години пак ќе стане маж appeared first on Република.

Нов закон со знаменце: Може да си од машки пол, но да се изјасниш како жена и обратно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nov-zakon-so-znamence-moze-da-si-od-mashki-pol-no-da-se-izjasnish-kako-zena-i-obratno/ Fri, 18 Mar 2022 07:10:21 +0000 https://republika.mk/?p=474677

Владата предлага закон со кој ќе се овоможи секој граѓанин декларативно да си го промени полот. Предлогот, кој наскоро ќе биде претставен пред пратениците во Собранието, е со „европско знаменце“, објави Алсат.

Во Законот за матична евиденција, Владата предлага да се додаде одредба со која се прецизира дефиницијата на родовиот идентитет:

„Родов идентитет“ претставува внатрешно и индивидуално доживување за род на секое лице, кое може или не кореспондира со полот кој што е одреден со раѓање, вклучително личното чувство за телото и други манифестации на родот, како што се: име, облека, говор и манири.”

Предложените одредби треба да ја олеснат постапката со тоа што таа се сведува на декларирање од страна на личноста и заверување на изјава на нотар.

“Копија од лична карта на барателот за правно признавање на родот, изјава од барателот за правно признавање на родот заверена од нотар во форма на нотарски акт дека родовиот идентитет не е во согласност со полот назначен во матичната евиденција во моментот на раѓање“, се вели во предложените измени на законот.

Од Алијанса за Албанците, Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ изјавиле дека нема да го поддржат законот.

The post Нов закон со знаменце: Може да си од машки пол, но да се изјасниш како жена и обратно appeared first on Република.

]]>

Владата предлага закон со кој ќе се овоможи секој граѓанин декларативно да си го промени полот. Предлогот, кој наскоро ќе биде претставен пред пратениците во Собранието, е со „европско знаменце“, објави Алсат. Во Законот за матична евиденција, Владата предлага да се додаде одредба со која се прецизира дефиницијата на родовиот идентитет: