закон за македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-makedonski-jazik/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Feb 2024 08:22:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-makedonski-jazik/ 32 32 Донесувањето на новиот Закон за македонски јазик е надпартиски и затоа за него гласаа 96 пратеници, вели министерката Костадиновска Стојчевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/donesuvaneto-na-noviot-zakon-za-makedonski-jazik-e-nadpartiski-i-zatoa-za-nego-glasaa-96-pratenitsi-veli-ministerkata-kostadinovska-stojchevska/ Mon, 05 Feb 2024 08:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=740415

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во интервју за телевизија „Тера“ рече дека е особено горда што донесувањето на новиот Закон за употребата на македонскиот јазик се одвиваше во атмосфера на широка дебата и голема заинтересираност од сите засегнати страни.

Зборуваме за македонскиот јазик како културно наследство дефинирано со Устав. Навистина сум многу горда што го изработивме Законот за употребата на македонскиот јазик. Од 1998 година ние немавме такви јасни одредби, тоа законско решение беше застарено и имајќи предвид дека е јазикот жива материја, не можеме да останеме на Законот кој што безмалку ќе наполнеше дваесет и кусур години старост, рече Костадиновска-Стојчевска.

Разговарајќи за текот и процесот на донесување на овој Закон, министерката за култура додаде дека на самата пленарна седница пратеничката Гордана Силјановска-Давкова позитивно го оцени текот на донесување на Законот и самата дискусија на дебатата.

Заедно седнавме со целата Комисија за култура во Собранието и се договоривме дека ова е национален интерес, надпартиски се разбира, и дека мораме да бидеме конструктивни“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура нагласи дека и јавната дебата за Предлог-законот која што се одржа во Народната и универзитетска библиотеката во Скопје и сите други консултации што се одвиваа на ниво на пратеници и Министерство, како што рече беа на многу високо академско ниво.

Ги послушавме барањата од стручната јавност, но и од Стопанската комора и од Народната банка и токму за тоа имавме едно убаво законско решение. Сè она што беше пречка до 2020 година со овој закон беше надминато, и токму затоа беа и пофалните зборови“, рече Костадиновска-Стојчевска и потсети дека Законот за употребата на македонскиот јазик во Собранието беше донесен со високо мнозинство од 96 гласа „за“.

Со новиот Закон, меѓу другото, се предвидува задолжително лекторирање на сите документи што излегуваат од институциите, задолжително вработување на лектор во секоја институција, поголеми казни за прекршување на одредбите од овој закон.

The post Донесувањето на новиот Закон за македонски јазик е надпартиски и затоа за него гласаа 96 пратеници, вели министерката Костадиновска Стојчевска appeared first on Република.

]]>

Костадиновска-Стојчевска: Апелирам сите пратеници да гласаат за Законот за употребата на македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-apeliram-site-pratenitsi-da-glasaat-za-zakonot-za-upotrebata-na-makedonski-jazik/ Mon, 15 Jan 2024 12:57:00 +0000 https://republika.mk/?p=733263

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во денешното гостување во утринската програма на Македонската радиотелевизија, „Македонија наутро“, уште еднаш апелираше Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик што поскоро да се најде на дневен ред на Собранието и истиот да биде изгласан од пратениците од сите пратенички групи.

Одговарајќи на новинарско прашање таа ја појасни важноста од донесувањето на Законот за употреба на македонскиот јазик како законска рамка за уредување, развој и правилна употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, нешто што сме обврзани да го направиме.

Со усвојувањето на Законот ќе се воспостават механизми за негова правилна употреба, потоа во секоја институција што работи со излезни документи ќе се вработи лектор, а ќе биде формиран и Инспекторат кој ќе ја следи правилната употреба на македонскиот јазик“, рече министерката за култура.

Таа потсети дека минатата недела помина и второто читање на Предлог -законот за употреба на македонскиот јазик за кој веќе беше дискутирано и на повеќе јавни дебати и емисии. Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска посочи дека на комисиската расправа беа усвоени 27 амандмани, а што се однесува до оние амандмани кои беа одбиени, меѓу кои и барањето поимот „македонистика“ да се внесе во законот, таа појасни дека не се зборува за Закон за наука за јазикот, туку за Закон за употребата на македонскиот јазик.

Македонистиката ги опфаќа и литературата, културата, фолклорот, затоа сметаме дека во овој Закон со кого строго сме фокусирани на унапредување на употребата на македонскиот јазик, не би требало да се проширува и оптоварува со други прашања во однос на јазикот, рече Костадиновска-Стојчевска.

Костадиновска-Стојчевска во утринската програма „Македонија наутро“ појасни и дека од овој Закон произлегуваат и повеќе иницијативи како што се стипендирање на кадри во сите степени во високото образование, како и зголемување на фондот на часови по македонски јазик. Вооедно преку овој закон се создаваат услови за уредување и на други сродни закони како и за донесување Национална стратегија за македонскиот јазик.

The post Костадиновска-Стојчевска: Апелирам сите пратеници да гласаат за Законот за употребата на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во денешното гостување во утринската програма на Македонската радиотелевизија, „Македонија наутро“, уште еднаш апелираше Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик што поскоро да се најде на дневен ред на Собранието и истиот да биде изгласан од пратениците од сите пратенички групи. Одговарајќи на новинарско прашање таа ја појасни важноста од донесувањето на Законот за употреба на македонскиот јазик како законска рамка за уредување, развој и правилна употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, нешто што сме обврзани да го направиме.
Со усвојувањето на Законот ќе се воспостават механизми за негова правилна употреба, потоа во секоја институција што работи со излезни документи ќе се вработи лектор, а ќе биде формиран и Инспекторат кој ќе ја следи правилната употреба на македонскиот јазик“, рече министерката за култура.
Таа потсети дека минатата недела помина и второто читање на Предлог -законот за употреба на македонскиот јазик за кој веќе беше дискутирано и на повеќе јавни дебати и емисии. Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска посочи дека на комисиската расправа беа усвоени 27 амандмани, а што се однесува до оние амандмани кои беа одбиени, меѓу кои и барањето поимот „македонистика“ да се внесе во законот, таа појасни дека не се зборува за Закон за наука за јазикот, туку за Закон за употребата на македонскиот јазик.
Македонистиката ги опфаќа и литературата, културата, фолклорот, затоа сметаме дека во овој Закон со кого строго сме фокусирани на унапредување на употребата на македонскиот јазик, не би требало да се проширува и оптоварува со други прашања во однос на јазикот, рече Костадиновска-Стојчевска.
Костадиновска-Стојчевска во утринската програма „Македонија наутро“ појасни и дека од овој Закон произлегуваат и повеќе иницијативи како што се стипендирање на кадри во сите степени во високото образование, како и зголемување на фондот на часови по македонски јазик. Вооедно преку овој закон се создаваат услови за уредување и на други сродни закони како и за донесување Национална стратегија за македонскиот јазик.      

The post Костадиновска-Стојчевска: Апелирам сите пратеници да гласаат за Законот за употребата на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
СДСМ обвини дека опозицијата не гласала за македонскиот јазик, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека изготвуваат суштински амандмани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-obvini-deka-opozitsijata-ne-glasala-za-makedonskiot-jazik-od-vmro-dpmne-velat-deka-izgotvuvaat-sushtinski-amandmani/ Thu, 20 Jul 2023 12:09:01 +0000 https://republika.mk/?p=663536

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица не гласаа во Собранието за новиот Закон за употреба на македонскиот јазик, обвини на денешната прес-конференција пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

ДПМНЕ и Левица покажаа негрижа и непочитување за македонскиот јазик, како столб на македонскиот идентитет. Врв на срамот за една партија е да не поддржи ниту една одлука за македонскиот јазик. Мицкоски треба да излезе пред граѓаните, пред македонската јавност, да се извини и да објасни зошто. Христијан Мицкоски и ДПМНЕ досега немаат направено ништо за македонскиот јазик, немаат направено ништо за македонскиот идентитет. Бројни примери го потврдуваат тоа. ДПМНЕ не гласаа ниту за Договорот со ФРОНТЕКС, прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ. ДПМНЕ не ги поддржаа ниту заклучоците во македонското Собрание за преговарачката рамка, каде е заштитен целосно македонскиот јазик и македонската посебност во ЕУ. Мицкоски и ДПМНЕ не лобираа и не направија ништо ниту кога Германскиот Бундестаг донесе Резолуција за македонскиот јазик, идентитет и култура. Тоа се истите оние од ДПМНЕ кои ширеа лаги за бугаризација и асимилација, а не гласаа за македонски јазик во македонското Собрание. Истите оние кои го нарекуваа Блаже Конески „џуџето од Небрегово“. Тоа се најголемите штетници за државата. Со Законот за македонски јазик се обезбедува дополнителна заштита, унапредување и збогатување на македонскиот јазик. Се прошируваат областите за употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и опсегот на лекторирање. Еден од новитетите во законското решение е создавање Инспекторат за употреба на јазикот, но и дополнително изучување и афирмација на јазикот во странство. СДСМ е горд за се она што го има направено за заштита, унапредување и признавање на македонскиот јазик. Ние тоа го должиме како генерација социјалдемократи на оваа држава и овој народ. Но ќе остане запаметено дека ДПМНЕ и Левица освен деструкции, блокади и штета на државата не направиле ништо, рече Каевски.

Во реакција на оваа прес-конференција, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ манипулира и оти пратеници од ВМРО-ДПМНЕ изготвуваат суштински амандмани на Законот за македонски јазик

Лагите на СДС немаат крај. Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа за потребата Законот за македонски јазик да продолжи со процедурата за носење, вчера не се гласаше за носење на законот, туку само за продолжување на постапката, што се гласа со просто мнозинство од 40 пратеници. СДС манипулира, а знае дека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се вклучени во пишување суштински амандмани на Законот за македонски јазик. Попусто е колку и да манипулира СДС, фокусот на народот од криминалот кои секојдневно го прават не можат да го тргнат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post СДСМ обвини дека опозицијата не гласала за македонскиот јазик, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека изготвуваат суштински амандмани appeared first on Република.

Костадиновска-Стојчевска: Со новиот закон за македонскиот јазик тој се заштитува како духовно наследство https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-so-noviot-zakon-za-makedonskiot-jazik-toj-se-zashtituva-kako-duhovno-nasledstvo/ Wed, 08 Mar 2023 07:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=617070

„Македонскиот јазик како официјален јазик на територијата на целата држава, а ние како земја сме потписнички на конвенцијата на УНЕСКО за заштита на материјално и нематеријално наследство. Македонскиот јазик, како таков, е дефиниран како духовно наследство и треба да ужива заштита од највисок вид“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата „Објектив“ на МТВ.

Таа додаде дека со новиот закон се одговара на предизвиците што ги носи новото време, бидејќи сите сме сведоци што се случува со говорниот и пишаниот јазик.

„Носењето на законот е голем чекор со кој се дорегулираат правните норми за заштита и негување на стандардниот литератиурен јазик и што треба секоја институција да има за да придонесеме кон заштита на јазикот во својата форма“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура рече дека со законот ќе се предизвика промена во позитивна смисла за поголема свесност на говорителите, како и да се афирмира надвор од границите на нашата држава.

The post Костадиновска-Стојчевска: Со новиот закон за македонскиот јазик тој се заштитува како духовно наследство appeared first on Република.

Се подготвува Закон за македонскиот јазик, лекторите ќе бидат задолжителни во секоја институција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-podgotvuva-zakon-za-makedonskiot-jazik-lektorite-kje-bidat-zadolzitelni-vo-sekoja-institucija/ Thu, 24 Nov 2022 12:09:41 +0000 https://republika.mk/?p=577773

Законот за македонски јазик е веќе готов, се разгледува од правен аспект и се очекува да се најде на владина седница, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24.

Таа додаде дека пред испраќањето во Собрание на нацрт-законот, текстот ќе биде претставен за јавна расправа.

Законот за употреба на македонскиот јазик всушност предвидува мерки за тоа како да се промовира македонскиот јазик, како правилно да се имплементира... Тој закон предвидува стратегија за македонскиот јазик. Оние спорни делови, кои беа причини законот да се стопира во 2020 година сега се отстранети, бидејќи постои начелен договор за тие моменти поинаку да се регулираат, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа додаде дека Законот за употреба на македонскиот јазик предвидува лектори во секоја државна институција, но и поголеми казни за оние што не го употребуваат како што треба македонскиот јазик, соодветно со лекторите.

Тој предвидува и афирмација во градинки и училишта. Советот за македонскиот јазик е составен од професионалци, коишто долги години се занимаваат со оваа тематика и точно знаат каде треба да се реагира и тие извесен период работеа на тој закон, истакна Костадиновска-Стојчевска.

The post Се подготвува Закон за македонскиот јазик, лекторите ќе бидат задолжителни во секоја институција appeared first on Република.

]]>

Законот за македонски јазик е веќе готов, се разгледува од правен аспект и се очекува да се најде на владина седница, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24. Таа додаде дека пред испраќањето во Собрание на нацрт-законот, текстот ќе биде претставен за јавна расправа.