Закон за лекови и медицински средства Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-lekovi-i-meditsinski-sredstva/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Mar 2023 21:02:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Закон за лекови и медицински средства Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-lekovi-i-meditsinski-sredstva/ 32 32 Пратениците гласаа за закон со кој ќе може директно да се набавуваат лекови од единствен производител https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenitsite-glasaa-za-zakon-so-koj-ke-mozhe-direktno-da-se-nabavuvaat-lekovi-od-edinstven-proizvoditel/ Thu, 16 Mar 2023 20:23:29 +0000 https://republika.mk/?p=620479

Собранието вечерва на 106-тата седница донесе Закон за дополнување на Законот за лекови и медицински средства и изгласа измени на Законот за здравствено осигурување откако претходно собраниската Комисија за здравство одржа итна седница.

Со дополнувањето на Законот за лекови и медицински средства ќе биде можно директна набавка на лек преку посебни договори меѓу државата и производителот на иновативен лек што го патентирал и кој нема конкуренција на пазарот. Тоа ќе овозможи побрз и поевтин пристап до лекови, главно на оние за ретки болести, како и за специфични и тешки болести.

Дополнувањето на законот е иницирано заради набавка на лекот „трикафта“ за болните од цистична фиброза, но ќе се применува и за други лекови кои имаат единствен производител.

Сегашната легислатива не дозволува директна набавка, туку преку јавни набавки и трговци на лекови што, според предлагачите на законот, дополнително ја зголемуваше цената на лековите.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека се доцни со предлогот и требало и можело многу порано да се случи пред да почине пациент чекајќи го лекот „трикафта“.

Рекоа дека ќе го поддржат законот заради болните од ретки болести, но, според нив, „некој на маката на болните прави криминал“ зашто овој предлог е надвор од Законот за јавни набавки.

„Се сомневаме затоа што нема транспарентност и дека некој овде ќе профитира“, рече пратеничката Дафина Стојаноска.

Пратеникот Петар Ристески рече дека речиси еден месец се чекало овие два закона да се стават на дневен ред и дека „пациентите се колатерална штета на политиките на Ковачевски“.

„Законите за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување и Законот за лековите и медицинските средства ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено ќе ги поддржи без разлика колку чинат, бидејќи се работи за живот, а животот не се плаќа со ниедни пари“, рече Ристески.

Собранието ги усвои и измените на Законот за здравствено осигурување кој, исто така, е поврзан со лекови за ретки болести и се однесува на комисијата која предлага лекови што се на товар на Фонд за здравствено осигурување.

The post Пратениците гласаа за закон со кој ќе може директно да се набавуваат лекови од единствен производител appeared first on Република.

]]>

Собранието вечерва на 106-тата седница донесе Закон за дополнување на Законот за лекови и медицински средства и изгласа измени на Законот за здравствено осигурување откако претходно собраниската Комисија за здравство одржа итна седница. Со дополнувањето на Законот за лекови и медицински средства ќе биде можно директна набавка на лек преку посебни договори меѓу државата и производителот на иновативен лек што го патентирал и кој нема конкуренција на пазарот. Тоа ќе овозможи побрз и поевтин пристап до лекови, главно на оние за ретки болести, како и за специфични и тешки болести. Дополнувањето на законот е иницирано заради набавка на лекот „трикафта“ за болните од цистична фиброза, но ќе се применува и за други лекови кои имаат единствен производител. Сегашната легислатива не дозволува директна набавка, туку преку јавни набавки и трговци на лекови што, според предлагачите на законот, дополнително ја зголемуваше цената на лековите. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека се доцни со предлогот и требало и можело многу порано да се случи пред да почине пациент чекајќи го лекот „трикафта“. Рекоа дека ќе го поддржат законот заради болните од ретки болести, но, според нив, „некој на маката на болните прави криминал“ зашто овој предлог е надвор од Законот за јавни набавки.
„Се сомневаме затоа што нема транспарентност и дека некој овде ќе профитира“, рече пратеничката Дафина Стојаноска.
Пратеникот Петар Ристески рече дека речиси еден месец се чекало овие два закона да се стават на дневен ред и дека „пациентите се колатерална штета на политиките на Ковачевски“.
„Законите за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување и Законот за лековите и медицинските средства ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено ќе ги поддржи без разлика колку чинат, бидејќи се работи за живот, а животот не се плаќа со ниедни пари“, рече Ристески.
Собранието ги усвои и измените на Законот за здравствено осигурување кој, исто така, е поврзан со лекови за ретки болести и се однесува на комисијата која предлага лекови што се на товар на Фонд за здравствено осигурување.

The post Пратениците гласаа за закон со кој ќе може директно да се набавуваат лекови од единствен производител appeared first on Република.

]]>
Ристески: Животот нема цена, ВМРО-ДПМНЕ го поддржува законот за набавка на лекови за пациентите од цистична фиброза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/risteski-zhivotot-nema-tsena-vmro-dpmne-go-poddrzhuva-zakonot-za-nabavka-na-lekovi-za-patsientite-od-tsistichna-fibroza/ Thu, 16 Mar 2023 20:21:29 +0000 https://republika.mk/?p=620492

Законите за изменување и дополнување на законот за здравственото осигурување и законот за лековите и медицинските средства ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено ќе ги поддржи без разлика колку чинат, бидејќи се работи за живот, а животот не се плаќа со ниедни пари, вели пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ од собраниска говорница.

Ристески истакна дека скоро месец дена се чекало овие два закони да се стават на дневен ред, укажувајќи дека пациентите се колатерална штета на политиките на Ковачевски.

Овој закон е пратен во собранието на 24 февруари. Зошто се чекаше скоро месец дена за да се стави на дневен ред, ние како пратеничка група ќе го подржавме уште наредниот ден и ќе направивме кворум за да се донесат овие закони, и овие лекови кои што живот значат за пациентите со цистична фиброза ќе ги добиеја многу побрзо отколку сега, рече тој.

Пациентите се колатерална штета на политиките на Ковачевски. Наместо многу порано кога пациентите уште во декември протестираа пред министерството за здравство и пред владата барајќи живот со паролите „Ние сме деца и млади кои сакаат да живеат, не сме ставка во буџетот“, премиерот се договараше во парламентот со партиите кој да влезе, а кој да излезе од власта и изгуби повеќе од месец дена, додаде Ристески.

Пратеникот Ристески од говорница ја цитираше изјавата на еден од пациентите болни од цистична фиброза, изјавувајќи дека владата на СДС и Ковачевски со тоа што набавува лек само за неколку пациенти ги поделиле граѓаните и по оваа основа.

Еден од пациентите со цистична фиброза во моментот кога кажувате дека се набавени лекови за 8 пациенти, и за уште 4 пациенти дека ќе бидат набавени, вели дека ги поделивте и по оваа основа, потенцираше Ристески.

The post Ристески: Животот нема цена, ВМРО-ДПМНЕ го поддржува законот за набавка на лекови за пациентите од цистична фиброза appeared first on Република.

]]>

Законите за изменување и дополнување на законот за здравственото осигурување и законот за лековите и медицинските средства ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено ќе ги поддржи без разлика колку чинат, бидејќи се работи за живот, а животот не се плаќа со ниедни пари, вели пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ од собраниска говорница.
Ристески истакна дека скоро месец дена се чекало овие два закони да се стават на дневен ред, укажувајќи дека пациентите се колатерална штета на политиките на Ковачевски. Овој закон е пратен во собранието на 24 февруари. Зошто се чекаше скоро месец дена за да се стави на дневен ред, ние како пратеничка група ќе го подржавме уште наредниот ден и ќе направивме кворум за да се донесат овие закони, и овие лекови кои што живот значат за пациентите со цистична фиброза ќе ги добиеја многу побрзо отколку сега, рече тој.
Пациентите се колатерална штета на политиките на Ковачевски. Наместо многу порано кога пациентите уште во декември протестираа пред министерството за здравство и пред владата барајќи живот со паролите „Ние сме деца и млади кои сакаат да живеат, не сме ставка во буџетот“, премиерот се договараше во парламентот со партиите кој да влезе, а кој да излезе од власта и изгуби повеќе од месец дена, додаде Ристески.
Пратеникот Ристески од говорница ја цитираше изјавата на еден од пациентите болни од цистична фиброза, изјавувајќи дека владата на СДС и Ковачевски со тоа што набавува лек само за неколку пациенти ги поделиле граѓаните и по оваа основа. Еден од пациентите со цистична фиброза во моментот кога кажувате дека се набавени лекови за 8 пациенти, и за уште 4 пациенти дека ќе бидат набавени, вели дека ги поделивте и по оваа основа, потенцираше Ристески.

The post Ристески: Животот нема цена, ВМРО-ДПМНЕ го поддржува законот за набавка на лекови за пациентите од цистична фиброза appeared first on Република.

]]>