закон за клевета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-kleveta/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Feb 2022 09:55:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за клевета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-kleveta/ 32 32 Реагира и АВМУ: Законот за клевета е спротивен на сите демократски практики, води кон самоцензурирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/reagira-i-avmu-zakonot-za-kleveta-e-sprotiven-na-site-demokratski-praktiki-vodi-kon-samocenzuriranje/ Mon, 07 Feb 2022 09:55:59 +0000 https://republika.mk/?p=455029

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) потенцира дека повикувањето на одговорност за изразено „негативно мислење“, на начинот на којшто е дефинирано во Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета кој е во прва фаза на читање во Собранието, е спротивно на сите демократски практики и може да предизвика медиумско самоцензурирање.

Можноста за санкционирање поради искажано негативно мислење остава простор за злоупотреба и казнување на медиумските професионалци. Новинарите се гласот на јавноста и тие честопати при вршење на својата работа упатуваат критика за одредени политики или појави во општеството и на тој начин поттикнуваат јавна дебата и придонесуваат за поголема одговорност, отчетност и транспарентност на претставниците на власта, велат од АВМУ.

Правото на слобода на изразување, нагласуваат, е уставно загарантирано право и е гарантирано и со Европската конвенција за заштита на човековите права. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт.

The post Реагира и АВМУ: Законот за клевета е спротивен на сите демократски практики, води кон самоцензурирање appeared first on Република.

]]>

Казната за „негативно мислење“ е појасна кога ќе се види кој ја предложил https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kaznata-za-negativno-mislenje-e-pojasna-koga-kje-se-vidi-koj-ja-predlozil/ Mon, 07 Feb 2022 08:58:28 +0000 https://republika.mk/?p=454988

Јавноста беше непријатно изненадена што владата предложи закон за клевета и навреда каде санкциониран би бил секој граѓанин/ новинар кој изнесол „негативно мислење". Според пратеникот Антонио Милошоски, да биде апсурдот поголем, предлогот за казна за „негативно мислење" во Собранието дојде со злоупотреба на европското знаменце, со цел да помине по итна постапка и без јавна дебата.

Но, вели Милошоски, работите стануваат појасни доколку се види кој раководел со групата за таканаречени реформи во Министерството за правда.

Тоа е академикот Камбовски, или „главниот партиски обвинител" кој во едноумието го гонеше професорот Ѓорѓе Марјановиќ што се дрзнал да предложи укинување на вербалниот деликт. Тоа што не му успеало на Камбовски во едноумието, сега нашол прилика да го протне како „негативно мислење" со европско знаменце со актуелнава влада. Ова е лош старт за новиот министер за правда, кој го наследил и предлог законот и академикот. Но, доколку министерот Тупанчевски има желба да ја увери јавноста дека не се согласува со предложениот „вербален деликт" не е доволно само да соопшти дека станува збор за грешка во текстот, туку да го смени и авторот на текстот и да го тргне Камбовски од челната позиција на Работната група за реформи на законите во Министерството за равда. Така не само што ќе заштеди на исплатените хонорари за Камбовски, туку ќе се поштеди и од слични бламажи во иднина, порача Милошоски.

The post Казната за „негативно мислење“ е појасна кога ќе се види кој ја предложил appeared first on Република.

]]>

Јавноста беше непријатно изненадена што владата предложи закон за клевета и навреда каде санкциониран би бил секој граѓанин/ новинар кој изнесол „негативно мислење". Според пратеникот Антонио Милошоски, да биде апсурдот поголем, предлогот за казна за „негативно мислење" во Собранието дојде со злоупотреба на европското знаменце, со цел да помине по итна постапка и без јавна дебата. Но, вели Милошоски, работите стануваат појасни доколку се види кој раководел со групата за таканаречени реформи во Министерството за правда.