Закон за јазици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-jazici/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 13:37:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Закон за јазици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-jazici/ 32 32 Ахмети се закани: Албанците ќе се кренат ако Уставниот суд „чепне“ во Законот за јазици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-se-zakani-albantsite-ke-se-krenat-ako-ustavniot-sud-chepne-vo-zakonot-za-jazitsi/ Tue, 12 Nov 2024 13:37:10 +0000 https://republika.mk/?p=836819

Нова закана на Али Ахмети. Опозицијата очигледно тешко му влијае на лидерот на ДУИ, па повторно реши да се заканува на национална основа. Сите Албанци ќе се кренеле на нозе, доколку Уставниот суд одлучел да го промени или укине Законот за употреба на јазиците.

Ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе, изјави Ахмети.

ДУИ и преку соопштение објаснуваа што точно да кажува Ахмети. Велат ги уверил партиските членови, дека немало да дозволи уништување на постигнувањата со многу жртви.

Вечерва на средбата со народот организирана од огранокот на ДУИ во Шуто Оризари разговаравме за понижувањата, отпуштањата на Албанците, обидите за укинување на албанскиот јазик, балансерот и поништувањето на сите достигнувања на Албанците пред очите на прекршителите на волјата на Албанците од ВЛЕН, изјави ДУИ. Премиерот Христијан Мицкоски вели сите се навиквнале Ахмети секојдневно да биде фактор на нестабилност и со воинствени повици, да се обиде да предизвика некакви немири.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ali-ahmeti-i-dui-na-dnevna-osnova-stanuvaat-faktor-na-nestabilnost/

Според Мицкоски, првиот човек на ДУИ нема да успее во овој план, но сепак предизвикува загриженост кај него, но и кај меѓународниот фактор. -Ние се навикнавме сега од таквите изјави на господинот Али Ахмети, да повикува на воинственост, да биде фактор на нестабилност.

The post Ахмети се закани: Албанците ќе се кренат ако Уставниот суд „чепне“ во Законот за јазици appeared first on Република.

]]>

Нова закана на Али Ахмети. Опозицијата очигледно тешко му влијае на лидерот на ДУИ, па повторно реши да се заканува на национална основа. Сите Албанци ќе се кренеле на нозе, доколку Уставниот суд одлучел да го промени или укине Законот за употреба на јазиците.
Ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе, изјави Ахмети.
ДУИ и преку соопштение објаснуваа што точно да кажува Ахмети. Велат ги уверил партиските членови, дека немало да дозволи уништување на постигнувањата со многу жртви.
Вечерва на средбата со народот организирана од огранокот на ДУИ во Шуто Оризари разговаравме за понижувањата, отпуштањата на Албанците, обидите за укинување на албанскиот јазик, балансерот и поништувањето на сите достигнувања на Албанците пред очите на прекршителите на волјата на Албанците од ВЛЕН, изјави ДУИ. Премиерот Христијан Мицкоски вели сите се навиквнале Ахмети секојдневно да биде фактор на нестабилност и со воинствени повици, да се обиде да предизвика некакви немири.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ali-ahmeti-i-dui-na-dnevna-osnova-stanuvaat-faktor-na-nestabilnost/ Според Мицкоски, првиот човек на ДУИ нема да успее во овој план, но сепак предизвикува загриженост кај него, но и кај меѓународниот фактор. -Ние се навикнавме сега од таквите изјави на господинот Али Ахмети, да повикува на воинственост, да биде фактор на нестабилност.

The post Ахмети се закани: Албанците ќе се кренат ако Уставниот суд „чепне“ во Законот за јазици appeared first on Република.

]]>
Костадиновски: Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostadinovski-ne-se-doveduva-pod-zakana-zakonot-za-jazitsite-tuku-samo-primenata/ Thu, 07 Nov 2024 19:45:26 +0000 https://republika.mk/?p=835286

Како Уставен суд, за да ги амортизираме сите обвинувања за етничко и политичко постапување, сме подготвени со колегите да ги разубедуваме политичарите и воедно да се обратиме на граѓаните дека нашите одлуки се уставни, изјави претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски.

На вечерашното гостување на Канал 5 телевизија, на прашање во врска со постапувањето со законот за јазиците, кое беше најавено дека треба да биде на седница во октомври, Костадиновски одговори дека пролонгирањето е поради меѓународната агенда на судиите. Тој потенцираше дека не се доведува под закана законот, туку само неговата примена.

Пролонгирањето е поради меѓународната агенда, и моја, и на дел од судиите. Тоа е предмет за кој постои заклучок дека ќе одлучува полн состав, рече тој.

Прашан што доколку тројцата судии од немнозинските заедници не дојдат, тој одговори дека не сака да верува во такви сценарија.

Не сакам да верувам во такви сценарија. Но, неспорен факт е дека јас како претседател на судот сум обврзан со заклучок на судот, се додека е на сила дека тој и уште неколку предмети мора да се одлучуваат во полн состав, се додека не се донесе нов заклучок, дополни Костадиновски.

Увери дека никој не треба да биде вознемирен од постапките на Уставниот суд, а во однос на прашањето дали има атмосфера да се слушнат правните аргументи за овој закон, тој одговори дека ќе ги исцрпат сите алатки што им стојат на располагање.

Ние како судии ќе ги исцрпиме сите алатка што ни стојат на располагање. Сите опции се во игра, и подготвителна седница за материјалниот дел. Во тие 13 иницијативи има многу суштини на оспорување. Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената, како се операционализира, рече Костадиновски.

Во моментов, Уставниот суд разгледува 13 иницијативи кои се однесуваат на Законот за употреба на јазиците. Донесен во 2018 година, законот предвидува албанскиот јазик да биде службен јазик во сите органи на државната власт.

The post Костадиновски: Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената appeared first on Република.

]]>

Како Уставен суд, за да ги амортизираме сите обвинувања за етничко и политичко постапување, сме подготвени со колегите да ги разубедуваме политичарите и воедно да се обратиме на граѓаните дека нашите одлуки се уставни, изјави претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски. На вечерашното гостување на Канал 5 телевизија, на прашање во врска со постапувањето со законот за јазиците, кое беше најавено дека треба да биде на седница во октомври, Костадиновски одговори дека пролонгирањето е поради меѓународната агенда на судиите. Тој потенцираше дека не се доведува под закана законот, туку само неговата примена.
Пролонгирањето е поради меѓународната агенда, и моја, и на дел од судиите. Тоа е предмет за кој постои заклучок дека ќе одлучува полн состав, рече тој.
Прашан што доколку тројцата судии од немнозинските заедници не дојдат, тој одговори дека не сака да верува во такви сценарија.
Не сакам да верувам во такви сценарија. Но, неспорен факт е дека јас како претседател на судот сум обврзан со заклучок на судот, се додека е на сила дека тој и уште неколку предмети мора да се одлучуваат во полн состав, се додека не се донесе нов заклучок, дополни Костадиновски.
Увери дека никој не треба да биде вознемирен од постапките на Уставниот суд, а во однос на прашањето дали има атмосфера да се слушнат правните аргументи за овој закон, тој одговори дека ќе ги исцрпат сите алатки што им стојат на располагање.
Ние како судии ќе ги исцрпиме сите алатка што ни стојат на располагање. Сите опции се во игра, и подготвителна седница за материјалниот дел. Во тие 13 иницијативи има многу суштини на оспорување. Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената, како се операционализира, рече Костадиновски.
Во моментов, Уставниот суд разгледува 13 иницијативи кои се однесуваат на Законот за употреба на јазиците. Донесен во 2018 година, законот предвидува албанскиот јазик да биде службен јазик во сите органи на државната власт.

The post Костадиновски: Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената appeared first on Република.

]]>
Уставен суд: Законот за јазици ќе се разгледува во целосен состав https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustaven-sud-zakonot-za-jazitsi-ke-se-razgleduva-vo-tselosen-sostav/ Thu, 26 Sep 2024 14:01:00 +0000 https://republika.mk/?p=819922

Законот за употреба на јазиците ќе биде ставен на седница на која ќе присуствуваат сите девет уставни судии, со оглед на значењето и интересот во јавноста, информираат од Уставен суд. Оттаму дополнуваат дека тоа нема да биде во октомври, бидејќи е најавено отсуство на дел од судиите.

Предметот во кој е оспорен Законот за употреба на јазиците ќе биде ставен на седница на која ќе присуствуваат сите девет судии, со оглед на значењето и интересот во јавноста. Во текот на следниот месец, октомври, предметот не е предвиден за дневен ред на некоја од седниците поради најавеното отсуство на дел од судиите кои се потврдени како говорници на меѓународни настани надвор од државата, но и поради приватни причини. Веднаш штом ќе биде ставен на дневен ред, јавноста ќе биде информирана, велат од Уставен суд.

Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија, а е оформен од 2019 година.

Со Законот за јазиците политиката создаде своевиден правен хаос, кој резултираше со политички хаос, недоверба, дилеми. Јавноста веќе го виде и извештајот на Венецијанската комисија. Уставниот суд е на потег не за мудра, туку да донесе уставно-правно втемелена и аргументирана одлука. Што би можело да се одлучи, не знам и не можам да знам и нема да коментирам, кажа во интервју за МИА претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

Собранието во март 2018 година го донесе новиот Закон за употреба на јазиците, со кој се проширува службената употреба на албанскиот јазик во целата држава. Претходниот закон го дефинираше албанскиот јазик како официјален јазик, но само на територијата на која Албанците сочинуваат повеќе од 20 проценти од локалното население.

The post Уставен суд: Законот за јазици ќе се разгледува во целосен состав appeared first on Република.

Секој што добива плата на грбот на граѓаните мора да ги почитува македонските закони и Устав, вели Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sekoj-shto-dobiva-plata-na-grbot-na-graganite-mora-da-gi-pochituva-makedonskite-zakoni-i-ustav-veli-mitskoski/ Thu, 05 Sep 2024 11:24:54 +0000 https://republika.mk/?p=813501

Јас сум човек кој Уставот и законите ги почитува и не очекувам било кој, што добива плата, ужива привилегии на грбот на граѓаните овде кај нас, да не ги почитува македонските закони и македонскиот Устав, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Прашан за коментар за законот за јазици кој е пред Уставен суд, тој не очекува дека ќе има можности за било каква дестабилизација.

– Можеби мене ми претставува проблем нешто кое што е направено изминатиот период со Уставот и колку и да не се согласувам интимно и сум против тоа како што е користење Северна, пред нашето име, кое е дел од нашиот Устав, јас додека ја обавувам оваа функција ќе стојам пред тој знак, затоа што несакам на тој начин да го навредам македонскиот Устав и Макеоднските закони.

Некогаш реалноста може да не ви се допаѓа, но вие морате да ја прифатите таа реалност, ако навистина се борите за владеење на правото, нагласи Мицкоски на прес – конференцијата.

Според него, не секогаш работите во живото се онакви какви што посакувате и тоа, како што рече, е суровоста во оваа работа, која ја работат.

– Ова е правило на игра, а правилото вели: владеење на право, почитување на закони и почитување на устав. Тука не треба да има никој дилема поврзана со тоа прашање.

А тоа што сега замолив јас и повторно замолувам да не се прави притисок на отворена сцена врз судовите колку и да е таа доверба на тие судови партизирана и оптруирани од претходната влада на СДСМ и ДУИ и ниска, истакна Мицкоски.

На новинарско прашање на која страна тежи неговото посветување меѓу законитоста и уставноста на законот за јазиците и политичката одлука и длаи смета дека треба да повика лидерска средба или да заседава Советот за безбедност, тој повтори дека нема индиции за загрозување на безбедноста и состојбата во моментот била стабилна.

– Но, има одредени структури во општеството кои имаат намера за да го заштитат својот криминал на стекнат капитал да предизвикаат инциденти и одредена дестабилизација.

Доколку тоа се случи ние имаме намера многу објективно и многу резулутно да реагираме во заштита на безбедносната состојба во нашата татковина, рече Мицкоски.

The post Секој што добива плата на грбот на граѓаните мора да ги почитува македонските закони и Устав, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Јас сум човек кој Уставот и законите ги почитува и не очекувам било кој, што добива плата, ужива привилегии на грбот на граѓаните овде кај нас, да не ги почитува македонските закони и македонскиот Устав, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
  Прашан за коментар за законот за јазици кој е пред Уставен суд, тој не очекува дека ќе има можности за било каква дестабилизација.   – Можеби мене ми претставува проблем нешто кое што е направено изминатиот период со Уставот и колку и да не се согласувам интимно и сум против тоа како што е користење Северна, пред нашето име, кое е дел од нашиот Устав, јас додека ја обавувам оваа функција ќе стојам пред тој знак, затоа што несакам на тој начин да го навредам македонскиот Устав и Макеоднските закони. Некогаш реалноста може да не ви се допаѓа, но вие морате да ја прифатите таа реалност, ако навистина се борите за владеење на правото, нагласи Мицкоски на прес – конференцијата.   Според него, не секогаш работите во живото се онакви какви што посакувате и тоа, како што рече, е суровоста во оваа работа, која ја работат. – Ова е правило на игра, а правилото вели: владеење на право, почитување на закони и почитување на устав. Тука не треба да има никој дилема поврзана со тоа прашање.   А тоа што сега замолив јас и повторно замолувам да не се прави притисок на отворена сцена врз судовите колку и да е таа доверба на тие судови партизирана и оптруирани од претходната влада на СДСМ и ДУИ и ниска, истакна Мицкоски. На новинарско прашање на која страна тежи неговото посветување меѓу законитоста и уставноста на законот за јазиците и политичката одлука и длаи смета дека треба да повика лидерска средба или да заседава Советот за безбедност, тој повтори дека нема индиции за загрозување на безбедноста и состојбата во моментот била стабилна.   – Но, има одредени структури во општеството кои имаат намера за да го заштитат својот криминал на стекнат капитал да предизвикаат инциденти и одредена дестабилизација. Доколку тоа се случи ние имаме намера многу објективно и многу резулутно да реагираме во заштита на безбедносната состојба во нашата татковина, рече Мицкоски.

The post Секој што добива плата на грбот на граѓаните мора да ги почитува македонските закони и Устав, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за Законот за јазици: Да не се прави притисок врз Уставниот суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-zakonot-za-jazitsi-da-ne-se-pravi-pritisok-vrz-ustavniot-sud/ Tue, 03 Sep 2024 14:44:16 +0000 https://republika.mk/?p=812739

Во однос на иницијативата за Законот за јазиците што треба да ја разгледа Уставниот суд, Мицкоски повтори дека станува збор за судска одлука и дека секој треба да ја почитува. Да почекаме да се произнесат, да не се врши пристисок врз судските истанци, рече Мицкоски.

– Законот е поднесен во рамки на Уставниот суд. Да почекаме да се произнесе. Не знам зошто се прави овој притисок. Јас разбирам дека ДУИ, луѓето кои изминативе 20-ина години заробија низа од институциите, од голтари станаа милионери, ќе се обидат да манипулираат дел од нашите сограѓани со етнички теми, па некои од нив се дрзнаа дури и со верски теми да собираат, да манипулираат и ова им е одлична тема на тој начин да манипулираат. Но, тоа што го направиле тие е прашање на кое што тие треба да одговорат. Затоа, би апелирал до јавноста да не вршиме притисок на судските истанци, да не вршиме притисок на Уставниот суд, да почекаме Уставниот суд да се произнесе. Не сакам да верувам дека постои граѓанин во Македонија којшто нема да почитува судска одлука. Ние сме држава која што се темели на владеење на право. Може да се подобруваат и носат нови закони, може се да се прави, но во рамки пред се на Уставот и интересот на граѓаните. Вистинското прашање е зошто тие што го донеле тој закон потенцијално донеле закон којшто е неуставен, а вратете се назад и погледнете го мислењето на Венецијанската комисија и уште тогаш ќе го добиете одговорот на оваа дилема, изјави Мицкоски

The post Мицкоски за Законот за јазици: Да не се прави притисок врз Уставниот суд appeared first on Република.

Првиот човек на Уставен суд за Законот за јазици: Не може и не е дозволено македонското општество да „трепери” очекувајќи ја одлуката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prviot-chovek-na-ustaven-sud-za-zakonot-za-jazitsi-ne-mozhe-i-ne-e-dozvoleno-makedonskoto-opshtestvo-da-treperi-ochekuvajki-ja-odlukata/ Sun, 01 Sep 2024 07:10:02 +0000 https://republika.mk/?p=811902

Има уште еден интересен предмет во најава за одлучување, а тоа е Законот за јазици. За тој предмет јавноста долго време говори и очекува одлука со оглед дека е оформен од 2019 година. Очекувањата се да има одлука во брзо време со оглед дека претходната претседателка најави дека имате Заклучок да биде изнесен предметот на расправа. Хипотетички, каква и да е одлуката ќе има незадоволни граѓани. Ќе успее ли Уставниот суд мудро да избалансира без да ги наруши политичко-етничките односи во државата особено по информациите на премиерот за можни безбедносни предизвици оваа есен?

- Станува збор за сложен и обемен предмет составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија. Предметот го работеа неколку судии, а јас сум веќе четвртиот претседател на Судот кој ќе ја има можноста предметот да го изнесе на седница. Во однос на исходот, ќе се воздржам од лично мислење иако имам став по ова прашање уште кога ни беше поделен првиот реферат. Јавноста и за овој предмет ќе може да ги слушне аргументите бидејќи ќе биде на дневен ред на Судот во првата недела на октомври, вели Дарко Костадиновски,претседател на Судот во интервју за МИА.

Но, во однос на вашето прашање дали ќе успее Судот мудро да избалансира без да ги наруши политичко-етничките односи во државата, како и можните безбедносни предизвици, дозволете ми за вас и за јавноста, да ја искористам оваа прилика и да дадам свое видување и колку што дозволува просторот, појаснување.

Свесни сме дека Уставниот суд го носи најголемиот товар да одлучи-пресече за какво било деликатно прашање, но затоа и постои Судот. Не само нашиот Суд, сите уставни судови од време на време се соочуваат со општествено сензибилни предмети во кои одлуката може да има општествено политички импликации, и токму затоа во уставното судство постои она што се нарекува „одлуката на Уставниот суд да не одлучува е одлука”. Како еден од судиите со најдолг стаж во актуелниот состав сведочев за повеќе вакви ситуации. Но, искуството ми укажа на две важни работи, кои се важни и за мојот мандат како претседател.

Прво прашање е: Дали одлагањето на одлуката по одредено прашање во име на сензибилноста и можните општествени реакции и импликации е оправдана и дали ја постигнала својата цел? Не, сензибилноста по такви прашања не се лимитирани со временска рамка, сензибилноста не се намалува со протекот на време, тие биле и се уште се сензибилни предмети и пред 4 години исто и денес, и од тој аспект подобро и поздраво е Судот промптно без калкулации да одлучува, исклучиво со уставно-правни аргументи и затоа како пртетседател со ова искуство ќе се залагам за што е можно побрзо одлучување за предметите без разлика на степенот на нивната сензибилност.

Второ исклучиво релевантно прашање и за Судот и за овие важни предмети за кои зборуваме, но и за правната држава е: Дали како општество сме подготвени и зрели да се соочиме и со одлуки на Судот, кои секако се од висок јавен интерес. Односно треба да бидеме искрени и сами да си го поставиме прашањето дали сме стабилна демократија, дали е неопходно и нужно да го направиме исчекорот и преминот во зрела демократија? Мојот став е јасен. Мојот став е дека е нужно, дека е крајно време да го направиме тој исчекор кон зрела демократија. Нашата уставна реалност според мене е дека живееме во демократијата која е стабилна, но не е зрела се уште. Зрелата демократија подразбира високо ниво на уставна и политичка култура, силно почитување на владеењето на правото, стабилни независни институции, институции кои го издржале тестот на времето и можат ефикасно да се справат со предизвици како политички кризи, економски, здравствени, какви било падови, длабоко вкоренети демократски норми кои ги почитуваат основните слободи и права на граѓаните. И зрелите демократии можат да се соочат со периоди на нестабилност но при тоа тие не го губат својот основен демократски карактер.

Оттука не може и не е дозволено македонското општество да „трепери” очекувајќи ја одлуката на Уставниот суд по одредено прашање. Не може бројни политички актери претпладне од уста да не ја вадaт заложбата за правна држава, за владеење на правото, за европски стандарди, а попладне да ги етикетираат одлуките на Уставниот суд како политички, етнички, верски, итн. Не може политиката како досега да се поставува над правото, да ги пречекорува со Устав исцртаните рамки, да прават правен хаос, кој создава политички хаос, и кога Судот ќе даде правен одговор на хаосот тогаш да се етикетира или одликите на Судот да се повод за некоја политичка тензија. Крајно време е да прејдеме во зрела демократија, од која бенефит ќе имаат сите граѓани без исклучок.

Одлуките на Судот не треба да се гледаат ниту како закана против некого или нешто, ниту како одлуки со кои се зголемуваат или намалуваат нечии права, тие треба да бидат прифаќани и да бидат оријентир, рамка за делување согласно наодите на Судот за сите останати власти, законодавна, извршна, судска, монетарна или локална. Да им помогнат, нивните дејствија, прописи или одлуки бидат усогласени со Уставот.

Судот во својата уставно-судска практика до сега има дадено авторитетни правни толкувања на сите темелни вредности, принципи начела, им има дадено содржинска смисла во нивните манифестации, доволно е останатите власти да ја следат почитуваат и применуваат таквата практика и одлуките на Судот. Одлуките на Судот, во кои е оценувана материјалната, формалната уставност, ставовите на Судот по бројни предмети го легитимираат правото. Уставниот суд е на врвот на пирамидата која се вика владеење на правото, тој е најповиканиот да рефлектира правна сигурност, усогласеност во правниот поредок. За тоа постојат уставните судови, ништо повеќе ништо помалку.

Тоа е мојот одговор до вас, а истовремено апел до граѓаните, државните органи, политичарите, ако навистина и мислат добро на Републиката, ако навистина сакаат правна држава во која ќе владее правото, своите јавно прокламирани ставови за европски стандарди, за владеење на правото, да ги усогласат со нивните дела и дејствија во практика, да ги усогласат со вистинските потреби на граѓаните за зрело демократско општество како најпожелно за нив. Секое делување надвор од овие рамки за мене е чиста манипулација со граѓаните. Доколку одлука на Судот по овој или било кој друг предмет може да ги наруши, како што велите, политичко-етничките односи тогаш се поставува прашањето дали сме воопшто и стабилна демократија?

The post Првиот човек на Уставен суд за Законот за јазици: Не може и не е дозволено македонското општество да „трепери” очекувајќи ја одлуката appeared first on Република.

]]>

Има уште еден интересен предмет во најава за одлучување, а тоа е Законот за јазици. За тој предмет јавноста долго време говори и очекува одлука со оглед дека е оформен од 2019 година. Очекувањата се да има одлука во брзо време со оглед дека претходната претседателка најави дека имате Заклучок да биде изнесен предметот на расправа. Хипотетички, каква и да е одлуката ќе има незадоволни граѓани. Ќе успее ли Уставниот суд мудро да избалансира без да ги наруши политичко-етничките односи во државата особено по информациите на премиерот за можни безбедносни предизвици оваа есен?
- Станува збор за сложен и обемен предмет составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија. Предметот го работеа неколку судии, а јас сум веќе четвртиот претседател на Судот кој ќе ја има можноста предметот да го изнесе на седница. Во однос на исходот, ќе се воздржам од лично мислење иако имам став по ова прашање уште кога ни беше поделен првиот реферат. Јавноста и за овој предмет ќе може да ги слушне аргументите бидејќи ќе биде на дневен ред на Судот во првата недела на октомври, вели Дарко Костадиновски,претседател на Судот во интервју за МИА.
Но, во однос на вашето прашање дали ќе успее Судот мудро да избалансира без да ги наруши политичко-етничките односи во државата, како и можните безбедносни предизвици, дозволете ми за вас и за јавноста, да ја искористам оваа прилика и да дадам свое видување и колку што дозволува просторот, појаснување.
Свесни сме дека Уставниот суд го носи најголемиот товар да одлучи-пресече за какво било деликатно прашање, но затоа и постои Судот. Не само нашиот Суд, сите уставни судови од време на време се соочуваат со општествено сензибилни предмети во кои одлуката може да има општествено политички импликации, и токму затоа во уставното судство постои она што се нарекува „одлуката на Уставниот суд да не одлучува е одлука”. Како еден од судиите со најдолг стаж во актуелниот состав сведочев за повеќе вакви ситуации. Но, искуството ми укажа на две важни работи, кои се важни и за мојот мандат како претседател.
Прво прашање е: Дали одлагањето на одлуката по одредено прашање во име на сензибилноста и можните општествени реакции и импликации е оправдана и дали ја постигнала својата цел? Не, сензибилноста по такви прашања не се лимитирани со временска рамка, сензибилноста не се намалува со протекот на време, тие биле и се уште се сензибилни предмети и пред 4 години исто и денес, и од тој аспект подобро и поздраво е Судот промптно без калкулации да одлучува, исклучиво со уставно-правни аргументи и затоа како пртетседател со ова искуство ќе се залагам за што е можно побрзо одлучување за предметите без разлика на степенот на нивната сензибилност. Второ исклучиво релевантно прашање и за Судот и за овие важни предмети за кои зборуваме, но и за правната држава е: Дали како општество сме подготвени и зрели да се соочиме и со одлуки на Судот, кои секако се од висок јавен интерес. Односно треба да бидеме искрени и сами да си го поставиме прашањето дали сме стабилна демократија, дали е неопходно и нужно да го направиме исчекорот и преминот во зрела демократија? Мојот став е јасен. Мојот став е дека е нужно, дека е крајно време да го направиме тој исчекор кон зрела демократија. Нашата уставна реалност според мене е дека живееме во демократијата која е стабилна, но не е зрела се уште. Зрелата демократија подразбира високо ниво на уставна и политичка култура, силно почитување на владеењето на правото, стабилни независни институции, институции кои го издржале тестот на времето и можат ефикасно да се справат со предизвици како политички кризи, економски, здравствени, какви било падови, длабоко вкоренети демократски норми кои ги почитуваат основните слободи и права на граѓаните. И зрелите демократии можат да се соочат со периоди на нестабилност но при тоа тие не го губат својот основен демократски карактер.
Оттука не може и не е дозволено македонското општество да „трепери” очекувајќи ја одлуката на Уставниот суд по одредено прашање. Не може бројни политички актери претпладне од уста да не ја вадaт заложбата за правна држава, за владеење на правото, за европски стандарди, а попладне да ги етикетираат одлуките на Уставниот суд како политички, етнички, верски, итн. Не може политиката како досега да се поставува над правото, да ги пречекорува со Устав исцртаните рамки, да прават правен хаос, кој создава политички хаос, и кога Судот ќе даде правен одговор на хаосот тогаш да се етикетира или одликите на Судот да се повод за некоја политичка тензија. Крајно време е да прејдеме во зрела демократија, од која бенефит ќе имаат сите граѓани без исклучок.
Одлуките на Судот не треба да се гледаат ниту како закана против некого или нешто, ниту како одлуки со кои се зголемуваат или намалуваат нечии права, тие треба да бидат прифаќани и да бидат оријентир, рамка за делување согласно наодите на Судот за сите останати власти, законодавна, извршна, судска, монетарна или локална. Да им помогнат, нивните дејствија, прописи или одлуки бидат усогласени со Уставот. Судот во својата уставно-судска практика до сега има дадено авторитетни правни толкувања на сите темелни вредности, принципи начела, им има дадено содржинска смисла во нивните манифестации, доволно е останатите власти да ја следат почитуваат и применуваат таквата практика и одлуките на Судот. Одлуките на Судот, во кои е оценувана материјалната, формалната уставност, ставовите на Судот по бројни предмети го легитимираат правото. Уставниот суд е на врвот на пирамидата која се вика владеење на правото, тој е најповиканиот да рефлектира правна сигурност, усогласеност во правниот поредок. За тоа постојат уставните судови, ништо повеќе ништо помалку.