закон за фондации и здруженија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-fondacii-i-zdruzenija/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Oct 2022 10:37:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за фондации и здруженија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-fondacii-i-zdruzenija/ 32 32 СДСМ ќе го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за регулирање на фашистичките клубови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-kje-go-poddrz-predlogot-na-vmro-dpmne-za-reguliranje-na-fashistichkite-klubovi/ Mon, 17 Oct 2022 10:44:55 +0000 https://republika.mk/?p=562017

Законот за здруженија и фондации навистина бара ревидирање, бидејќи станува збор за закон којшто е стар веќе десетина години. Апсолутно го поддржуваме правото на слобода на здружување, но исто така мора да застанеме во одбрана на вредностите на кои се темели нашата држава, а тоа се антифашистичките вредности, така што секој предлог што е во таа насока ќе го поддржиме, изјави денеска пратеничката од СДСМ Санела Шкријељ во Собранието.

Таа, одговарајќи на прашање дали на денешната пленарна седница ќе дадат поддршка на законските измени за овој закон предложени од ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека ќе дадат поддршка и оти се согласуваат дека има потреба од носење на такви законски измени.

– Тоа значи да, поддршка, денес се утврдува потребата од носење на такви законски измени, а ние се согласуваме дека има потреба од носење на такви законски измени, рече Шкријељ.

 

The post СДСМ ќе го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за регулирање на фашистичките клубови appeared first on Република.

]]>

Законот за здруженија и фондации навистина бара ревидирање, бидејќи станува збор за закон којшто е стар веќе десетина години. Апсолутно го поддржуваме правото на слобода на здружување, но исто така мора да застанеме во одбрана на вредностите на кои се темели нашата држава, а тоа се антифашистичките вредности, така што секој предлог што е во таа насока ќе го поддржиме, изјави денеска пратеничката од СДСМ Санела Шкријељ во Собранието. Таа, одговарајќи на прашање дали на денешната пленарна седница ќе дадат поддршка на законските измени за овој закон предложени од ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека ќе дадат поддршка и оти се согласуваат дека има потреба од носење на такви законски измени. – Тоа значи да, поддршка, денес се утврдува потребата од носење на такви законски измени, а ние се согласуваме дека има потреба од носење на такви законски измени, рече Шкријељ.  

The post СДСМ ќе го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за регулирање на фашистичките клубови appeared first on Република.

]]>
Предлог за измена на Законот за здуженија и фондации: Имиња како „Ванчо Михајлов“, “Цар Борис“ и слични ќе бидат забранети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/predlog-za-izmena-na-zakonot-za-zduzenija-i-fondacii-iminja-kako-vancho-mihajlov-car-boris-i-slichni-kje-bidat-zabraneti/ Mon, 17 Oct 2022 06:06:40 +0000 https://republika.mk/?p=561845

Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, со кој треба да се спречи контроверзни имиња да бидат имиња на здруженија на граѓани, по скратена постапка, е дел од дневниот ред на денешната 88. седница на Собранието, а на предлог на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи.

Предложените законски измени следат по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид. Пред извесен период Министерството за правда доби задача да направи нов закон за граѓански здруженија и организации, поради, како што оцени премиерот Димитар Ковачевски, постојното либерално законодавство во однос на формирање граѓански организации и здруженија.

По отворањето на клубот „Цар Борис Трети“ пратеничката Мизрахи, оцени дека тоа е „неприфатлив историски ревизионизам и повеќе од сериозна провокација“, а Еврејската заедница на Македонија најави кривична пријава за името на овој културен центар и реагираше дека е згрозена заради „величање на фашизмот и ширење на говор на омраза“.

-Ова не се европски вредности. Затоа, уште денес на овие процеси мора да се стави крај. По, Ванчо Михајлов и Цар Борис III, неспорно е дека ќе продолжат обидите за ревидирање на историјата на Македонија и претставување на окупаторите како ослободители. На крајот на денот не се само Евреите, македонскиот народ памети колку жртви дал за ослободување од војските испратени од оној на кој денес во Охрид му се отвора културен центар, изјави меѓу другото Мизрахи.

Со предложените измени и дополнувања, во Законот за здруженија и фондации во член 4 ставот (2) се менува и гласи „Се забранува основање на организација ако програмата, целите, дејностите и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување на фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх, преземање на активности поврзани со тероризам, преземање на активности кои се спротивни на Уставот или закон и преземање на активности со кои се повредуваат слободите и правата на други лица.“

-Како име, скратено име и/или назив на организација не можат да бидат употребувани имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали, на лица кои по кој било основ, начин или форма во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх, стои во новиот став во членот 8 од законот.

Според Предлог законот, за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава Министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење на Комисијата за употреба на имињата на историски личности, а која ја формира Министерот за правда.

Во преодните и завршните одредби на Предлот измените и дополнувањата на Законот е наведено дека организации, здруженија, фондации, сојуз и други форми на здружување регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и се должни во рок од три месеци од стапување во сила на овој закон, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно одредбите од овој закон, пред Централниот регистар на РСМ. Здруженија и фондации регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат одредбите согласно став 1 од овој член, се бришат од Регистарот, за што министерот за правда донесува одлука. Министерот за правда е должен да донесе одлука за престанок на истите,во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на овој закон.

The post Предлог за измена на Законот за здуженија и фондации: Имиња како „Ванчо Михајлов“, “Цар Борис“ и слични ќе бидат забранети appeared first on Република.

]]>

Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, со кој треба да се спречи контроверзни имиња да бидат имиња на здруженија на граѓани, по скратена постапка, е дел од дневниот ред на денешната 88. седница на Собранието, а на предлог на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи. Предложените законски измени следат по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид. Пред извесен период Министерството за правда доби задача да направи нов закон за граѓански здруженија и организации, поради, како што оцени премиерот Димитар Ковачевски, постојното либерално законодавство во однос на формирање граѓански организации и здруженија. По отворањето на клубот „Цар Борис Трети“ пратеничката Мизрахи, оцени дека тоа е „неприфатлив историски ревизионизам и повеќе од сериозна провокација“, а Еврејската заедница на Македонија најави кривична пријава за името на овој културен центар и реагираше дека е згрозена заради „величање на фашизмот и ширење на говор на омраза“.
-Ова не се европски вредности. Затоа, уште денес на овие процеси мора да се стави крај. По, Ванчо Михајлов и Цар Борис III, неспорно е дека ќе продолжат обидите за ревидирање на историјата на Македонија и претставување на окупаторите како ослободители. На крајот на денот не се само Евреите, македонскиот народ памети колку жртви дал за ослободување од војските испратени од оној на кој денес во Охрид му се отвора културен центар, изјави меѓу другото Мизрахи.
Со предложените измени и дополнувања, во Законот за здруженија и фондации во член 4 ставот (2) се менува и гласи „Се забранува основање на организација ако програмата, целите, дејностите и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување на фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх, преземање на активности поврзани со тероризам, преземање на активности кои се спротивни на Уставот или закон и преземање на активности со кои се повредуваат слободите и правата на други лица.“
-Како име, скратено име и/или назив на организација не можат да бидат употребувани имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали, на лица кои по кој било основ, начин или форма во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх, стои во новиот став во членот 8 од законот.
Според Предлог законот, за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава Министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење на Комисијата за употреба на имињата на историски личности, а која ја формира Министерот за правда. Во преодните и завршните одредби на Предлот измените и дополнувањата на Законот е наведено дека организации, здруженија, фондации, сојуз и други форми на здружување регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и се должни во рок од три месеци од стапување во сила на овој закон, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно одредбите од овој закон, пред Централниот регистар на РСМ. Здруженија и фондации регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат одредбите согласно став 1 од овој член, се бришат од Регистарот, за што министерот за правда донесува одлука. Министерот за правда е должен да донесе одлука за престанок на истите,во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на овој закон.

The post Предлог за измена на Законот за здуженија и фондации: Имиња како „Ванчо Михајлов“, “Цар Борис“ и слични ќе бидат забранети appeared first on Република.

]]>