закон за буџети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-budzeti/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Nov 2023 16:26:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за буџети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-budzeti/ 32 32 ЕК: Законот за буџети ја зголемува фискалната одржливост https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ek-zakonot-za-budheti-ja-zgolemuva-fiskalnata-odrzhlivost/ Thu, 09 Nov 2023 16:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=700005

Новиот Закон за буџети со кој се воведуваат фискалните правила и Фискалниот совет, како и среднорочна буџетска рамка, значително ја зголемуваат фискалната одржливост, се наведува во Извештајот на Европската комисија за земјава.  Како што посочуваат од Европската комисија, среднорочната фискална консолидација, која Министерството за финансии ја проектираше со Фискалната стратегија за 2023-2027 година, а согласно рамката на Законот за буџети, се практикува во Буџетот за 2023 година. Буџетскиот дефицит минатата година е реализиран дури под планираното, додека јавниот долг е намален. Се нотира и дека Министерството за финансии континуирано ја подобрува транспарентноста на јавните финансии.

Во Извештајот се наведува дека е направен напредок во имплементирањето на новиот Закон за буџети со изборот на независниот Фискален совет, кој треба да ја следи усогласеноста на фискалните правила со макрофискалните проекции, како и среднорочната фискална рамка согласно Фискалната стратегија. Минатата година е започнато и со подготивка на подзаконските акти со кои ќе се овозможи целосна имплементација на Законот за буџети, вклучително и поставувањето нумерички фискални правила. Во рамки на Министерството за финансии се работи на воспоставување на посебна единица за управување со јавните инвестиции.

Европската комисија истакнува и дека Министерството за финансии продолжува да ја унапредува транспарентноста преку објава на податоци за приходите и расходите на јавните институции, општините и државните претпријатија на квартално ниво. Се нагласува и дека треба да се работи на раст на човечките ресурси и капацитети на Министерството за финансии, особено оние поврзано со буџетските процеси, како и дека Министерството за финансии треба дополнително да ја зголемува ефикасноста на јавните расходи и нивната транспарентност во согласност со новиот Закон за буџети.

Нивото на реализација на Програмата за економски реформи (ПЕР) е подобрена, особено поради макро-фискалниот напредок. Се наведува и дека треба да се стави фокус на структурните реформи, идентификување на предизвиците, особено климатската транзиција и јакнење на капацитетите на јавните институции да одговорат на предизвиците поврзани со енергетската криза.

The post ЕК: Законот за буџети ја зголемува фискалната одржливост appeared first on Република.

]]>

Ковачевски – Бесими: Следуваат најголемите системски реформи во јавните финансии во изминатите две децении https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-besimi-sleduvaat-najgolemite-sistemski-reformi-vo-javnite-finansii-vo-izminatite-dve-decenii/ Wed, 27 Jul 2022 15:25:07 +0000 https://republika.mk/?p=533922

Најголемите реформи во јавните финансии во изминатите две децении, на кои ќе се гради систем кој ќе продуцира повисоки стапки на економски раст и подобар животен стандард за граѓаните, беа тема на средбата во Министерството за финансии, помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и премиерот Димитар Ковачевски, на која присуствуваа и раководителите на сектори во министерството.

Станува збор за новиот реформски Закон за буџети (Organic Budget Law), поддржан од сите релевантни меѓународни институции, како и од политичките партии, и измените и дополнувањата на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Овие закони, кои се во финална фаза во Собранието на Република Македонија, се креирани по примерот на најдобрите светски и европски практики и носат крупни реформи од планирање до реализација на буџетот на државата и на единиците на локалната самоуправа, поставување на фискални правила и фискален совет, како и негување на висок степен на отчетност и транспарентност.

На средбата помеѓу министерот за финансии Бесими и премиерот Димитар Ковачевски беше истакнато дека во време на крупни предизвици, какви што се ценовната и енергетската криза, не треба да се изгуби фокусот кон системските реформи. И покрај креирањето на тековните мерки, кои треба да ги заштитат граѓаните, стопанството и економијата, напоредно треба да се работи и на унапредувањето на системот. Само на тој начин може да се задржи стабилноста, а на среден рок и да се постигнат подобри економски резултати, беше посочено на средбата.

Двата реформски закони суштински го менуваат досегашниот систем на функционирање на јавните финансии. Законот за буџети поставува среднорочна рамка и јасни цели за постигнување на одржлив раст, како и интегриран систем кој значително ќе го подобри квалитетот од планирањето до спроведувањето на јавните приходи и расходи. Исто така се поставуваат прагови за долгот и дефицитот во насока на заложбата за фискална консолидација, но и Фискален совет кој независно ќе ги надледува овие процеси. Измените на Законот за финансирање на општините се засноваат на три столба: подобрување на фискалниот капацитет на општините и зголемување на нивните приходи, зголемување на фискалната дисциплина на општините и зголемување на нивната транспарентност и отчетност. Со овој закон се овоможуваат повисоки приходи на општините со раст на нивниот удел во даночното зафаќање, но и зголемување на одговорноста и отченоста во трошењето на парите.

По усвојувањето на овие закони од страна на Собранието, преку точно утврдени планови на реализација ќе отпочне нивното спроведување. Тие ќе се одвиваат истовремено со спроведување на антикризните мерки за заштита на граѓаните и фирмите од тековната криза, со цел да се оптимизира системот, од кој се очекува по кризата да ги даде посакуваните повисоки и одржливи стапки на економски раст.

The post Ковачевски – Бесими: Следуваат најголемите системски реформи во јавните финансии во изминатите две децении appeared first on Република.

]]>

Најголемите реформи во јавните финансии во изминатите две децении, на кои ќе се гради систем кој ќе продуцира повисоки стапки на економски раст и подобар животен стандард за граѓаните, беа тема на средбата во Министерството за финансии, помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и премиерот Димитар Ковачевски, на која присуствуваа и раководителите на сектори во министерството. Станува збор за новиот реформски Закон за буџети (Organic Budget Law), поддржан од сите релевантни меѓународни институции, како и од политичките партии, и измените и дополнувањата на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Овие закони, кои се во финална фаза во Собранието на Република Македонија, се креирани по примерот на најдобрите светски и европски практики и носат крупни реформи од планирање до реализација на буџетот на државата и на единиците на локалната самоуправа, поставување на фискални правила и фискален совет, како и негување на висок степен на отчетност и транспарентност. На средбата помеѓу министерот за финансии Бесими и премиерот Димитар Ковачевски беше истакнато дека во време на крупни предизвици, какви што се ценовната и енергетската криза, не треба да се изгуби фокусот кон системските реформи. И покрај креирањето на тековните мерки, кои треба да ги заштитат граѓаните, стопанството и економијата, напоредно треба да се работи и на унапредувањето на системот. Само на тој начин може да се задржи стабилноста, а на среден рок и да се постигнат подобри економски резултати, беше посочено на средбата. Двата реформски закони суштински го менуваат досегашниот систем на функционирање на јавните финансии. Законот за буџети поставува среднорочна рамка и јасни цели за постигнување на одржлив раст, како и интегриран систем кој значително ќе го подобри квалитетот од планирањето до спроведувањето на јавните приходи и расходи. Исто така се поставуваат прагови за долгот и дефицитот во насока на заложбата за фискална консолидација, но и Фискален совет кој независно ќе ги надледува овие процеси. Измените на Законот за финансирање на општините се засноваат на три столба: подобрување на фискалниот капацитет на општините и зголемување на нивните приходи, зголемување на фискалната дисциплина на општините и зголемување на нивната транспарентност и отчетност. Со овој закон се овоможуваат повисоки приходи на општините со раст на нивниот удел во даночното зафаќање, но и зголемување на одговорноста и отченоста во трошењето на парите. По усвојувањето на овие закони од страна на Собранието, преку точно утврдени планови на реализација ќе отпочне нивното спроведување. Тие ќе се одвиваат истовремено со спроведување на антикризните мерки за заштита на граѓаните и фирмите од тековната криза, со цел да се оптимизира системот, од кој се очекува по кризата да ги даде посакуваните повисоки и одржливи стапки на економски раст.

The post Ковачевски – Бесими: Следуваат најголемите системски реформи во јавните финансии во изминатите две децении appeared first on Република.

]]>
Законот за буџети доби поддршка во второто читање на Комисијата за финансирање и буџет https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zakonot-za-budzeti-dobi-poddrshka-vo-vtoroto-chitanje-na-komisijata-za-finansiranje-i-budzet/ Tue, 26 Jul 2022 19:52:49 +0000 https://republika.mk/?p=533516

Законот за буџети, со кој се обезбедува поголема транспарентност и отчетност на целокупниот буџетски процес, доби поддршка во второто читање на Комисијата за финансирање и буџет, соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими на својот фејсбук-профил.

Тој посочи дека Законот ги регулира фискалните правила, воспоставувањето на Фискален совет, среднорочното буџетско планирање, објавувањето на регистар на јавни субјекти, подобреното управување со јавните инвестиции, редовното следење на извршувањето на буџетот, управувањето со финансиски и нефинансиски средства на државата и општините, воспоставувањето на Интегриран информационен систем за управување со јавни финансии и друго.

Законот за буџети се вклопува во концептот СМАРТ финансии кој има за цел обезбедување рамка за водење здрава, предвидлива и одржлива фискална политика и зголемување на буџетската дисциплина и одговорност. Системот на СМАРТ финансии се базира на одржливост, одговорност, реформска ориентација и транспарентност и е во согласност со определбата за подобрување на системот за управување со јавните финансии, напиша Бесими на „Фејсбук“.

The post Законот за буџети доби поддршка во второто читање на Комисијата за финансирање и буџет appeared first on Република.

]]>

Законот за буџети, со кој се обезбедува поголема транспарентност и отчетност на целокупниот буџетски процес, доби поддршка во второто читање на Комисијата за финансирање и буџет, соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими на својот фејсбук-профил. Тој посочи дека Законот ги регулира фискалните правила, воспоставувањето на Фискален совет, среднорочното буџетско планирање, објавувањето на регистар на јавни субјекти, подобреното управување со јавните инвестиции, редовното следење на извршувањето на буџетот, управувањето со финансиски и нефинансиски средства на државата и општините, воспоставувањето на Интегриран информационен систем за управување со јавни финансии и друго.