закон за бранители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-braniteli/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 12:53:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за бранители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-braniteli/ 32 32 Гаши: Ако станува збор за човечки живот, не ми е проблем да одам в затвор зашто сум го прекршил Деловникот, ама сум спасил човечки живот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-ako-stanuva-zbor-za-chovechki-zhivot-ne-mi-e-problem-da-odam-v-zatvor-zashto-sum-go-prekrshil-delovnikot-ama-sum-spasil-chovechki-zhivot/ Thu, 26 Sep 2024 12:53:10 +0000 https://republika.mk/?p=819898

Ако станува збор за човечки живот, не ми претставува проблем да одам в затвор зашто сум го прекршил Деловникот, ама сум спасил човечки живот. Нетреба да имате дилеми кога станува збор за општиот интерес на државата. Секогаш кога ќе треба да се брани општиот интерес, интересот на граѓаните, ќе постапувам според Уставот, рече Африм Гаши, на денешната прес-конференција за Предлог-законот за бранителите на комисиска расправа.

Претседателот на Собранието Африм Гаши следната недела ќе ја свика Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, но не затоа што тоа го побара потпретседателот на Собранието Јован Митрески, туку затоа што спикерот „така планирал“.

Митрески побара деловничката комисија да расчисти дали е прекршен Деловникот, затоа што претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даури не го стави Предлог-законот за бранителите на комисиска расправа и дека Гаши не закажа седница на тоа работно тело.

Според Деловникот, претседател на Собрание може да свика седница на Комисија, но, јас уште претходно најавив дека за колизија помеѓу членови од Деловникот, секогаш ќе свикуваме Комисија за деловнички-имунитетни прашања. Ако можеме и експертската јавност да ја вклучиме, за да можеме да донесеме поквалитетни заклучоци, изјави денеска Гаши.

Тој вели дека не може да суди дали претседателката на Комисијата, Илире Даути го крши Деловникот со тоа што не постапила по соодветните чекори, по кои мора да постапи.

-Тоа е простор за интерпретација на различни политички аспекти. Секој како што гледа, може да оцени. Не можам јас да судам. Што се однесува до предлог-законот, одземена ми е можноста да свикам седница која веќе е свикана во одреден ден кога требало да се постапи по тоа прашање. Тоа останува во доменот на Комисијата за социјална политика, прецизира спикерот Гаши.

The post Гаши: Ако станува збор за човечки живот, не ми е проблем да одам в затвор зашто сум го прекршил Деловникот, ама сум спасил човечки живот appeared first on Република.

]]>

Ако станува збор за човечки живот, не ми претставува проблем да одам в затвор зашто сум го прекршил Деловникот, ама сум спасил човечки живот. Нетреба да имате дилеми кога станува збор за општиот интерес на државата. Секогаш кога ќе треба да се брани општиот интерес, интересот на граѓаните, ќе постапувам според Уставот, рече Африм Гаши, на денешната прес-конференција за Предлог-законот за бранителите на комисиска расправа. Претседателот на Собранието Африм Гаши следната недела ќе ја свика Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, но не затоа што тоа го побара потпретседателот на Собранието Јован Митрески, туку затоа што спикерот „така планирал“. Митрески побара деловничката комисија да расчисти дали е прекршен Деловникот, затоа што претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даури не го стави Предлог-законот за бранителите на комисиска расправа и дека Гаши не закажа седница на тоа работно тело. Според Деловникот, претседател на Собрание може да свика седница на Комисија, но, јас уште претходно најавив дека за колизија помеѓу членови од Деловникот, секогаш ќе свикуваме Комисија за деловнички-имунитетни прашања. Ако можеме и експертската јавност да ја вклучиме, за да можеме да донесеме поквалитетни заклучоци, изјави денеска Гаши. Тој вели дека не може да суди дали претседателката на Комисијата, Илире Даути го крши Деловникот со тоа што не постапила по соодветните чекори, по кои мора да постапи.
-Тоа е простор за интерпретација на различни политички аспекти. Секој како што гледа, може да оцени. Не можам јас да судам. Што се однесува до предлог-законот, одземена ми е можноста да свикам седница која веќе е свикана во одреден ден кога требало да се постапи по тоа прашање. Тоа останува во доменот на Комисијата за социјална политика, прецизира спикерот Гаши.

The post Гаши: Ако станува збор за човечки живот, не ми е проблем да одам в затвор зашто сум го прекршил Деловникот, ама сум спасил човечки живот appeared first on Република.

]]>
Меџити: Предлог-законот за бранители нема да помине https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-predlog-zakonot-za-braniteli-nema-da-pomine/ Thu, 26 Sep 2024 10:57:47 +0000 https://republika.mk/?p=819830

Прашањето и дилемата е како СДСМ, партнерот на ДУИ, кој осум години го промовираше граѓанскиот концепт, преку ноќ предлага закон за бранители. Дали не беа искрени кога промовираа граѓански концепт или преку ноќ станаа националисти и предлагаат ваков закон?, рече денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со Предлог-законот за бранителите поднесен од пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска, Меџити оцени дека на СДСМ не им е грижа ниту за бранителите, ниту за УЧК, туку како да се спасат од одговорноста.

Според Меџити, нема потреба за загриженост зашто законот нема да помине, а актуелната Влада, како што напомена, историски, од 90-тата година досега, има најстабилно мнозинство, 78 пратеници, близу две третини и има демократски и политички капацитет да ги решава проблемите во коалицијата.

-Прашањето и дилемата е како СДСМ, партнерот на ДУИ, кој осум години го промовираше граѓанскиот концепт врз основа на кој добиваше и албански гласови, а има и високи албански функционери во своите редови, преку ноќ од граѓански концепт предлага закон за бранители преку поранешната министерка за одбрана Славјанка. Дилемата е дали не беа искрени кога промовираа граѓански концепт или преку ноќ станаа националисти и предлагаат ваков закон, но не им е грижа ниту за бранителите, ниту за УЧК, туку им е грижа како да се спасат од одговорноста, подвлече Меџити на прес-конференција по повод најавата за засилени контроли за квалитетот на воздухот.

The post Меџити: Предлог-законот за бранители нема да помине appeared first on Република.

]]>

Прашањето и дилемата е како СДСМ, партнерот на ДУИ, кој осум години го промовираше граѓанскиот концепт, преку ноќ предлага закон за бранители. Дали не беа искрени кога промовираа граѓански концепт или преку ноќ станаа националисти и предлагаат ваков закон?, рече денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
Одговорајќи на новинарски прашања во врска со Предлог-законот за бранителите поднесен од пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска, Меџити оцени дека на СДСМ не им е грижа ниту за бранителите, ниту за УЧК, туку како да се спасат од одговорноста. Според Меџити, нема потреба за загриженост зашто законот нема да помине, а актуелната Влада, како што напомена, историски, од 90-тата година досега, има најстабилно мнозинство, 78 пратеници, близу две третини и има демократски и политички капацитет да ги решава проблемите во коалицијата.
-Прашањето и дилемата е како СДСМ, партнерот на ДУИ, кој осум години го промовираше граѓанскиот концепт врз основа на кој добиваше и албански гласови, а има и високи албански функционери во своите редови, преку ноќ од граѓански концепт предлага закон за бранители преку поранешната министерка за одбрана Славјанка. Дилемата е дали не беа искрени кога промовираа граѓански концепт или преку ноќ станаа националисти и предлагаат ваков закон, но не им е грижа ниту за бранителите, ниту за УЧК, туку им е грижа како да се спасат од одговорноста, подвлече Меџити на прес-конференција по повод најавата за засилени контроли за квалитетот на воздухот.

The post Меџити: Предлог-законот за бранители нема да помине appeared first on Република.

]]>
Одземена ми е можноста да свикам седница на Комисија, вели Гаши за проблемот со Законот за бранители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odzemena-mi-e-mozhnosta-da-svikam-sednitsa-na-komisija-veli-gashi-za-problemot-so-zakonot-za-braniteli/ Thu, 26 Sep 2024 10:02:12 +0000 https://republika.mk/?p=819777

Според Деловникот, претседател на Собрание може да свика седница на Комисија, но, јас уште претходно најавив дека за колизија помеѓу членови од Деловникот, секогаш ќе свикуваме Комисија за деловнички-имунитетни прашања. Ако можеме и експертската јавност да ја вклучиме, за да можеме да донесеме поквалитетни заклучоци, изјави денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши откако вчера од СДСМ побараа тој да постапи со Законот за бранителите исто како со Законот за заемот од Унгарија и да ја свика надлежната собраниска Комисија.

Гаши вели дека не може да суди дали претседателката на Комисијата, Илире Даути го крши Деловникот со тоа што не постапила по соодветните чекори, по кои мора да постапи.

-Тоа е простор за интерпретација на различни политички аспекти. Секој како што гледа, може да оцени. Не можам јас да судам. Што се однесува до предлог-законот, одземена ми е можноста да свикам седница која веќе е свикана во одреден ден кога требало да се постапи по тоа прашање. Тоа останува во доменот на Комисијата за социјална политика, прецизира спикерот Гаши.

The post Одземена ми е можноста да свикам седница на Комисија, вели Гаши за проблемот со Законот за бранители appeared first on Република.

]]>

Според Деловникот, претседател на Собрание може да свика седница на Комисија, но, јас уште претходно најавив дека за колизија помеѓу членови од Деловникот, секогаш ќе свикуваме Комисија за деловнички-имунитетни прашања. Ако можеме и експертската јавност да ја вклучиме, за да можеме да донесеме поквалитетни заклучоци, изјави денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши откако вчера од СДСМ побараа тој да постапи со Законот за бранителите исто како со Законот за заемот од Унгарија и да ја свика надлежната собраниска Комисија. Гаши вели дека не може да суди дали претседателката на Комисијата, Илире Даути го крши Деловникот со тоа што не постапила по соодветните чекори, по кои мора да постапи.
-Тоа е простор за интерпретација на различни политички аспекти. Секој како што гледа, може да оцени. Не можам јас да судам. Што се однесува до предлог-законот, одземена ми е можноста да свикам седница која веќе е свикана во одреден ден кога требало да се постапи по тоа прашање. Тоа останува во доменот на Комисијата за социјална политика, прецизира спикерот Гаши.

The post Одземена ми е можноста да свикам седница на Комисија, вели Гаши за проблемот со Законот за бранители appeared first on Република.

]]>
„Нека му е со среќа“: Мицкоски за изјавата на Снопче дека ќе ја напуштат Владата ако се донесе Законот за бранители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/neka-mu-e-so-sreka-mitskoski-za-izjavata-na-snopche-deka-ke-ja-napushtat-vladata-ako-se-donese-zakonot-za-braniteli/ Tue, 24 Sep 2024 10:01:51 +0000 https://republika.mk/?p=819237

Нека му е со среќа“.

Вака премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше изјавата на пратеникот Халил Снопче кој рече дека ако се изгласа законот за бранители Вреди ќе ја напуштат владата.

Имено, пратеникот Снопче за Клик Плус изјави дека неговата коалиција ќе излезе од Владата доколку се укине Законот за употреба на јазиците и доколку биде изгласан Законот за бранители.

Поради руското влијание, доколку влезат во такви авантури и ние не го решиме проблемот навремено, тогаш за ВЛЕН нема место во Владата. Какво место во Владата, рекол Снопче во емисијата „Клик плус“.

Мицкоски присуствуваше на изградба на нова спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во Општина Ѓорче Петров, каде меѓудругото беше прашан за коментар за изјавата на Снопче.

The post „Нека му е со среќа“: Мицкоски за изјавата на Снопче дека ќе ја напуштат Владата ако се донесе Законот за бранители appeared first on Република.

]]>

Нека му е со среќа“.
Вака премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше изјавата на пратеникот Халил Снопче кој рече дека ако се изгласа законот за бранители Вреди ќе ја напуштат владата. Имено, пратеникот Снопче за Клик Плус изјави дека неговата коалиција ќе излезе од Владата доколку се укине Законот за употреба на јазиците и доколку биде изгласан Законот за бранители.
Поради руското влијание, доколку влезат во такви авантури и ние не го решиме проблемот навремено, тогаш за ВЛЕН нема место во Владата. Какво место во Владата, рекол Снопче во емисијата „Клик плус“.
Мицкоски присуствуваше на изградба на нова спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во Општина Ѓорче Петров, каде меѓудругото беше прашан за коментар за изјавата на Снопче.

The post „Нека му е со среќа“: Мицкоски за изјавата на Снопче дека ќе ја напуштат Владата ако се донесе Законот за бранители appeared first on Република.

]]>
Ќе се бара интерпелација на Илире Даути од Европскиот фронт ако не го стави на дневен ред законот за бранителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-bara-interpelatsija-na-ilire-dauti-od-evropskiot-front-ako-ne-go-stavi-na-dneven-red-zakonot-za-branitelite/ Mon, 23 Sep 2024 13:53:35 +0000 https://republika.mk/?p=819033

ВМРО-ДПМНЕ инсистира да продолжи заглавената процедура за измени на Законот за бранителите. Пратеничката Марија Митева денеска на прес-конференција во Собранието ги повика пратениците од СДСМ кои се членови на собраниската Комисија за труд и социјала да се потпишат на барањето до комисиската претседателка Илире Даути од Европскиот фронт да го стави законот на дневен ред.

– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија кои се членови на Комисијата за социјална политика, демографија и млади ги повикаа пратениците од СДС од истата комисија да се потпишат на барање до г-ѓа Илире Даути за свикување на седница на Комисијата со точка на дневен ред – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Р. Македонија и на членовите на нивните семејства, по скратена постапка кој е поднесен и е предлог на пратеничката Славјанка Петровска. Ова барање е јавно предложено до пратеничката Славјанка и очекуваме одговор дали пратениците на СДС ќе се потпишат на истото и дали доколку претседателката на комисијата Илире Даути не свика седница ќе поднесат барање за нејзино разрешување или интерпелација – рече Митева.

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе почека одговор до денеска до 15.30 часот, додаде Митева.

– Ја користам оваа прилика уште еднаш да ја повикам пратеничката Славјанка јавно да го соопшти ставот на СДС по однос на овој предлог. Во спротивно, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесат ова барање без поддршка и потписи од пратениците на СДС, со што практично ќе се види нивната вистинска намера за политизирање – рече Митева.

Предлогот за измени на овој закон пред десетина дена предизвика многу политички реакции и меѓусебни обвинувања помеѓу партиите од власта и од опозицијата, како и во македонскиот блок и во албанскиот блок.

ОД ДУИ, пак, ја обвинија Вреди дека дозволила овој закон да се најде на дневен ред на пленарна седница без во него да бидат опфатени борците на ОНА.

ОД ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека безрезервно ги поддржуваат бранителите.

Но, откако на пленарна седница беше изгласана потребата законските измени да се донесат во скратена поспатка, претседаелката на матичната комисија Илире Даути не го испочитува Деловникот и не го закажа за комисиска расправа во рок од 24 часа. Таа ја закажа комисиската седница, но на неа се усвои само предлог-законот со кој се покачија пензиите. Нејзиното објаснување беше дека постапила како Албанка. Рече дека додека е таа на чело на Комисијата за труд и социјална политика нема да става на разгледување „закони што дискриминираат“.

Според Деловникот, штом Даути не го стави законот на дневен ред, седницата со тој закон на дневен ред требаше да ја свика претседателот на Собранието Африм Гаши, но тој не ја свика, со објаснување дека претседателката на Комисијата навреме ја свикала седницата, во рок од 24 часа по утврдувањето дека законите ќе се носат по скратена постапка, а тоа што овој закон не беше на дневниот ред, не е опфатено со Деловникот.

The post Ќе се бара интерпелација на Илире Даути од Европскиот фронт ако не го стави на дневен ред законот за бранителите appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ инсистира да продолжи заглавената процедура за измени на Законот за бранителите. Пратеничката Марија Митева денеска на прес-конференција во Собранието ги повика пратениците од СДСМ кои се членови на собраниската Комисија за труд и социјала да се потпишат на барањето до комисиската претседателка Илире Даути од Европскиот фронт да го стави законот на дневен ред.
– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија кои се членови на Комисијата за социјална политика, демографија и млади ги повикаа пратениците од СДС од истата комисија да се потпишат на барање до г-ѓа Илире Даути за свикување на седница на Комисијата со точка на дневен ред – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Р. Македонија и на членовите на нивните семејства, по скратена постапка кој е поднесен и е предлог на пратеничката Славјанка Петровска. Ова барање е јавно предложено до пратеничката Славјанка и очекуваме одговор дали пратениците на СДС ќе се потпишат на истото и дали доколку претседателката на комисијата Илире Даути не свика седница ќе поднесат барање за нејзино разрешување или интерпелација – рече Митева.
Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе почека одговор до денеска до 15.30 часот, додаде Митева.
– Ја користам оваа прилика уште еднаш да ја повикам пратеничката Славјанка јавно да го соопшти ставот на СДС по однос на овој предлог. Во спротивно, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесат ова барање без поддршка и потписи од пратениците на СДС, со што практично ќе се види нивната вистинска намера за политизирање – рече Митева.
Предлогот за измени на овој закон пред десетина дена предизвика многу политички реакции и меѓусебни обвинувања помеѓу партиите од власта и од опозицијата, како и во македонскиот блок и во албанскиот блок. ОД ДУИ, пак, ја обвинија Вреди дека дозволила овој закон да се најде на дневен ред на пленарна седница без во него да бидат опфатени борците на ОНА. ОД ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека безрезервно ги поддржуваат бранителите. Но, откако на пленарна седница беше изгласана потребата законските измени да се донесат во скратена поспатка, претседаелката на матичната комисија Илире Даути не го испочитува Деловникот и не го закажа за комисиска расправа во рок од 24 часа. Таа ја закажа комисиската седница, но на неа се усвои само предлог-законот со кој се покачија пензиите. Нејзиното објаснување беше дека постапила како Албанка. Рече дека додека е таа на чело на Комисијата за труд и социјална политика нема да става на разгледување „закони што дискриминираат“. Според Деловникот, штом Даути не го стави законот на дневен ред, седницата со тој закон на дневен ред требаше да ја свика претседателот на Собранието Африм Гаши, но тој не ја свика, со објаснување дека претседателката на Комисијата навреме ја свикала седницата, во рок од 24 часа по утврдувањето дека законите ќе се носат по скратена постапка, а тоа што овој закон не беше на дневниот ред, не е опфатено со Деловникот.

The post Ќе се бара интерпелација на Илире Даути од Европскиот фронт ако не го стави на дневен ред законот за бранителите appeared first on Република.

]]>
Меџити вели дека законот за бранители ќе остане заглавен во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-veli-deka-zakonot-za-braniteli-ke-ostane-zaglaven-vo-sobranieto/ Sun, 22 Sep 2024 14:18:24 +0000 https://republika.mk/?p=818750

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити вели дека Предлог-законот за бранители ќе остане заглавен во Собранието.

Во интервју за „Радио Слободна Европа“, Меџити вели дека не е добро за државата еден од приоритетите да биде носењето на ваков закон.

Ние имаме конечен став дека не е добро за процесите и за државата и не е во приоритетите да се донесе таков закон. Тој сега е заглавен во Комисијата што ја води Илире Даути и очекуваме дека таму и ќе остане, вели Меџити.

На прашањето дали условот за да дадат поддршка на ова законско решение е паралелно да се донесе и закон за привилегии на припадниците на ОНА, Меџити со став дека целата работа со овој закон е смислена од претходната власт.

Дилемата и прашањето е зошто СДСМ кој до вчера се бореше со граѓански концепт, кој направи резултат и со албански гласови, има видни членови Албанци и во нивните структури, зошто не направи ништо за ова додека беше на власт последните осум години? И зошто баш сега имаат предлог за бранителите? Ова мислам дека е дневна политика и оди во функција на дестабилизација на процесите и на државата. Значи, синхронизирани се со ДУИ, само за да не одговараат, вели Меџити.

Предлог-законот за бранители е во собраниска процедура, но е заглавен во Комисијата за социјална политика, демографија и млади бидејќи претседателката на Комисијата Илире Даути од редовите на Европскиот фронт предводен од ДУИ, не закажува седница.

Од политичката партија „Левица“ најавија дека ќе поднесат кривична пријава против претседателот на Собранието Африм Гаши, бидејќи иако имал можност да ја свика седницата на собраниската Комисија за труд и социјална политика, демографија и млади на која треба да се разгледа Предлог-законот за бранители, тоа не го сторил.

Претседателот на Собранието Африм Гаши, пак, тврди дека не го прекршува Деловникот за работа и дека ингеренциите се кај претседателката на собраниската Комисија.

Деловникот во член 126 не вели дека „ако претседателот на комисијата одбива да стави конкретен закон“, туку „ако претседателот на комисијата не свика седница“. Со тоа што Илире Даути свика седница во рамки на роковите, не можам да свикам, Деловникот ми го одзема правото да интервенирам и да назначам друг пратеник да ја води седницата. Во овие четири месеци увидовме неколку недоречености како овој со Законот за бранители, како двојната функција на Талат Џафери, и уште неколку други прашања кои наскоро планирам да ги решиме преку комисијата за деловнички прашања – тие да одлучуваат и да носат заклучоци за следната измена на собранискиот Деловник, беше наведено во одговорот од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела во изјава за медиумите ја повика претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади да го стави на дневен ред Предлог-законот за бранители, додавајќи дека со „Вреди“ не разговарале за законот.

Не сме разговарале на таа тема, многу јасно сме го соопштиле нашиот став во минатото. Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата поддршка, рече Мицкоски.

Предлог-законот за бранители е поднесен од пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ и треба да се носи по скратена постапка.

The post Меџити вели дека законот за бранители ќе остане заглавен во Собранието appeared first on Република.

]]>

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити вели дека Предлог-законот за бранители ќе остане заглавен во Собранието. Во интервју за „Радио Слободна Европа“, Меџити вели дека не е добро за државата еден од приоритетите да биде носењето на ваков закон.
Ние имаме конечен став дека не е добро за процесите и за државата и не е во приоритетите да се донесе таков закон. Тој сега е заглавен во Комисијата што ја води Илире Даути и очекуваме дека таму и ќе остане, вели Меџити.
На прашањето дали условот за да дадат поддршка на ова законско решение е паралелно да се донесе и закон за привилегии на припадниците на ОНА, Меџити со став дека целата работа со овој закон е смислена од претходната власт.
Дилемата и прашањето е зошто СДСМ кој до вчера се бореше со граѓански концепт, кој направи резултат и со албански гласови, има видни членови Албанци и во нивните структури, зошто не направи ништо за ова додека беше на власт последните осум години? И зошто баш сега имаат предлог за бранителите? Ова мислам дека е дневна политика и оди во функција на дестабилизација на процесите и на државата. Значи, синхронизирани се со ДУИ, само за да не одговараат, вели Меџити.
Предлог-законот за бранители е во собраниска процедура, но е заглавен во Комисијата за социјална политика, демографија и млади бидејќи претседателката на Комисијата Илире Даути од редовите на Европскиот фронт предводен од ДУИ, не закажува седница. Од политичката партија „Левица“ најавија дека ќе поднесат кривична пријава против претседателот на Собранието Африм Гаши, бидејќи иако имал можност да ја свика седницата на собраниската Комисија за труд и социјална политика, демографија и млади на која треба да се разгледа Предлог-законот за бранители, тоа не го сторил. Претседателот на Собранието Африм Гаши, пак, тврди дека не го прекршува Деловникот за работа и дека ингеренциите се кај претседателката на собраниската Комисија.
Деловникот во член 126 не вели дека „ако претседателот на комисијата одбива да стави конкретен закон“, туку „ако претседателот на комисијата не свика седница“. Со тоа што Илире Даути свика седница во рамки на роковите, не можам да свикам, Деловникот ми го одзема правото да интервенирам и да назначам друг пратеник да ја води седницата. Во овие четири месеци увидовме неколку недоречености како овој со Законот за бранители, како двојната функција на Талат Џафери, и уште неколку други прашања кои наскоро планирам да ги решиме преку комисијата за деловнички прашања – тие да одлучуваат и да носат заклучоци за следната измена на собранискиот Деловник, беше наведено во одговорот од Кабинетот на претседателот на Собранието.
Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела во изјава за медиумите ја повика претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади да го стави на дневен ред Предлог-законот за бранители, додавајќи дека со „Вреди“ не разговарале за законот.
Не сме разговарале на таа тема, многу јасно сме го соопштиле нашиот став во минатото. Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата поддршка, рече Мицкоски.
Предлог-законот за бранители е поднесен од пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ и треба да се носи по скратена постапка.  

The post Меџити вели дека законот за бранители ќе остане заглавен во Собранието appeared first on Република.

]]>
Митева до Славјанка Петровска за законот за бранители: Потпишете го предлогот за Илире Даути да свика седница по скратена постапка, ако не свика имате можност да и поднесете интерпелација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-do-slavjanka-petrovska-za-zakonot-za-braniteli-potpishete-go-predlogot-za-ilire-dauti-da-svika-sednitsa-po-skratena-postapka-ako-ne-svika-imate-mozhnost-da-i-podnesete-interpelatsija/ Fri, 20 Sep 2024 18:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=818318

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, во дебата на Канал 5 во емисијата „Само вистина” со Славјанка Петровска од СДС укажа на лицемерието на опозицијата во однос на прашањето со бранителите.

Митева и предаде предлог барање на Славјанка Петровска, потпишано од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ членови на комисијата за социјална политика, демографија и млади, а со цел Илире Даути да свика комисија за ставање на законот во скратена постапка. Барањето е со единствена цел Илире Даути да свика седница со точка на дневен ред за предлог на закон за изменување и дополнување на законот за посебни права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства по скратена постапка поднесен од Славјанка Петровска.

Еве ги пратениците од ВМРО-ДПМНЕ членови на комисијата попишани. Ќе ви го дадам листот однесете го во СДС каде членови се Јованка Тренчевска и Фатмир Битиќи и нека се потпишат, укажа Митева.

Митева продолжи и додаде:

Ако не свика седница имате две можности и тоа. До комисија за избори и именувања да поднесете предлог за разрешување на претседателката каде јас сум член и ќе ви дадам поддршка или да поднесете интерпелација.

The post Митева до Славјанка Петровска за законот за бранители: Потпишете го предлогот за Илире Даути да свика седница по скратена постапка, ако не свика имате можност да и поднесете интерпелација appeared first on Република.

]]>

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, во дебата на Канал 5 во емисијата „Само вистина” со Славјанка Петровска од СДС укажа на лицемерието на опозицијата во однос на прашањето со бранителите. Митева и предаде предлог барање на Славјанка Петровска, потпишано од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ членови на комисијата за социјална политика, демографија и млади, а со цел Илире Даути да свика комисија за ставање на законот во скратена постапка. Барањето е со единствена цел Илире Даути да свика седница со точка на дневен ред за предлог на закон за изменување и дополнување на законот за посебни права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства по скратена постапка поднесен од Славјанка Петровска.
Еве ги пратениците од ВМРО-ДПМНЕ членови на комисијата попишани. Ќе ви го дадам листот однесете го во СДС каде членови се Јованка Тренчевска и Фатмир Битиќи и нека се потпишат, укажа Митева.
Митева продолжи и додаде:
Ако не свика седница имате две можности и тоа. До комисија за избори и именувања да поднесете предлог за разрешување на претседателката каде јас сум член и ќе ви дадам поддршка или да поднесете интерпелација.
 
The post Митева до Славјанка Петровска за законот за бранители: Потпишете го предлогот за Илире Даути да свика седница по скратена постапка, ако не свика имате можност да и поднесете интерпелација appeared first on Република.

]]>
Обештетување од 80.000 евра за семејствата на сите војници и полицајци кои ги изгубиле животите во вршењето на службените должности од 1991 до 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obeshtetuvane-od-80-000-evra-za-semejstvata-na-site-vojnitsi-i-politsajtsi-koi-gi-izgubile-zhivotite-vo-vrsheneto-na-sluzhbenite-dolzhnosti-od-1991-do-2024-godina/ Thu, 12 Sep 2024 11:50:14 +0000 https://republika.mk/?p=815722

Еднократен надоместок за нематеријална штета од 80.000 евра во денарска противвредност ќе му се исплати на семејството на загинат припадник на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, а оваа одредба важи за семејствата на сите војници и полицајци кои ги изгубиле животите во вршењето на службените должности во периодот од 1991 до 2024 година. Според измените на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Македонија, кои во Собранието ги поднесе опозициската СДСМ, еднократниот надомесок ќе им се исплати на семејствата на загинатите војници во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце во 2008 година, на семејствата на загинатите полицајци во авионската несреќа во Ротимље кај Мостар, Босна и Херцеговина, на семејствата на загинатите во полицајци во хеликоптерската несреќа во Струмица во 2014 година, како и на семејствата на загинатите полицајци во Диво Насеље, Куманово во 2015 година.

Доколку членовите на семејствата веќе добиле паричен надоместок според досегашното законско решение, ќе им се исплати само разликата до новата сума.

Според предлагачот, во образложението се наведува дека целта на измените е да се изедначи надоместокот за членовите на семејствата на безбедносните сили, затоа што со примената на законот се утврдиле недостатоци при остварувањето на правата на припадниците на војската и на полицијата.

„Истовремено предлагаме изедначување на надоместокот за претрпена душевна болка на сите загинатите припадници на МО и МВР во периодот од 2000 година до ден денешен“ се вели во предлог-измените.

Според предлогот, воениот инвалид кој настанало оштетување на организмот во вооружените дејствија, сметано од 1 јануари 2000 година, има право на еднократен паричен надоместок за инвалидитет и тоа за 100 отсто инвалидитет еднократен надоместок од 5 милиони денари (81.000 евра), за 90 отсто инвалидитет 3,7 милиони денари, за 80 отсто инвалидитет 3,4 милиони, за 70 отсто 3,1 милиони, за 60 отсто 2,8 милиони денари итн.

Со измените се допрецизира и одредбата со која се дефинирани членовите на семејство на загинатите бранители и според предложено, „доколку родителите на загинатиот бранител не се живи, надоместокот за делот на родителитите се исплатува на браќата и сестрите и на неговите внуци и правнуци според правилата што важат за случај кога починатиот го наследуваат неговите деца и другите потомци, согласно закон“. Еднократниот паричен надоместок се исплатува на еднакви делови на членовите на семејството. Во актуелното решение како членови на семејство на припадник на безбедносните сили се сметаат брачниот другар, децата и родителите.

The post Обештетување од 80.000 евра за семејствата на сите војници и полицајци кои ги изгубиле животите во вршењето на службените должности од 1991 до 2024 година appeared first on Република.

]]>

Еднократен надоместок за нематеријална штета од 80.000 евра во денарска противвредност ќе му се исплати на семејството на загинат припадник на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, а оваа одредба важи за семејствата на сите војници и полицајци кои ги изгубиле животите во вршењето на службените должности во периодот од 1991 до 2024 година. Според измените на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Македонија, кои во Собранието ги поднесе опозициската СДСМ, еднократниот надомесок ќе им се исплати на семејствата на загинатите војници во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце во 2008 година, на семејствата на загинатите полицајци во авионската несреќа во Ротимље кај Мостар, Босна и Херцеговина, на семејствата на загинатите во полицајци во хеликоптерската несреќа во Струмица во 2014 година, како и на семејствата на загинатите полицајци во Диво Насеље, Куманово во 2015 година. Доколку членовите на семејствата веќе добиле паричен надоместок според досегашното законско решение, ќе им се исплати само разликата до новата сума. Според предлагачот, во образложението се наведува дека целта на измените е да се изедначи надоместокот за членовите на семејствата на безбедносните сили, затоа што со примената на законот се утврдиле недостатоци при остварувањето на правата на припадниците на војската и на полицијата. „Истовремено предлагаме изедначување на надоместокот за претрпена душевна болка на сите загинатите припадници на МО и МВР во периодот од 2000 година до ден денешен“ се вели во предлог-измените. Според предлогот, воениот инвалид кој настанало оштетување на организмот во вооружените дејствија, сметано од 1 јануари 2000 година, има право на еднократен паричен надоместок за инвалидитет и тоа за 100 отсто инвалидитет еднократен надоместок од 5 милиони денари (81.000 евра), за 90 отсто инвалидитет 3,7 милиони денари, за 80 отсто инвалидитет 3,4 милиони, за 70 отсто 3,1 милиони, за 60 отсто 2,8 милиони денари итн. Со измените се допрецизира и одредбата со која се дефинирани членовите на семејство на загинатите бранители и според предложено, „доколку родителите на загинатиот бранител не се живи, надоместокот за делот на родителитите се исплатува на браќата и сестрите и на неговите внуци и правнуци според правилата што важат за случај кога починатиот го наследуваат неговите деца и другите потомци, согласно закон“. Еднократниот паричен надоместок се исплатува на еднакви делови на членовите на семејството. Во актуелното решение како членови на семејство на припадник на безбедносните сили се сметаат брачниот другар, децата и родителите.

The post Обештетување од 80.000 евра за семејствата на сите војници и полицајци кои ги изгубиле животите во вршењето на службените должности од 1991 до 2024 година appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Законот за бранителите не е поднесен поради пратениците на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-zakonot-za-branitelite-ne-e-podnesen-zaradi-pratenitsite-na-sdsm/ Thu, 12 Sep 2024 09:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=815641

Додека опозицијата и нејзините тивки сојузници се обидуваат да ја запалат искрата на меѓуетничките поделби за да се спасат од својата политичка корупција“, реагираат од коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ во владата во врска со законот за бранители.

Утринава премиерот Мицкоски кој присутвуваше на пуштање во употреба на спортско рекреативниот центар „Бранители“ во општина Бутел рече дека законот за бранителите е поднесен не поради тоа што пратениците на СДСМ им мислат добро на бранителите туку целта е да се предизвикаат меѓуетнички тензии.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-80-dena-imame-pokacheni-penzii-isplata-na-zaostanati-plati-subventsii-novi-investitsii/

The post Мицкоски: Законот за бранителите не е поднесен поради пратениците на СДСМ appeared first on Република.

Ковачки: По промената на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе изнајде начин и решение за обештетување на бранителите од 2001 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-po-promenata-na-vlasta-vmro-dpmne-ke-iznajde-nachin-i-reshenie-za-obeshtetuvane-na-branitelite-od-2001-godina/ Sat, 20 May 2023 08:13:25 +0000 https://republika.mk/?p=642897

Иако се поминати 22 години од случувањата во 2001 година се уште имаме едно 17 семејства на загинати бранители кој не се обештетени и има некаде околу 30-тина воени инвалиди кои исто така не се обештетени и ние предложивме измени и дополни на законот“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во гостување во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на Телевизија Алфа.

Ковачки посочи дека власта го одбила нивниот предложен закон и не сакала да разговара воопшто на таа проблематика.

Не е коректно ова што им се случува на семејствата државата мора да изнајде начин како тоа да го реши со обештетувањето на бранителите затоа што тие луѓе поминале во војна не затоа што сакале, туку затоа што државата ги пратила“, истакна Ковачки.

Тој посочи дека за тоа прашање, СДСМ очигледно е уценета од ДУИ.

Во периодот кои претстои по промената на власта ние ќе изнајдеме начин и решение ќе има. Мораме да изнајдеме начин како тие луѓе да ги обештетиме и ќе ги обештетиме. Ние навистина сакаме да ги обештетиме тие луѓе и нема на тоа да тераме политика. Тоа кога тоа ќе го направиме нема да правиме политиканство на тоа“, порача Ковачки.

The post Ковачки: По промената на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе изнајде начин и решение за обештетување на бранителите од 2001 година appeared first on Република.