закон за акцизи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-akcizi/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Mar 2022 12:50:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за акцизи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakon-za-akcizi/ 32 32 СДСМ и ДУИ да го поддржат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата за 50% https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-i-dui-da-go-poddrzat-predlogot-na-vmro-dpmne-za-namaluvanje-na-akcizata-na-gorivata-za-50/ Tue, 15 Mar 2022 12:50:24 +0000 https://republika.mk/?p=473170

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата за 50% е на дневен ред во Собранието денеска. ВМРО-ДПМНЕ ја повика власта да го прифати предлогот за намалување на акцизата на горивата за 50%, а „не да брка дневен популизам“.

Намалувањето на акцизата за 50% ќе влијае за намалување на трошоците за производство во земјоделието, индустријата, но и ќе влијае позитивно врз буџетот на граѓаните. Во последните година ипол цените на горивата поскапеа и до 100%. Единствен начин да се спречи спиралата на поскапување е намалување на акцизата на горивата за 50%. Квази мерката на СДСМ со која цените на горивата се намалуваат за 30% не е доволна, образложуваат од опозициската партија.

The post СДСМ и ДУИ да го поддржат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата за 50% appeared first on Република.

]]>

Нула ДДВ за лебот, брашното, јајцата, маслото, млекото, оризот, помала акциза за горивата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nula-ddv-za-lebot-brashnoto-jajcata-masloto-mlekoto-orizot-pomala-akciza-za-gorivata/ Sat, 12 Mar 2022 08:10:14 +0000 https://republika.mk/?p=471595

Владата на Република Македонија на својата 27 седница, врз основа на прифатените измени и дополнувања во Законот за акцизи во Собранието, донесе Одлука за определување на видот на енергенсите, временскиот период како и начинот на пресметка на акцизата.

Со оваа одлука се овозможува да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие енергенти на светските берзи.

На оваа седница е донесена и Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка откако Собранието, на предлог на Владата, ги усвои измените и дополнувањата на Законот на данокот на додадена вредност.

Оваа одлука овозможува да се примени повластена даночна стапка која изнесува 10%, врз прометот и увозот на енергенти, за определен временски период во определени услови.

Со оваа одлука се продолжува примената на повластена даночна стапка од 5% на електричната енергија за домаќинства до 31 декември 2022 годинa.

Овие одлуки стапуваат на сила со денот на објавувањето во „Службен весник“.

Владата донесе и Одлука за определување на видот на добрата и временскиот период на ослободување од плаќањето на данокот на додадена вредност во земјата со право на одбивка на претходниот данок.

Со оваа одлука опфатени се лебот, брашното од тип 400, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко со маснотии од 2%, 3,2% и 3,5%, месото, оризот и јајцата.

Собранието доцна синоќа едногласно го донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, а со 96 гласа „за“ и исто така без ниту еден „против“ и „воздржан“ и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите, и двата по скратена постапка.

Министерот за финансии Фатмир Бесими образложувајќи ги двата предлог закони, рече дека тие се дел од пакетот 26 кризни мерки на Владата, кои треба да му помогнат на стопанството во државата, која е погодена од енергетската криза и ценовниот шок на глобалните пазари.

Актуелната ситуација во домашната економија, погодена главно од цените на основните производи, од категоријата на прехранбени производи, се преземаат мерки кои ќе го заштитат животниот стандард на граѓаните од повисоките цени, особено најранливите категории од социјален аспект и домашната економија. Со цел да се надмине оваа ситуација, потребно е да се интервенира. Пакетот од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра за економска заштита на граѓаните и компаниите, рече министерот Бесими во обраќањето.

Целта на Владата со овие измени и дополнувања е да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

The post Нула ДДВ за лебот, брашното, јајцата, маслото, млекото, оризот, помала акциза за горивата appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија на својата 27 седница, врз основа на прифатените измени и дополнувања во Законот за акцизи во Собранието, донесе Одлука за определување на видот на енергенсите, временскиот период како и начинот на пресметка на акцизата. Со оваа одлука се овозможува да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие енергенти на светските берзи. На оваа седница е донесена и Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка откако Собранието, на предлог на Владата, ги усвои измените и дополнувањата на Законот на данокот на додадена вредност. Оваа одлука овозможува да се примени повластена даночна стапка која изнесува 10%, врз прометот и увозот на енергенти, за определен временски период во определени услови. Со оваа одлука се продолжува примената на повластена даночна стапка од 5% на електричната енергија за домаќинства до 31 декември 2022 годинa. Овие одлуки стапуваат на сила со денот на објавувањето во „Службен весник“. Владата донесе и Одлука за определување на видот на добрата и временскиот период на ослободување од плаќањето на данокот на додадена вредност во земјата со право на одбивка на претходниот данок. Со оваа одлука опфатени се лебот, брашното од тип 400, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко со маснотии од 2%, 3,2% и 3,5%, месото, оризот и јајцата. Собранието доцна синоќа едногласно го донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, а со 96 гласа „за“ и исто така без ниту еден „против“ и „воздржан“ и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите, и двата по скратена постапка. Министерот за финансии Фатмир Бесими образложувајќи ги двата предлог закони, рече дека тие се дел од пакетот 26 кризни мерки на Владата, кои треба да му помогнат на стопанството во државата, која е погодена од енергетската криза и ценовниот шок на глобалните пазари.
Актуелната ситуација во домашната економија, погодена главно од цените на основните производи, од категоријата на прехранбени производи, се преземаат мерки кои ќе го заштитат животниот стандард на граѓаните од повисоките цени, особено најранливите категории од социјален аспект и домашната економија. Со цел да се надмине оваа ситуација, потребно е да се интервенира. Пакетот од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра за економска заштита на граѓаните и компаниите, рече министерот Бесими во обраќањето.
Целта на Владата со овие измени и дополнувања е да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

The post Нула ДДВ за лебот, брашното, јајцата, маслото, млекото, оризот, помала акциза за горивата appeared first on Република.

]]>
Собраниската седница за измените на законите за ДДВ и за акцизи утре во 15 часот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobraniskata-sednica-za-izmenite-na-zakonite-za-ddv-i-za-akcizi-utre-vo-15-chasot/ Thu, 10 Mar 2022 21:39:08 +0000 https://republika.mk/?p=470950

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за утре во 15 часот ја закажа 67. седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи.

Измените и дополнувањата денеска беа доставени од Владата до Собранието.

Како што соопшти Владата, измените и дополнувањата треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

-Овие закони се однесуваат на повеќе мерки како што е мерката за намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка исхрана од 5 отсто на 0 отсто. Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Мерките за намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 10 отсто при промет на енергенси и за ослободување од плаќање ДДВ при увоз на енергенси се исто така опфатени, како и мерката за намалување на акцизата согласно берзанските цени. Со овие закони ќе се ублажи ценовниот шок предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата.

Владата и премиерот Димитар Ковачевски упатија апел до пратениците веднаш да ги усвојат законските измени и дополнувања, за да се обезбеди брза имплементација на вчера донесените мерки за заштита на животен стандард и ликвидност на компаниите.

The post Собраниската седница за измените на законите за ДДВ и за акцизи утре во 15 часот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за утре во 15 часот ја закажа 67. седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи. Измените и дополнувањата денеска беа доставени од Владата до Собранието. Како што соопшти Владата, измените и дополнувањата треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.
-Овие закони се однесуваат на повеќе мерки како што е мерката за намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка исхрана од 5 отсто на 0 отсто. Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Мерките за намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 10 отсто при промет на енергенси и за ослободување од плаќање ДДВ при увоз на енергенси се исто така опфатени, како и мерката за намалување на акцизата согласно берзанските цени. Со овие закони ќе се ублажи ценовниот шок предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата.
Владата и премиерот Димитар Ковачевски упатија апел до пратениците веднаш да ги усвојат законските измени и дополнувања, за да се обезбеди брза имплементација на вчера донесените мерки за заштита на животен стандард и ликвидност на компаниите.

The post Собраниската седница за измените на законите за ДДВ и за акцизи утре во 15 часот appeared first on Република.

]]>
Измените на законите за ДДВ и за акцизи стигнаа во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izmenite-na-zakonite-za-ddv-i-za-akcizi-stignaa-vo-sobranieto/ Thu, 10 Mar 2022 17:01:53 +0000 https://republika.mk/?p=470830

Собранието на Република Македонија соопшти дека пристигнале измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи што денеска ги испрати Владата.

Како што велат од собраниската прес-служба, се уште нема информација за свикување седница за овие  закони. Моментно, претседателот на Собранието, Талат Џафери е на пленарна седница.

Владата попладнево ги испрати измените и дополнувањата до Парламентот. Како што наведе во дописот, овие предлог-решенија треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

Во Собранието е во тек продолжението на 50-тата седница на која се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија, во прво читање. 

The post Измените на законите за ДДВ и за акцизи стигнаа во Собранието appeared first on Република.

]]>

Собранието на Република Македонија соопшти дека пристигнале измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи што денеска ги испрати Владата. Како што велат од собраниската прес-служба, се уште нема информација за свикување седница за овие  закони. Моментно, претседателот на Собранието, Талат Џафери е на пленарна седница. Владата попладнево ги испрати измените и дополнувањата до Парламентот. Како што наведе во дописот, овие предлог-решенија треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати. Во Собранието е во тек продолжението на 50-тата седница на која се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија, во прво читање. 

The post Измените на законите за ДДВ и за акцизи стигнаа во Собранието appeared first on Република.

]]>
Измените на законите за ДДВ и за акцизи сè уште не се стиганти до Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izmenite-na-zakonite-za-ddv-i-za-akcizi-se-ushte-ne-se-stiganti-do-sobranieto/ Thu, 10 Mar 2022 16:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=470812

До Собранието на Република Македонија сè уште не се пристигнати измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи.

Иако Владата попладнево соопшти дека измените и дополнувањата се веќе испратени, од Парламентот информираат дека законите сè уште не се стигнати.

Во дописот од Владата се наведува дека измените и дополнувањата треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

Во Собранието моментно е во тек продолжението на 50-тата седница на која се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, во прво читање.

The post Измените на законите за ДДВ и за акцизи сè уште не се стиганти до Собранието appeared first on Република.

]]>

До Собранието на Република Македонија сè уште не се пристигнати измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи. Иако Владата попладнево соопшти дека измените и дополнувањата се веќе испратени, од Парламентот информираат дека законите сè уште не се стигнати. Во дописот од Владата се наведува дека измените и дополнувањата треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати. Во Собранието моментно е во тек продолжението на 50-тата седница на која се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, во прво читање.

The post Измените на законите за ДДВ и за акцизи сè уште не се стиганти до Собранието appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ најавува предлог за намалување на акцизата за горивото https://arhiva3.republika.mk/vesti/vmro-dpmne-najavuva-predlog-za-namaluvanje-na-akcizata-za-gorivoto/ Wed, 16 Feb 2022 12:56:43 +0000 https://republika.mk/?p=459363 ВМРО-ДПМНЕ деновиве ќе предложи намалување на акцизата за горивото, најави претседателот на партијата Христијан Мицкоски. – Чекавме Владата да се...

The post ВМРО-ДПМНЕ најавува предлог за намалување на акцизата за горивото appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ деновиве ќе предложи намалување на акцизата за горивото, најави претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

– Чекавме Владата да се вразуми и самата да ги намали акцизите, но бидејќи тоа не се случува, ќе има од нас таков предлог во наредните денови, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по денешната посета на Ѓорче Петров.

Во однос на сметките за струја на општините, Мицкоски нагласи дека се многу повисоки од досегашните дури за четири до пет пати. Тој ја обвини власта дека требала да води сметка како да ги зголеми дотациите во локалните самоуправи зашто кризата е од лани, кога се подготвувал буџетот.

The post ВМРО-ДПМНЕ најавува предлог за намалување на акцизата за горивото appeared first on Република.

]]>