закинтос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakintos/ За подобро да се разбереме Fri, 10 May 2024 13:03:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закинтос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakintos/ 32 32 Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и оваа лето затворена за туристи https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/popularnata-plazha-navagio-na-grchkiot-ostrov-zakintos-i-ovaa-leto-zatvorena-za-turisti/ Fri, 10 May 2024 13:03:09 +0000 https://republika.mk/?p=776823

Од безбедносни причини и со цел да се заштитат посетителите за време на туристичката сезона, популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и ова лето ќе биде затворена за туристи, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно министерската одлука, пристапот до плажата е забранет и од копно и од вода, за прекршувањата предвидени се административни казни, а „Навагио“ ќе биде затворена до 31 октомври 2024 година.

Популарната плажа на грчкиот остров и лани, за време на летниот период, исто така со министерска одлука беше затворена откако беше констатирана голема опасност од лизгање на земјиштето поради ерозија.

The post Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и оваа лето затворена за туристи appeared first on Република.

]]>

Од безбедносни причини и со цел да се заштитат посетителите за време на туристичката сезона, популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и ова лето ќе биде затворена за туристи, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно министерската одлука, пристапот до плажата е забранет и од копно и од вода, за прекршувањата предвидени се административни казни, а „Навагио“ ќе биде затворена до 31 октомври 2024 година. Популарната плажа на грчкиот остров и лани, за време на летниот период, исто така со министерска одлука беше затворена откако беше констатирана голема опасност од лизгање на земјиштето поради ерозија.

The post Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и оваа лето затворена за туристи appeared first on Република.

]]>
Албанец ја претепал и дрогирал бремената девојка за да ја натера да абортира https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanets-ja-pretepal-i-drogiral-bremenata-devojka-za-da-ja-natera-da-abortira/ Thu, 22 Feb 2024 09:55:41 +0000 https://republika.mk/?p=746900

Полицијата на Закинтос уапси државјанин на Албанија (27) под сомнение дека ја дрогирал и претепал својата 19-годишна девојка, предизвикувајќи ѝ спонтан абортус.

Се сомнева дека тој во вторникот вечерта ја одвел од нејзиниот дом девојката која била во 2-от месец од бременоста во неговата куќа, каде што ја врзал, ја претепал и ја принудил да пие лекови за да предизвика абортус.

Следното утро со повредите ја однел во болница. Животот на девојката не е во опасност, но потврдено е дека го загубила бебето.

Полицијата го лоцирала и уапсила во средата, а се товари за семејно насилство, предизвикување смрт на плодот, нанесување тешка телесна повреда, но и кражба, бидејќи го одзел мобилниот телефон на девојката.

The post Албанец ја претепал и дрогирал бремената девојка за да ја натера да абортира appeared first on Република.

]]>

Полицијата на Закинтос уапси државјанин на Албанија (27) под сомнение дека ја дрогирал и претепал својата 19-годишна девојка, предизвикувајќи ѝ спонтан абортус. Се сомнева дека тој во вторникот вечерта ја одвел од нејзиниот дом девојката која била во 2-от месец од бременоста во неговата куќа, каде што ја врзал, ја претепал и ја принудил да пие лекови за да предизвика абортус. Следното утро со повредите ја однел во болница. Животот на девојката не е во опасност, но потврдено е дека го загубила бебето. Полицијата го лоцирала и уапсила во средата, а се товари за семејно насилство, предизвикување смрт на плодот, нанесување тешка телесна повреда, но и кражба, бидејќи го одзел мобилниот телефон на девојката.

The post Албанец ја претепал и дрогирал бремената девојка за да ја натера да абортира appeared first on Република.

]]>
Трагедија на Закинтос: Младо момче починало бизарно во ноќен клуб https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tragedija-na-zakintos-mlado-momche-pochinalo-bizarno-vo-noken-klub/ Tue, 27 Jun 2023 10:40:59 +0000 https://republika.mk/?p=655601

Дваесетгодишен Британец почина кога изгубил свест и паднал во базен во ноќен клуб во познатото грчко одморалиште Закинтос.

Персоналот на хотелот го забележал човекот со лицето надолу во базенот и веднаш повикал спасител. Спасувачките екипи пристигнале и се обиделе да го оживеат, но безуспешно.

Трипати се обидовме да го оживееме, но немаше начин. Спасувачките екипи потоа го однеле во болница. Сите сме во шок. Со овој бизнис се занимавам 40 години и првпат се случува вакво нешто, изјавил сопственикот на клубот, кој се наоѓа во склоп на хотелот.

Ова не е единствената трагедија што се случила во ова познато одморалиште. На почетокот на овој месец 64-годишен британски турист беше пронајден мртов на плажата.

Мажот бил пренесен во Општата болница во Закинтос, каде што подоцна била констатирана смрт.

Според извештаите, во моментот на инцидентот немало спасител на плажата.

The post Трагедија на Закинтос: Младо момче починало бизарно во ноќен клуб appeared first on Република.

]]>

Дваесетгодишен Британец почина кога изгубил свест и паднал во базен во ноќен клуб во познатото грчко одморалиште Закинтос. Персоналот на хотелот го забележал човекот со лицето надолу во базенот и веднаш повикал спасител. Спасувачките екипи пристигнале и се обиделе да го оживеат, но безуспешно. Трипати се обидовме да го оживееме, но немаше начин. Спасувачките екипи потоа го однеле во болница. Сите сме во шок. Со овој бизнис се занимавам 40 години и првпат се случува вакво нешто, изјавил сопственикот на клубот, кој се наоѓа во склоп на хотелот. Ова не е единствената трагедија што се случила во ова познато одморалиште. На почетокот на овој месец 64-годишен британски турист беше пронајден мртов на плажата. Мажот бил пренесен во Општата болница во Закинтос, каде што подоцна била констатирана смрт. Според извештаите, во моментот на инцидентот немало спасител на плажата.

The post Трагедија на Закинтос: Младо момче починало бизарно во ноќен клуб appeared first on Република.

]]>
Добри вести од Закинтос: Во Навагио ќе може да се ужива, ама под еден услов https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/dobri-vesti-od-zakintos-vo-navagio-ke-mozhe-da-se-uzhiva-ama-pod-eden-uslov/ Fri, 19 May 2023 13:18:34 +0000 https://republika.mk/?p=642644

Иако пред само неколку месеци официјално беше објавена одлуката на ОАСП (Организација за антисеизмичко планирање и заштита) дека познатата плажа Навагио на грчкиот остров Закинтос ќе биде затворена за туристи поради лизгање на земјиштето, се чини дека туристите сепак ќе бидaт во можност да уживаат во нејзината убавина.

Но, од безбедно растојание.

Според последната министерска одлука, ќе се овозможи пристап, но само од море и на оддалеченост од 40 метри од брегот.

Одлуката за дозволениот пристап до плажата Навагио, нејверојатно, ќе важи до крајот на октомври. Сепак, пристапот до самата плажа најверојатно ќе остане забранет, а посетителите ќе може да пливаат во тиркизните води, но на безбедно растојание.

Бидејќи се работи за подрачје познато по сеизмичка активност, на 16 март годинава е донесена одлука плажата Навагио да се прогласи за небезбедна поради опасност од лизгање на земјиштето, пренесува „Грикрепортер“.

 

По лизгањето на земјиштето во 2018 година, водата на оваа плажа беше речиси целосно бела. Само една година пред тоа двајца туристи загинаа додека се обидуваа да направат селфи од карпата што гледа на оваа феноменална плажа.

The post Добри вести од Закинтос: Во Навагио ќе може да се ужива, ама под еден услов appeared first on Република.

]]>

Иако пред само неколку месеци официјално беше објавена одлуката на ОАСП (Организација за антисеизмичко планирање и заштита) дека познатата плажа Навагио на грчкиот остров Закинтос ќе биде затворена за туристи поради лизгање на земјиштето, се чини дека туристите сепак ќе бидaт во можност да уживаат во нејзината убавина. Но, од безбедно растојание. Според последната министерска одлука, ќе се овозможи пристап, но само од море и на оддалеченост од 40 метри од брегот. Одлуката за дозволениот пристап до плажата Навагио, нејверојатно, ќе важи до крајот на октомври. Сепак, пристапот до самата плажа најверојатно ќе остане забранет, а посетителите ќе може да пливаат во тиркизните води, но на безбедно растојание. Бидејќи се работи за подрачје познато по сеизмичка активност, на 16 март годинава е донесена одлука плажата Навагио да се прогласи за небезбедна поради опасност од лизгање на земјиштето, пренесува „Грикрепортер“.   По лизгањето на земјиштето во 2018 година, водата на оваа плажа беше речиси целосно бела. Само една година пред тоа двајца туристи загинаа додека се обидуваа да направат селфи од карпата што гледа на оваа феноменална плажа.

The post Добри вести од Закинтос: Во Навагио ќе може да се ужива, ама под еден услов appeared first on Република.

]]>
Се затвора омилената плажа на Македонците https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/se-zatvora-omilenata-plazha-na-makedontsite/ Fri, 17 Mar 2023 06:53:30 +0000 https://republika.mk/?p=620510

Од безбедносни причини и по препорака на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП), популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, повторно ќе биде затворена за туристите, објавија грчката новинска агенција АНА-МПА.

Препораката за повторната забрана за пристап до плажата доаѓа откако на 8 март годинава при посетата на местото, научниот тим од ОАСП констатирал голема опасност од лизгање на земјиштето поради ерозија, по што бил одржан состанок на надлежните министерства и одлучено ситуацијата да се следи и да се оценува два пати годишно.

Министерот за туризам на Грција Василис Кикилијас, како што пренесува АНА-МПА, рекол дека „безбедноста на жителите и посетителите е над сѐ“, а одлуката била донесена врз основа на научните податоци и поради големата посетеност на плажата време на туристичката сезона.

И на почетокот на септември минатата година со одлука на Координативното тело за цивилна заштита на периферијата на Закинтос бил забранет пристапот до „Навагио“ од безбедносни причини.

The post Се затвора омилената плажа на Македонците appeared first on Република.

]]>

Од безбедносни причини и по препорака на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП), популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, повторно ќе биде затворена за туристите, објавија грчката новинска агенција АНА-МПА.

Препораката за повторната забрана за пристап до плажата доаѓа откако на 8 март годинава при посетата на местото, научниот тим од ОАСП констатирал голема опасност од лизгање на земјиштето поради ерозија, по што бил одржан состанок на надлежните министерства и одлучено ситуацијата да се следи и да се оценува два пати годишно.

Министерот за туризам на Грција Василис Кикилијас, како што пренесува АНА-МПА, рекол дека „безбедноста на жителите и посетителите е над сѐ“, а одлуката била донесена врз основа на научните податоци и поради големата посетеност на плажата време на туристичката сезона.

И на почетокот на септември минатата година со одлука на Координативното тело за цивилна заштита на периферијата на Закинтос бил забранет пристапот до „Навагио“ од безбедносни причини.

The post Се затвора омилената плажа на Македонците appeared first on Република.

]]>
По земјотресот затворена за туристи плажата „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-zemjotresot-zatvorena-za-turisti-plazata-navagio-na-grchkiot-ostrov-zakintos/ Thu, 08 Sep 2022 13:13:01 +0000 https://republika.mk/?p=548701

Земјотресот со јачина од 5,4 степени што утрово се случи во Јонското Море предизвика одрон на земјиште и пад на карпи на популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, по што, според грчките медиуми, бил донесена одлука плажата да се затвори за туристи, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што пишуваат локалните медиуми по земјотресот, големи делови од карпи се паднале во морето, за среќа без да се оштетат чамците и бродовите што во тој момент поминувале или биле во близина, а крајбрежната служба од Закинтос го забранила пристигнувањето по морски пат на посетителите на плажата, како и пристапот на туристите во делот над плажата поради страв од нови одрони.

Земјотресот беше регистриран кусо по 10.30 часот утрово во Јонското Море, западно од островите Кефалонија и Закинтос.

Во Министерството за туризам на Грција денеска бил одржан планиран состанок за ажурирање на безбедносните мерки на плажата „Навагио“ и повторно била донесена препорака за „строга контрола на пристапот на посетителите само до дозволените зони дефинирани во соодветната научна студија со паралелно почитување на максималниот број посетители, со цел капачите да бидат на безбедно растојание од карпите“.

Додаваат дека се во очекување на одлуките на надлежните органи и цивилната заштита за ажурирање на мерките за безбедност на посетителите.

The post По земјотресот затворена за туристи плажата „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос appeared first on Република.

]]>

Земјотресот со јачина од 5,4 степени што утрово се случи во Јонското Море предизвика одрон на земјиште и пад на карпи на популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, по што, според грчките медиуми, бил донесена одлука плажата да се затвори за туристи, јави дописничката на МИА од Атина. Како што пишуваат локалните медиуми по земјотресот, големи делови од карпи се паднале во морето, за среќа без да се оштетат чамците и бродовите што во тој момент поминувале или биле во близина, а крајбрежната служба од Закинтос го забранила пристигнувањето по морски пат на посетителите на плажата, како и пристапот на туристите во делот над плажата поради страв од нови одрони. Земјотресот беше регистриран кусо по 10.30 часот утрово во Јонското Море, западно од островите Кефалонија и Закинтос. Во Министерството за туризам на Грција денеска бил одржан планиран состанок за ажурирање на безбедносните мерки на плажата „Навагио“ и повторно била донесена препорака за „строга контрола на пристапот на посетителите само до дозволените зони дефинирани во соодветната научна студија со паралелно почитување на максималниот број посетители, со цел капачите да бидат на безбедно растојание од карпите“. Додаваат дека се во очекување на одлуките на надлежните органи и цивилната заштита за ажурирање на мерките за безбедност на посетителите.

The post По земјотресот затворена за туристи плажата „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос appeared first on Република.

]]>
Силен земјотрес меѓу Закинтос и Кефалонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/silen-zemjotres-megju-zakintos-i-kefalonija/ Thu, 08 Sep 2022 09:14:03 +0000 https://republika.mk/?p=548588

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во морето меѓу Закинтос и Кефалонија, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.

Првата проценка на Институтот беше дека јачината на земјотресот била 5,3 степени, пренесува Екатимерини.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 10:36 часот, бил на 57 километри југозападно од Ликсури, на длабочина од 11,6 километри.

Според проценката на Евро-медитеранскиот центар (EMSC), земјотресот бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

The post Силен земјотрес меѓу Закинтос и Кефалонија appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во морето меѓу Закинтос и Кефалонија, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина. Првата проценка на Институтот беше дека јачината на земјотресот била 5,3 степени, пренесува Екатимерини. Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 10:36 часот, бил на 57 километри југозападно од Ликсури, на длабочина од 11,6 километри. Според проценката на Евро-медитеранскиот центар (EMSC), земјотресот бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

The post Силен земјотрес меѓу Закинтос и Кефалонија appeared first on Република.

]]>
Евакуација на дел од Закинтос поради голем пожар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/evakuacija-na-del-od-zakintos-poradi-golem-pozar/ Wed, 10 Aug 2022 12:47:13 +0000 https://republika.mk/?p=538765

Наредена е евакуација во селото Мегала Алонија, во северниот дел на јонскиот грчки остров Закинтос, бидејќи шумски пожар ја загрозува областа.

Жителите на тоа село добиле порака преку итниот број да се евакуираат во селото Ано Волимес, пренесува Катимерини.

Противпожарната служба во соопштението наведува дека на гаснење на пожарот работат 24 пожарникари со 10 противпожарни возила, со помош на пет водени млазови и еден хеликоптер.

Во текот на изминатите неколку недели пропратени со високи температури на воздухот низ цела Грција, забележани се повеќе од 500 пожари, најголеми на островот Евија. Во напорите за локализирање на пожарот во близина на Атина, на помош на пожарникарите дошле 24 авиони.

Евакуирани се четири населби и дом за стари лица.

https://youtu.be/8_YCr92VXY4

The post Евакуација на дел од Закинтос поради голем пожар appeared first on Република.

]]>

Наредена е евакуација во селото Мегала Алонија, во северниот дел на јонскиот грчки остров Закинтос, бидејќи шумски пожар ја загрозува областа. Жителите на тоа село добиле порака преку итниот број да се евакуираат во селото Ано Волимес, пренесува Катимерини. Противпожарната служба во соопштението наведува дека на гаснење на пожарот работат 24 пожарникари со 10 противпожарни возила, со помош на пет водени млазови и еден хеликоптер. Во текот на изминатите неколку недели пропратени со високи температури на воздухот низ цела Грција, забележани се повеќе од 500 пожари, најголеми на островот Евија. Во напорите за локализирање на пожарот во близина на Атина, на помош на пожарникарите дошле 24 авиони. Евакуирани се четири населби и дом за стари лица. https://youtu.be/8_YCr92VXY4

The post Евакуација на дел од Закинтос поради голем пожар appeared first on Република.

]]>