закани по живот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakani-po-zivot/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jun 2024 11:37:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закани по живот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakani-po-zivot/ 32 32 Уставни судии добиле закани по живот околу конкретен судски предмет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustavni-sudii-dobile-zakani-po-zhivot-okolu-konkreten-sudski-predmet/ Mon, 24 Jun 2024 11:37:24 +0000 https://republika.mk/?p=790242

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи, за упатени закани по животот и безбедноста на судии на Уставниот суд информираше судот.

Пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија односно судии поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот. Претседателот Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани упатени до судиите, истакнувајќи дека во едно демократско општество, вакви и слични закани претставуваат напад врз интегритетот на Уставниот суд, но и директен притисок врз независното и самостојно одлучување на сите судии. Поради сериозноста на упатените јавни закани и повици за насилство, Судот очекува надлежните органи професионално и навремено да ги превземат сите неопходни мерки и активности за расветлување на овој но и слични закани кон судиите, се вели во известувањето од Уставен.

The post Уставни судии добиле закани по живот околу конкретен судски предмет appeared first on Република.

]]>

„Ќе ги најдеш децата твој фрлени во некој канал како кучијна“: Соселанец на Заев со смртни закани до децата на Мицкоски, Спасовски не реагира https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-gi-najdesh-detsata-tvoj-frleni-vo-nekoj-kanal-kako-kuchijna-soselanets-na-zaev-so-smrtni-zakani-do-detsata-na-mitskoski-spasovski-ne-reagira/ Fri, 31 Mar 2023 09:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=625722

Истото лице, кое во изборната кампања му се закануваше на кандидатот за гадоначалник на Прилеп Борче Јовечевски со „ќе си го најдеш и помалиот син во ендек фрлен како куче“, денеска испраќа закани по животот на малолетните деца на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Јавно ти испраќам порака, Христијан Мицкоски. Ако ти е мила фамилијата, седи си мирен, во спротивно ќе ги најдеш децата твои фрлени во некој канал како кучијна, пишува Роберт Тркалај, кој во описот на Фејсбук се претставува дека потекнува од родното село на Зоран Заев, Муртино.

Лицето Роберт има неколку профили на Фејсбук, Роберт Вретоски, Роберт Тркалај, Роберт Типчето..., но заканите се исти. Исти се и последиците што ги сноси - никакви.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mu-vetile-vrabotuvanje-zakanuvachot-na-kandidatot-za-gradonachalnik-na-prilep-bil-pottiknat-od-sdsm/

Иако често читаме во полицискиот билтен дека МВР поднесува соодветни пријави против лица кои пишуваат закани или недолични содржини на социјалните мрежи, и по две години од заканите упатени до Јовчевски, полицијата не го спречува Роберт да се заканува во јавни објави на Фејсбук.

Не мора да сте му пријател на Роберт за да ги видите неговите закани, во кои и во двата случаја споменува деца. Овојпат малолетни. Неговите објави се јавни. Јавни се и објавите во кои Роберт ги споделува активностите на премиерот и на струмичкиот градоначалник.

Од друга страна, она што најмногу треба да биде јавно, видливо и забележливо, работата на Минситерството за внатрешни работи и на министерот Оливер Спасвски, не се гледа. Министерството на Спасовски е посебно чувствително на говор на омраза на социјалните мрежи, барем така се фали, но овој политички ангажиран профил и 2 часа од објавата не е блокоран, а против лицето не е поднесена кривична пријава.

За ширење говор на омраза и закани предвидена е кривична одговорност.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани ваквите случаи да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk, се фалеше МВР во слична ситуација.

За случајот со Јовчевски Роберт бил повикан во полиција на разговор и таму признал дека бил поттикнат од кандидат на советничката листа на СДСМ и дека од него му било ветено вработување. Сепак, како што гледате, истото лице и денеска шири говор на омраза и се заканува, а санкции нема. Освен тоа, на еден од профилите Роберт навел дека работи во Дрекселмајер во Кавадарци од јануари годинава.

[caption id="attachment_625741" align="alignnone" width="640"] Роверт од Муртино не губи време и во чекор ги следи објавите на профилот на премиерот Димитар Ковачевски за да ги сподели на својот профил (фотоисечок)[/caption]

Ниту пред две години ниту денес нема никаква реакција од невладините организации, борци за сечии права, но не и за правата на политичките неистомисленици. Нели, затоа што се (не)владини.

The post „Ќе ги најдеш децата твој фрлени во некој канал како кучијна“: Соселанец на Заев со смртни закани до децата на Мицкоски, Спасовски не реагира appeared first on Република.

]]>

Истото лице, кое во изборната кампања му се закануваше на кандидатот за гадоначалник на Прилеп Борче Јовечевски со „ќе си го најдеш и помалиот син во ендек фрлен како куче“, денеска испраќа закани по животот на малолетните деца на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Јавно ти испраќам порака, Христијан Мицкоски. Ако ти е мила фамилијата, седи си мирен, во спротивно ќе ги најдеш децата твои фрлени во некој канал како кучијна, пишува Роберт Тркалај, кој во описот на Фејсбук се претставува дека потекнува од родното село на Зоран Заев, Муртино.
Лицето Роберт има неколку профили на Фејсбук, Роберт Вретоски, Роберт Тркалај, Роберт Типчето..., но заканите се исти. Исти се и последиците што ги сноси - никакви. https://republika.mk/vesti/makedonija/mu-vetile-vrabotuvanje-zakanuvachot-na-kandidatot-za-gradonachalnik-na-prilep-bil-pottiknat-od-sdsm/ Иако често читаме во полицискиот билтен дека МВР поднесува соодветни пријави против лица кои пишуваат закани или недолични содржини на социјалните мрежи, и по две години од заканите упатени до Јовчевски, полицијата не го спречува Роберт да се заканува во јавни објави на Фејсбук. Не мора да сте му пријател на Роберт за да ги видите неговите закани, во кои и во двата случаја споменува деца. Овојпат малолетни. Неговите објави се јавни. Јавни се и објавите во кои Роберт ги споделува активностите на премиерот и на струмичкиот градоначалник. Од друга страна, она што најмногу треба да биде јавно, видливо и забележливо, работата на Минситерството за внатрешни работи и на министерот Оливер Спасвски, не се гледа. Министерството на Спасовски е посебно чувствително на говор на омраза на социјалните мрежи, барем така се фали, но овој политички ангажиран профил и 2 часа од објавата не е блокоран, а против лицето не е поднесена кривична пријава. За ширење говор на омраза и закани предвидена е кривична одговорност.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани ваквите случаи да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk, се фалеше МВР во слична ситуација.
За случајот со Јовчевски Роберт бил повикан во полиција на разговор и таму признал дека бил поттикнат од кандидат на советничката листа на СДСМ и дека од него му било ветено вработување. Сепак, како што гледате, истото лице и денеска шири говор на омраза и се заканува, а санкции нема. Освен тоа, на еден од профилите Роберт навел дека работи во Дрекселмајер во Кавадарци од јануари годинава. [caption id="attachment_625741" align="alignnone" width="640"] Роверт од Муртино не губи време и во чекор ги следи објавите на профилот на премиерот Димитар Ковачевски за да ги сподели на својот профил (фотоисечок)[/caption] Ниту пред две години ниту денес нема никаква реакција од невладините организации, борци за сечии права, но не и за правата на политичките неистомисленици. Нели, затоа што се (не)владини.

The post „Ќе ги најдеш децата твој фрлени во некој канал како кучијна“: Соселанец на Заев со смртни закани до децата на Мицкоски, Спасовски не реагира appeared first on Република.

]]>
Штипскиот градоначалник добил закани по живот од вработен во општината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtipskiot-gradonachalnik-dobil-zakani-po-zhivot-od-vraboten-vo-opshtinata/ Wed, 22 Mar 2023 12:34:43 +0000 https://republika.mk/?p=622425

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов добил закана по живот од вработен во Општината. Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден. Сторителот е познат на полицијата. Јорданов денеска пред новинарите потврди дека вчера инцидентот го пријавил во полиција.

Не би сакал да навлегувам во деталите, за да не влијаам во постапката. Верувам во институциите на системот, сето она што е пријавено СВР-Штип го има веќе како детали. Станува збор за вработено лице во Општина Штип, кое во минатото е познато на полицијата по вакви случки. Така што оставам на институциите на системот да ја утврдат состојбата, вели Јорданов.

Прашан дали освен вчера и завчера имало инцидентот во неговиот кабинет, Јорданов со одговор дека деталите ги има СВР-Штип.

Инаку на штипската јавност вработениот во општинската администрација и е познат по тоа што пред неколку години исто така се има заканувано на еден од градоначалниците на Општина Штип.

Во текот на денот се очекуваат детали за инцидентот од страна на СВР-Штип.

The post Штипскиот градоначалник добил закани по живот од вработен во општината appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов добил закана по живот од вработен во Општината. Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден. Сторителот е познат на полицијата. Јорданов денеска пред новинарите потврди дека вчера инцидентот го пријавил во полиција.
Не би сакал да навлегувам во деталите, за да не влијаам во постапката. Верувам во институциите на системот, сето она што е пријавено СВР-Штип го има веќе како детали. Станува збор за вработено лице во Општина Штип, кое во минатото е познато на полицијата по вакви случки. Така што оставам на институциите на системот да ја утврдат состојбата, вели Јорданов.
Прашан дали освен вчера и завчера имало инцидентот во неговиот кабинет, Јорданов со одговор дека деталите ги има СВР-Штип. Инаку на штипската јавност вработениот во општинската администрација и е познат по тоа што пред неколку години исто така се има заканувано на еден од градоначалниците на Општина Штип. Во текот на денот се очекуваат детали за инцидентот од страна на СВР-Штип.

The post Штипскиот градоначалник добил закани по живот од вработен во општината appeared first on Република.

]]>
„Градоначалниче, нема да умреш од болест или старост“ стрпа во затвор кавадарчанец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gradonachalniche-nema-da-umresh-od-bolest-ili-starost-strpa-vo-zatvor-kavadarchanec/ Mon, 22 Aug 2022 11:39:19 +0000 https://republika.mk/?p=542825

Основното јавно обвинителство Кавадарци оформи предмет и поведе постапка против едно лице за кривично дело „Загрозување на сигурноста“.

Лицето, како што информира Jавното обвинителство, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатило закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев дека „нема да умре од болест или старост“.

Осомниченото лице претходно е осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и неговото семејство.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка му определи мерка куќен притвор во траење од осум дена на осомничениот

The post „Градоначалниче, нема да умреш од болест или старост“ стрпа во затвор кавадарчанец appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Кавадарци оформи предмет и поведе постапка против едно лице за кривично дело „Загрозување на сигурноста“. Лицето, како што информира Jавното обвинителство, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатило закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев дека „нема да умре од болест или старост“. Осомниченото лице претходно е осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и неговото семејство. По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка му определи мерка куќен притвор во траење од осум дена на осомничениот

The post „Градоначалниче, нема да умреш од болест или старост“ стрпа во затвор кавадарчанец appeared first on Република.

]]>
Јавниот обвинител Јовески добил закани по животот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javniot-obvinitel-joveski-dobil-zakani-po-zivotot/ Thu, 27 Jan 2022 09:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=450111

Јавниот обвинител Љубомир Јовески вчера добил закана по неговиот живот поради конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година. Заканата, која била испратена преку препорачана пратка и напишана на македонски и албански јазик, како што велат од Обвинителството била од „терористичка организација која се бори и убива за неправда“.

Јавниот обвинител на Македонија ја известува јавноста дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, доби закана по неговиот живот. Препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена, бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување. Заканата, како што се наведува во писмата, е од терористичка организација која се бори и убива за неправда и нејзините членови се подготвени да гинат за целите на организацијата, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител на Македонија истакнува дека се залудни ваквите закани и во оваа прилика нагласува дека заканите, па дури и да се по живот нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство.

Од Обвинителството најавуваат дека пратката ќе биде доставена до Министерството за внатрешни работи заради испитување на содржината на наводите и пронаоѓање на лицето кое ја експедирало.

The post Јавниот обвинител Јовески добил закани по животот appeared first on Република.

]]>

Јавниот обвинител Љубомир Јовески вчера добил закана по неговиот живот поради конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година. Заканата, која била испратена преку препорачана пратка и напишана на македонски и албански јазик, како што велат од Обвинителството била од „терористичка организација која се бори и убива за неправда“.
Јавниот обвинител на Македонија ја известува јавноста дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, доби закана по неговиот живот. Препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена, бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување. Заканата, како што се наведува во писмата, е од терористичка организација која се бори и убива за неправда и нејзините членови се подготвени да гинат за целите на организацијата, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител на Македонија истакнува дека се залудни ваквите закани и во оваа прилика нагласува дека заканите, па дури и да се по живот нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство. Од Обвинителството најавуваат дека пратката ќе биде доставена до Министерството за внатрешни работи заради испитување на содржината на наводите и пронаоѓање на лицето кое ја експедирало.

The post Јавниот обвинител Јовески добил закани по животот appeared first on Република.

]]>