закана за национална безбедност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakana-za-natsionalna-bezbednost/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Apr 2024 12:26:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закана за национална безбедност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zakana-za-natsionalna-bezbednost/ 32 32 Кинеска новинарка прогласена за закана по националната безбедност и протерана од Шведска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kineska-novinarka-proglasena-za-zakana-po-natsionalnata-bezbednost-i-proterana-od-shvedska/ Mon, 08 Apr 2024 12:26:07 +0000 https://republika.mk/?p=763814

Шведската служба за безбедност во октомври уапсила кинеска новинарка (57) чиј идентитет не е соопштен, а минатата недела била протерана од земјата, јави шведската телевизија СВТ. На новинарката и е забрането да се врати.

Таа дошла во Шведска пред околу 20 години. Имала дозвола за престој и била во брак со Швеѓанец, со кој има деца.

Според СВТ, новинарката била во контакт со кинеската амбасада и луѓе во Шведска, кои се поврзани со кинеската влада.

Нејзиниот адвокат Леутрим Кадриу за СВТ изјави дека не смее да дава детали за случајот, но дека таа не се смета себеси за закана за Шведска.

Таа известувала и од Норвешка, Данска, Финска и Исланд.

Односите меѓу Стокхолм и Пекинг се затегнати со години.

Во 2020 година, шведскиот државјанин со кинеско потекло, Гуи Минхаи, беше осуден на 10 години затвор во Кина за продажба на книги кои ја критикуваа владејачката Комунистичка партија.

Тој беше обвинет за „незаконско откривање разузнавачки податоци на странци“. Кина ги отфрли шведските барања за ослободување на Гуи.

Во 2018 година, шведскиот суд го осуди Дорје Гиантсан на 22 месеци затвор за шпионирање за Кина за собирање информации за Тибетанците кои побегнале во Шведска.

 

The post Кинеска новинарка прогласена за закана по националната безбедност и протерана од Шведска appeared first on Република.

]]>

Шведската служба за безбедност во октомври уапсила кинеска новинарка (57) чиј идентитет не е соопштен, а минатата недела била протерана од земјата, јави шведската телевизија СВТ. На новинарката и е забрането да се врати. Таа дошла во Шведска пред околу 20 години. Имала дозвола за престој и била во брак со Швеѓанец, со кој има деца. Според СВТ, новинарката била во контакт со кинеската амбасада и луѓе во Шведска, кои се поврзани со кинеската влада. Нејзиниот адвокат Леутрим Кадриу за СВТ изјави дека не смее да дава детали за случајот, но дека таа не се смета себеси за закана за Шведска. Таа известувала и од Норвешка, Данска, Финска и Исланд. Односите меѓу Стокхолм и Пекинг се затегнати со години. Во 2020 година, шведскиот државјанин со кинеско потекло, Гуи Минхаи, беше осуден на 10 години затвор во Кина за продажба на книги кои ја критикуваа владејачката Комунистичка партија. Тој беше обвинет за „незаконско откривање разузнавачки податоци на странци“. Кина ги отфрли шведските барања за ослободување на Гуи. Во 2018 година, шведскиот суд го осуди Дорје Гиантсан на 22 месеци затвор за шпионирање за Кина за собирање информации за Тибетанците кои побегнале во Шведска.  

The post Кинеска новинарка прогласена за закана по националната безбедност и протерана од Шведска appeared first on Република.

]]>