Зајкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zajkova/ За подобро да се разбереме Thu, 16 May 2024 08:15:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зајкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zajkova/ 32 32 Зајкова: Забрзана ЕУ интеграција е клучот за иднината на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-zabrzana-eu-integratsija-e-kluchot-za-idninata-na-makedonija/ Thu, 16 May 2024 08:15:53 +0000 https://republika.mk/?p=778643

Придобивките од членството во ЕУ, значително ги надминуваат сегашните предизвици, а промоцијата на либералните вредности и демократски стандарди останува врвен приоритет за партијата, рече претседателката на Либерално - демократската партија Моника Зајкова во рамките на панел дискусијата „ЕУ Интеграции - Кој е следниот чекор?“ организирана од Либерален институт - Скопје.

Покрај Зајкова говорник на панел дискусијата беше и Бо Мандеруп Јенсен од Данска, искусен политичар со работа во институциите на ЕУ, а моментално е претседател на Бордот на директори на данската програма за либерална демократија.

Зајкова во своето излагање, посочи дека ЛДП е континуиран поддржувач на забрзаната европска интеграција на Македонија. Таа истакна дека државата е веќе длабоко вкоренета во процесот на приближување кон ЕУ.

-Соочени сме со бројни предизвици, вклучувајќи ја и потребата за значителни реформи во јавната администрација и правосудството, а државата треба да се фокусира и на имплементација на 40 препораки од ОБСЕ и ЕУ, кои новата влада треба да ги усвои и спроведе, рече Зајкова.

Како што посочи, соработката со либералите во ЕУ е клучна за напредокот на Македонија.

Мандеруп Јенсен во својот говор сподели детали од историјата на Данска и нејзините дебати околу членството во ЕУ, кои траеле долги 15 години.

-Процесот на интеграција во ЕУ е сложен и бара исполнување на 35 поглавја, но тоа е предизвик кој носи многу придобивки за вашата земја, истакна тој.

Според него, инвестирањето во ЕУ членство носи многу повеќе корист отколку загуба, објаснувајќи дека иако Данска не е дел од еврозоната и сè уште ја користи својата валута, таа има солидна монетарна независност.

ЛДП е активен член на АЛДЕ од нејзиното основање и е препозната во Европскиот парламент што е голема предност во лобирањето за исполнување на стратешките интереси.

Заклучокот од оваа панел дискусија е тоа што придобивките од членството во ЕУ, значително ги надминуваат сегашните предизвици, а промоцијата на либералните вредности и демократски стандарди останува врвен приоритет за партијата.

Овој настан јасно покажува дека политичките и економските лидери се подготвени да ги водат своите земји кон подлабока европска интеграција, со што се обезбедува стабилност, напредок и унапредување на демократските вредности на Балканот.

The post Зајкова: Забрзана ЕУ интеграција е клучот за иднината на Македонија appeared first on Република.

]]>

Придобивките од членството во ЕУ, значително ги надминуваат сегашните предизвици, а промоцијата на либералните вредности и демократски стандарди останува врвен приоритет за партијата, рече претседателката на Либерално - демократската партија Моника Зајкова во рамките на панел дискусијата „ЕУ Интеграции - Кој е следниот чекор?“ организирана од Либерален институт - Скопје. Покрај Зајкова говорник на панел дискусијата беше и Бо Мандеруп Јенсен од Данска, искусен политичар со работа во институциите на ЕУ, а моментално е претседател на Бордот на директори на данската програма за либерална демократија. Зајкова во своето излагање, посочи дека ЛДП е континуиран поддржувач на забрзаната европска интеграција на Македонија. Таа истакна дека државата е веќе длабоко вкоренета во процесот на приближување кон ЕУ. -Соочени сме со бројни предизвици, вклучувајќи ја и потребата за значителни реформи во јавната администрација и правосудството, а државата треба да се фокусира и на имплементација на 40 препораки од ОБСЕ и ЕУ, кои новата влада треба да ги усвои и спроведе, рече Зајкова. Како што посочи, соработката со либералите во ЕУ е клучна за напредокот на Македонија. Мандеруп Јенсен во својот говор сподели детали од историјата на Данска и нејзините дебати околу членството во ЕУ, кои траеле долги 15 години. -Процесот на интеграција во ЕУ е сложен и бара исполнување на 35 поглавја, но тоа е предизвик кој носи многу придобивки за вашата земја, истакна тој. Според него, инвестирањето во ЕУ членство носи многу повеќе корист отколку загуба, објаснувајќи дека иако Данска не е дел од еврозоната и сè уште ја користи својата валута, таа има солидна монетарна независност. ЛДП е активен член на АЛДЕ од нејзиното основање и е препозната во Европскиот парламент што е голема предност во лобирањето за исполнување на стратешките интереси. Заклучокот од оваа панел дискусија е тоа што придобивките од членството во ЕУ, значително ги надминуваат сегашните предизвици, а промоцијата на либералните вредности и демократски стандарди останува врвен приоритет за партијата. Овој настан јасно покажува дека политичките и економските лидери се подготвени да ги водат своите земји кон подлабока европска интеграција, со што се обезбедува стабилност, напредок и унапредување на демократските вредности на Балканот.

The post Зајкова: Забрзана ЕУ интеграција е клучот за иднината на Македонија appeared first on Република.

]]>
Зајкова: Да не дозволиме само еден ден во годината жените да се чувствуваат важни, издигнати и почитувани, а останатите 364 дена предмет на вербално и физичко насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-da-ne-dozvolime-samo-eden-den-vo-godinata-zhenite-da-se-chuvstvuvaat-vazhni-izdignati-i-pochituvani-a-ostanatite-364-dena-predmet-na-verbalno-i-fizichko-nasilstvo/ Fri, 08 Mar 2024 12:51:56 +0000 https://republika.mk/?p=752673

Секој 8-ми март е симбол за подарок на цвет како израз на почит кон жените, но исто така и потсетник за нашата упорна борба за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Важно е да разбереме дека треба да работиме заедно секој ден, за да се осигура дека жените се чувствуваат важни, издигнати и почитувани секој ден, а оваа година им порачувам на сите мажи и жени,  секој ден да биде 8-ми март, потенцираше денеска во Собранието претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка Моника Зајкова.

-Свртете се во салата и погледнете колку колеги мажи има присутни! Да не дозволиме само еден ден во годината жените да се чувствуваат важни, издигнати и почитувани, а останатите 364 дена предмет на вербално и физичко насилство. Трнливиот пат кој што сме го поминале низ историјата е доказ за нашата сила, упорност и истрајност. Своевиден потсетник дека можеме да издејствуваме промени и дека сме способни да ги надминеме разликите за доброто на нашата држава. Во моментов, во нашето општество постои поделеност на леви, десни и централни партии, но жените се тие коишто треба да ги надминат разликите и да работат заедно за доброто на граѓаните, а не само да ја следат партиската идеологија, на што за жал се повеќе сведочиме. Покажавме дека знаеме како да бидеме храбри, одлучни и добри лидерки, додаде таа.

Зајкова истакна дека борбата против родово насилство и дискриминација се уште трае и бара нашата посветеност и труд за нејзино целосно сузбивање, а според неа важно е сите заедно да работиме на мотивирањето и поттикнувањето на учеството на жените во бизнис заедницата, како и на изедначување на нивните плати со мажите.

-Со влегувањето во политиката, сакав да послужам како пример за младите жени и да им покажам дека можеме да придонесеме многу за општеството. Борбата за родова еднаквост е борба на сите нас. Таа ќе продолжи додека секоја жена не биде еднакво почитувана и вреднувана како интелектуално развиено битие, а не само за исполнување на квотата- жена, рече Зајкова.

Таа исто така испрати порака дека треба да работиме на едукацијата, да ги учиме децата дека и жените можат да бидат војници и мажите шминкери и да придонесеме кон рушење на закоравените стереотипи дека има поделба на „машки” и „женски” професии, да го ослободиме нашето општество од оковите на патријархалното општество и да започнеме да го негуваме духот на либерализмот и зајакнување на моќта на индивидуата.

Ова обраќање на претседателката на ЛДП Моника Зајкова служи како силен потсетник на значењето на Меѓународниот ден на жената и потребата од континуирана борба за родова еднаквост.

The post Зајкова: Да не дозволиме само еден ден во годината жените да се чувствуваат важни, издигнати и почитувани, а останатите 364 дена предмет на вербално и физичко насилство appeared first on Република.

]]>

Секој 8-ми март е симбол за подарок на цвет како израз на почит кон жените, но исто така и потсетник за нашата упорна борба за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Важно е да разбереме дека треба да работиме заедно секој ден, за да се осигура дека жените се чувствуваат важни, издигнати и почитувани секој ден, а оваа година им порачувам на сите мажи и жени,  секој ден да биде 8-ми март, потенцираше денеска во Собранието претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка Моника Зајкова. -Свртете се во салата и погледнете колку колеги мажи има присутни! Да не дозволиме само еден ден во годината жените да се чувствуваат важни, издигнати и почитувани, а останатите 364 дена предмет на вербално и физичко насилство. Трнливиот пат кој што сме го поминале низ историјата е доказ за нашата сила, упорност и истрајност. Своевиден потсетник дека можеме да издејствуваме промени и дека сме способни да ги надминеме разликите за доброто на нашата држава. Во моментов, во нашето општество постои поделеност на леви, десни и централни партии, но жените се тие коишто треба да ги надминат разликите и да работат заедно за доброто на граѓаните, а не само да ја следат партиската идеологија, на што за жал се повеќе сведочиме. Покажавме дека знаеме како да бидеме храбри, одлучни и добри лидерки, додаде таа. Зајкова истакна дека борбата против родово насилство и дискриминација се уште трае и бара нашата посветеност и труд за нејзино целосно сузбивање, а според неа важно е сите заедно да работиме на мотивирањето и поттикнувањето на учеството на жените во бизнис заедницата, како и на изедначување на нивните плати со мажите. -Со влегувањето во политиката, сакав да послужам како пример за младите жени и да им покажам дека можеме да придонесеме многу за општеството. Борбата за родова еднаквост е борба на сите нас. Таа ќе продолжи додека секоја жена не биде еднакво почитувана и вреднувана како интелектуално развиено битие, а не само за исполнување на квотата- жена, рече Зајкова. Таа исто така испрати порака дека треба да работиме на едукацијата, да ги учиме децата дека и жените можат да бидат војници и мажите шминкери и да придонесеме кон рушење на закоравените стереотипи дека има поделба на „машки” и „женски” професии, да го ослободиме нашето општество од оковите на патријархалното општество и да започнеме да го негуваме духот на либерализмот и зајакнување на моќта на индивидуата. Ова обраќање на претседателката на ЛДП Моника Зајкова служи како силен потсетник на значењето на Меѓународниот ден на жената и потребата од континуирана борба за родова еднаквост.

The post Зајкова: Да не дозволиме само еден ден во годината жените да се чувствуваат важни, издигнати и почитувани, а останатите 364 дена предмет на вербално и физичко насилство appeared first on Република.

]]>
Зајкова: Укинување на партиципација за основните лекарства на пензионерите, зашто секој е важен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-ukinuvane-na-partitsipatsija-za-osnovnite-lekarstva-na-penzionerite-zashto-sekoj-e-vazhen/ Thu, 31 Aug 2023 11:38:34 +0000 https://republika.mk/?p=677600

Активното стареење е клуч за квалитетно ментално и физичко здравје, а социјалната сигурност и благосостојбата на заедницата кај повозрасното население во Македонија е еден од главните приоритети на либерално-демократските иницијативи. Специјализирани центри на заедницата за постарите граѓани е една од мерките кои денеска ги презентираше претседателката на Либерално Демократската партија Моника Зајкова придружувана од претседателот на општинската организација при ЛДП Аеродром Андреј Крстевски на средбата со пензионерите во Дом за стари лица Аеродром.

- Укинување на партиципацијата за основи лекови за пензионерите , продолжување на мерките за справување со енергетската криза и обезбедување помош за секој пензионер со ниска пензија. Потребно континуирано одржување на старечките домовите, подобрување на безбедноста како и полесен пристап до граѓанските услуги за пензионерите. Следејќи го моделот на канадскиот додаток за гарантиран приход (ГИС) пензионерите со навршени 65 години и со годишен приход под 200.000 денари во годината да имаат гарантиран приход, а финансиите ќе се обезбедат преку 1% зголемување на даноците за луксузни стоки и 0,5% распределба од националниот буџет. Средствата ќе се распределат преку користење на постојната инфраструктура за дистрибуција на пензиите за ефикасна испорака на бенефиции, рече Зајкова појаснувајќи ги дел од иницијативите на ЛДП.

Канадската програма за старосна безбедност (ОАС) е основна заштитна мрежа за постарите лица. Таа обезбедува скромна месечна исплата на постари лица постари од 65 години.

- Посветена на принципите на демократија, слобода и социјална правда, Либерално-Демократската партија отсекогаш била во првите редови на политиките кои имаат за цел да ја подобрат благосостојбата на сите нејзини граѓани. Здравствени прегледи, едукативни курсеви и социјални активности би се финансирале преку јавно-приватно партнерство и распределба од 0,2% од националниот буџет, врз основа на слични успешни иницијативи во Канада и Велика Британија, додаде претседателката Зајкова.

The post Зајкова: Укинување на партиципација за основните лекарства на пензионерите, зашто секој е важен appeared first on Република.

]]>

Активното стареење е клуч за квалитетно ментално и физичко здравје, а социјалната сигурност и благосостојбата на заедницата кај повозрасното население во Македонија е еден од главните приоритети на либерално-демократските иницијативи. Специјализирани центри на заедницата за постарите граѓани е една од мерките кои денеска ги презентираше претседателката на Либерално Демократската партија Моника Зајкова придружувана од претседателот на општинската организација при ЛДП Аеродром Андреј Крстевски на средбата со пензионерите во Дом за стари лица Аеродром. - Укинување на партиципацијата за основи лекови за пензионерите , продолжување на мерките за справување со енергетската криза и обезбедување помош за секој пензионер со ниска пензија. Потребно континуирано одржување на старечките домовите, подобрување на безбедноста како и полесен пристап до граѓанските услуги за пензионерите. Следејќи го моделот на канадскиот додаток за гарантиран приход (ГИС) пензионерите со навршени 65 години и со годишен приход под 200.000 денари во годината да имаат гарантиран приход, а финансиите ќе се обезбедат преку 1% зголемување на даноците за луксузни стоки и 0,5% распределба од националниот буџет. Средствата ќе се распределат преку користење на постојната инфраструктура за дистрибуција на пензиите за ефикасна испорака на бенефиции, рече Зајкова појаснувајќи ги дел од иницијативите на ЛДП. Канадската програма за старосна безбедност (ОАС) е основна заштитна мрежа за постарите лица. Таа обезбедува скромна месечна исплата на постари лица постари од 65 години. - Посветена на принципите на демократија, слобода и социјална правда, Либерално-Демократската партија отсекогаш била во првите редови на политиките кои имаат за цел да ја подобрат благосостојбата на сите нејзини граѓани. Здравствени прегледи, едукативни курсеви и социјални активности би се финансирале преку јавно-приватно партнерство и распределба од 0,2% од националниот буџет, врз основа на слични успешни иницијативи во Канада и Велика Британија, додаде претседателката Зајкова.

The post Зајкова: Укинување на партиципација за основните лекарства на пензионерите, зашто секој е важен appeared first on Република.

]]>
Македонија со свој член во Европскиот атлетски совет https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-so-svoj-chlen-vo-evropskiot-atletski-sovet/ Sat, 22 Apr 2023 14:16:21 +0000 https://republika.mk/?p=633002

Историски момент за македонската атлетска заедница. Александра Војнеска-Зикова, актуелната претседатлека на Атлетската федерација на Македонија е првата личност од нашата земја, досега избрана за оваа функција. 

Назначувањето на Зикова е доказ за нејзините исклучителни лидерски способности и посветеност во промовирањето на атлетиката во Македонија и надвор од неа. Под нејзино раководство, Атлетската федерација на Македонија постигна значаен напредок во развојот на спортот и негувањето на младите таленти.

Изборот на Зикова, исто така, ја нагласува зголемената важност на различноста и вклученоста на што повеќе жени во европската атлетика. Како жена и претставник од помала европска земја, таа ќе донесе нова перспектива во советот и ќе помогне да се промовира поголема застапеност на недоволно застапените групи во атлетиката.

Како одговор на нејзиното назначување, Зикова изрази благодарност и ја истакна својата посветеност да работи во насока на подобрување на атлетиката во Европа. „Почестена сум што сум избрана за оваа важна улога и со нетрпение очекувам да работам со моите колеги за промовирање на атлетиката и создавање на поинклузивен и разновиден спорт“, рече таа.

Изборот на Зикова беше срдечно пречекан од атлетската заедница во Македонија, која ја смета за знак за напредок и признание за достигнувањата на нивната земја во спортот. Се надеваме дека нејзиното назначување ќе инспирира нова генерација спортисти во Македонија и низ Европа и ќе помогне да се создаде порамноправна и разновидна иднина за атлетиката

Изборот на Александра Војнеска-Зикова се случи на 28-от Европски атлетски конгрес кој викендов се одржа во Белград, Србија. Добромир Карамаринов од Бугарија беше реизбран за европски атлетски претседател во следните четири години од 2023 до 2027 година. Се избраа и тројца потпретседатели: Чери Александар од Велика Британија, Жан Грација од Франција и Карин Груте Мовин од Шведска.

Покрај Зикова, во Советот на европската атлетика беа  избрани следните членови: Слободан Бранковиќ-Србија, Франк Карерас-Гибралтар, Раул Чападо-Шпанија, Ен Фарсет-Норвешка, Мартон Ѓулаи-Унгарија, Тиа Хелебаут-Белгија, Ана Кирнова-Словачка, Јирген Кесинг-Германија, Стефано Меи-Италија, Гванца Микеладзе-Грузија, Анти Филаковски-Финска, Ерих Теигамаги-Естонија.

Советот за четиригодишниот период од 2023-2027 година ќе го комплетира претседателката на Комитетот на спортисти Леа Спрунгер од Швајцарија, додека извршниот директор на европската атлетика Кристијан Милц и претседателот на Светската атлетика, Себастијан Коу се членови по службена должност.

The post Македонија со свој член во Европскиот атлетски совет appeared first on Република.

Зајкова: Не само апанажата, треба да се укинат и паушалите кои достигнуваат четири просечни плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-ne-samo-apanazhata-treba-da-se-ukinat-i-paushalite-koi-dostignuvaat-chetiri-prosechni-plati/ Fri, 10 Mar 2023 10:09:50 +0000 https://republika.mk/?p=618054

Никогаш не би земала апанажа затоа што ќе се вратам на својот професионален ангажман во областа на правото, рече пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова во гостувањето на Алфа, коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд кој минатата недела ја укина апанажата за функционерите кои ќе поднесат оставка.

Кога го отвораме прашањето за апанажата како бенефиција, треба да ги отвориме и другите прашања, а тоа е колку во институциите има управни и надзорни одбори каде што членуваат луѓе кои што согласно законите “земаат” до 4 просечни плати, отприлика околу 150 до 200 илјади денари паушал за само едно појавување на седница на Управен одбор, додаде таа.

Зајкова посочи дека имаме низа на агенции, тела кој што јавноста воопшто не ги познава, а земаат огромни примања.

Уставниот суд минатата недела го укина членот 22 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функционери, односно се губи правото на „Апанажа“.

 Оттаму објаснија дека укинувањето на членот 22 значи дека пратениците, функционерите и раководните работници кои поднеле оставки или се разрешени од должноста пред истекот на времето за кои се избрани, именувани или назначени нема да ги имаат сите права како останатите вработени, вклучувајќи го и правото на надоместокот, популарно наречен „Апанажа“.

The post Зајкова: Не само апанажата, треба да се укинат и паушалите кои достигнуваат четири просечни плати appeared first on Република.

Зајкова: И додека ние се расправаме за уставните измени, секој ден по еден млад човек си оди од државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-i-dodeka-nie-se-raspravame-za-ustavnite-izmeni-sekoj-den-po-eden-mlad-chovek-si-odi-od-drzhavata/ Thu, 02 Feb 2023 12:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=603810

Не може ликот, делото на Гоце Делчев да ни служи за некоја си партиска реторика и добивање на некои поени, заради играње со емоции на луѓето, затоа што секој наш сограѓанин знае дека Гоце Делчев, претставува еден од најголемите ако не и најголем македонски револуционер и национален херој, рече претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова во вчерашното гостување на „24 анализа“ на 24 вести.

Најмалку Гоце Делчев треба да е она прашање кое што не разединува како народ, туку напротив треба да не спојува, и како народ и да не држи заедно како земја. Не сметам, дека некој треба да издвојува поени на ликот и делото на Гоце, туку да видиме што може да направиме заедно за овој лик и дело секогаш да има достоинствено одбележување и да биде запаметено. Ги будиме емоциите на луѓето и тоа може да се квалификува како поттикнување на говор на омраза, додаде Зајкова.

Во однос на забраните на влез на бугарски политичари таа вели дека дури и во земји на ЕУ на пример заради ширење на антисемитизам и навредливи изјави кон минатото или пак сломофобија, што е еднаква на фашизмот.

Можеме да кажеме дека секој кој што го навредува македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската држава, што е исто така казниво со закон, има забрана за влез, и не може Европска Унија тука да ни каже дека ние сме помалку европски, затоа што веќе постојат примери од Холандија, која што е членка на ЕУ, или пак Британија, додава таа.

Зајкова вели дека само треба да внимаваме, да не даваме ветер во грб и на она што значи да се даде адут дека утре треба да ја блокираат европската интеграција во делот на малцинските права.

Затоа, треба многу одмерено државата да реагира на кои провокации како ќе одговори. Нормално, дека ние имаме повисока одговорност како власт во овој дел меѓутоа, видовме во изминатите денови со сите случаи во делот со Бугарија дека постојат и странски влијанија, кои што свесно сакаат да ја блокираат македонската интеграција, на кои што не им одговара Македонија да стане правна членка на унијата. И сега, ние ако сите партии велиме дека сме заедно за Европската Унија, дајте сите заедно да го помогнеме тој пат, а не уште толку да предизвикуваме тензии кои што знаеме дека можат да им бидат ветер во грб на нашите соседи, утре во делот на малцинските права и што сме постигнале, повторно ние, закочени во место. Но, сега, не не блокирал никој, туку сами, себе внатре се блокираме, заклучува Зајкова.

Taa во однос на уставните измени вели дека тие не треба да бидат решение на политичките партии, туку, на пратениците и секој пратеник врз основа на своето убедување и визија како треба да се развива државата, и која е иднината на оваа држава, и дали носи подобро на граѓаните, тоа што граѓаните го избрале, треба така да се води и по тоа убедување да донесе одлука дали ќе поддржи или не.

А уставните измени, никој не ја замајува јавноста дека значат веднаш интеграции, туку значат без политичка одлука да се започнат поглавја, а токму тогаш клучот е во наши раце, и од нас зависи како ќе ги движиме европските потези. И додека ние се расправаме за уставните измени, секој ден по еден млад човек си оди од држават, вели Зајкова.

Таа вели дека секој еден граѓанин со кој што ќе поразговарате на улица, или во кафуле, или било каде, ќе ви каже дека го мачат истите прашања, каков воздух дише, дали има ефикасен сервис на јавните услуги, дали има ефикасен јавен превоз.

Во земјава има очајна партиска политика 30 години, затоа што граѓаните ако излезете и ги прашате ќе ви речат доста ни е веќе од празните флоскули на ВМРО, ДУИ, СДСМ, вие вака раководевте, вие онака. Токму затоа ни треба забрзан развој на државата бидејќи демографијата на крајот ќе не убие од тоа напаѓајќи се, кој сме и што сме. Ајде да зборуваме за подобар живот, да им презентираме на граѓаните дека буџетот повеќе нема да се троши за исплата на паушали и надоместоци на луѓе кои што седат во членови на управен одбор на комисии. Дека, нема да има злоупотреба на службени возила, дека од утре ќе се намалат ПМ честичките кои што ги внесуваме, дека ќе има подобар здравствен систем, додава таа.

Во однос на проширувањето на коалицијата со Алијанса на Албанците, ЛДП во рамки на Централниот одбор, дебатата се одвивала така дека не треба да се разговара дали тоа ќе значи проширување врз  основа на  пол, род, етничка припадност, меѓутоа, какви програмски цели нуди на граѓаните и што значи за државата и каков е кадровскиот потенцијал, поточно да се цени квалитет и да се разговара за квалитетот на програмите и кадрите, а не само за партиските цели.

Како правник можам да кажам дека потфрли секоја влада, изминатите 30 години, затоа што со многу помали чекори, можевме да го реформираме правосудниот систем. Се изнаслушавме и за ветинг во правосудниот систем кој што ако ги прашате европските комесари, јас имав прилика да се сретнам со европскиот комесар за правда, Дидиeр, кој што доаѓа од редовите на АЛДЕ. Тие не се за ветинг, меѓутоа сметаат дека државите имаат механизми како да го реформираат правосудниот систем.  Од реформи во судскиот совет, реформи во судската администрација, одговорност на судии, па дури и во она што највеќе не загрижува, а тоа е застареноста на кривичните дела, рече Зајкова.

ЛДП има кадри кои што учествувале и во креирање на тие стратегии за реформи на правосудството и за реформи во делот на антикорупцијата.

Треба да бидеме искрени и да и кажеме на јавноста дека за да има реформи крупни во правосудниот систем не треба да бидат блокирани законите од областа на правосудство со месеци во матичните комисии, во кои што се наоѓаат. Затоа што ние, имаме закони кои што се донесени согласно стратегијата за реформи во правосудството и кои што се блокирани од ВМРО-ДПМНЕ, вели Зајкова.

Според неа за реформи во правосуден систем очигледно само зборуваме, 30 години никој не сака да направи ништо и очигледно на некого му одговара ваквиот хаос во правосудството со цел да нема одговорност, или секогаш гледаме дека кога едните се во опозиција го критикуваат правосудството, па кога ќе дојдат на власт забораваат на реформите кои што треба да ги спроведуваат во оваа област.

И така цело време не гледаме никакви суштински реформи кои што се преземаат, туку гледаме како од година во година само системот тоне, а точно е едно дека секој ден по некој млад човек ни се иселува од државата и тоа треба да не загрижува и треба веќе стварно за одредени ресори да најдеме консензус и стварно да направиме суштински реформи доколку сакаме да видиме реформираност, а не да збориме како е полна јавната администрација, ама и нас да ни одговара да ја полниме после тоа јавната администрација и да не направиме пресек, и да не зборуваме за квалитет. Како сеа од една перспектива да зборуваме дека не чини правосудниот систем, па после тоа да не партиципираме во реформите кои што треба да донесат подобар правосуден систем и многу е лесно цело време само да се напаѓаме, да нема апсолутно никакви конкретни резултати, заклучува Зајкова.

The post Зајкова: И додека ние се расправаме за уставните измени, секој ден по еден млад човек си оди од државата appeared first on Република.

Зајкова: И покрај предизвиците, Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-i-pokraj-predizvicite-makedonija-nema-druga-alternativa-osven-eu/ Mon, 21 Nov 2022 12:05:12 +0000 https://republika.mk/?p=576487

Немаме веќе ниту време, ниту генерации за губење. Актуелните државни предизвици бараат мудри и разумни одлуки во интерес на сите, без оглед на партиската, етничката или верската припадност. Досегашното политичко искуство ни покажува дека долготрајната упорност, носењето на тешки, но државнички одлуки не доведе до остварување на една од децениските цели, рече новата претседателка на ЛДП Моника Зајкова во својот говор на конгресот на партијата.

- Ние сме 30-та земја членка на НАТO алијансата – каде рамноправно со големите сили носиме одлуки и се бориме против безбедносни, хибридни и кибер закани, но и со едни од најопасните закани - дезинформациите. Ковид пандемијата и агресијата врз Украина ни покажаа колкава е важноста на вистинските и навремени информации и токму затоа сме должни на граѓаните да им ја обезбедиме вистината, и да ги заштитиме од теориите на заговор и конспирациите. Пред нас е патот до полноправно членство во заедничкиот европски дом, рече Зајкова.

Според неа истражувањата на јавното мислење покажуваат пад на поддршката за европските интеграции, пред се поради долгата транзиција, отстапките кои ги направи Македонија и некои ирационални барања, сепак според неа ЕУ е најдобрата, најперспективната и единствена опција за Македонија.

- Мораме заедно да ја враќаме вербата во европското семејство каде што географски, културно и цивилизациски припаѓаме. Сега кога веќе имаме јасно потврден идентитет - македонци кои зборуваат чист македонски јазик и имаат своја македонска култура, доаѓа крајот на идентитетските премрежја и се затвора изворот на внатрешно политичките препукувања, национализмот и популизмот кои не влечеа назад. Затоа наместо докажување кој е поголем Македонец, кој е патриот, а кој предавник, треба да се свртиме на градење на квалитетен живот на нашите граѓани и реализирање на неопходните реформи. Во таа смисла, сакам да испратам јасна порака до партнерите дека ЛДП е подготвена до крај да го изоди европскиот пат, а воедно и да ги поттикнам сите политички партии да се стават над теснопартиските интереси за да ја тргнеме последната пречка која не двои од почетокот на преговорите со ЕУ, рече Зајкова.

The post Зајкова: И покрај предизвиците, Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ appeared first on Република.

]]>

Немаме веќе ниту време, ниту генерации за губење. Актуелните државни предизвици бараат мудри и разумни одлуки во интерес на сите, без оглед на партиската, етничката или верската припадност. Досегашното политичко искуство ни покажува дека долготрајната упорност, носењето на тешки, но државнички одлуки не доведе до остварување на една од децениските цели, рече новата претседателка на ЛДП Моника Зајкова во својот говор на конгресот на партијата. - Ние сме 30-та земја членка на НАТO алијансата – каде рамноправно со големите сили носиме одлуки и се бориме против безбедносни, хибридни и кибер закани, но и со едни од најопасните закани - дезинформациите. Ковид пандемијата и агресијата врз Украина ни покажаа колкава е важноста на вистинските и навремени информации и токму затоа сме должни на граѓаните да им ја обезбедиме вистината, и да ги заштитиме од теориите на заговор и конспирациите. Пред нас е патот до полноправно членство во заедничкиот европски дом, рече Зајкова. Според неа истражувањата на јавното мислење покажуваат пад на поддршката за европските интеграции, пред се поради долгата транзиција, отстапките кои ги направи Македонија и некои ирационални барања, сепак според неа ЕУ е најдобрата, најперспективната и единствена опција за Македонија. - Мораме заедно да ја враќаме вербата во европското семејство каде што географски, културно и цивилизациски припаѓаме. Сега кога веќе имаме јасно потврден идентитет - македонци кои зборуваат чист македонски јазик и имаат своја македонска култура, доаѓа крајот на идентитетските премрежја и се затвора изворот на внатрешно политичките препукувања, национализмот и популизмот кои не влечеа назад. Затоа наместо докажување кој е поголем Македонец, кој е патриот, а кој предавник, треба да се свртиме на градење на квалитетен живот на нашите граѓани и реализирање на неопходните реформи. Во таа смисла, сакам да испратам јасна порака до партнерите дека ЛДП е подготвена до крај да го изоди европскиот пат, а воедно и да ги поттикнам сите политички партии да се стават над теснопартиските интереси за да ја тргнеме последната пречка која не двои од почетокот на преговорите со ЕУ, рече Зајкова.

The post Зајкова: И покрај предизвиците, Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ appeared first on Република.

]]>
Зајкова на регионална либерална конференција: ЕУ да направи мали чекори за граѓаните на Западен Балкан да докаже дека сме под ист покрив https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-na-regionalna-liberalna-konferencija-eu-da-napravi-mali-chekori-za-gragjanite-na-zapaden-balkan-da-dokaze-deka-sme-pod-ist-pokriv/ Sun, 20 Nov 2022 12:48:31 +0000 https://republika.mk/?p=576072

Мојата генерација е онаа која највеќе влегуваше во ЕУ и растеше со ЕУ и најмногу низ таа генерација се шири евроскептицизам и затоа се потребни конкретни чекори. Процесот го почнавме, но постои сомнеж дека тој ќе се развие, а истото чувство го имаат и другите граѓани од Регионот, рече Моника Зајкова, пратеничка и идна претседателка на ЛДП за време на регионалната либерална конференција „ QVO VADIS EVROPA 2022?-Поттикнување на проширувањето и интеграцијата на ЕУ.

-За танго се потребни двајца, а овој процес е двонасочен, и затоа апелирам ЕУ да направи мали или големи чекори граѓаните на Западен Балкан, за да докаже дека сме под ист покрив, а тоа се визната либерализација и патувањата за земјите од Западен Балкан да бидат под исти услови, но и една од иницијативите е да се намалат цените за роаминг, додаде таа.

Зајкова рече дека Македонија презеде многу чекори, можеби и ирационални барања, но не отстапи од патот дека ЕУ бидејќи тоа е сојуз во кој треба да учествуваме.

-Покажавме и желба и волја за реформирање, ги признаваме слабостите, знаеме на што треба да работиме, меѓутоа и ЕУ мора да се одважи со конкретни активности бидејќи зборови и признанија во моментов многу не им значат на граѓаните, рече Зајкова.

-На Балканот имаме многу ветувања кои доаѓаат од институциите, направивме многу грешки бидејќи пораките не беа пренесени на вистински начин и беа давани многу лажни ветувања за земјите од Западен Балкан, а тоа ја слабее ЕУ пред очите на граѓаните, рече европратеникот Илхан Ќучук на регионалната конференција.

Тој додаде дека и ЕУ ќе се реформира, а сега и поинаку гледа на земјите од Западен Балкан, но не сакам оваа нова новата идеја за Европска Заедница која произлезе од Макрон, да биде замена за Унијата за земјите од Западен Балкан кои не заслужуваат да бидат уназадени.

-Ние сме ваши пријатели и може да потврдиме дека шесте земји од Западен Балкан се членови на европското семејство и мора да се приклучат кон ЕУ иако Франција не беше многу заинтересирана на овој регион, но сега може со сигурност да кажам дека Западен Балкан е следен приоритет на земјата и на новата влада од која ние како либерали сме дел веќе шест години и продолжуваме и понатаму, рече Лилијана Танги, пратеничка и членка на комисијата за надворешни работи во Франција.

Според неа европската заедница е добра политичка платформа и преку неа граѓаните ќе почувствуваат дека ЕУ дава поддршка и ќе има дијалог на различно ниво и сите може да дадат предлози и придонес за да се промовира либерална и солидарна Европа која на тој начин ќе биде посилна.

-Европската заедница беше предлог на претседателот Макрон, бидејќи Франција смета дека за напредокот во поглед на пристапувањето и процедурите за станување членка ќе биде потребно време за земјите од Западен Балкан и дека земјите прават се што можат, но за да не се обесхрабрат граѓаните, потребни конкретни резултати, додаде таа.

Таа појасни дека оваа заедница ќе донесе конкретни проекти за инвестиции кои треба да го подобри животот и тоа ќе ја помогне интеграцијата на овој регион во ЕУ и ќе се подобри стандардот и ќе има надеж затоа што во Западен Балкан има талентирани луѓе кои ја напуштаат земјата, особено младите, а задачата на ЕУ е да им се даде можност и перспективи за да останат во своите земји.

-Постојат многу апсурди во рамки на Европската унија што без разлика дали е мала и голема земја која се обидува да блокира друга земја, а особено е ризично бидејќи имаме и сериозна криза во моментот поради војната во Украина и економијата, а тоа се однесува на Западен Балкан, да не се фокусираме на мини шенгени и мали заедници туку да биде голема заедница, наместо мини шенген да има голем шенген, вели Јулијан Булаи пратеник и претседател на АЛДЕ ПССЕ во Романија.

Потребна е дискусија и најголем проблем прави ветото, бидејќи понекогаш се злоупотребува, а главната цел е граѓаните да ги почувствуваат придобивките.

-Еве на пример во примерот со Шведска, ние ги поддржавме кога посакаа да бидат дел од НАТО, а сега пред три недели тие ги блокираат Романија и Бугарија да станат дел од шенген зоната, додаде тој.

The post Зајкова на регионална либерална конференција: ЕУ да направи мали чекори за граѓаните на Западен Балкан да докаже дека сме под ист покрив appeared first on Република.

]]>

Мојата генерација е онаа која највеќе влегуваше во ЕУ и растеше со ЕУ и најмногу низ таа генерација се шири евроскептицизам и затоа се потребни конкретни чекори. Процесот го почнавме, но постои сомнеж дека тој ќе се развие, а истото чувство го имаат и другите граѓани од Регионот, рече Моника Зајкова, пратеничка и идна претседателка на ЛДП за време на регионалната либерална конференција „ QVO VADIS EVROPA 2022?-Поттикнување на проширувањето и интеграцијата на ЕУ. -За танго се потребни двајца, а овој процес е двонасочен, и затоа апелирам ЕУ да направи мали или големи чекори граѓаните на Западен Балкан, за да докаже дека сме под ист покрив, а тоа се визната либерализација и патувањата за земјите од Западен Балкан да бидат под исти услови, но и една од иницијативите е да се намалат цените за роаминг, додаде таа. Зајкова рече дека Македонија презеде многу чекори, можеби и ирационални барања, но не отстапи од патот дека ЕУ бидејќи тоа е сојуз во кој треба да учествуваме. -Покажавме и желба и волја за реформирање, ги признаваме слабостите, знаеме на што треба да работиме, меѓутоа и ЕУ мора да се одважи со конкретни активности бидејќи зборови и признанија во моментов многу не им значат на граѓаните, рече Зајкова. -На Балканот имаме многу ветувања кои доаѓаат од институциите, направивме многу грешки бидејќи пораките не беа пренесени на вистински начин и беа давани многу лажни ветувања за земјите од Западен Балкан, а тоа ја слабее ЕУ пред очите на граѓаните, рече европратеникот Илхан Ќучук на регионалната конференција. Тој додаде дека и ЕУ ќе се реформира, а сега и поинаку гледа на земјите од Западен Балкан, но не сакам оваа нова новата идеја за Европска Заедница која произлезе од Макрон, да биде замена за Унијата за земјите од Западен Балкан кои не заслужуваат да бидат уназадени. -Ние сме ваши пријатели и може да потврдиме дека шесте земји од Западен Балкан се членови на европското семејство и мора да се приклучат кон ЕУ иако Франција не беше многу заинтересирана на овој регион, но сега може со сигурност да кажам дека Западен Балкан е следен приоритет на земјата и на новата влада од која ние како либерали сме дел веќе шест години и продолжуваме и понатаму, рече Лилијана Танги, пратеничка и членка на комисијата за надворешни работи во Франција. Според неа европската заедница е добра политичка платформа и преку неа граѓаните ќе почувствуваат дека ЕУ дава поддршка и ќе има дијалог на различно ниво и сите може да дадат предлози и придонес за да се промовира либерална и солидарна Европа која на тој начин ќе биде посилна. -Европската заедница беше предлог на претседателот Макрон, бидејќи Франција смета дека за напредокот во поглед на пристапувањето и процедурите за станување членка ќе биде потребно време за земјите од Западен Балкан и дека земјите прават се што можат, но за да не се обесхрабрат граѓаните, потребни конкретни резултати, додаде таа. Таа појасни дека оваа заедница ќе донесе конкретни проекти за инвестиции кои треба да го подобри животот и тоа ќе ја помогне интеграцијата на овој регион во ЕУ и ќе се подобри стандардот и ќе има надеж затоа што во Западен Балкан има талентирани луѓе кои ја напуштаат земјата, особено младите, а задачата на ЕУ е да им се даде можност и перспективи за да останат во своите земји. -Постојат многу апсурди во рамки на Европската унија што без разлика дали е мала и голема земја која се обидува да блокира друга земја, а особено е ризично бидејќи имаме и сериозна криза во моментот поради војната во Украина и економијата, а тоа се однесува на Западен Балкан, да не се фокусираме на мини шенгени и мали заедници туку да биде голема заедница, наместо мини шенген да има голем шенген, вели Јулијан Булаи пратеник и претседател на АЛДЕ ПССЕ во Романија. Потребна е дискусија и најголем проблем прави ветото, бидејќи понекогаш се злоупотребува, а главната цел е граѓаните да ги почувствуваат придобивките. -Еве на пример во примерот со Шведска, ние ги поддржавме кога посакаа да бидат дел од НАТО, а сега пред три недели тие ги блокираат Романија и Бугарија да станат дел од шенген зоната, додаде тој.

The post Зајкова на регионална либерална конференција: ЕУ да направи мали чекори за граѓаните на Западен Балкан да докаже дека сме под ист покрив appeared first on Република.

]]>