зајас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zajas/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 17:46:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зајас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zajas/ 32 32 Сообраќајка со три возила на патот Зајас – Гостивар, сообраќајот се одвиваше наизменично https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/soobrakajka-so-tri-vozila-na-patot-zajas-gostivar-soobrakajot-se-odvivashe-naizmenichno/ Sun, 03 Nov 2024 17:46:39 +0000 https://republika.mk/?p=833828

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец с.Зајас Кичево-Гостивар, кој од 16.45 часот се одвиваше наизменично поради сообраќајна несреќа.

Од полицијата информираа дека нема повредени во сообраќајката, во која учествувале три возила, но е причинета материјална штета.

По извршениот увид за утврдување на причините и штетата сообраќајот е нормализиран.

The post Сообраќајка со три возила на патот Зајас – Гостивар, сообраќајот се одвиваше наизменично appeared first on Република.

]]>

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец с.Зајас Кичево-Гостивар, кој од 16.45 часот се одвиваше наизменично поради сообраќајна несреќа. Од полицијата информираа дека нема повредени во сообраќајката, во која учествувале три возила, но е причинета материјална штета. По извршениот увид за утврдување на причините и штетата сообраќајот е нормализиран.

The post Сообраќајка со три возила на патот Зајас – Гостивар, сообраќајот се одвиваше наизменично appeared first on Република.

]]>
Пак гори кај Зајас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pak-gori-kaj-zajas/ Wed, 14 Aug 2024 18:18:17 +0000 https://republika.mk/?p=806605

Откако синоќа беше изгаснат, денеска повторно е активен пожарот над кичевското село Зајас, соопшти попладнево директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

-Таму трет ден е активен пожарот, иако денес беше мирно, сега пак е активен повторно. Горат млади борови. Тука гаснат пожарникари од Кичево и 30 припадници на Армијата. Нема услови за гаснење од воздух, оти не спаѓа во тешките и приоритетни пожари и е пристапен за гаснење од земја, рече Ангелов.

Тој утринава апелираше до граѓаните да го пријавувуваат секое сомнително движење ако забележат потпалувачи, а ако им е страв лично да се јават, нека кажат на некој комшија, полицаец, вработен во ЦУК.

-Апелирам на голема внимателност. Не е наивен пожарот и кај депонија или на сува трева, брзо може да стигне до шума или да загрози човечки живот. Борбата против овие кои палат мора да биде жестока, мора жестоко да возвратиме, бидејќи превенцијата е најдобриот начин. Тогаш кога ќе бидат казнети, тогаш ќе бидат внимателни. Нема никакво оправдување за ваквото несериозно однесување. Ќе барам дополнителни законски измени за строги казнувања на ваквите поведенија кои загрозуваат човечки животи и трошат државни ресурси, истакна Ангелов.

На денешната владина седница беше одлучено  мерки за превенција поради топлотниот бран  да важат и утре. Тоа значи дека се препорачува ослободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години, како и работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Во градинките да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

- Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, препорачуваат од Владата

The post Пак гори кај Зајас appeared first on Република.

]]>

Откако синоќа беше изгаснат, денеска повторно е активен пожарот над кичевското село Зајас, соопшти попладнево директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. -Таму трет ден е активен пожарот, иако денес беше мирно, сега пак е активен повторно. Горат млади борови. Тука гаснат пожарникари од Кичево и 30 припадници на Армијата. Нема услови за гаснење од воздух, оти не спаѓа во тешките и приоритетни пожари и е пристапен за гаснење од земја, рече Ангелов. Тој утринава апелираше до граѓаните да го пријавувуваат секое сомнително движење ако забележат потпалувачи, а ако им е страв лично да се јават, нека кажат на некој комшија, полицаец, вработен во ЦУК. -Апелирам на голема внимателност. Не е наивен пожарот и кај депонија или на сува трева, брзо може да стигне до шума или да загрози човечки живот. Борбата против овие кои палат мора да биде жестока, мора жестоко да возвратиме, бидејќи превенцијата е најдобриот начин. Тогаш кога ќе бидат казнети, тогаш ќе бидат внимателни. Нема никакво оправдување за ваквото несериозно однесување. Ќе барам дополнителни законски измени за строги казнувања на ваквите поведенија кои загрозуваат човечки животи и трошат државни ресурси, истакна Ангелов. На денешната владина седница беше одлучено  мерки за превенција поради топлотниот бран  да важат и утре. Тоа значи дека се препорачува ослободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години, како и работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Во градинките да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. - Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, препорачуваат од Владата

The post Пак гори кај Зајас appeared first on Република.

]]>
Малолетничка и уште две лица тешко повредени од пукање на свадба во Зајас https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnichka-i-ushte-dve-litsa-teshko-povredeni-od-pukane-na-svadba-vo-zajas/ Sun, 28 Jul 2024 16:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=801109

Малолетничка и уште две други лица биле тешко повредени во пукање што се случило во кичевското село Зајас на семејна веселба. Пукањето се случило ноќеска во три часот по полноќ, кога четириесет и шестгодишниот Б.У. од кичевското село Бачишта, кој бил на привремена работа во Австрија, од огнено оружје истрелал повеќе кушуми во воздух. Дел од нив завршиле во телата на девојчето и други две лица.

-Тој, претходно, на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол „Смит и Весон“, сопственост на неговиот татко Р.У.(64) од истото село, кој го поседувал со дозвола. Притоа, Е.Е.(33), М.Р.(57) и една малолетничка, сите од селото Бачишта, кои биле на веселбата, се здобиле со повреди и биле пренесени во Итната медицинска помош во Кичево, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Од Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола, соопшти МВР.

Пукачот е проведен и по целосно документирање на случајот, кичевската полиција ќе поднесе пријави.

The post Малолетничка и уште две лица тешко повредени од пукање на свадба во Зајас appeared first on Република.

Инцидент во Зајас: Пукал со пиштол на семејна веселба, ранил три лица, меѓу кои и дете https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/intsident-vo-zajas-pukal-so-pishtol-na-semejna-veselba-ranil-tri-litsa-megu-koi-i-dete/ Sun, 28 Jul 2024 14:17:25 +0000 https://republika.mk/?p=801050

На 28.07.2024 во 03.00 часот, полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас го лишија од слобода Б.У.(46) од кичевското село Бачишта, на привремена работа во Австрија. Тој, претходно, на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол „Смит и Весон“, сопственост на неговиот татко Р.У.(64) од истото село, кој го поседувал со дозвола. Притоа, Е.Е.(33), М.Р.(57) и една малолетничка, сите од селото Бачишта, кои биле на веселбата, се здобиле со повреди и биле пренесени во Итната медицинска помош во Кичево, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Од Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола. По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.

The post Инцидент во Зајас: Пукал со пиштол на семејна веселба, ранил три лица, меѓу кои и дете appeared first on Република.

Во Зајас изборната кутија за претседател остана празна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zajas-izbornata-kutija-za-pretsedatel-ostana-prazna/ Wed, 08 May 2024 18:33:10 +0000 https://republika.mk/?p=775802

Во Зајас, изборното место од каде што потекнува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, речиси празна остана кутијата за гласови за претседателските избори.

Информациите од терен велат дека многу малку граѓани се одлучиле да гласаат за идниот шеф на државата, додека спротивното се случи за изборот на пратеници во Собранието. Гласачките кутии на парламентарните избори се речиси полни.

Според ДИК, до 18.30 часот во Општина Кичево за претседател гласале 29,34%, додека за парламентарни 52,89%.

The post Во Зајас изборната кутија за претседател остана празна appeared first on Република.

]]>

Во Зајас, изборното место од каде што потекнува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, речиси празна остана кутијата за гласови за претседателските избори. Информациите од терен велат дека многу малку граѓани се одлучиле да гласаат за идниот шеф на државата, додека спротивното се случи за изборот на пратеници во Собранието. Гласачките кутии на парламентарните избори се речиси полни. Според ДИК, до 18.30 часот во Општина Кичево за претседател гласале 29,34%, додека за парламентарни 52,89%.

The post Во Зајас изборната кутија за претседател остана празна appeared first on Република.

]]>
Сајкоски: Владата не гради автопат до Кичево, туку до Зајас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sajkoski-vladata-ne-gradi-avtopat-do-kichevo-tuku-do-zajas/ Sat, 13 May 2023 14:15:22 +0000 https://republika.mk/?p=640460

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски во рамките на активноста за посета на населени места и средби со граѓани, денеска беше во Општина Маврово и Ростуше каде што ги посети населените места Маврови Анови и Врбен.

Истакна дека од денешните средби со граѓаните може да слушнат и да констатираат дека во овој македонски туристички центар изминатите шест години, ниту локалната, ниту централната власт нема ништо инвестирано и дека единствено што е направено од градоначалникот е урбанистичкиот хаос.

Сајкоски се осврна и на проектот за коридорот 8 со кој владата не ја поврзува општина Кичево, туку дека истиот ќе завршува само до Зајас, со што остануваат уште 16 километри до Кичево кои нема да бидат опфатени во автопатското решение Гостивар – Букојчани.

Граѓаните се загрижени и за проектите кои што владата ги најавува, односно автопатите од коридорот 8 и коридорот 10, за средствата кои ќе бидат потрошени милијарда и 300 милиони, средста кои што неотчетно оваа влада ќе ги троши. Но, исто така, сакам да им порачам на владата дека манипулира со граѓаните со овој проект, бидејќи кажува дека ќе се направи автопатско решение со кое ќе се затвори коридорот 8. Меѓутоа, од она што го презентираа и кажаа дека ќе прават автопатско решение Гостивар – Букојчани, а не го поврзуваат Кичево или остануваат уште 16 киломентри кои нема да бидат поврзани. Ова автопатско решение е автопатско решение од коридорот 8 кој ќе завршува, најверојатно, само до Зајас“, истакна Сајкоски.

The post Сајкоски: Владата не гради автопат до Кичево, туку до Зајас appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски во рамките на активноста за посета на населени места и средби со граѓани, денеска беше во Општина Маврово и Ростуше каде што ги посети населените места Маврови Анови и Врбен. Истакна дека од денешните средби со граѓаните може да слушнат и да констатираат дека во овој македонски туристички центар изминатите шест години, ниту локалната, ниту централната власт нема ништо инвестирано и дека единствено што е направено од градоначалникот е урбанистичкиот хаос. Сајкоски се осврна и на проектот за коридорот 8 со кој владата не ја поврзува општина Кичево, туку дека истиот ќе завршува само до Зајас, со што остануваат уште 16 километри до Кичево кои нема да бидат опфатени во автопатското решение Гостивар – Букојчани.
Граѓаните се загрижени и за проектите кои што владата ги најавува, односно автопатите од коридорот 8 и коридорот 10, за средствата кои ќе бидат потрошени милијарда и 300 милиони, средста кои што неотчетно оваа влада ќе ги троши. Но, исто така, сакам да им порачам на владата дека манипулира со граѓаните со овој проект, бидејќи кажува дека ќе се направи автопатско решение со кое ќе се затвори коридорот 8. Меѓутоа, од она што го презентираа и кажаа дека ќе прават автопатско решение Гостивар – Букојчани, а не го поврзуваат Кичево или остануваат уште 16 киломентри кои нема да бидат поврзани. Ова автопатско решение е автопатско решение од коридорот 8 кој ќе завршува, најверојатно, само до Зајас“, истакна Сајкоски.

The post Сајкоски: Владата не гради автопат до Кичево, туку до Зајас appeared first on Република.

]]>
Две жени загинаа во тешка сообраќајка кај Зајас утрово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-zeni-zaginaa-vo-teshka-soobrakjajka-kaj-zajas-utrovo/ Sat, 20 Aug 2022 11:36:57 +0000 https://republika.mk/?p=542300

Две жени загинаа во тешката сообраќајна несреќа што утрово околу 9 часот се случи на магистралниот пат Гостивар -Кичево кај кичевското село Зајас.

Според информациите од МВР, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(58) и патнички автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(78), двајцата од Тетово.

На местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В.(54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц.(75) од Тетово, двете сопатнички во второто возило.

По наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција.

Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.

The post Две жени загинаа во тешка сообраќајка кај Зајас утрово appeared first on Република.

]]>

Две жени загинаа во тешката сообраќајна несреќа што утрово околу 9 часот се случи на магистралниот пат Гостивар -Кичево кај кичевското село Зајас. Според информациите од МВР, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(58) и патнички автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(78), двајцата од Тетово. На местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В.(54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц.(75) од Тетово, двете сопатнички во второто возило. По наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.

The post Две жени загинаа во тешка сообраќајка кај Зајас утрово appeared first on Република.

]]>
Aхмети објаснува зошто Зајас уште не влегол во 20 век: Луѓето се бореа за слобода, не за канализација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-objasnuva-zoshto-zajas-ushte-ne-vlegol-vo-20-vek-lugjeto-se-borea-za-sloboda-ne-za-kanalizacija/ Tue, 07 Jun 2022 07:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=511968

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во вечерашното гостување на ТВ 21 прашан за условите во неговото родно село Зајас и за тоа што се уште нема канализација, рече дека луѓето секогаш се бореле за слобода и за права, а не за канализации.

Зошто не одите да ги прашувате тие што ги влечкаат работите, туку ме прашувате мене! Тоа се прави со средства од ЕУ и се појавуваат технички проблеми. Ова беше се за Зајас. Секако дека проблем е и отпадот, и тоа сериозен проблем, како што е и канализацијата. Двете прашања се проблем кои бараат решение. За тоа не се потребни изјави ниту соопштенија туку потребни се практични и прагматични решенија. И двете прашања како процес се во тек и се надевам ќе завршат. Тоа е проблем кој бара решение и не само во Зајас, туку во сите општини, продолжи Ахмети.

The post Aхмети објаснува зошто Зајас уште не влегол во 20 век: Луѓето се бореа за слобода, не за канализација appeared first on Република.