Жаир Болсонеро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zair-bolsonero/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 08:28:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Жаир Болсонеро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zair-bolsonero/ 32 32 Болсонаро обвинет за проневера на накит вреден 1,2 милиони долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bolsonaro-obvinet-za-pronevera-na-nakit-vreden-1-2-milioni-dolari/ Tue, 09 Jul 2024 08:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=794817

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро проневерил накит вреден 1,2 милиони долари за време на неговиот мандат, се вели во извештајот на бразилската федерална полиција кој беше објавен од Врховниот суд.

Минатата недела, Болсонаро беше обвинет за проневера, перење пари и криминално здружување во врска со луксузен накит од Саудиска Арабија. Оваа истрага е дополнителен притисок врз екстремно десничарскиот лидер кој беше претседател од 2019 до 2022 година, кога изгуби на изборите од Луис Ињасија Лула да Силва.

Болсонаро досега не се огласил по најновиот полициски извештај, но претходно негираше вмешаност во проневерата на накитот. Станува збор за накит и часовници кои ги добивал како вредни подароци додека бил на функцијата претседател.

Болсонаро веќе има забрана за извршување на јавни функции до 2030 година поради, како што наведоа властите, нарушување на демократијата. Обвиненијата во врска со накитот следуваат по формалното обвинение против Болсонаро во март за фалсификување на потврда за вакцинација против Ковид-19, а во тек е и истрага за неговото учество во немирите од јануари 2023 година, на кои се бараше соборување на неговиот наследник на изборите.

The post Болсонаро обвинет за проневера на накит вреден 1,2 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро проневерил накит вреден 1,2 милиони долари за време на неговиот мандат, се вели во извештајот на бразилската федерална полиција кој беше објавен од Врховниот суд. Минатата недела, Болсонаро беше обвинет за проневера, перење пари и криминално здружување во врска со луксузен накит од Саудиска Арабија. Оваа истрага е дополнителен притисок врз екстремно десничарскиот лидер кој беше претседател од 2019 до 2022 година, кога изгуби на изборите од Луис Ињасија Лула да Силва. Болсонаро досега не се огласил по најновиот полициски извештај, но претходно негираше вмешаност во проневерата на накитот. Станува збор за накит и часовници кои ги добивал како вредни подароци додека бил на функцијата претседател. Болсонаро веќе има забрана за извршување на јавни функции до 2030 година поради, како што наведоа властите, нарушување на демократијата. Обвиненијата во врска со накитот следуваат по формалното обвинение против Болсонаро во март за фалсификување на потврда за вакцинација против Ковид-19, а во тек е и истрага за неговото учество во немирите од јануари 2023 година, на кои се бараше соборување на неговиот наследник на изборите.

The post Болсонаро обвинет за проневера на накит вреден 1,2 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Болсонаро: Уништувањето јавни објекти не е во согласност со правото на протест https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bolsonaro-unishtuvaneto-javni-objekti-ne-e-vo-soglasnost-so-pravoto-na-protest/ Mon, 09 Jan 2023 08:12:32 +0000 https://republika.mk/?p=594754

Поранешниот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, чии приврзаници вчера упаднаа во Националниот конгрес, претседателската палата и Врховниот федерален суд, на Твитер напиша дека „нападите и уништувањето јавни објекти” е во спротивно правото на мирен протест.

Во друг твит Болсонаро, кој се наоѓа во во САД, ги отфрли „недокажаните обвинувања” на неговиот наследник Лула, дека за „фашистичкиот вандализам” е виновна реториката на неговиот претходник.

И партијата на поранешниот претседател ги осуди постапките на неговите приврзаници, јави ДПА.

„Денес е тажен ден за бразилската нација. Денешните настани во Бразил се срам за сите нас, тие не ја претставуваат нашата партија, тие не го претставуваат Болсонаро”, изјави лидерот на Либералната партија, Валдемар Кошта Нето.

The post Болсонаро: Уништувањето јавни објекти не е во согласност со правото на протест appeared first on Република.

]]>

Поранешниот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, чии приврзаници вчера упаднаа во Националниот конгрес, претседателската палата и Врховниот федерален суд, на Твитер напиша дека „нападите и уништувањето јавни објекти” е во спротивно правото на мирен протест. Во друг твит Болсонаро, кој се наоѓа во во САД, ги отфрли „недокажаните обвинувања” на неговиот наследник Лула, дека за „фашистичкиот вандализам” е виновна реториката на неговиот претходник. И партијата на поранешниот претседател ги осуди постапките на неговите приврзаници, јави ДПА. „Денес е тажен ден за бразилската нација. Денешните настани во Бразил се срам за сите нас, тие не ја претставуваат нашата партија, тие не го претставуваат Болсонаро”, изјави лидерот на Либералната партија, Валдемар Кошта Нето.

The post Болсонаро: Уништувањето јавни објекти не е во согласност со правото на протест appeared first on Република.

]]>
Бразил: Поддржувачите на Болсонаро ги блокираа патиштата по неговиот пораз на изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brazil-poddrzuvachite-na-bolsonaro-gi-blokiraa-patishtata-po-negoviot-poraz-na-izborite/ Tue, 01 Nov 2022 13:54:39 +0000 https://republika.mk/?p=568343

Возачи на камиони во Бразил лојални на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро ги блокираа патиштата низ земјата, по неговиот изборен пораз од левичарскиот ривал Луис Инасио Лула да Силва.
Демонстрантите ги блокираа улиците во сите држави, освен во две држави, што влијае на снабдувањето со храна, пренесе Би-Би-Си.
Изборната администрација на Бразил во неделата соопшти дека да Силва од левичарската Работничка партија освоил 50,8 отсто, победувајќи го Болсонаро, кој освоил 49,2 отсто од гласовите.
Болсонаро не го призна поразот ниту ги оспори резултатите и се стравува дека претседателот во заминување може да го искомплицира периодот пред Лула да положи заклетва на 1 јануари 2023 година.
Возачите на камиони кои го поддржуваат Болсонаро почнаа да поставуваат блокади на патиштата веднаш по објавувањето на изборните резултати.
Федералната полиција до синоќа пријавила 342 вакви инциденти на автопатиштата, а најголеми протести имало на југот на земјата. Полицијата подоцна отстрани дел од блокадите.
Многу возачи на камиони имаа корист од пониските трошоци за гориво за време на администрацијата на Болсонаро. Судијата на Врховниот суд Александар де Мораес вчера и нареди на полицијата веднаш да ги растера демонстрантите.

The post Бразил: Поддржувачите на Болсонаро ги блокираа патиштата по неговиот пораз на изборите appeared first on Република.

]]>

Возачи на камиони во Бразил лојални на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро ги блокираа патиштата низ земјата, по неговиот изборен пораз од левичарскиот ривал Луис Инасио Лула да Силва. Демонстрантите ги блокираа улиците во сите држави, освен во две држави, што влијае на снабдувањето со храна, пренесе Би-Би-Си. Изборната администрација на Бразил во неделата соопшти дека да Силва од левичарската Работничка партија освоил 50,8 отсто, победувајќи го Болсонаро, кој освоил 49,2 отсто од гласовите. Болсонаро не го призна поразот ниту ги оспори резултатите и се стравува дека претседателот во заминување може да го искомплицира периодот пред Лула да положи заклетва на 1 јануари 2023 година. Возачите на камиони кои го поддржуваат Болсонаро почнаа да поставуваат блокади на патиштата веднаш по објавувањето на изборните резултати. Федералната полиција до синоќа пријавила 342 вакви инциденти на автопатиштата, а најголеми протести имало на југот на земјата. Полицијата подоцна отстрани дел од блокадите. Многу возачи на камиони имаа корист од пониските трошоци за гориво за време на администрацијата на Болсонаро. Судијата на Врховниот суд Александар де Мораес вчера и нареди на полицијата веднаш да ги растера демонстрантите.

The post Бразил: Поддржувачите на Болсонаро ги блокираа патиштата по неговиот пораз на изборите appeared first on Република.

]]>
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е пуштен од болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brazilskiot-pretsedatel-zair-bolsonaro-e-pushten-od-bolnica/ Wed, 05 Jan 2022 17:14:46 +0000 https://republika.mk/?p=441117

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска беше пуштен од болница, пред која веднаш се обрати пред новинарите.

Болсонаро два дена бил во болницата во Сао Паоло поради интестинална опструкција, поради што го прекинал одморот.

Неговиот лекарски тим вчера соопшти дека нема потреба од операција, наведувајќи дека проблемот е саниран.

Болсонаро (66) беше опериран четири пати откако беше прободен со нож во стомакот за време на изборната кампања во 2018 година.

The post Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е пуштен од болница appeared first on Република.

]]>

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска беше пуштен од болница, пред која веднаш се обрати пред новинарите. Болсонаро два дена бил во болницата во Сао Паоло поради интестинална опструкција, поради што го прекинал одморот. Неговиот лекарски тим вчера соопшти дека нема потреба од операција, наведувајќи дека проблемот е саниран. Болсонаро (66) беше опериран четири пати откако беше прободен со нож во стомакот за време на изборната кампања во 2018 година.

The post Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е пуштен од болница appeared first on Република.

]]>