загуби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zagubi/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 12:25:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png загуби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zagubi/ 32 32 Лани загуби кај јавниот сервис од 132 милиони денари, кај комерцијалните телевизии од 140 милиони денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/lani-zagubi-kaj-javniot-servis-od-132-milioni-denari-kaj-komertsijalnite-televizii-od-140-milioni-denari/ Thu, 26 Sep 2024 12:25:51 +0000 https://republika.mk/?p=819882

Во 2023 година вкупните приходи во радиодифузната индустрија изнесувале 2.458.000 денари, а вкупните трошоци 2.708.000 денари. Резултатот од работењето на сите субјекти на пазарот покажува загуба од 261 милион денари, при што загубата на јавниот сервис изнесувала 132 милиони денари, а на комерцијалните телевизии 140 милиони денари. Добивка оствариле само комерцијалните радија која изнесувала 10 милиони денари.

Тоа го покажуваат наодите од Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година, претставени денеска на третиот јавен состанок на Агенција за аудио и аудиомедиумски услуги.

Според анализата, што ја претстави Катерина Доневска од АВМУ, финансискиот резултат кој го оствариле комерцијалните телевизии е најлош во периодот од 2018 година до сега. Загубата на целата индустрија во однос на претходната година е за три и пол пати поголема.

Приходите на Македонската радиотелевизија изнесувале 1,000.44 денари, на комерцијалните телевизии 1,272.63 денари, а на радиостаниците 185.50 денари

МРТ има пад на вкупните приходи во однос на 2022 година за 9 проценти, додека приходите на комерцијалните телевизии и на комерцијалните радиостаници пораснале за 3 проценти, односно за 8 проценти.

Половина од вкупните приходи во индустријата биле остварени од рекламирање, 50,28 проценти, а 39,47 проценти се средствата од државниот буџет префрлени на сметката на Македонската радиотелевизија. Останатите 10,25 проценти од вкупните приходи биле остварени по други основи.

Доневска потенцираше дека и во 2023 година како и во претходните пет Владата не му ги префрлила на јавниот сервис предвидените средства. - Во последните шест години МРТ добила речиси три милијарди денари помалку отколу што е предвидено со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Токму ова во Финансискиот извештај за МРТ за минатата година е посочено како причина која доведува до потешкотии во работењето и за остварување негативен финансиски реузлтат, наведе Доневска, споделувајќи и дека од рекламирање МРТ остварила 12,28 милиони денари, што претставува 1,2 проценти од вкупните приходи.

Минатата година терестријалните телевизии на државно ниво ТВ Алфа, ТВ Алсат-М, ТВ Канал 5, ТВ Сител и ТВ Телма заеднички оствариле вкупни приходи во износ од 1.106,93 милиони денари, а потрошиле вкупно 1.103,39 милиони денари. Највисоки вкупни приходи остварила ТВ Сител (474,04 милиони денари), а истовремено потрошила и најмногу средства (461,50 милиони денари). Најниски се приходите на ТВ Телма во износ од 115,02 милиони денари.

Според анализата, 86,30 проценти од вкупните приходи овие телевизии ги оствариле од продажба на времето за рекламирање. Учеството на приходите од рекламирање во вкупните приходи на секоја телевизија поединечно е највисоко кај ТВ Сител (98,07 проценти). ТВ Канал 5 од рекламирање остварила 93,73 проценти, ТВ Телма 90,47 проценти и ТВ Алсат-M 87,31 процент. Забележително пониско е учеството на овој вид приходи во вкупните приходи на ТВ Алфа, која од продажба на времето за рекламирање остварила само 30,17 проценти од вкупните приходи. За оваа телевизија најзначаен извор на приходи во анализираната година биле приходите од продажба на содржини, во вкупен износ од 89,09 милиони денари.

-Вкупните приходи од рекламирање што заеднички ги оствариле овие пет телевизии изнесуваат 955,29 милиони денари. Тоа е за 4,71 процент повеќе отколку во претходната година, но се уште помалку отколку во предпандемиската 2019 година, наведе Доневска.

На јавниот состанок беа претставени и програмските активности на АВМУ во третиот квартал годинава.

The post Лани загуби кај јавниот сервис од 132 милиони денари, кај комерцијалните телевизии од 140 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Во 2023 година вкупните приходи во радиодифузната индустрија изнесувале 2.458.000 денари, а вкупните трошоци 2.708.000 денари. Резултатот од работењето на сите субјекти на пазарот покажува загуба од 261 милион денари, при што загубата на јавниот сервис изнесувала 132 милиони денари, а на комерцијалните телевизии 140 милиони денари. Добивка оствариле само комерцијалните радија која изнесувала 10 милиони денари. Тоа го покажуваат наодите од Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година, претставени денеска на третиот јавен состанок на Агенција за аудио и аудиомедиумски услуги. Според анализата, што ја претстави Катерина Доневска од АВМУ, финансискиот резултат кој го оствариле комерцијалните телевизии е најлош во периодот од 2018 година до сега. Загубата на целата индустрија во однос на претходната година е за три и пол пати поголема. Приходите на Македонската радиотелевизија изнесувале 1,000.44 денари, на комерцијалните телевизии 1,272.63 денари, а на радиостаниците 185.50 денари МРТ има пад на вкупните приходи во однос на 2022 година за 9 проценти, додека приходите на комерцијалните телевизии и на комерцијалните радиостаници пораснале за 3 проценти, односно за 8 проценти. Половина од вкупните приходи во индустријата биле остварени од рекламирање, 50,28 проценти, а 39,47 проценти се средствата од државниот буџет префрлени на сметката на Македонската радиотелевизија. Останатите 10,25 проценти од вкупните приходи биле остварени по други основи. Доневска потенцираше дека и во 2023 година како и во претходните пет Владата не му ги префрлила на јавниот сервис предвидените средства. - Во последните шест години МРТ добила речиси три милијарди денари помалку отколу што е предвидено со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Токму ова во Финансискиот извештај за МРТ за минатата година е посочено како причина која доведува до потешкотии во работењето и за остварување негативен финансиски реузлтат, наведе Доневска, споделувајќи и дека од рекламирање МРТ остварила 12,28 милиони денари, што претставува 1,2 проценти од вкупните приходи. Минатата година терестријалните телевизии на државно ниво ТВ Алфа, ТВ Алсат-М, ТВ Канал 5, ТВ Сител и ТВ Телма заеднички оствариле вкупни приходи во износ од 1.106,93 милиони денари, а потрошиле вкупно 1.103,39 милиони денари. Највисоки вкупни приходи остварила ТВ Сител (474,04 милиони денари), а истовремено потрошила и најмногу средства (461,50 милиони денари). Најниски се приходите на ТВ Телма во износ од 115,02 милиони денари. Според анализата, 86,30 проценти од вкупните приходи овие телевизии ги оствариле од продажба на времето за рекламирање. Учеството на приходите од рекламирање во вкупните приходи на секоја телевизија поединечно е највисоко кај ТВ Сител (98,07 проценти). ТВ Канал 5 од рекламирање остварила 93,73 проценти, ТВ Телма 90,47 проценти и ТВ Алсат-M 87,31 процент. Забележително пониско е учеството на овој вид приходи во вкупните приходи на ТВ Алфа, која од продажба на времето за рекламирање остварила само 30,17 проценти од вкупните приходи. За оваа телевизија најзначаен извор на приходи во анализираната година биле приходите од продажба на содржини, во вкупен износ од 89,09 милиони денари. -Вкупните приходи од рекламирање што заеднички ги оствариле овие пет телевизии изнесуваат 955,29 милиони денари. Тоа е за 4,71 процент повеќе отколку во претходната година, но се уште помалку отколку во предпандемиската 2019 година, наведе Доневска. На јавниот состанок беа претставени и програмските активности на АВМУ во третиот квартал годинава.

The post Лани загуби кај јавниот сервис од 132 милиони денари, кај комерцијалните телевизии од 140 милиони денари appeared first on Република.

]]>
Форбс: Загубите на Русија во војната во Украина изнесуваат 16,5 милијарди долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/forbs-zagubite-na-rusija-vo-vojnata-vo-ukraina-iznesuvaat-16-5-milijardi-dolari/ Thu, 25 Aug 2022 12:02:06 +0000 https://republika.mk/?p=543998

Од почетокот на војната на 24 февруари до 24 август, Русија загубила 12.142 парчиња опрема во вредност од 16,56 милијарди долари, без руските проектили, проценува Форбс.

Според Форбс, најголема и најболна загуба за Владимир Путин е секако потонувањето на вредниот воен брод „Москва“. Тоа е предводник на руската Црноморска флота вреден 750 милиони долари, која потона во април. Украина соопшти дека го нападнала и го потопила бродот, иако Русија вели дека пожарот на бродот го предизвикал потонувањето.

Останатите четири големи загуби кои тешко ја погодија Русија се авионите Ил-76 во вредност од 86 милиони долари, амфибискиот јуришен брод Саратов вреден 75 милиони долари, авионите Су-30СМ во вредност од 50 милиони долари и авионите Су-34 во вредност од 40 милиони долари. Сите овие загуби изнесуваат повеќе од една милијарда долари.

Во меѓувреме, шефицата за човекови права на ОН, Мишел Бачелет, го повика рускиот претседател да ги запре вооружените напади врз Украина и додаде дека нуклеарната централа во Запорожје треба да се демилитаризира.

Меѓународната заедница мора да инсистира на документирање за да може еден ден да се докажат воените зл осторства, додаде Бачелет во својот говор по повод крајот на нејзиниот мандат како Висок комесар на ОН за човекови права.

The post Форбс: Загубите на Русија во војната во Украина изнесуваат 16,5 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на војната на 24 февруари до 24 август, Русија загубила 12.142 парчиња опрема во вредност од 16,56 милијарди долари, без руските проектили, проценува Форбс. Според Форбс, најголема и најболна загуба за Владимир Путин е секако потонувањето на вредниот воен брод „Москва“. Тоа е предводник на руската Црноморска флота вреден 750 милиони долари, која потона во април. Украина соопшти дека го нападнала и го потопила бродот, иако Русија вели дека пожарот на бродот го предизвикал потонувањето. Останатите четири големи загуби кои тешко ја погодија Русија се авионите Ил-76 во вредност од 86 милиони долари, амфибискиот јуришен брод Саратов вреден 75 милиони долари, авионите Су-30СМ во вредност од 50 милиони долари и авионите Су-34 во вредност од 40 милиони долари. Сите овие загуби изнесуваат повеќе од една милијарда долари. Во меѓувреме, шефицата за човекови права на ОН, Мишел Бачелет, го повика рускиот претседател да ги запре вооружените напади врз Украина и додаде дека нуклеарната централа во Запорожје треба да се демилитаризира. Меѓународната заедница мора да инсистира на документирање за да може еден ден да се докажат воените зл осторства, додаде Бачелет во својот говор по повод крајот на нејзиниот мандат како Висок комесар на ОН за човекови права.

The post Форбс: Загубите на Русија во војната во Украина изнесуваат 16,5 милијарди долари appeared first on Република.

]]>
Загубите на најголемиот увозник на гас во Германија за шест месеци надминале 12 милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zagubite-na-najgolemiot-uvoznik-na-gas-vo-germanija-za-shest-meseci-nadminale-12-milijardi-evra/ Wed, 17 Aug 2022 09:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=541293

Компанијата „Унипер“ што е најголемиот увозник на гас во Германија, во првото полугодие оваа година забележала загуби во износ поголем од 12 милијарди евра, од кои половината се последица на проблемите во снабдувањето гас од Русија.

Приближно 6,5 милијарди евра од тие средства се последица на прекините во испораките гас од Русија како последица на војната во Украина, соопштено е денеска од компанијата.

Статистиката покажува дека 2,7 милијарди евра од загубите се резултат на откажувањето од изградбата на гасоводот Северен поток 2, огромен инфраструктурен зафат што беше стопиран неколку дена по почетокот на рускиот напад врз Украина.

За наредната 2023 година очекуваме подобрување, а од 2024 дури и да ги анулираме загубите, изјави финансиската советничка на „Унипер’ Тина Туомела.

„Унипер“ се обидува да се справи со неповолната ситуација настаната поради тоа што компанијата е приморана да обезбедува гас по повисока цена, по намалувањето на испораките од Русија. Компанијата се соочува со проблем во ликвидноста бидејќи разликата во цената не може во целост да ја префрли врз потрошувачите.

The post Загубите на најголемиот увозник на гас во Германија за шест месеци надминале 12 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Унипер“ што е најголемиот увозник на гас во Германија, во првото полугодие оваа година забележала загуби во износ поголем од 12 милијарди евра, од кои половината се последица на проблемите во снабдувањето гас од Русија. Приближно 6,5 милијарди евра од тие средства се последица на прекините во испораките гас од Русија како последица на војната во Украина, соопштено е денеска од компанијата. Статистиката покажува дека 2,7 милијарди евра од загубите се резултат на откажувањето од изградбата на гасоводот Северен поток 2, огромен инфраструктурен зафат што беше стопиран неколку дена по почетокот на рускиот напад врз Украина. За наредната 2023 година очекуваме подобрување, а од 2024 дури и да ги анулираме загубите, изјави финансиската советничка на „Унипер’ Тина Туомела. „Унипер“ се обидува да се справи со неповолната ситуација настаната поради тоа што компанијата е приморана да обезбедува гас по повисока цена, по намалувањето на испораките од Русија. Компанијата се соочува со проблем во ликвидноста бидејќи разликата во цената не може во целост да ја префрли врз потрошувачите.

The post Загубите на најголемиот увозник на гас во Германија за шест месеци надминале 12 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Германската економија поради војната и скапите енергенси ќе загуби повеќе од 260 милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskata-ekonomija-poradi-vojnata-i-skapite-energensi-kje-zagubi-povekje-od-260-milijardi-evra/ Tue, 09 Aug 2022 09:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=538291

Германската економија до 2030 година ќе изгуби повеќе од 260 милијарди евра додадена вредност, последица на војната во Украина и високите цени на енергијата, што последователно негативно ќе се одрази и врз пазарот на труд.

Студијата на Институтот за истражување на вработувањето покажува дека германскиот бруто домашен производ следната година ќе биде помал за 1,7 отсто, а ќе се вработат околу 240 илјади луѓе помалку отколку во ситуација кога би бил мир во Европа.

Вработеноста се очекува да остане на сегашното ниво до 2026 година, кога се очекува мерките за економски стимулирања да почнат да ги надминуваат негативните ефекти и да доведат до зголемување на бројот на вработени, и тоа за приближно 60 илјади во 2030 година.

Како еден од најголемите загубари е посочено угостителството, дејноста што веќе беше тешко погодена од пандемијата на коронавирусот, а сега веројатно ќе го почувствува и падот на куповната моќ на потрошувачите.

Последиците ќе бидат впечатливи и во енергетски интензивните сектори како што се хемиската индустрија и металургијата.

The post Германската економија поради војната и скапите енергенси ќе загуби повеќе од 260 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Германската економија до 2030 година ќе изгуби повеќе од 260 милијарди евра додадена вредност, последица на војната во Украина и високите цени на енергијата, што последователно негативно ќе се одрази и врз пазарот на труд. Студијата на Институтот за истражување на вработувањето покажува дека германскиот бруто домашен производ следната година ќе биде помал за 1,7 отсто, а ќе се вработат околу 240 илјади луѓе помалку отколку во ситуација кога би бил мир во Европа. Вработеноста се очекува да остане на сегашното ниво до 2026 година, кога се очекува мерките за економски стимулирања да почнат да ги надминуваат негативните ефекти и да доведат до зголемување на бројот на вработени, и тоа за приближно 60 илјади во 2030 година. Како еден од најголемите загубари е посочено угостителството, дејноста што веќе беше тешко погодена од пандемијата на коронавирусот, а сега веројатно ќе го почувствува и падот на куповната моќ на потрошувачите. Последиците ќе бидат впечатливи и во енергетски интензивните сектори како што се хемиската индустрија и металургијата.

The post Германската економија поради војната и скапите енергенси ќе загуби повеќе од 260 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Украина губи 60-100 војници дневно https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-ukraina-gubi-60-100-vojnici-dnevno/ Wed, 01 Jun 2022 10:16:01 +0000 https://republika.mk/?p=509672

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека во борбите во војната со Русија дневно гинат 60-100 украински војници, а околу 500 се ранети.

Во интервју за американската телевизија Њусмакс, Зеленски истакна дека ситуацијата е најтешка на истокот на Украина.

Тој додаде дека украинските сили на исток успеваат да ја држат одбраната, додека во регионот Харков одат во контранапад.

The post Зеленски: Украина губи 60-100 војници дневно appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека во борбите во војната со Русија дневно гинат 60-100 украински војници, а околу 500 се ранети. Во интервју за американската телевизија Њусмакс, Зеленски истакна дека ситуацијата е најтешка на истокот на Украина. Тој додаде дека украинските сили на исток успеваат да ја држат одбраната, додека во регионот Харков одат во контранапад.

The post Зеленски: Украина губи 60-100 војници дневно appeared first on Република.

]]>
„Убер“ трпи загуби од милијарди и покрај заживувањето на овој вид превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uber-trpi-zagubi-od-milijardi-i-pokraj-zazivuvanjeto-na-ovoj-vid-prevoz/ Thu, 05 May 2022 15:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=498152

Американската транспортна компанија „Убер“ објави загуба во првите три месеци од годината и покрај заживувањето на нивниот бизнис, кој преку апликација за мобилни телефони нуди услуги за превоз. Соопштението на компанијата за загубата ја урна и цената на нејзините акции на берзата.

Нето загубата на компанијата изнесува 5,9 милијарди долари. Колапсот во бизнисот се должи на пандемијата на Ковид, но и поради ревалоризацијата на акциите на компанијата во Граб и Диди во Азија и компанијата за автономно возење Аурора во САД.

Акциите на „Убер“ паднаа за повеќе од седум отсто во вчерашното тргување.

Приходите на „Убер“ се зголемија за 44 отсто на 2,5 милијарди долари во услугата за испорака на храна „Итс“ (Eats) во споредба со истиот период пред една година.

The post „Убер“ трпи загуби од милијарди и покрај заживувањето на овој вид превоз appeared first on Република.

]]>

Американската транспортна компанија „Убер“ објави загуба во првите три месеци од годината и покрај заживувањето на нивниот бизнис, кој преку апликација за мобилни телефони нуди услуги за превоз. Соопштението на компанијата за загубата ја урна и цената на нејзините акции на берзата. Нето загубата на компанијата изнесува 5,9 милијарди долари. Колапсот во бизнисот се должи на пандемијата на Ковид, но и поради ревалоризацијата на акциите на компанијата во Граб и Диди во Азија и компанијата за автономно возење Аурора во САД. Акциите на „Убер“ паднаа за повеќе од седум отсто во вчерашното тргување. Приходите на „Убер“ се зголемија за 44 отсто на 2,5 милијарди долари во услугата за испорака на храна „Итс“ (Eats) во споредба со истиот период пред една година.

The post „Убер“ трпи загуби од милијарди и покрај заживувањето на овој вид превоз appeared first on Република.

]]>
Азески: Ако не се преземе ништо со струјата, загубите на компаниите секој следен ден ќе бидат сè поголеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-ako-ne-se-prezeme-nishto-so-strujata-zagubite-na-kompaniite-sekoj-sleden-den-kje-bidat-se-pogolemi/ Tue, 03 May 2022 08:19:35 +0000 https://republika.mk/?p=496642

Зголемување на домашното производство на електрична енергија преку докапитализација на АД ЕСМ, инвестирање во фотоволтаици и субвенционирање на дел од трошоците за струја за компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, како и за индустријата, предлага Стопанската комора на Македонија, со цел да се ублажи кризата со енергенсите и подготвено да се пречека новата грејна сезона.

Комората предлага и штедење на електричната енергија и нејзина рационализација за што државата итно треба да донесе наредба на кој начин тоа ќе го спроведе.

Секој следен ден загубите на компаниите ќе бидат сѐ поголеми, ако во меѓувреме не се преземе нешто. Затоа Комората порачува дека конечно мора да се направат дополнителни напори за обезбедување што поголемо и економски прифатливо решение за домашно производство на електрична енергија, паралелно со сериозни активности во доменот на зголемувањето на енергетската ефикасност, како во делот на производството на електрична енергија така и во делот на нејзината потрошувачка и на нејзиното рационално користење, вели претседателот на СКМ Бранко Азески.

Тој предупредува и дека Директоратот за добрососедство при Европската комисија се насочува кон земјите од Источното партнерство односно кон Украина, Молдавија и Грузија и дека доколку тоа се оствари, тогаш разочарувањето на земјите од Западен Балкан ќе биде огромно.

Минатата недела некако срамежливо до мене стигнаа информации дека надлежниот Директорат за добрососедство при Европската комисија дава налог сите сили на Директоратот да се насочат спрема земјите на Источното партнерство, иако истиот тој Директорат е надлежен и за Западен Балкан. Источното партнерство е синоним за соработката со три земји – Украина, Молдавија и Грузија. Едноставно и просто, тие земји сега се ставаат на брзиот воз кој се движи кон Брисел. Мислам дека ако ова и се оствари, разочарувањето на Западен Балкан кон Европската Унија ќе биде огромно. Исто така, морам да укажам и на непрофесионалниот однос на еврокомесарот Вархеји, кој, иако уредно поканет и со прифатена покана од него, како учесник на состанокот на Бизнис-советот на Коморскиот инвестициски форум (28.4.2022 г.), во последен момент нѐ извести дека од неопходни причини на Балканот нема да присуствува на средбата. Многу е несериозно едно толку високо позиционирано лице во Европската Унија по вторпат да прави грешки кои оставаат траги во нашата меѓусебна соработка, вели Азески.

The post Азески: Ако не се преземе ништо со струјата, загубите на компаниите секој следен ден ќе бидат сè поголеми appeared first on Република.

]]>

Зголемување на домашното производство на електрична енергија преку докапитализација на АД ЕСМ, инвестирање во фотоволтаици и субвенционирање на дел од трошоците за струја за компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, како и за индустријата, предлага Стопанската комора на Македонија, со цел да се ублажи кризата со енергенсите и подготвено да се пречека новата грејна сезона. Комората предлага и штедење на електричната енергија и нејзина рационализација за што државата итно треба да донесе наредба на кој начин тоа ќе го спроведе.
Секој следен ден загубите на компаниите ќе бидат сѐ поголеми, ако во меѓувреме не се преземе нешто. Затоа Комората порачува дека конечно мора да се направат дополнителни напори за обезбедување што поголемо и економски прифатливо решение за домашно производство на електрична енергија, паралелно со сериозни активности во доменот на зголемувањето на енергетската ефикасност, како во делот на производството на електрична енергија така и во делот на нејзината потрошувачка и на нејзиното рационално користење, вели претседателот на СКМ Бранко Азески.
Тој предупредува и дека Директоратот за добрососедство при Европската комисија се насочува кон земјите од Источното партнерство односно кон Украина, Молдавија и Грузија и дека доколку тоа се оствари, тогаш разочарувањето на земјите од Западен Балкан ќе биде огромно.
Минатата недела некако срамежливо до мене стигнаа информации дека надлежниот Директорат за добрососедство при Европската комисија дава налог сите сили на Директоратот да се насочат спрема земјите на Источното партнерство, иако истиот тој Директорат е надлежен и за Западен Балкан. Источното партнерство е синоним за соработката со три земји – Украина, Молдавија и Грузија. Едноставно и просто, тие земји сега се ставаат на брзиот воз кој се движи кон Брисел. Мислам дека ако ова и се оствари, разочарувањето на Западен Балкан кон Европската Унија ќе биде огромно. Исто така, морам да укажам и на непрофесионалниот однос на еврокомесарот Вархеји, кој, иако уредно поканет и со прифатена покана од него, како учесник на состанокот на Бизнис-советот на Коморскиот инвестициски форум (28.4.2022 г.), во последен момент нѐ извести дека од неопходни причини на Балканот нема да присуствува на средбата. Многу е несериозно едно толку високо позиционирано лице во Европската Унија по вторпат да прави грешки кои оставаат траги во нашата меѓусебна соработка, вели Азески.

The post Азески: Ако не се преземе ништо со струјата, загубите на компаниите секој следен ден ќе бидат сè поголеми appeared first on Република.

]]>
Костадинов: Општината има загуби од 200 илјади денари дневно заради штрајкот во образованието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostadinov-opshtinata-ima-zagubi-od-200-iljadi-denari-dnevno-zaradi-shtrajkot-vo-obrazovanieto/ Mon, 18 Apr 2022 17:08:21 +0000 https://republika.mk/?p=490191

Општината трпи последици од штрајкот на СОНК, односно кај превозот на учениците трпиме загуби и тоа Општината ја чини околу 200 илјади денари на ден што не е мала сума и тоа треба да го имаат предвид во СОНК, вели градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Тој појаснува дека Општината обезбедува превоз за сите ученици, па ако е потребно и за две деца тој ќе им биде овозможен.

Со тоа не испраќаме порака за заплашување, ниту да се ставиме на различна страна. Општината и наставниот кадар се на иста страна. Треба да разговараат, а не да преговараат и треба да се земе предвид целата тешка ситуација во која што се наоѓаме и секако апелирам до учениците, апелирам до родителите да се вратат во училиште и наставата да продолжи. Во спротивно се наметнува потребата за продолжување на учебната година, што ќе направи дополнителни компликации кај матурантите при нивниот упис на факултет, изјави струмичкиот градоначалник.

Додаде дека негов став е оти 10 отсто покачување е сосема доволно за перидот во кој се наоѓаме и би требало да биде прифатен со цел наставата да продолжи.

Вчера СОНК најави дека генералниот штрајк ќе продолжи и понатаму, откако Советот на Синдикатот вчера на седница одлучил да не го прифати предлогот на Владата за 10 процентно зголемување на платите со кој би се прекинал штрајкот почнат на 11 април.

Една од причините зошто овој предлог не е прифатен од СОНК, е затоа што бил предложен усно, а не во писмена форма, информираа од СОНК, од каде додаваат дека над 95 проценти од синдикалните организации на СОНК се изјасниле за отфрлање на дадената усна понуда.

За СОНК зголемувањето на платите од 10 проценти во детска заштита, основно и средно образование воопшто не кореспондира со висината на зголемување на минималната плата оваа година и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството на професијата. СОНК бара зголемување на платите за 18,4 проценти и нивно усогласување со минималната плата.

Инаку, Костадинов денеска присуствуваше на настанот насловен како „Велигденска магија“ што го организираа учениците од угостителската струка-готвачи во Средното општинско училиште “Димитар Влахов“ во Струмица, за кој, како што рече градоначалникот, бил планиран од порано.

The post Костадинов: Општината има загуби од 200 илјади денари дневно заради штрајкот во образованието appeared first on Република.

]]>

Општината трпи последици од штрајкот на СОНК, односно кај превозот на учениците трпиме загуби и тоа Општината ја чини околу 200 илјади денари на ден што не е мала сума и тоа треба да го имаат предвид во СОНК, вели градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Тој појаснува дека Општината обезбедува превоз за сите ученици, па ако е потребно и за две деца тој ќе им биде овозможен.
Со тоа не испраќаме порака за заплашување, ниту да се ставиме на различна страна. Општината и наставниот кадар се на иста страна. Треба да разговараат, а не да преговараат и треба да се земе предвид целата тешка ситуација во која што се наоѓаме и секако апелирам до учениците, апелирам до родителите да се вратат во училиште и наставата да продолжи. Во спротивно се наметнува потребата за продолжување на учебната година, што ќе направи дополнителни компликации кај матурантите при нивниот упис на факултет, изјави струмичкиот градоначалник.
Додаде дека негов став е оти 10 отсто покачување е сосема доволно за перидот во кој се наоѓаме и би требало да биде прифатен со цел наставата да продолжи. Вчера СОНК најави дека генералниот штрајк ќе продолжи и понатаму, откако Советот на Синдикатот вчера на седница одлучил да не го прифати предлогот на Владата за 10 процентно зголемување на платите со кој би се прекинал штрајкот почнат на 11 април. Една од причините зошто овој предлог не е прифатен од СОНК, е затоа што бил предложен усно, а не во писмена форма, информираа од СОНК, од каде додаваат дека над 95 проценти од синдикалните организации на СОНК се изјасниле за отфрлање на дадената усна понуда. За СОНК зголемувањето на платите од 10 проценти во детска заштита, основно и средно образование воопшто не кореспондира со висината на зголемување на минималната плата оваа година и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството на професијата. СОНК бара зголемување на платите за 18,4 проценти и нивно усогласување со минималната плата. Инаку, Костадинов денеска присуствуваше на настанот насловен како „Велигденска магија“ што го организираа учениците од угостителската струка-готвачи во Средното општинско училиште “Димитар Влахов“ во Струмица, за кој, како што рече градоначалникот, бил планиран од порано.

The post Костадинов: Општината има загуби од 200 илјади денари дневно заради штрајкот во образованието appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Русија за 19 дена загуби повеќе отколку во двете војни во Чеченија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-rusija-za-19-dena-zagubi-povekje-otkolku-vo-dvete-vojni-vo-chechenija/ Tue, 15 Mar 2022 09:07:40 +0000 https://republika.mk/?p=473013

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до граѓаните истакна дека бранителите продолжуваат да „нанесуваат катастрофални загуби на руските сили“.

Тој додаде дека бројот на соборени хеликоптери во Русија наскоро ќе достигне стотици.

Тие веќе изгубија 80 борбени авиони, стотици тенкови и илјадници друга опрема. За 19 дена, руската армија во Украина загуби повеќе отколку во двете крвави и долготрајни војни во Чеченија, истакна Зеленски.

Тој додаде дека противникот бил збунет бидејќи не очекувал таков отпор од украинските бранители, додека на руските војници им порача да загинат или да се предадат.

The post Зеленски: Русија за 19 дена загуби повеќе отколку во двете војни во Чеченија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до граѓаните истакна дека бранителите продолжуваат да „нанесуваат катастрофални загуби на руските сили“. Тој додаде дека бројот на соборени хеликоптери во Русија наскоро ќе достигне стотици.
Тие веќе изгубија 80 борбени авиони, стотици тенкови и илјадници друга опрема. За 19 дена, руската армија во Украина загуби повеќе отколку во двете крвави и долготрајни војни во Чеченија, истакна Зеленски.
Тој додаде дека противникот бил збунет бидејќи не очекувал таков отпор од украинските бранители, додека на руските војници им порача да загинат или да се предадат.

The post Зеленски: Русија за 19 дена загуби повеќе отколку во двете војни во Чеченија appeared first on Република.

]]>
Руските сили досега загубиле 8 до 10 отсто од воените средства употребени во Украина, вели американски функционер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-dosega-zagubile-8-do-10-otsto-od-voenite-sredstva-upotrebeni-vo-ukraina-veli-amerikanski-funkcioner/ Tue, 08 Mar 2022 22:42:16 +0000 https://republika.mk/?p=469837

Неименуван американски воен функционер, запознаен со последните разузнавачки информации, проценува дека во досегашниот тек од воената акција во Украина, руските сили загубиле помеѓу осум и десет отсто од воените средства употребени во операција, објави „Си-Ен-Ен“.

Во загубената опрема спаѓаат тенкови, авиони, артилерија и други воени средства. Ова е речиси двојно од она што беше објавено минатата недела, кога имаше проценки дека Русите загубиле меѓу три и пет проценти од средствата.

Според американските проценки, Украина загубила приближно ист процент од сопствените воени средства.

The post Руските сили досега загубиле 8 до 10 отсто од воените средства употребени во Украина, вели американски функционер appeared first on Република.

]]>

Неименуван американски воен функционер, запознаен со последните разузнавачки информации, проценува дека во досегашниот тек од воената акција во Украина, руските сили загубиле помеѓу осум и десет отсто од воените средства употребени во операција, објави „Си-Ен-Ен“. Во загубената опрема спаѓаат тенкови, авиони, артилерија и други воени средства. Ова е речиси двојно од она што беше објавено минатата недела, кога имаше проценки дека Русите загубиле меѓу три и пет проценти од средствата. Според американските проценки, Украина загубила приближно ист процент од сопствените воени средства.

The post Руските сили досега загубиле 8 до 10 отсто од воените средства употребени во Украина, вели американски функционер appeared first on Република.

]]>