загуба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaguba/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 12:20:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png загуба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaguba/ 32 32 Одложен тендерот на ЕВН Хоум за набавка на струја за покривање на загубите на системот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/odlozhen-tenderot-na-evn-houm-za-nabavka-na-struja-za-pokrivane-na-zagubite-na-sistemot/ Fri, 15 Nov 2024 12:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=838107

ЕВН Хоум од технички причини и на барање на понудувачите за дополнителен период за доставување понуди го одложи за 28 ноември тендерот на кој треба да биде доставена понуда за цената со која ќе го снабдуват универзалниот снабдувач по 1 јануари. За 27 ноември, како што информираат од ЕВН Македонија, е одложен и тендерот на Електродистрибуција за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во системот.

Досега понуда на тендерот на ЕВН Хоум доставуваше државната компанија АД ЕСМ. Од тоа каква цена ќе понудат и колку од потребите на универзалниот снабдувач ќе задоволат најмногу зависи какви сметки ќе имаат потрошувачите на регулираниот пазар по 1 јануари.

Моментално ЕСМ задоволува 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум по цена од 60 евра за мегават час. Се очекуваше денеска државната енергетска компанија да достави понуда на тендерите на ЕВН Хоум и Електродистрибуција.

Премиерот Христијан Мицкоски пред некој ден изјави дека доколку има зголемување на цената на струјата, тоа ќе биде минимално од еден од три проценти

The post Одложен тендерот на ЕВН Хоум за набавка на струја за покривање на загубите на системот appeared first on Република.

]]>

ЕВН Хоум од технички причини и на барање на понудувачите за дополнителен период за доставување понуди го одложи за 28 ноември тендерот на кој треба да биде доставена понуда за цената со која ќе го снабдуват универзалниот снабдувач по 1 јануари. За 27 ноември, како што информираат од ЕВН Македонија, е одложен и тендерот на Електродистрибуција за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во системот. Досега понуда на тендерот на ЕВН Хоум доставуваше државната компанија АД ЕСМ. Од тоа каква цена ќе понудат и колку од потребите на универзалниот снабдувач ќе задоволат најмногу зависи какви сметки ќе имаат потрошувачите на регулираниот пазар по 1 јануари. Моментално ЕСМ задоволува 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум по цена од 60 евра за мегават час. Се очекуваше денеска државната енергетска компанија да достави понуда на тендерите на ЕВН Хоум и Електродистрибуција. Премиерот Христијан Мицкоски пред некој ден изјави дека доколку има зголемување на цената на струјата, тоа ќе биде минимално од еден од три проценти

The post Одложен тендерот на ЕВН Хоум за набавка на струја за покривање на загубите на системот appeared first on Република.

]]>
Од забраната за извоз на Косово, српската економија има загуба од 150 до 200 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-zabranata-za-izvoz-na-kosovo-srpskata-ekonomija-ima-zaguba-od-150-do-200-milioni-evra/ Mon, 15 Apr 2024 11:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=766280

Српската економија поради забраната за трговија со домашни производи на територијата на Косово и Метохија, која беше воведена во јуни 2023 година, има загуба од 150 до 200 милиони евра, пишува „Политика“.

Бојан Станиќ, помошник директор на Секторот за стратегиски анализи и услуги при Стопанската комора на Србија (ПКС), вели дека властите во Приштина сè уште не се откажуваат од својата политика и дека Србија „само треба да акумулира загуби, бидејќи не може да влијае на можностите“.

Поради забраната за трговија со стоки, прекршен е и ЦЕФТА договорот, иако оваа меѓународна организација за се го изнесе своето неформално мислење .

Покрај тоа, европратениците имаат капацитет посериозно да ја предупредат Приштина, но тоа го избегнуваат, па домашната економија може „само да чека сето тоа да помине“, рече Станиќ за „Политика“.

Во првите два месеци од годинава на Косово се испорачани 48,8 тони стока, за разлика од истиот период лани кога биле извезени околу 92 тони. Истовремено, вкупната трговска размена меѓу Србија и Косово изнесуваla околу 45 милиони евра.

The post Од забраната за извоз на Косово, српската економија има загуба од 150 до 200 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Српската економија поради забраната за трговија со домашни производи на територијата на Косово и Метохија, која беше воведена во јуни 2023 година, има загуба од 150 до 200 милиони евра, пишува „Политика“. Бојан Станиќ, помошник директор на Секторот за стратегиски анализи и услуги при Стопанската комора на Србија (ПКС), вели дека властите во Приштина сè уште не се откажуваат од својата политика и дека Србија „само треба да акумулира загуби, бидејќи не може да влијае на можностите“. Поради забраната за трговија со стоки, прекршен е и ЦЕФТА договорот, иако оваа меѓународна организација за се го изнесе своето неформално мислење . Покрај тоа, европратениците имаат капацитет посериозно да ја предупредат Приштина, но тоа го избегнуваат, па домашната економија може „само да чека сето тоа да помине“, рече Станиќ за „Политика“. Во првите два месеци од годинава на Косово се испорачани 48,8 тони стока, за разлика од истиот период лани кога биле извезени околу 92 тони. Истовремено, вкупната трговска размена меѓу Србија и Косово изнесуваla околу 45 милиони евра.

The post Од забраната за извоз на Косово, српската економија има загуба од 150 до 200 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Швајцарската национална банка со рекордни загуби во 2022 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvajtsarskata-natsionalna-banka-so-rekordni-zagubi-vo-2022-godina/ Tue, 10 Jan 2023 07:53:54 +0000 https://republika.mk/?p=595181

Швајцарската национална банка (СНБ) ја затвори 2022 година со загуба од 132 милијарди швајцарски франци (133,8 милијарди евра), најголема во нејзината 115-годишна историја. За споредба, во 2021 година СНБ оствари профит од 26 милијарди франци.

СНБ годишната загуба ја припишува на падот на вредноста на портфолиото на акции и обврзници, поврзан со падот на цените на пазарите на акции и хартии од вредност, во услови на пазарна слабост поради зголемувањето на каматните стапки. Меѓу негативните влијанија се издвојува зајакнувањето на домашната валута.

Прелиминарните податоци покажуваат годишна загуба речиси шестпати поголема од претходниот рекорд, забележан во 2015 година кога достигна 23 милијарди франци. За споредба, таа сума е за малку над вредноста на бруто домашниот производ (БДП) на Мароко.

The post Швајцарската национална банка со рекордни загуби во 2022 година appeared first on Република.

]]>

Швајцарската национална банка (СНБ) ја затвори 2022 година со загуба од 132 милијарди швајцарски франци (133,8 милијарди евра), најголема во нејзината 115-годишна историја. За споредба, во 2021 година СНБ оствари профит од 26 милијарди франци. СНБ годишната загуба ја припишува на падот на вредноста на портфолиото на акции и обврзници, поврзан со падот на цените на пазарите на акции и хартии од вредност, во услови на пазарна слабост поради зголемувањето на каматните стапки. Меѓу негативните влијанија се издвојува зајакнувањето на домашната валута. Прелиминарните податоци покажуваат годишна загуба речиси шестпати поголема од претходниот рекорд, забележан во 2015 година кога достигна 23 милијарди франци. За споредба, таа сума е за малку над вредноста на бруто домашниот производ (БДП) на Мароко.

The post Швајцарската национална банка со рекордни загуби во 2022 година appeared first on Република.

]]>
Европската технолошка индустрија годинава изгубила 400 милијарди долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropskata-tehnoloshka-industrija-godinava-izgubila-400-milijardi-dolari/ Wed, 07 Dec 2022 14:07:27 +0000 https://republika.mk/?p=583003

Европската технолошка индустрија оваа година загубила повеќе од 400 милијарди долари, покажуваат податоците на лондонската компанија „Атомико“ што врши проценки на ризиците во капиталот.

Вкупната вредност на сите јавни и приватни европски технолошки фирми падна на 2,7 трилиони долари од 3,1 трилиони долари на крајот на 2021 година, соопштува „Атомико“ во денеска објавениот годишен извештај „Состојбата на технологијата во Европа“.

„Тие бројки покажуваат дека ова беше многу тешка година за технологијата“, пренесува „Си-Ен-Би-Си“. Некогаш високо ценетите акции на технолошките компании се под притисок на глобалните фактори, вклучително и руската инвазија на Украина и заострувањето на монетарната политика од страна на централните банки.

Федералните резерви и другите централни банки ги зголемуваат клучните каматни стапки и ги намалуваат стимулациите од ерата на пандемијата, за да ја зауздаат ​​растечката инфлација. Тоа ги поттикна инвеститорите да ги преиспитаат своите позиции во технолошките компании што генерираат загуби.

„Оваа беше тешка година – војната во Украина, инфлацијата, зголемувањето на каматните стапки, геополитичките тензии низ целиот континент. Тоа е најпредизвикувачкото макроекономско опкружување од глобалната финансиска криза“, изјави за „Си-Ен-Би-Си“ Том Вемајер, партнер во „Атомико“.

Одредени технолошки фирми во Европа претрпеа остар пад на пазарната вредност.

Се проценува дека оваа година вкупното финансирање на европските стартапи ќе падне на 85 милијарди долари, посочува извештајот на „Атомико“ изготвен врз основа на квантитативни податоци и анкети во 41 земја. Тоа е за 18 проценти помалку од повеќе од стоте милијарди долари собрани од европските стартапи во 2021 година.

Проценетата сума, сепак, се уште според обемот е втора по големина досега инвестирана во европскиот технолошки екосистем, посочуваат од „Атомико“.

The post Европската технолошка индустрија годинава изгубила 400 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Европската технолошка индустрија оваа година загубила повеќе од 400 милијарди долари, покажуваат податоците на лондонската компанија „Атомико“ што врши проценки на ризиците во капиталот. Вкупната вредност на сите јавни и приватни европски технолошки фирми падна на 2,7 трилиони долари од 3,1 трилиони долари на крајот на 2021 година, соопштува „Атомико“ во денеска објавениот годишен извештај „Состојбата на технологијата во Европа“. „Тие бројки покажуваат дека ова беше многу тешка година за технологијата“, пренесува „Си-Ен-Би-Си“. Некогаш високо ценетите акции на технолошките компании се под притисок на глобалните фактори, вклучително и руската инвазија на Украина и заострувањето на монетарната политика од страна на централните банки. Федералните резерви и другите централни банки ги зголемуваат клучните каматни стапки и ги намалуваат стимулациите од ерата на пандемијата, за да ја зауздаат ​​растечката инфлација. Тоа ги поттикна инвеститорите да ги преиспитаат своите позиции во технолошките компании што генерираат загуби. „Оваа беше тешка година – војната во Украина, инфлацијата, зголемувањето на каматните стапки, геополитичките тензии низ целиот континент. Тоа е најпредизвикувачкото макроекономско опкружување од глобалната финансиска криза“, изјави за „Си-Ен-Би-Си“ Том Вемајер, партнер во „Атомико“. Одредени технолошки фирми во Европа претрпеа остар пад на пазарната вредност. Се проценува дека оваа година вкупното финансирање на европските стартапи ќе падне на 85 милијарди долари, посочува извештајот на „Атомико“ изготвен врз основа на квантитативни податоци и анкети во 41 земја. Тоа е за 18 проценти помалку од повеќе од стоте милијарди долари собрани од европските стартапи во 2021 година. Проценетата сума, сепак, се уште според обемот е втора по големина досега инвестирана во европскиот технолошки екосистем, посочуваат од „Атомико“.

The post Европската технолошка индустрија годинава изгубила 400 милијарди долари appeared first on Република.

]]>