Загреб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zagreb/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 14:41:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Загреб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zagreb/ 32 32 Се урна дел од фасада на зграда на плоштадот во центарот на Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-urna-del-od-fasada-na-zgrada-na-ploshtadot-vo-tsentarot-na-zagreb/ Sat, 23 Nov 2024 14:41:58 +0000 https://republika.mk/?p=841107

Се урна дел од фасада на зграда на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во центарот на Загреб. Нема повредени луѓе, информираат од Полициската управа во Загреб, а на местото на настанот излегле и пожарникари и комунални работници.

„Околу 12 часот и 20 минути е добиена пријава дека се урнал дел од зградата на плоштадот „Бан Јелачиќ“. При излегување на местото на настанот било утврдено дека се урнал дел од фасадата“, истакнаа од Полициската управа.

Загрепските пожарникари кои излегле на терен ги отстраниле остатоците од оштетениот дел од фасадата.

The post Се урна дел од фасада на зграда на плоштадот во центарот на Загреб appeared first on Република.

]]>

Се урна дел од фасада на зграда на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во центарот на Загреб. Нема повредени луѓе, информираат од Полициската управа во Загреб, а на местото на настанот излегле и пожарникари и комунални работници.
„Околу 12 часот и 20 минути е добиена пријава дека се урнал дел од зградата на плоштадот „Бан Јелачиќ“. При излегување на местото на настанот било утврдено дека се урнал дел од фасадата“, истакнаа од Полициската управа.
Загрепските пожарникари кои излегле на терен ги отстраниле остатоците од оштетениот дел од фасадата.

The post Се урна дел од фасада на зграда на плоштадот во центарот на Загреб appeared first on Република.

]]>
Во Загреб отворена изложба на Рафаел Ристовски и концерт на сопранот Гиновска-Илкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-zagreb-otvorena-izlozhba-na-rafael-ristovski-i-kontsert-na-sopranot-ginovska-ilkova/ Mon, 11 Nov 2024 14:09:14 +0000 https://republika.mk/?p=836381

Во просториите на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, во саботата, пред многубројна публика, беше отворена изложба на Рафаел Ристовски со наслов „Градски рефлексии“.

По отворањето на изложбата, публиката имаше ексклузивна можност да го проследи концертот на еден од водечките македонски драмски сопрани, Весна Гиновска-Илкова, која настапи заедно со македонската пијанистка Јасна Аврамовска Костенарова. Концертната програма, која опфати дела од македонски композитори, како: Скаловски, Аврамовски, Прокопиев, Зографски, Стојков, Андреева, Светиев, Цанев, Голабовски и Џамбазов, понуди незаборавно уметничко доживување со беспрекорна вокална техника, огромна музикалност, харизма и моќен сценски настап.

Изложбата на младиот уметник Рафаел Ристовски ја отвори директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска-Илиевска, која, меѓу другото, истакна дека со разновидните композиции на дела се презентираат разновидни лични дијалози на авторот, кој ја обработува темата на урбаната природа, со која сме секојдневно опкружени и која на некој таинствен начин не ја забележуваме. Авторот ја истражува и има цел да ја покаже градската природа, која е таква каква што ја создал човекот, простор каде што се случуваат голем број секојдневни моменти.

Пред почетокот на настанот што го проследија многубројни гости од хрватската културна јавност и претставници на дипломатскиот кор, свое поздравно обраќање имаше амбасадорот на РС Македонија во Хрватска, Милаим Фетаи.

 

The post Во Загреб отворена изложба на Рафаел Ристовски и концерт на сопранот Гиновска-Илкова appeared first on Република.

]]>

Во просториите на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, во саботата, пред многубројна публика, беше отворена изложба на Рафаел Ристовски со наслов „Градски рефлексии“.

По отворањето на изложбата, публиката имаше ексклузивна можност да го проследи концертот на еден од водечките македонски драмски сопрани, Весна Гиновска-Илкова, која настапи заедно со македонската пијанистка Јасна Аврамовска Костенарова. Концертната програма, која опфати дела од македонски композитори, како: Скаловски, Аврамовски, Прокопиев, Зографски, Стојков, Андреева, Светиев, Цанев, Голабовски и Џамбазов, понуди незаборавно уметничко доживување со беспрекорна вокална техника, огромна музикалност, харизма и моќен сценски настап.

Изложбата на младиот уметник Рафаел Ристовски ја отвори директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска-Илиевска, која, меѓу другото, истакна дека со разновидните композиции на дела се презентираат разновидни лични дијалози на авторот, кој ја обработува темата на урбаната природа, со која сме секојдневно опкружени и која на некој таинствен начин не ја забележуваме. Авторот ја истражува и има цел да ја покаже градската природа, која е таква каква што ја создал човекот, простор каде што се случуваат голем број секојдневни моменти.

Пред почетокот на настанот што го проследија многубројни гости од хрватската културна јавност и претставници на дипломатскиот кор, свое поздравно обраќање имаше амбасадорот на РС Македонија во Хрватска, Милаим Фетаи.

 

The post Во Загреб отворена изложба на Рафаел Ристовски и концерт на сопранот Гиновска-Илкова appeared first on Република.

]]>
Љутков: Македонскиот КИЦ во Загреб е мост за продлабочување на соработката со Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-makedonskiot-kits-vo-zagreb-e-most-za-prodlabochuvane-na-sorabotkata-so-hrvatska/ Tue, 24 Sep 2024 14:03:50 +0000 https://republika.mk/?p=819324

Културно-информативните центри имаат клучна улога во промоцијата на културата и традицијата на една држава на меѓународно ниво, како и за нивна поголема видливост и препознатливост во сите сфери на општественото живеење, порача министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој денеска го посети македонскиот Културно-информативен центар во Загреб каде што беше пречекан од новоименуваната директорка, Мими Ѓоргоска-Илиевска.

Како што информираат од Министерството за култура и туризам, Ѓоргоска-Илиевска го запозна министерот Љутков со работата на Центарот, а го информираше и за активностите и проектите што оваа институција треба да ги реализира до крајот на годината. Министерот и директорката, која беше дел и од македонската делегација на средбата со хрватската министерка за култура и медиуми, Обуљен Коржинек, разговараа и за проширување на надлежностите на Центарот во функција на промоција на туристичките потенцијали на државава, како и во сферата на образованието и науката.

На средбата беше заклучено дека македонско-хрватските односи се на високо ниво, со што е обезбеден широк простор за продлабочување на соработката во сферата на културата и туризмот преку активностите на македонскиот КИЦ.

До крајот на годината во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб ќе се реализираат повеќе проекти, меѓу кои: проектот „Тоше во срцето на Хрватска“ на НУ Спомен-куќа на Тодор Проески, изложбата на уметникот Владимир Темков ,,Вечер на македонскиот пејзаж во Загреб“,  концертот „Македониум 2“ на составот „Ин медиа рес“,...

The post Љутков: Македонскиот КИЦ во Загреб е мост за продлабочување на соработката со Хрватска appeared first on Република.

]]>

Културно-информативните центри имаат клучна улога во промоцијата на културата и традицијата на една држава на меѓународно ниво, како и за нивна поголема видливост и препознатливост во сите сфери на општественото живеење, порача министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој денеска го посети македонскиот Културно-информативен центар во Загреб каде што беше пречекан од новоименуваната директорка, Мими Ѓоргоска-Илиевска. Како што информираат од Министерството за култура и туризам, Ѓоргоска-Илиевска го запозна министерот Љутков со работата на Центарот, а го информираше и за активностите и проектите што оваа институција треба да ги реализира до крајот на годината. Министерот и директорката, која беше дел и од македонската делегација на средбата со хрватската министерка за култура и медиуми, Обуљен Коржинек, разговараа и за проширување на надлежностите на Центарот во функција на промоција на туристичките потенцијали на државава, како и во сферата на образованието и науката. На средбата беше заклучено дека македонско-хрватските односи се на високо ниво, со што е обезбеден широк простор за продлабочување на соработката во сферата на културата и туризмот преку активностите на македонскиот КИЦ. До крајот на годината во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб ќе се реализираат повеќе проекти, меѓу кои: проектот „Тоше во срцето на Хрватска“ на НУ Спомен-куќа на Тодор Проески, изложбата на уметникот Владимир Темков ,,Вечер на македонскиот пејзаж во Загреб“,  концертот „Македониум 2“ на составот „Ин медиа рес“,...

The post Љутков: Македонскиот КИЦ во Загреб е мост за продлабочување на соработката со Хрватска appeared first on Република.

]]>
Љутков во Загреб на средба со колегата Главина: Драгоцено ни е споделувањето на хрватското искуство во туризмот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-vo-zagreb-na-sredba-so-kolegata-glavina-dragotseno-ni-e-spodeluvaneto-na-hrvatskoto-iskustvo-vo-turizmot/ Mon, 23 Sep 2024 11:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=818991

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Загреб оствари билатерална средба со министерот за туризам и спорт на Хрватска, Тончи Главина, со што ја започна дводневната работна посета на Хрватска.

На средбата, која помина во пријателска и конструктивна атмосфера, беа разменети мислења за развојот на туризмот и унапредување на соработката меѓу двете држави.

Министерот Љутков ја истакна одличната соработка меѓу двете пријателски држави, чии влади си даваат меѓусебна поддршка во сите области, вклучително и во областа на културата и туризмот.

Македонскиот министер, пред својот хрватски колега ја презентираше трансформацијата на Министерството за култура, кое од оваа година го интегрираше и сегментот на туризмот, нагласувајќи ги приоритетите во работењето кои се во насока на развој на културен туризам – манастирски, спортски туризам и слично.

Министерот Љутков истакна дека имаме ресурси и желба да го развиваме туризмот кај нас, а искуствата на Хрватска, како една од водечките земји во областа на туризмот во светски рамки, ни се драгоцени и се од голема полза и значење за развој и поттикнување на македонскиот туристички потенцијал.

Љутков го информираше својот хрватски колега за македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, за кој е предвидено својата надлежност да ја прошири и во областа на туризмот и образованието.

Министерот Главина на средбата го презентираше начинот на функционирање на системот и управувачката рамка во областа на туризмот во Хрватска, каде што има шест закони кои ја засегаат оваа значајна област.

Хрватскиот министер истакна дека нашата држава има автохтона понуда и ценовна конкурентна предност што треба да ја искористиме. Тој информираше дека во овој момент, Хрватска спроведува реформа на управувањето со туризмот, при што нивен фокус е развојот на одржливиот туризам, како и засилувањето на квалитетот на понудата и позиционирањето на Хрватска како дестинација за цела година. Министерот Главина додаде дека размената на искуствата и знаењата во оваа област, за нив е исклучително важна и, како што нагласи, „затоа сме среќни што отворивме низа теми кои можат да придонесат за јакнењето на туризмот во нашите земји“.

Соговорниците се согласија дека е потребно активирање на Мешовитата комисија од областа на туризмот, која ќе биде одлична можност за споделување искуства и размена на практики во туристичката сфера.

Во рамките на посетата на Хрватска, министерот за култура и туризам Љутков денеска оствари билатерална средба и со хрватската министерка за култура и медиуми, Нина Обуљен Коржинек, со која разговараа за можностите за унапредување на македонско-хрватските културни врски. Во текот на утрешниот ден, заедно со директорката Мими Ѓоргоска-Илиевска, ќе ги посети македонскиот Културно-информативен центар во Загреб и местото каде што е закопан Панко Брашнаров, а вечерта во Концертната сала „Лисински“ ќе присуствува на концерт на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“.

 

The post Љутков во Загреб на средба со колегата Главина: Драгоцено ни е споделувањето на хрватското искуство во туризмот appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Загреб оствари билатерална средба со министерот за туризам и спорт на Хрватска, Тончи Главина, со што ја започна дводневната работна посета на Хрватска. На средбата, која помина во пријателска и конструктивна атмосфера, беа разменети мислења за развојот на туризмот и унапредување на соработката меѓу двете држави. Министерот Љутков ја истакна одличната соработка меѓу двете пријателски држави, чии влади си даваат меѓусебна поддршка во сите области, вклучително и во областа на културата и туризмот. Македонскиот министер, пред својот хрватски колега ја презентираше трансформацијата на Министерството за култура, кое од оваа година го интегрираше и сегментот на туризмот, нагласувајќи ги приоритетите во работењето кои се во насока на развој на културен туризам – манастирски, спортски туризам и слично. Министерот Љутков истакна дека имаме ресурси и желба да го развиваме туризмот кај нас, а искуствата на Хрватска, како една од водечките земји во областа на туризмот во светски рамки, ни се драгоцени и се од голема полза и значење за развој и поттикнување на македонскиот туристички потенцијал. Љутков го информираше својот хрватски колега за македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, за кој е предвидено својата надлежност да ја прошири и во областа на туризмот и образованието. Министерот Главина на средбата го презентираше начинот на функционирање на системот и управувачката рамка во областа на туризмот во Хрватска, каде што има шест закони кои ја засегаат оваа значајна област. Хрватскиот министер истакна дека нашата држава има автохтона понуда и ценовна конкурентна предност што треба да ја искористиме. Тој информираше дека во овој момент, Хрватска спроведува реформа на управувањето со туризмот, при што нивен фокус е развојот на одржливиот туризам, како и засилувањето на квалитетот на понудата и позиционирањето на Хрватска како дестинација за цела година. Министерот Главина додаде дека размената на искуствата и знаењата во оваа област, за нив е исклучително важна и, како што нагласи, „затоа сме среќни што отворивме низа теми кои можат да придонесат за јакнењето на туризмот во нашите земји“. Соговорниците се согласија дека е потребно активирање на Мешовитата комисија од областа на туризмот, која ќе биде одлична можност за споделување искуства и размена на практики во туристичката сфера. Во рамките на посетата на Хрватска, министерот за култура и туризам Љутков денеска оствари билатерална средба и со хрватската министерка за култура и медиуми, Нина Обуљен Коржинек, со која разговараа за можностите за унапредување на македонско-хрватските културни врски. Во текот на утрешниот ден, заедно со директорката Мими Ѓоргоска-Илиевска, ќе ги посети македонскиот Културно-информативен центар во Загреб и местото каде што е закопан Панко Брашнаров, а вечерта во Концертната сала „Лисински“ ќе присуствува на концерт на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“.  

The post Љутков во Загреб на средба со колегата Главина: Драгоцено ни е споделувањето на хрватското искуство во туризмот appeared first on Република.

]]>
Наградуваната претставата на Театарот за деца и младинци „Роња ќерка на ограбувачот” гостува во Загреб и Љубљана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nagraduvanata-pretstavata-na-teatarot-za-detsa-i-mladintsi-rona-kerka-na-ograbuvachot-gostuva-vo-zagreb-i-lublana/ Fri, 13 Sep 2024 08:44:57 +0000 https://republika.mk/?p=815919

Една од најнагадуваните претстави на Театарот за деца и младинци (ТДМ), „Роња, ќерката на ограбувачот“ гостува на Фестивалот ПИФ во Загреб на 15 септември, информираат од Театарот.

По Загреб, ТДМ, со истата претстава ќе гостува на 25 и 26 септември во Љубљана, на Фестивалот „Лутке“.

ТДМ со почетокот на новата сезона учестува и на 32. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица со претставата „Како ќе го делиме мачорот".

Од Театарот го најавуваат и Фесивот „Игор Маџиров“ на кои се домаќини и на кој ќе бидат прикажани одлични претстави од земјава и гостувања од од странство.

The post Наградуваната претставата на Театарот за деца и младинци „Роња ќерка на ограбувачот” гостува во Загреб и Љубљана appeared first on Република.

]]>

Една од најнагадуваните претстави на Театарот за деца и младинци (ТДМ), „Роња, ќерката на ограбувачот“ гостува на Фестивалот ПИФ во Загреб на 15 септември, информираат од Театарот. По Загреб, ТДМ, со истата претстава ќе гостува на 25 и 26 септември во Љубљана, на Фестивалот „Лутке“. ТДМ со почетокот на новата сезона учестува и на 32. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица со претставата „Како ќе го делиме мачорот". Од Театарот го најавуваат и Фесивот „Игор Маџиров“ на кои се домаќини и на кој ќе бидат прикажани одлични претстави од земјава и гостувања од од странство.

The post Наградуваната претставата на Театарот за деца и младинци „Роња ќерка на ограбувачот” гостува во Загреб и Љубљана appeared first on Република.

]]>
Театарот „Војдан Черднодрински“ вечерва со „Хамлет“ гостува во „Гавела“ во Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/teatarot-vojdan-cherdnodrinski-vecherva-so-hamlet-gostuva-vo-gavela-vo-zagreb/ Tue, 10 Sep 2024 08:52:05 +0000 https://republika.mk/?p=814843

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претствата „Хамлет“ од Шекспир, во режија на Бранко Брезовец гостува во Загреб. На 10 септември 2024 во театарот „Гавела“ ќе изведе две претстави. Гостувањето е во рамките на манифестацијата Еуријал 2024, која се одржува во два дела. Во есенскиот дел, отворањето на Еуријал 2024 е со претставата на нашиот театар, која отвора радикално, ново читање на Шекспировото ремек дело.

„Хамлет“ е работена според трагедијата на Вилијам Шекспир, со користење на драмите „Во малиот дворец“ на Станислав Игнациј Виткиевич и „Чест“ на Васил Иљоски. Режисер е Бранко Брезовец, за костимите е задолжена Сузана Брезовец. Во претставата играат Зоран Иваноски, Димитар Ѓорѓиевски, Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Марија Спиркоска Илијеска, Игор Трпчески, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Виолета Чакарова, Наташа Ачански и Ана Митоска.

Публиката ќе има можност во ова читање на Хамлет, да го проследи нагласениот конфликтот во и меѓу ликовите, стремежот за моќ и желбата за одмазда. И овој Хамлет е заплеткан во измами, манипулации и лудило. Меѓутоа, мотивите од Чест од В. Иљоски и Во малиот дворец од С. Виткиевич внесуваат уште позасилена атмосфера на сновидение и сосема неочекуван развој на комплексни односи и настани – се вели во образложението на претставата.

Театарот „Војдан Чернодрински неколку пати досега има гостувано во Загреб (со претставите „Антица “ и „Глембаеви, уште една легенда“) во рамките на фестивалот „Еуроказ“.

 

The post Театарот „Војдан Черднодрински“ вечерва со „Хамлет“ гостува во „Гавела“ во Загреб appeared first on Република.

]]>

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претствата „Хамлет“ од Шекспир, во режија на Бранко Брезовец гостува во Загреб. На 10 септември 2024 во театарот „Гавела“ ќе изведе две претстави. Гостувањето е во рамките на манифестацијата Еуријал 2024, која се одржува во два дела. Во есенскиот дел, отворањето на Еуријал 2024 е со претставата на нашиот театар, која отвора радикално, ново читање на Шекспировото ремек дело. „Хамлет“ е работена според трагедијата на Вилијам Шекспир, со користење на драмите „Во малиот дворец“ на Станислав Игнациј Виткиевич и „Чест“ на Васил Иљоски. Режисер е Бранко Брезовец, за костимите е задолжена Сузана Брезовец. Во претставата играат Зоран Иваноски, Димитар Ѓорѓиевски, Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Марија Спиркоска Илијеска, Игор Трпчески, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Виолета Чакарова, Наташа Ачански и Ана Митоска. Публиката ќе има можност во ова читање на Хамлет, да го проследи нагласениот конфликтот во и меѓу ликовите, стремежот за моќ и желбата за одмазда. И овој Хамлет е заплеткан во измами, манипулации и лудило. Меѓутоа, мотивите од Чест од В. Иљоски и Во малиот дворец од С. Виткиевич внесуваат уште позасилена атмосфера на сновидение и сосема неочекуван развој на комплексни односи и настани – се вели во образложението на претставата. Театарот „Војдан Чернодрински неколку пати досега има гостувано во Загреб (со претставите „Антица “ и „Глембаеви, уште една легенда“) во рамките на фестивалот „Еуроказ“.  

The post Театарот „Војдан Черднодрински“ вечерва со „Хамлет“ гостува во „Гавела“ во Загреб appeared first on Република.

]]>
Речиси цело одделение основци во Загреб се отпишале од училиштето поради еден насилен ученик https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rechisi-tselo-oddelenie-osnovtsi-vo-zagreb-se-otpishale-od-uchilishteto-poradi-eden-nasilen-uchenik/ Sun, 08 Sep 2024 19:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=814505

Речиси цело одделение во загрепското основно училиште летово се откажа од наставата, а само еден ученик почнува во четврто одделение.

Родителите беа принудени на овој чекор по повеќемесечно апелирање до сите институции да им помогнат да ја решат вознемирувачката и насилна ситуација што ја доживуваа нивните деца во паралелка заради еден ученик.

Нивните деца 4-то одделение ќе го започнат разделени во неколку други училишта, а најлошото, посочува нивниот правен застапник, е што насекаде наидоа на ѕид на тишина; никогаш не добиле официјални одговори на молбите и повиците за помош, пренесува ХРТ.

„Побаравме информација од училиштето, Градската просветна служба и Министерството за тоа како се планира наставата за новата учебна година. Сепак, до денес не добивме никакви информации. Да се ​​формира некаков тим, да се обидат, тоа се девет и десетгодишни деца, да им помогнат на овие деца во ситуација која се случила, која тие на ниту еден начин не ја предизвикале, ниту се виновни или одговорни. Но, ништо од тоа не се случи“, вели адвокатката Ана-Марија Вегар.

Таа вели дека е тажна и загрижена што во конкретниот случај проблемот не е решен.

„Според информациите кои ми стојат на располагање, во понеделник ќе се одржи состанок во ресорното министерство на кој ќе бидат присутни сите заинтересирани и се надевам дека ќе се постигне договор, односно дека оваа ситуација конечно ќе биде решен“, изјави обвинителот за децата на Хеленац.Пирнат Драгичевиќ за Хрватското радио.

The post Речиси цело одделение основци во Загреб се отпишале од училиштето поради еден насилен ученик appeared first on Република.

]]>

Речиси цело одделение во загрепското основно училиште летово се откажа од наставата, а само еден ученик почнува во четврто одделение. Родителите беа принудени на овој чекор по повеќемесечно апелирање до сите институции да им помогнат да ја решат вознемирувачката и насилна ситуација што ја доживуваа нивните деца во паралелка заради еден ученик. Нивните деца 4-то одделение ќе го започнат разделени во неколку други училишта, а најлошото, посочува нивниот правен застапник, е што насекаде наидоа на ѕид на тишина; никогаш не добиле официјални одговори на молбите и повиците за помош, пренесува ХРТ.
„Побаравме информација од училиштето, Градската просветна служба и Министерството за тоа како се планира наставата за новата учебна година. Сепак, до денес не добивме никакви информации. Да се ​​формира некаков тим, да се обидат, тоа се девет и десетгодишни деца, да им помогнат на овие деца во ситуација која се случила, која тие на ниту еден начин не ја предизвикале, ниту се виновни или одговорни. Но, ништо од тоа не се случи“, вели адвокатката Ана-Марија Вегар.
Таа вели дека е тажна и загрижена што во конкретниот случај проблемот не е решен.
„Според информациите кои ми стојат на располагање, во понеделник ќе се одржи состанок во ресорното министерство на кој ќе бидат присутни сите заинтересирани и се надевам дека ќе се постигне договор, односно дека оваа ситуација конечно ќе биде решен“, изјави обвинителот за децата на Хеленац.Пирнат Драгичевиќ за Хрватското радио.

The post Речиси цело одделение основци во Загреб се отпишале од училиштето поради еден насилен ученик appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Благодарност до Хрватска и Пленковиќ за поддршката на Македонија кон ЕУ, во иднина продолжува соработката меѓу двете држави https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-blagodarnost-do-hrvatska-i-plenkovik-za-poddrshkata-na-makedonija-kon-eu-vo-idnina-prodolzhuva-sorabotkata-megu-dvete-drzhavi/ Thu, 29 Aug 2024 10:56:41 +0000 https://republika.mk/?p=811178

За мене претставува голема чест и задоволство што еве денеска можам од овде од Загреб да се обратам како премиер на мојата прва билатерална посета и со големо задоволство можам да кажам дека на оваа прва билатерална посета помеѓу министерствата за образование и наука и Министерството за здравје беа потпишани билатерални договори со кои што значително ќе се подобрат односите на двете земји коишто се и онака би рекол братски, рече Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Загреб.

 

Сакам да се заблагодарам на мојот драг пријател премиерот на хрватската Влада, господинот Андреј Пленковиќ, за гостопримството, за убавиот разговор, за прекрасната атмосфера којашто ја имаме овде во Загреб. И убеден сум дека братските односи помеѓу македонските и хрватските граѓани и во иднина ќе бидат на едно исклучително високо ниво, а ние како две влади ќе продолжиме да работиме за зголемување на соработката помеѓу граѓаните на двете држави.

Благодарен сум за поддршката којашто ја добиваме од премиерот Пленковиќ, од министрите во хрватската Влада за евроинтегративните процеси, иако фрустрацијата и неправдата, којашто ни е нанесена како македонски граѓани, како држава е голема, бидејќи повеќе од две и пол децении се позади нас откако го почнавме овој пат, но за жал се уште сме во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на Европската Унија е голема. Но, се надевам дека како нова влада, со реформите коишто планираме да ги направиме најпрвин на домашен план, а потоа и во соработка со нашите пријатели, хрватската Влада, но и останатите пријатели коишто доаѓаат од земјите членки на Европската Унија, конечно таа неправда после повеќе од или би рекол скоро две и пол децении од денеска ќе биде исправена и македонските граѓани ќе можат да бидат заедно со европските граѓани како дел од големото европско семејство.

Убеден сум дека вредностите коишто пред многу децении Шуман, Аденауер и Де Гаспери ги имаат дефинирано како европски вредности, европските граѓани и политичари ќе ги споделуваат во иднина и дека нема да бидеме жртви на билатерални спорови во нашиот пат кон целосна интеграција во рамките на Европската Унија.

И сосема на крај би сакал да напоменам дека се осврнавме уште на неколку заеднички теми, коишто се од огромно значење за двете држави, меѓу кои и економската соработка којашто во овој момент изнесува нешто повеќе од три стотини милиони долари на годишно ниво. Има простор за напредок, голем број македонски, голем број хрватски фирми се присутни на заедничките пазари, а зошто да не во иднина заедно настапуваат на трети пазари. Тоа е суштината на пријателските односи, кога покрај политичките и граѓанските релации ќе имаме и бизнис релации кога заедно ќе настапуваме во конзорциум на трети пазари и на тој начин ќе можеме да додадеме вредност во економиите на двете земји.

Јас апсолутно верувам дека заедно со мојот драг пријател Андреј ќе направиме многу за нашите две братски нации и дека тоа што до сега е ниво постигнато во нашите меѓусебни односи само ќе биде еден почеток на уште подобро градење на заедничките односи.

Во таа насока се заблагодарувам многу за поддршката којашто ја дава тој лично, но и хрватската Влада, во евроинтегративниот процес на нас како држава, како народ, како граѓани, но истовремено сигурен сум дека и на другите полиња меѓу кои и реформите во правосудството, реформите коишто се во другите области, исто така, ќе можеме заеднички да соработуваме и да ги црпиме хрватските искуства.

Уште еднаш претседателе Пленковиќ ви благодарам на прекрасниот пречек овде во Загреб.

The post Мицкоски: Благодарност до Хрватска и Пленковиќ за поддршката на Македонија кон ЕУ, во иднина продолжува соработката меѓу двете држави appeared first on Република.

]]>

За мене претставува голема чест и задоволство што еве денеска можам од овде од Загреб да се обратам како премиер на мојата прва билатерална посета и со големо задоволство можам да кажам дека на оваа прва билатерална посета помеѓу министерствата за образование и наука и Министерството за здравје беа потпишани билатерални договори со кои што значително ќе се подобрат односите на двете земји коишто се и онака би рекол братски, рече Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Загреб.  
Сакам да се заблагодарам на мојот драг пријател премиерот на хрватската Влада, господинот Андреј Пленковиќ, за гостопримството, за убавиот разговор, за прекрасната атмосфера којашто ја имаме овде во Загреб. И убеден сум дека братските односи помеѓу македонските и хрватските граѓани и во иднина ќе бидат на едно исклучително високо ниво, а ние како две влади ќе продолжиме да работиме за зголемување на соработката помеѓу граѓаните на двете држави. Благодарен сум за поддршката којашто ја добиваме од премиерот Пленковиќ, од министрите во хрватската Влада за евроинтегративните процеси, иако фрустрацијата и неправдата, којашто ни е нанесена како македонски граѓани, како држава е голема, бидејќи повеќе од две и пол децении се позади нас откако го почнавме овој пат, но за жал се уште сме во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на Европската Унија е голема. Но, се надевам дека како нова влада, со реформите коишто планираме да ги направиме најпрвин на домашен план, а потоа и во соработка со нашите пријатели, хрватската Влада, но и останатите пријатели коишто доаѓаат од земјите членки на Европската Унија, конечно таа неправда после повеќе од или би рекол скоро две и пол децении од денеска ќе биде исправена и македонските граѓани ќе можат да бидат заедно со европските граѓани како дел од големото европско семејство. Убеден сум дека вредностите коишто пред многу децении Шуман, Аденауер и Де Гаспери ги имаат дефинирано како европски вредности, европските граѓани и политичари ќе ги споделуваат во иднина и дека нема да бидеме жртви на билатерални спорови во нашиот пат кон целосна интеграција во рамките на Европската Унија. И сосема на крај би сакал да напоменам дека се осврнавме уште на неколку заеднички теми, коишто се од огромно значење за двете држави, меѓу кои и економската соработка којашто во овој момент изнесува нешто повеќе од три стотини милиони долари на годишно ниво. Има простор за напредок, голем број македонски, голем број хрватски фирми се присутни на заедничките пазари, а зошто да не во иднина заедно настапуваат на трети пазари. Тоа е суштината на пријателските односи, кога покрај политичките и граѓанските релации ќе имаме и бизнис релации кога заедно ќе настапуваме во конзорциум на трети пазари и на тој начин ќе можеме да додадеме вредност во економиите на двете земји. Јас апсолутно верувам дека заедно со мојот драг пријател Андреј ќе направиме многу за нашите две братски нации и дека тоа што до сега е ниво постигнато во нашите меѓусебни односи само ќе биде еден почеток на уште подобро градење на заедничките односи. Во таа насока се заблагодарувам многу за поддршката којашто ја дава тој лично, но и хрватската Влада, во евроинтегративниот процес на нас како држава, како народ, како граѓани, но истовремено сигурен сум дека и на другите полиња меѓу кои и реформите во правосудството, реформите коишто се во другите области, исто така, ќе можеме заеднички да соработуваме и да ги црпиме хрватските искуства. Уште еднаш претседателе Пленковиќ ви благодарам на прекрасниот пречек овде во Загреб.

The post Мицкоски: Благодарност до Хрватска и Пленковиќ за поддршката на Македонија кон ЕУ, во иднина продолжува соработката меѓу двете држави appeared first on Република.

]]>
Засилени безбедносни мерки пред концертот на Ед Ширан во Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zasileni-bezbednosni-merki-pred-kontsertot-na-ed-shiran-vo-zagreb/ Thu, 08 Aug 2024 18:42:24 +0000 https://republika.mk/?p=804738

Службите за безбедност се подготвуваат за големиот концерт на Ед Ширан во Загреб, а ТВ „Дневник Нова“ дознава дека ќе се подигне нивото на безбедност.

Поради нападот што беше спречен во Виена, нивото на безбедност ќе биде зголемено пред концертот во Загреб, потврдуваат од СОА. Подготвени се, но јавно не го соопштуваат бројот на луѓе кои ќе работат на обезбедување.

Полицијата ќе пристигне со специјално обучена екипа задолжена за пронаоѓање на експлозив, па целото подрачје ќе биде темелно претресено. Пожарникарите веќе го обиколија теренот без публика, а на концертот ќе дежураат со возила за гаснење и патролирање.

„Имаме повеќе од стотина противпожарни апарати на самата локација. Самата локација е мал град. Всушност, не е мал, туку вистински град“, рече командантот на ЈВП Загреб, Синиша Џембрих.

„Хрватскиот безбедносен сектор досега безброј пати го покажа своето знаење и вештина за обезбедување и завршување на собири на високо безбедносно ниво, и верувам дека тоа ќе биде случај“, истакнал експертот за безбедност Боно Марјановиќ.

The post Засилени безбедносни мерки пред концертот на Ед Ширан во Загреб appeared first on Република.

]]>

Службите за безбедност се подготвуваат за големиот концерт на Ед Ширан во Загреб, а ТВ „Дневник Нова“ дознава дека ќе се подигне нивото на безбедност. Поради нападот што беше спречен во Виена, нивото на безбедност ќе биде зголемено пред концертот во Загреб, потврдуваат од СОА. Подготвени се, но јавно не го соопштуваат бројот на луѓе кои ќе работат на обезбедување. Полицијата ќе пристигне со специјално обучена екипа задолжена за пронаоѓање на експлозив, па целото подрачје ќе биде темелно претресено. Пожарникарите веќе го обиколија теренот без публика, а на концертот ќе дежураат со возила за гаснење и патролирање. „Имаме повеќе од стотина противпожарни апарати на самата локација. Самата локација е мал град. Всушност, не е мал, туку вистински град“, рече командантот на ЈВП Загреб, Синиша Џембрих. „Хрватскиот безбедносен сектор досега безброј пати го покажа своето знаење и вештина за обезбедување и завршување на собири на високо безбедносно ниво, и верувам дека тоа ќе биде случај“, истакнал експертот за безбедност Боно Марјановиќ.

The post Засилени безбедносни мерки пред концертот на Ед Ширан во Загреб appeared first on Република.

]]>
Во Загреб од Легионерска болест починаа тројца пациенти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-zagreb-od-legionerska-bolest-pochinaa-trojtsa-patsienti/ Tue, 18 Jun 2024 14:05:55 +0000 https://republika.mk/?p=788810

Хрватските медиуми денеска објавија дека тројца од пет пациенти заразени со легионелоза починале во загрепскиот Клинички болнички центар (КБЦ).

Претходно, КБЦ соопшти дека заразените пациенти во загрепската болница се тешко болни и дека легионелозата драстично им ја влошила нивната состојбата.

Легионолезата или Легионарската болест е инфекција на белите дробови (пневмонија) предизвикана од бактерии од фамилијата Легионела.

Бактеријата Легионела пневмофилија обично се наоѓа во водените извори со температура која се движи помеѓу 35 до 46 степени Целзиусови, а една друга бактерија од фамилијата Легионела, Легионела лонгбеацае најчесто се наоѓа во почвата и во земјата за садење растенија.

Легионерската болест најчесто предизвикува температура, треска и кашлица, како и болки во мускулите, главоболка, замор, губење на апетитот и дијареја. Легионерската болест понекогаш може да биде смртоносна.

The post Во Загреб од Легионерска болест починаа тројца пациенти appeared first on Република.

]]>

Хрватските медиуми денеска објавија дека тројца од пет пациенти заразени со легионелоза починале во загрепскиот Клинички болнички центар (КБЦ). Претходно, КБЦ соопшти дека заразените пациенти во загрепската болница се тешко болни и дека легионелозата драстично им ја влошила нивната состојбата. Легионолезата или Легионарската болест е инфекција на белите дробови (пневмонија) предизвикана од бактерии од фамилијата Легионела. Бактеријата Легионела пневмофилија обично се наоѓа во водените извори со температура која се движи помеѓу 35 до 46 степени Целзиусови, а една друга бактерија од фамилијата Легионела, Легионела лонгбеацае најчесто се наоѓа во почвата и во земјата за садење растенија. Легионерската болест најчесто предизвикува температура, треска и кашлица, како и болки во мускулите, главоболка, замор, губење на апетитот и дијареја. Легионерската болест понекогаш може да биде смртоносна.

The post Во Загреб од Легионерска болест починаа тројца пациенти appeared first on Република.

]]>
Во Загреб се хоспитализирани пет лица заразени со легионела, двајца се во тешка состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-zagreb-se-hospitalizirani-pet-litsa-zarazeni-so-legionela-dvajtsa-se-vo-teshka-sostojba/ Tue, 18 Jun 2024 10:53:59 +0000 https://republika.mk/?p=788726

Пет лица се заразени со легионела во болницата „Ребро“ во Загреб, од кои двајца се во тешка состојба. Сите се згрижени во Загребската клиничка болница.

Бидејќи инфекцијата со легионела била потврдена кај пет пациенти, од кои двајца се во тешка состојба, започнала истрага за потеклото на инфекцијата. Познато е дека легионела може да се шири од клима уреди или вода.

Легионерската болест е атипична пневмонија предизвикана од бактерии. Се третира со антибиотици, азитромицин, кинолони или рифампицин.

Веднаш го алармиравме Хрватскиот завод за јавно здравје, кој ги направи сите анализи. Во моментов во тек е пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата“, изјави проф.д-р. Миливој Новак, помошник директор за квалитет за „Јутарњи лист“.

Пет пациенти покажале симптоми на болеста, од кои двајца се во тешка состојба, јавува Н1 Загреб.

„Тоа се пациенти кои се сериозно болни од основна болест, па легионелата драстично ја влоши нивната состојба“, посочи Новак.

 

The post Во Загреб се хоспитализирани пет лица заразени со легионела, двајца се во тешка состојба appeared first on Република.

]]>

Пет лица се заразени со легионела во болницата „Ребро“ во Загреб, од кои двајца се во тешка состојба. Сите се згрижени во Загребската клиничка болница. Бидејќи инфекцијата со легионела била потврдена кај пет пациенти, од кои двајца се во тешка состојба, започнала истрага за потеклото на инфекцијата. Познато е дека легионела може да се шири од клима уреди или вода. Легионерската болест е атипична пневмонија предизвикана од бактерии. Се третира со антибиотици, азитромицин, кинолони или рифампицин.
Веднаш го алармиравме Хрватскиот завод за јавно здравје, кој ги направи сите анализи. Во моментов во тек е пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата“, изјави проф.д-р. Миливој Новак, помошник директор за квалитет за „Јутарњи лист“.
Пет пациенти покажале симптоми на болеста, од кои двајца се во тешка состојба, јавува Н1 Загреб.
„Тоа се пациенти кои се сериозно болни од основна болест, па легионелата драстично ја влоши нивната состојба“, посочи Новак.
 

The post Во Загреб се хоспитализирани пет лица заразени со легионела, двајца се во тешка состојба appeared first on Република.

]]>
Мал спортски авион се урна кај Загреб, едно лице загина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mal-sportski-avion-se-urna-kaj-zagreb-edno-litse-zagina/ Sat, 25 May 2024 16:50:14 +0000 https://republika.mk/?p=781675

Мал спортски авион попладнево се урна кај Загреб, при што едно лице загина, а тројца ја преживеале несреќата, јави хрватскиот портал „24 сата“.

Авионот што се урна кај Загреб е лоциран, потврди хрватската полиција и соопшти дека се пружа помош на повредените.

„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегле на терен и ја потврдиле точноста на пријавата. Се укажува помош на повредените, а местото на настанот е обезбедено“, соопшти хрватската полиција.

The post Мал спортски авион се урна кај Загреб, едно лице загина appeared first on Република.

]]>

Мал спортски авион попладнево се урна кај Загреб, при што едно лице загина, а тројца ја преживеале несреќата, јави хрватскиот портал „24 сата“. Авионот што се урна кај Загреб е лоциран, потврди хрватската полиција и соопшти дека се пружа помош на повредените.
„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегле на терен и ја потврдиле точноста на пријавата. Се укажува помош на повредените, а местото на настанот е обезбедено“, соопшти хрватската полиција.

The post Мал спортски авион се урна кај Загреб, едно лице загина appeared first on Република.

]]>
Новородено бебе пронајдено во контејнер во близина на Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/novorodeno-bebe-pronajdeno-vo-kontejner-vo-blizina-na-zagreb/ Tue, 14 May 2024 10:35:08 +0000 https://republika.mk/?p=777914

Новородено бебе кое синоќа беше пронајдено во Запрешич кај Загреб завиткано во ќебе и фрлено во контејнер е надвор од животна опасност, потврдија за „Индекс“ од загрепската полиција.

Полицијата пријавата ја добила околу 23 часот. Новороденчето е пренесено во болница во Загреб.

Новороденчето било донесено во КБСД околу полноќ. Тој е во добра физичка состојба, со редовни витални функции и без знаци на надворешни повреди, велат од болницата.

Според првите информации, на местото каде што е пронајдено бебето имало и 15-годишно дете, кое побарало помош од минувачите, но полицијата ја демантираше оваа информација.

Полицијата се уште го истражува случајот и продолжува со утврдување на околностите и идентитетот на мајката.

The post Новородено бебе пронајдено во контејнер во близина на Загреб appeared first on Република.

]]>

Новородено бебе кое синоќа беше пронајдено во Запрешич кај Загреб завиткано во ќебе и фрлено во контејнер е надвор од животна опасност, потврдија за „Индекс“ од загрепската полиција. Полицијата пријавата ја добила околу 23 часот. Новороденчето е пренесено во болница во Загреб.
Новороденчето било донесено во КБСД околу полноќ. Тој е во добра физичка состојба, со редовни витални функции и без знаци на надворешни повреди, велат од болницата.
Според првите информации, на местото каде што е пронајдено бебето имало и 15-годишно дете, кое побарало помош од минувачите, но полицијата ја демантираше оваа информација. Полицијата се уште го истражува случајот и продолжува со утврдување на околностите и идентитетот на мајката.

The post Новородено бебе пронајдено во контејнер во близина на Загреб appeared first on Република.

]]>
Од 1 јуни Загреб воведува бесплатен јавен превоз за своите жители со над 65 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-1-juni-zagreb-voveduva-besplaten-javen-prevoz-za-svoite-zhiteli-so-nad-65-godini/ Mon, 08 Apr 2024 12:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=763831

Од 1 јуни право на бесплатен јавен превоз ќе имаат граѓаните кои живеат во Загреб кои имаат 65 години и повеќе, соопштија од Градот Загреб.

Со оглед на тоа што има речиси 160.000 мажи и жени од Загреб кои можат да го искористат ова право, овозможен е преоден период во кој бесплатното користење на транспортната услуга е можно по приложување на важечка лична карта која покажува престој во градот Загреб и дека корисниците наполниле 65 години.

Преодниот рок важи од 01.06.2024 година до 30.09.2024 година, а во наведениот период, мажите и жените од Загреб на возраст над 65 години ќе можат да подигнат бесплатен годишен купон со важност од 12 месеци.

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ изјави дека со тоа се олеснува мобилноста на старите лица и се намалуваат нивните трошоци за живот.

 

The post Од 1 јуни Загреб воведува бесплатен јавен превоз за своите жители со над 65 години appeared first on Република.

]]>

Од 1 јуни право на бесплатен јавен превоз ќе имаат граѓаните кои живеат во Загреб кои имаат 65 години и повеќе, соопштија од Градот Загреб. Со оглед на тоа што има речиси 160.000 мажи и жени од Загреб кои можат да го искористат ова право, овозможен е преоден период во кој бесплатното користење на транспортната услуга е можно по приложување на важечка лична карта која покажува престој во градот Загреб и дека корисниците наполниле 65 години. Преодниот рок важи од 01.06.2024 година до 30.09.2024 година, а во наведениот период, мажите и жените од Загреб на возраст над 65 години ќе можат да подигнат бесплатен годишен купон со важност од 12 месеци. Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ изјави дека со тоа се олеснува мобилноста на старите лица и се намалуваат нивните трошоци за живот.  

The post Од 1 јуни Загреб воведува бесплатен јавен превоз за своите жители со над 65 години appeared first on Република.

]]>
„Мала изложба за мечтаење“ – самостојна изложба на Дарко Алексовски во Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mala-izlozhba-za-mechtaene-samostojna-izlozhba-na-darko-aleksovski-vo-zagreb/ Fri, 01 Mar 2024 08:12:33 +0000 https://republika.mk/?p=748768

На 1 март во 19 часот во поп-ап галеријата „Гаража Камба“ во Загреб ќе се отвори „Mala izložba za sanjarenje“ (Мала изложба за мечтаење) – самостојна изложба на Дарко Алексовски. Кураторка на изложбата е Сара Микелиќ. Изложбата е поделена на три меѓусебно поврзани сегменти: дванаесетте претходни изданија на „Мал прирачник за мечтаење“, ново издание реализирано во соработка со Стела Микулин и Жељко Бељан, како и дела создадени на партиципативна работилница за фанзини, која ќе се одржи на 28 февруари во просторот на галеријата.

 

„Мал прирачник за мечтаење“ е серија самостојно издадени фанзини на Дарко Алексовски преку кои тој истражува еден постојано променлив светоглед, како и мечтаењето за одредени места, предмети и ситуации каде што имагинацијата се испреплетува со нашите сеќавања. Изложбата е проширување на оваа мала серија публикации како начин за изразување преку различни визуелни и наративни методи. Појдовна точка за пронаоѓање и раскажување приказни во овие дела се утописки концепти, како на пример „пејзажи на восхитот“ (анг. landscapes of astonishment) предложен од Хозе Естебан Муњоз како начин да се „надминат ограничувањата на отуѓувачката сегашност [која] овозможува да се види различно време и место“, и „агорафилија“ (анг. agoraphilia) предложен од Пол Б. Пресиадо како љубовна страст предизвикана од град каде што материјалните граници помеѓу градските улици и телото стануваат толку нејасни што „мапата станува анатомија“.

Проектот има важен колаборативен и партиципативен аспект преку кој Алексовски поканува други уметници да предложат визуелни или пишани материјали за одредено издание. Уметниците Ивана Спироска, Симона Манчева и Џан Демир гостуваа во четвртиот, петтиот и единаесеттиот број, а партиципативните изданија се реализираат во рамки на работилници за фанзини.

 

 

The post „Мала изложба за мечтаење“ – самостојна изложба на Дарко Алексовски во Загреб appeared first on Република.

]]>

На 1 март во 19 часот во поп-ап галеријата „Гаража Камба“ во Загреб ќе се отвори „Mala izložba za sanjarenje“ (Мала изложба за мечтаење) – самостојна изложба на Дарко Алексовски. Кураторка на изложбата е Сара Микелиќ. Изложбата е поделена на три меѓусебно поврзани сегменти: дванаесетте претходни изданија на „Мал прирачник за мечтаење“, ново издание реализирано во соработка со Стела Микулин и Жељко Бељан, како и дела создадени на партиципативна работилница за фанзини, која ќе се одржи на 28 февруари во просторот на галеријата.

 

„Мал прирачник за мечтаење“ е серија самостојно издадени фанзини на Дарко Алексовски преку кои тој истражува еден постојано променлив светоглед, како и мечтаењето за одредени места, предмети и ситуации каде што имагинацијата се испреплетува со нашите сеќавања. Изложбата е проширување на оваа мала серија публикации како начин за изразување преку различни визуелни и наративни методи. Појдовна точка за пронаоѓање и раскажување приказни во овие дела се утописки концепти, како на пример „пејзажи на восхитот“ (анг. landscapes of astonishment) предложен од Хозе Естебан Муњоз како начин да се „надминат ограничувањата на отуѓувачката сегашност [која] овозможува да се види различно време и место“, и „агорафилија“ (анг. agoraphilia) предложен од Пол Б. Пресиадо како љубовна страст предизвикана од град каде што материјалните граници помеѓу градските улици и телото стануваат толку нејасни што „мапата станува анатомија“.

Проектот има важен колаборативен и партиципативен аспект преку кој Алексовски поканува други уметници да предложат визуелни или пишани материјали за одредено издание. Уметниците Ивана Спироска, Симона Манчева и Џан Демир гостуваа во четвртиот, петтиот и единаесеттиот број, а партиципативните изданија се реализираат во рамки на работилници за фанзини.

   

The post „Мала изложба за мечтаење“ – самостојна изложба на Дарко Алексовски во Загреб appeared first on Република.

]]>
Трагедија во Загреб: Син загина во пожар, таткото спасен од пожарникарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tragedija-vo-zagreb-sin-zagina-vo-pozhar-tatkoto-spasen-od-pozharnikarite/ Wed, 14 Feb 2024 21:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=744224

Загрепската полиција ги истражува причините за пожарот во куќата на Максимир, во кој синоќа едно лице загина, а друго е повредено.

Според првите полициски информации, пожарот, синоќа, околу 23 часот избувнал во семејната куќа во улицата Зелени кут од засега неутврдена причина, пишува „Индекс.хр“.

Едното лице во безживотна состојба е изнесено од куќата, а на другото, поради вдишување чад, му била укажана лекарска помош во КБЦ Загреб, соопшти кусо загрепската полиција. Во тек е истрага по што ќе се знаат повеќе информации за пожарот, односно како точно се случил, пренесуваат хрватските медиуми.

„Н1“ неофицијално дознава дека настрадал синот на сопственикот на куќата, а сопственикот е повреден. Пожарникарите биле повикани од соседите кога забележале дека гори куќа на нивната улица.

The post Трагедија во Загреб: Син загина во пожар, таткото спасен од пожарникарите appeared first on Република.

]]>

Загрепската полиција ги истражува причините за пожарот во куќата на Максимир, во кој синоќа едно лице загина, а друго е повредено. Според првите полициски информации, пожарот, синоќа, околу 23 часот избувнал во семејната куќа во улицата Зелени кут од засега неутврдена причина, пишува „Индекс.хр“. Едното лице во безживотна состојба е изнесено од куќата, а на другото, поради вдишување чад, му била укажана лекарска помош во КБЦ Загреб, соопшти кусо загрепската полиција. Во тек е истрага по што ќе се знаат повеќе информации за пожарот, односно како точно се случил, пренесуваат хрватските медиуми. „Н1“ неофицијално дознава дека настрадал синот на сопственикот на куќата, а сопственикот е повреден. Пожарникарите биле повикани од соседите кога забележале дека гори куќа на нивната улица.

The post Трагедија во Загреб: Син загина во пожар, таткото спасен од пожарникарите appeared first on Република.

]]>
Протест на хрватските новинари во Загреб и Сплит https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/protest-na-hrvatskite-novinari-vo-zagreb-i-split/ Wed, 31 Jan 2024 14:20:06 +0000 https://republika.mk/?p=739082

Хрватското новинарско здружение (ХНД) денеска организираше протестни маршеви во Загреб и во Сплит поради новиот Закон за медиуми, кој предвидува казнување на лицата кои даваат информнации од истрагите.

Според актуелниот предлог за измени на Кривичниот законик неовластеното објавување на содржината на истражното или доказното дејствие во фаза на истражна постапка станува кривично дело.

 ХНД бара „lex AP“, законот за опасни намери, односно членот 307а да се отфрли во целост. Не се откажуваме од тоа. Верувајте ни, нема да ни биде напор да дојдеме повторно овде ако не дојдете, истакна претседателот на ХНД, Хрвое Зовко.

Премиерот Андреј Пленковиќ и министерот за правда Иван Маленица вчера најавија дека на второто читање на измените на законот, Владата ќе додаде одредба за неможност за казнување доколку се работи за информации објавени од главен јавен интерес.

Вчерашната парада со промени во пет до 12 не е ништо друго туку евтин политички трик, со кој Пленковиќ и власта се обидоа да го побијат аргументот на оправдани критики од новинарите и од сите на кои им е важно што живееме во фер и праведно општество, посочи Зовко.

Иако според овој закон новинарите не можат да бидат казнети, Зовко предупреди дека новинарите сепак ќе можат да бидат малтретирани.

Ако се замолчат свиркачите, граѓаните никогаш нема да дознаат за некои криминални дела, наведе Зовко.

Претседателката на Европската федерација на новинари и на Синдикатот на хрватските новинари, Маја Север изјави дека е неприфатлива „ароганцијата и цинизмот со кој претставниците на оваа власт се однесуваат кон професијата, новинарството, јавниот интерес и граѓаните“.

The post Протест на хрватските новинари во Загреб и Сплит appeared first on Република.

]]>

Хрватското новинарско здружение (ХНД) денеска организираше протестни маршеви во Загреб и во Сплит поради новиот Закон за медиуми, кој предвидува казнување на лицата кои даваат информнации од истрагите. Според актуелниот предлог за измени на Кривичниот законик неовластеното објавување на содржината на истражното или доказното дејствие во фаза на истражна постапка станува кривично дело.
 ХНД бара „lex AP“, законот за опасни намери, односно членот 307а да се отфрли во целост. Не се откажуваме од тоа. Верувајте ни, нема да ни биде напор да дојдеме повторно овде ако не дојдете, истакна претседателот на ХНД, Хрвое Зовко.
Премиерот Андреј Пленковиќ и министерот за правда Иван Маленица вчера најавија дека на второто читање на измените на законот, Владата ќе додаде одредба за неможност за казнување доколку се работи за информации објавени од главен јавен интерес.
Вчерашната парада со промени во пет до 12 не е ништо друго туку евтин политички трик, со кој Пленковиќ и власта се обидоа да го побијат аргументот на оправдани критики од новинарите и од сите на кои им е важно што живееме во фер и праведно општество, посочи Зовко.
Иако според овој закон новинарите не можат да бидат казнети, Зовко предупреди дека новинарите сепак ќе можат да бидат малтретирани.
Ако се замолчат свиркачите, граѓаните никогаш нема да дознаат за некои криминални дела, наведе Зовко.
Претседателката на Европската федерација на новинари и на Синдикатот на хрватските новинари, Маја Север изјави дека е неприфатлива „ароганцијата и цинизмот со кој претставниците на оваа власт се однесуваат кон професијата, новинарството, јавниот интерес и граѓаните“.

The post Протест на хрватските новинари во Загреб и Сплит appeared first on Република.

]]>
Oд екс-ју градовите само Загреб е позапуштен од Скопје, Белград е вистинска метропола https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/od-eks-ju-gradovite-samo-zagreb-e-pozapushten-od-skopje-belgrad-e-vistinska-metropola/ Tue, 12 Dec 2023 19:59:08 +0000 https://republika.mk/?p=722206

Лошото водење на градот не е карактеристично само за Скопје.Од главните градови во поранешна Југославија, и Загреб како нашиот град е во очајна состојба и оставен практично без раководство.

Жителите на Загреб на социјалните мрежи споделуваат фотографии споделуваат од нивниот град за кој велат дека не го паметат вака валкан и запуштен.

Ѓубре на сите страни, раскопани улици, очаен градски превоз. Наместо нови трамваји беа донесени 20 години стари од германскиот град Аузбург. Ова ви звучи познато нели?

Тоа е така од доаѓањето на чело на градот на актуелниот градоначалник Томислав Томашевиќ.Овој 42 годишен еколошки  активист дојде на чело на градот од НВО секторот без никакво искуство. Претходно беше член на движењето УРС.

Сосема друга била сликата на Загреб додека на чело бил Милан Бандиќ кој почина пред неколку години. Тогаш градот блескал но тоа не им одговарало на многумина.

За способноста на Бандиќ вчера проговори и претседателот на Србија  Вучиќ, кој рече дека пред неколку години бил во Белград и бил воодушевен што изгледа како вистина метропола. Дури и сакал да прави „Загреб на вода“, налик на истиот проект во Белград кој го препороди градот и донесе многу странски туристи.

- Бандиќ беше во Белград во 2016 година. Се сретнавме и разговаравме за „Белград на вода“.Тој беше со сите наши разлики, снаодлив, херцеговец, вреден, способен. Веднаш ја фати приказната за Белград на вода и сакаше да го направи Загреб на вода-откри Вучиќ.

 

The post Oд екс-ју градовите само Загреб е позапуштен од Скопје, Белград е вистинска метропола appeared first on Република.

]]>

Лошото водење на градот не е карактеристично само за Скопје.Од главните градови во поранешна Југославија, и Загреб како нашиот град е во очајна состојба и оставен практично без раководство. Жителите на Загреб на социјалните мрежи споделуваат фотографии споделуваат од нивниот град за кој велат дека не го паметат вака валкан и запуштен. Ѓубре на сите страни, раскопани улици, очаен градски превоз. Наместо нови трамваји беа донесени 20 години стари од германскиот град Аузбург. Ова ви звучи познато нели? Тоа е така од доаѓањето на чело на градот на актуелниот градоначалник Томислав Томашевиќ.Овој 42 годишен еколошки  активист дојде на чело на градот од НВО секторот без никакво искуство. Претходно беше член на движењето УРС. Сосема друга била сликата на Загреб додека на чело бил Милан Бандиќ кој почина пред неколку години. Тогаш градот блескал но тоа не им одговарало на многумина. За способноста на Бандиќ вчера проговори и претседателот на Србија  Вучиќ, кој рече дека пред неколку години бил во Белград и бил воодушевен што изгледа како вистина метропола. Дури и сакал да прави „Загреб на вода“, налик на истиот проект во Белград кој го препороди градот и донесе многу странски туристи.
- Бандиќ беше во Белград во 2016 година. Се сретнавме и разговаравме за „Белград на вода“.Тој беше со сите наши разлики, снаодлив, херцеговец, вреден, способен. Веднаш ја фати приказната за Белград на вода и сакаше да го направи Загреб на вода-откри Вучиќ.
 

The post Oд екс-ју градовите само Загреб е позапуштен од Скопје, Белград е вистинска метропола appeared first on Република.

]]>
Нека види Данела: Еве како изгледа Зоолошката градина во Загреб https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/neka-vidi-danela-eve-kako-izgleda-zooloshkata-gradina-vo-zagreb/ Wed, 06 Dec 2023 21:55:42 +0000 https://republika.mk/?p=720473

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во Хрватска. Иако мала по површина, има неверојатно богати содржини и е вистинско уживање за посетителите. Датира од далечната 1925 година, се наоѓа на јужниот дел на Максимир и се простира на површина од седум хектари заедно со езерото, а 5,5 хектари е површината на копнениот дел. Во текот на годините, ЗОО Загреб се модернизира, а преку паметно искористување на ЕУ фондовите, стана вистинска успешна приказна.

„Ако имаш идеја, имаш се“ – ова е паролата која треба да важи за ЗОО Загреб, која е вистински пример за тоа како неверојатните идеи можат да се претворат во реалност, преку паметно искористување на ЕУ фондовите. ЗОО Загреб успеа да направи вистинско чудо – во рамки на Зоолошката градина изграден е објект за рехабилитација на ретки диви животни, има своевиден еко систем, едукативни центри, лаборатории, зачувување на редок вид речна желка, засолништа за птици, простор наменет за згрижување кучиња...

Заменик-директорката на ЗОО Загреб Даворка Маљковиќ, за МИА вели дека во претпристапниот период на Хрватска во ЕУ, во ЗОО Загреб се занимавале со активности кои подоцна им овозможиле да се пријавуваат за користење на ЕУ фондовите, како решавање на сопственост на земјиштето, легализација на сите објекти...

Понатаму, вели таа, изработиле програма на Установата за наредните десет години и комуникација со Градот Загреб, за ставање на нивните планови во развојните планови на Градот Загреб, како и изработка на проектна документација.

-Првата фаза на модернизација на ЗОО Загреб со ЕУ-кофинансирани проекти е реализирана од 2014 до 2016 година. Вредноста на проектот е 5 милиони евра и целокупниот буџет е искористен на просторот на Зоолошката градина. Со овој проект сакавме да го зајакнеме туристичкиот потенцијал на Градот Загреб, едукативниот потенцијал на Зоолошката градина и да воспоставиме поефикасно работење на Установата, изјави Маљковиќ за МИА.

Таа појаснува дека со овој проект се изградени и опремени нови објекти – Куќичка за африкански птици, живеалиште за далматински пеликани, Дарвинов и Рибарев мост, центар РОВ (ресторан, место за одмор, видиковец), Едукативен центар со мултифункционен плоштад, Источен влез, објект за сувенири со живеалиште за животни од Мадагаскар.

-Ставена е во функција централна котлара, при што како извор на енергија се користат пелети и е обезбеден енергетски ефикасен состав на греење. Од инфраструктурата обновена е северната и дел од јужната ограда на ЗОО. Ставена е во функција и Инфо куќичката за посетителите, уреден е островот на лебедите, а конзерваторски се уредени и Лавјиот мост со статуите на лавови и е изградена реплика на статута на Неаполскиот рибар, вели Маљковиќ и додава дека овој проект го подигнал квалитетот на просторот, квалитетот на сместување на животните, подобрување на квалитетот на понуда за посетителите и условите за работа на вработените.

Со оглед дека еден од најважните елементи на работа на ЗОО градините е заштита на животната средина, Маљковиќ посочува дека се воведени нови ИТ технологии наменети за едукација, но и современи технолошки решенија помалку штетни за околината, како  собирање дождовница за испирање на тоалетни чворови, зелени покриви и зелен ѕид, биофилтер за прочистување вода во базенот на африканските птици, соларни панели за загревање на вода.

-Позитивната слика која се изгради со проектот се однесува на почитување на сите стандарди и критериуми врзани со држење на диви животни во зоолошки градини, спроведување интензивна едукација на граѓаните за заштита на природата и животните, но и промовирање на вредностите на одржливиот развој, нагласува таа за МИА.

Вториот проект со кој се измени сликата на ЗОО Загреб, а кофинансиран од ЕУ фондови, е „Градски прозорци во природата – Модернизација 2“, што се одвивал од октомври 2018 до февруари 2023.

Со проектот вреден 4,6 милиони евра, од кои ЗОО Загреб искористил 1,85 милиони евра, се изградени - Интерпретациски центар на заштитена фауна на Хрватска (живеалиште за мечки со едукациски центар), приказ на водни живеалишта (живеалиште за дабари), поставка на микросвет на шумата на Максимир (постојана поставка со лабораторија), изградени се два пешачки моста и уредено и исчистено Првото максимирско езеро.

-Изградени се бројни едукативни материјали, печатени брошури и книги... Една од специфичностите на проектот е дел од вработените на ЈУ „Максимир“ и Установата ЗОО Загреб поминаа основен курс за знаковен јазик со цел подигнување на можноста за комуникација на лицата со оштетен слух, вели Маљковиќ за МИА.

Со проектот пак, „Рехабилитација на диви животни“, кофинансиран исто така од ЕУ фондови во вредност од три милиони евра, се гради нов објект внатре во ЗОО Загреб (Засолниште во Думовац) со летна куќичка која помага при оспособување на птиците за враќање во природата.

-Во приземниот дел се гради и се уредува простор наменет за згрижување кучиња – поединечно држење и нов простор за изолација. Вкупно ќе има 42 одвоени простори. Ваквиот објект служи за згрижување на напуштени и изгубени кучиња, кучиња кои се предмет на разни постапки (судски, инспекциски...) и оние кои се одземени од физички и правни лица при разни интервенции на бројни служби (комунални редари, МВР, центри за социјална работа...), вели Маљковиќ.

Додава дека во склоп на зградата ќе бидат ставени во функција следните содржини: изолација за кучиња (поголем број боксови), простор за подготовка на храна, простор за пружање ветеринарска грижа со лекови и друго.

-На првиот кат се сместени простории на самата рехабилитација со која се унапредува составот на згрижување на диви животни. Од регионите на цела Хрватска ќе се згрижуваат строго заштитени видови, како и видови од илегален прекуграничен транспорт. Исто така, од просторот на Градот Загреб ќе се згрижуваат и сите останати диви видови животни на кои им е потребна помош, појаснува таа.

На највисокиот дел на објектот се поставуваат фотоволтаици („сончева електрана“) со јачина од 38,43 KW за производство на електрична енергија, со цел придонес кон заштита на природата и околината со користење обновливи извори на енергија.

Со проектот е набавена ветеринарна опрема, опрема и возило за служба за заловување, ИТ опрема и опрема за означување на животните кои се враќаат во природата. Исто така се одвива и едукација на работниците.

ЗОО Загреб придонесува и за зачувување на реткиот вид желка, во рамки на проектот „Life for Mauremys – Речна желка - зачувување на оклопни видови медитерански и влажни живеалишта во Дубровачко-неретванската жупанија“, проект од 2,1 милиони евра, од кои 60 отсто кофинансиран од ЕУ фондовите (1,2 милиони евра).

-Речната желка спаѓа меѓу најзагрозените влекачи во овој дел на Европа. Во Хрватска каде што е строго заштитен вид, распространетоста и е ограничена на јужниот дел на земјата. Иако речната желка населува широк распон на слатководни живеалишта, со неодамнешното истражување е забележан драстичен пад на бројноста на популацијата во споредба со податоците од 80-те години на минатиот век, вели Маљковиќ.

Во рамки на проектот LIFE for Mauremys ќе се подобри квалитетот на живеалиштата на речната желка. Најкритична е популацијата на речната желка во Стонско поле, при што таа ќе се обиде да зајакне.

Во Зоолошката градина на Градот Загреб ќе се воспостави и имплементира програма за размножување за овие желки, а ќе се изгради и уреди посебен простор и ќе се направат посебни протоколи. Младенчињата, изведени во Загреб, ќе бидат пуштени во обновено и осигурано живеалиште на речна желка во Дубровачко-неретванската жупанија. Вкупно е предвидено во природа да се пуштат 40 младенчиња. Во изработка е и анимиран филм за важноста на зачувување на речната желка.

Кога заминувавме од загрепската Зоолошка градина, воодушевени од уреденоста и хармонијата на целиот тој микросвет, пријателски не испратија кафената мечка, црвената панда и веселата фока

The post Нека види Данела: Еве како изгледа Зоолошката градина во Загреб appeared first on Република.

]]>

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во Хрватска. Иако мала по површина, има неверојатно богати содржини и е вистинско уживање за посетителите. Датира од далечната 1925 година, се наоѓа на јужниот дел на Максимир и се простира на површина од седум хектари заедно со езерото, а 5,5 хектари е површината на копнениот дел. Во текот на годините, ЗОО Загреб се модернизира, а преку паметно искористување на ЕУ фондовите, стана вистинска успешна приказна. „Ако имаш идеја, имаш се“ – ова е паролата која треба да важи за ЗОО Загреб, која е вистински пример за тоа како неверојатните идеи можат да се претворат во реалност, преку паметно искористување на ЕУ фондовите. ЗОО Загреб успеа да направи вистинско чудо – во рамки на Зоолошката градина изграден е објект за рехабилитација на ретки диви животни, има своевиден еко систем, едукативни центри, лаборатории, зачувување на редок вид речна желка, засолништа за птици, простор наменет за згрижување кучиња... Заменик-директорката на ЗОО Загреб Даворка Маљковиќ, за МИА вели дека во претпристапниот период на Хрватска во ЕУ, во ЗОО Загреб се занимавале со активности кои подоцна им овозможиле да се пријавуваат за користење на ЕУ фондовите, како решавање на сопственост на земјиштето, легализација на сите објекти... Понатаму, вели таа, изработиле програма на Установата за наредните десет години и комуникација со Градот Загреб, за ставање на нивните планови во развојните планови на Градот Загреб, како и изработка на проектна документација. -Првата фаза на модернизација на ЗОО Загреб со ЕУ-кофинансирани проекти е реализирана од 2014 до 2016 година. Вредноста на проектот е 5 милиони евра и целокупниот буџет е искористен на просторот на Зоолошката градина. Со овој проект сакавме да го зајакнеме туристичкиот потенцијал на Градот Загреб, едукативниот потенцијал на Зоолошката градина и да воспоставиме поефикасно работење на Установата, изјави Маљковиќ за МИА. Таа појаснува дека со овој проект се изградени и опремени нови објекти – Куќичка за африкански птици, живеалиште за далматински пеликани, Дарвинов и Рибарев мост, центар РОВ (ресторан, место за одмор, видиковец), Едукативен центар со мултифункционен плоштад, Источен влез, објект за сувенири со живеалиште за животни од Мадагаскар.
-Ставена е во функција централна котлара, при што како извор на енергија се користат пелети и е обезбеден енергетски ефикасен состав на греење. Од инфраструктурата обновена е северната и дел од јужната ограда на ЗОО. Ставена е во функција и Инфо куќичката за посетителите, уреден е островот на лебедите, а конзерваторски се уредени и Лавјиот мост со статуите на лавови и е изградена реплика на статута на Неаполскиот рибар, вели Маљковиќ и додава дека овој проект го подигнал квалитетот на просторот, квалитетот на сместување на животните, подобрување на квалитетот на понуда за посетителите и условите за работа на вработените.
Со оглед дека еден од најважните елементи на работа на ЗОО градините е заштита на животната средина, Маљковиќ посочува дека се воведени нови ИТ технологии наменети за едукација, но и современи технолошки решенија помалку штетни за околината, како  собирање дождовница за испирање на тоалетни чворови, зелени покриви и зелен ѕид, биофилтер за прочистување вода во базенот на африканските птици, соларни панели за загревање на вода. -Позитивната слика која се изгради со проектот се однесува на почитување на сите стандарди и критериуми врзани со држење на диви животни во зоолошки градини, спроведување интензивна едукација на граѓаните за заштита на природата и животните, но и промовирање на вредностите на одржливиот развој, нагласува таа за МИА. Вториот проект со кој се измени сликата на ЗОО Загреб, а кофинансиран од ЕУ фондови, е „Градски прозорци во природата – Модернизација 2“, што се одвивал од октомври 2018 до февруари 2023. Со проектот вреден 4,6 милиони евра, од кои ЗОО Загреб искористил 1,85 милиони евра, се изградени - Интерпретациски центар на заштитена фауна на Хрватска (живеалиште за мечки со едукациски центар), приказ на водни живеалишта (живеалиште за дабари), поставка на микросвет на шумата на Максимир (постојана поставка со лабораторија), изградени се два пешачки моста и уредено и исчистено Првото максимирско езеро. -Изградени се бројни едукативни материјали, печатени брошури и книги... Една од специфичностите на проектот е дел од вработените на ЈУ „Максимир“ и Установата ЗОО Загреб поминаа основен курс за знаковен јазик со цел подигнување на можноста за комуникација на лицата со оштетен слух, вели Маљковиќ за МИА. Со проектот пак, „Рехабилитација на диви животни“, кофинансиран исто така од ЕУ фондови во вредност од три милиони евра, се гради нов објект внатре во ЗОО Загреб (Засолниште во Думовац) со летна куќичка која помага при оспособување на птиците за враќање во природата. -Во приземниот дел се гради и се уредува простор наменет за згрижување кучиња – поединечно држење и нов простор за изолација. Вкупно ќе има 42 одвоени простори. Ваквиот објект служи за згрижување на напуштени и изгубени кучиња, кучиња кои се предмет на разни постапки (судски, инспекциски...) и оние кои се одземени од физички и правни лица при разни интервенции на бројни служби (комунални редари, МВР, центри за социјална работа...), вели Маљковиќ. Додава дека во склоп на зградата ќе бидат ставени во функција следните содржини: изолација за кучиња (поголем број боксови), простор за подготовка на храна, простор за пружање ветеринарска грижа со лекови и друго. -На првиот кат се сместени простории на самата рехабилитација со која се унапредува составот на згрижување на диви животни. Од регионите на цела Хрватска ќе се згрижуваат строго заштитени видови, како и видови од илегален прекуграничен транспорт. Исто така, од просторот на Градот Загреб ќе се згрижуваат и сите останати диви видови животни на кои им е потребна помош, појаснува таа. На највисокиот дел на објектот се поставуваат фотоволтаици („сончева електрана“) со јачина од 38,43 KW за производство на електрична енергија, со цел придонес кон заштита на природата и околината со користење обновливи извори на енергија. Со проектот е набавена ветеринарна опрема, опрема и возило за служба за заловување, ИТ опрема и опрема за означување на животните кои се враќаат во природата. Исто така се одвива и едукација на работниците. ЗОО Загреб придонесува и за зачувување на реткиот вид желка, во рамки на проектот „Life for Mauremys – Речна желка - зачувување на оклопни видови медитерански и влажни живеалишта во Дубровачко-неретванската жупанија“, проект од 2,1 милиони евра, од кои 60 отсто кофинансиран од ЕУ фондовите (1,2 милиони евра). -Речната желка спаѓа меѓу најзагрозените влекачи во овој дел на Европа. Во Хрватска каде што е строго заштитен вид, распространетоста и е ограничена на јужниот дел на земјата. Иако речната желка населува широк распон на слатководни живеалишта, со неодамнешното истражување е забележан драстичен пад на бројноста на популацијата во споредба со податоците од 80-те години на минатиот век, вели Маљковиќ. Во рамки на проектот LIFE for Mauremys ќе се подобри квалитетот на живеалиштата на речната желка. Најкритична е популацијата на речната желка во Стонско поле, при што таа ќе се обиде да зајакне. Во Зоолошката градина на Градот Загреб ќе се воспостави и имплементира програма за размножување за овие желки, а ќе се изгради и уреди посебен простор и ќе се направат посебни протоколи. Младенчињата, изведени во Загреб, ќе бидат пуштени во обновено и осигурано живеалиште на речна желка во Дубровачко-неретванската жупанија. Вкупно е предвидено во природа да се пуштат 40 младенчиња. Во изработка е и анимиран филм за важноста на зачувување на речната желка. Кога заминувавме од загрепската Зоолошка градина, воодушевени од уреденоста и хармонијата на целиот тој микросвет, пријателски не испратија кафената мечка, црвената панда и веселата фока

The post Нека види Данела: Еве како изгледа Зоолошката градина во Загреб appeared first on Република.

]]>
Дино Имери во Загреб свиреше на историско пијано од марката „Плејел“ од 1911 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dino-imeri-vo-zagreb-svireshe-na-istorisko-pijano-od-markata-plejel-od-1911-godina/ Mon, 20 Nov 2023 09:52:49 +0000 https://republika.mk/?p=714319

Македонскиот пијанист Дино Имери синоќа одржа фантастичен солистички концерт во Загреб, Хрватска, во прекрасното здание на Државниот архив. Пред многубројната публика, Имери се претстави со изведба на романтичните и импресивни дела: „Ноктурно“ од Мануел Де Фаља, „Песни и танци“ бр. 1 и бр. 3 и „Млади девојки во градината“ од суитата „Сцени од детството“ од Фредерик Момпу, „Благородни и сентиментални валцери“ и „Alborada del gracioso“ од Морис Равел и „Кармен“ варијации од Ж. Бизе/В. Хоровиц.

Она што посебно интригираше во врска со овој настан, е што македонскиот пијанист свиреше на историскиот инструмент „Плејел“ од 1911 година, кој бил во сопственост на Светислав Станчич - таткото на хрватската пијанистичка педагогија и славен пијанист, кому специјално му го испорачале од Париз. Во внатрешноста на инструментот, има и автограм на Имери, што на целиот настан му даде посебна убавина.

Ова е мое четврто рецитално гостување во Загреб - град во кој често се слушаат изведбите на светските имиња на пијанизмот, но и центар на една многу сериозна пијанистичка школа. Сум настапувал во различни стадиуми од мојата кариера, од студентските денови па се до оваа зрела фаза и за сите тие посети можам да кажам дека секогаш чувствувам неверојатна топлина, љубов и вистинска предаденост од страна на верната публика која одново се враќа на моите концерти“, вели Дино Имери, по синоќешното концертирање кое имаше извонреден одзив.
„Тоа е огромен комплимент за мене особено затоа што станува збор за луѓе кои се постојано изложени на концерти од светски калибар - нешто кон кое се стремев уште во зората на мојата меѓународна кариера. Не беше различно и овој пат, се случи прекрасна музичка вечер и со нетрпение го чекам моето враќање во овој град“, додава Имери.

Инаку, пијаното на кое свиреше Имери, како што сведочат и наследниците на Станчич, има топлина, љубов и убавина – карактеристики кои ретко кој инструмент го поседува сам по себе. Правејќи паралела со познатата марка „Стенвеј“, велат дека по силниот и продорен звук на „Стенвеј“ на кој сме навикнати, кога ќе се слушне звукот на „Плејел“, на кој инаку, свирел и славниот Шопен, се чувствува дека тој „самиот од себе пее“. Неговите тонови се топли, нежни, а сепак, не им недостига силата на звукот за да го исполнат амбиентот.

Концертот на Дино Имери беше дел од Циклусот „Pleyel Svetislava Stančiča“, а организатор на настанот е уметничката организација „Кристофориум“, во соработка со Културно-информативниот центар на РСМ во Загреб. Уметничката организација „Кристофориум“, е основана во чест на италијанскиот градител на инструменти - Бартоломео Кристофориј.

Македонскиот пијанист Дино Имери до крајот на годината го очекуваат уште два значајни настани. На 24 ноември настапува во Ленгерих, Германија, во рамките на „Виртуозо фестивал“, додека на 4 декември, пак, во Скопје, во Камерната сала на Филхармонија на РСМ, ќе настапи заедно со македонската истакната диригентка Дијана Имери - Илкоска, а ќе го реализираат долгоочекуваниот проект „Музика и поезија - вечер со музиката на Шопен“.

The post Дино Имери во Загреб свиреше на историско пијано од марката „Плејел“ од 1911 година appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пијанист Дино Имери синоќа одржа фантастичен солистички концерт во Загреб, Хрватска, во прекрасното здание на Државниот архив. Пред многубројната публика, Имери се претстави со изведба на романтичните и импресивни дела: „Ноктурно“ од Мануел Де Фаља, „Песни и танци“ бр. 1 и бр. 3 и „Млади девојки во градината“ од суитата „Сцени од детството“ од Фредерик Момпу, „Благородни и сентиментални валцери“ и „Alborada del gracioso“ од Морис Равел и „Кармен“ варијации од Ж. Бизе/В. Хоровиц. Она што посебно интригираше во врска со овој настан, е што македонскиот пијанист свиреше на историскиот инструмент „Плејел“ од 1911 година, кој бил во сопственост на Светислав Станчич - таткото на хрватската пијанистичка педагогија и славен пијанист, кому специјално му го испорачале од Париз. Во внатрешноста на инструментот, има и автограм на Имери, што на целиот настан му даде посебна убавина.
Ова е мое четврто рецитално гостување во Загреб - град во кој често се слушаат изведбите на светските имиња на пијанизмот, но и центар на една многу сериозна пијанистичка школа. Сум настапувал во различни стадиуми од мојата кариера, од студентските денови па се до оваа зрела фаза и за сите тие посети можам да кажам дека секогаш чувствувам неверојатна топлина, љубов и вистинска предаденост од страна на верната публика која одново се враќа на моите концерти“, вели Дино Имери, по синоќешното концертирање кое имаше извонреден одзив. „Тоа е огромен комплимент за мене особено затоа што станува збор за луѓе кои се постојано изложени на концерти од светски калибар - нешто кон кое се стремев уште во зората на мојата меѓународна кариера. Не беше различно и овој пат, се случи прекрасна музичка вечер и со нетрпение го чекам моето враќање во овој град“, додава Имери.
Инаку, пијаното на кое свиреше Имери, како што сведочат и наследниците на Станчич, има топлина, љубов и убавина – карактеристики кои ретко кој инструмент го поседува сам по себе. Правејќи паралела со познатата марка „Стенвеј“, велат дека по силниот и продорен звук на „Стенвеј“ на кој сме навикнати, кога ќе се слушне звукот на „Плејел“, на кој инаку, свирел и славниот Шопен, се чувствува дека тој „самиот од себе пее“. Неговите тонови се топли, нежни, а сепак, не им недостига силата на звукот за да го исполнат амбиентот. Концертот на Дино Имери беше дел од Циклусот „Pleyel Svetislava Stančiča“, а организатор на настанот е уметничката организација „Кристофориум“, во соработка со Културно-информативниот центар на РСМ во Загреб. Уметничката организација „Кристофориум“, е основана во чест на италијанскиот градител на инструменти - Бартоломео Кристофориј. Македонскиот пијанист Дино Имери до крајот на годината го очекуваат уште два значајни настани. На 24 ноември настапува во Ленгерих, Германија, во рамките на „Виртуозо фестивал“, додека на 4 декември, пак, во Скопје, во Камерната сала на Филхармонија на РСМ, ќе настапи заедно со македонската истакната диригентка Дијана Имери - Илкоска, а ќе го реализираат долгоочекуваниот проект „Музика и поезија - вечер со музиката на Шопен“.

The post Дино Имери во Загреб свиреше на историско пијано од марката „Плејел“ од 1911 година appeared first on Република.

]]>