загинати бранители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaginati-braniteli/ За подобро да се разбереме Sun, 23 Jun 2024 12:26:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png загинати бранители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaginati-braniteli/ 32 32 Берово им оддава почит на загинатите бранители од воениот конфликт во 2001 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/berovo-im-oddava-pochit-na-zaginatite-braniteli-od-voeniot-konflikt-vo-2001-godina/ Sun, 23 Jun 2024 12:26:27 +0000 https://republika.mk/?p=789948

Во Берово денеска се одбележуваат 23 години од смртта на загинатите бранители Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, кои загинаа во воениот конфликт 2001 година и три години од подигање на спомен- обележјето, кое во нивна чест го подигна Општина Берово.

Делегации од Единиците на загинатите бранители, од Општина Берово, од семејствата на загинатите бранители, ОВР Берово, Организација  на резервни офицери Берово - Пехчево  и политичките партии,  положија цвеќе на спомен-обележјето на загинатите бранители.

Пред присутните беше прочитан краток реферат за делото на загинатите бранители и со едноминутно молчење беше оддадена почит.

-Во знак на голема почит кон загинатите бранители, во Берово се преименувани имињата на четири улици, со што  уште еднаш,  им се поклонуваме и  го овековечиме споменот на нашите херои, чии животи се вградени во темелите на нашата земја. Вечна им слава на загинатите бранители и вечен спомен на Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски. Нивното спомен-обележје засекогаш ќе ги избрише од заборав нивните ликови, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

Во рамки на пригодниот реферат беше потенцирана пораката дека не постои поголема вредност, поголема доблест од тоа да се стави сопствениот живот на браникот на татковината, акт длабоко вткаен во опстојувањето на една држава.

The post Берово им оддава почит на загинатите бранители од воениот конфликт во 2001 година appeared first on Република.

]]>

Во Берово денеска се одбележуваат 23 години од смртта на загинатите бранители Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, кои загинаа во воениот конфликт 2001 година и три години од подигање на спомен- обележјето, кое во нивна чест го подигна Општина Берово. Делегации од Единиците на загинатите бранители, од Општина Берово, од семејствата на загинатите бранители, ОВР Берово, Организација  на резервни офицери Берово - Пехчево  и политичките партии,  положија цвеќе на спомен-обележјето на загинатите бранители. Пред присутните беше прочитан краток реферат за делото на загинатите бранители и со едноминутно молчење беше оддадена почит.
-Во знак на голема почит кон загинатите бранители, во Берово се преименувани имињата на четири улици, со што  уште еднаш,  им се поклонуваме и  го овековечиме споменот на нашите херои, чии животи се вградени во темелите на нашата земја. Вечна им слава на загинатите бранители и вечен спомен на Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски. Нивното спомен-обележје засекогаш ќе ги избрише од заборав нивните ликови, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.
Во рамки на пригодниот реферат беше потенцирана пораката дека не постои поголема вредност, поголема доблест од тоа да се стави сопствениот живот на браникот на татковината, акт длабоко вткаен во опстојувањето на една држава.

The post Берово им оддава почит на загинатите бранители од воениот конфликт во 2001 година appeared first on Република.

]]>
Традиционален меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/traditsionalen-memorijalen-turnir-vo-mal-fudbal-vo-chest-na-zaginatite-braniteli/ Sat, 07 Oct 2023 07:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=688808

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе го отвори 22. Традиционален меморијален турнир во мал фудбал, во чест и сеќавање на загинатите припадници на македонската полицијата во 2001 година и настаните во Куманово во 2015 година и загинатите припадници на Армијата на Република Македонија во 2001 година.

Kако што информираат од МВР, турнирот е во коорганизација на Министерството за одбрана и здружението „Херои на Македонија 2001-2015“.

На меморијалниот турнир ќе учествуваат 13 екипи составени од припадници на Армијата, на полицијата, семејствата на загинатите бранители и Агенцијата за млади и спорт.

The post Традиционален меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе го отвори 22. Традиционален меморијален турнир во мал фудбал, во чест и сеќавање на загинатите припадници на македонската полицијата во 2001 година и настаните во Куманово во 2015 година и загинатите припадници на Армијата на Република Македонија во 2001 година. Kако што информираат од МВР, турнирот е во коорганизација на Министерството за одбрана и здружението „Херои на Македонија 2001-2015“. На меморијалниот турнир ќе учествуваат 13 екипи составени од припадници на Армијата, на полицијата, семејствата на загинатите бранители и Агенцијата за млади и спорт.

The post Традиционален меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители appeared first on Република.

]]>
Петровска: Чекам одговори од општините за подигање споменици на загинатите бранители кај Вејце, Карпалак и Љуботенски бачила https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-chekam-odgovori-od-opshtinite-za-podigane-spomenitsi-na-zaginatite-braniteli-kaj-vejtse-karpalak-i-lubotenski-bachila/ Wed, 16 Aug 2023 11:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=672688

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, во изјава за „Канал 5“ телевизија, рече дека очекува одговори од општините во врска со иницијативата за поставување споменици на загинатите бранители кај Вејце, Карпалак и Љуботенски бачила, и порача дека од овој настан не сака да прави медиумска атракција ниту да го користи за популистички цели.

– Ако кој било од градоначалниците сметаат дека иницијативата е неправилно поднесена, се разбира може во писмена форма да одговорат, а јас како министерка добро знам која ќе биде следната фаза за реализацијата на оваа идеја, истакна министерката.

Таа дополни дека ги чека одговорите од надлежните општини, согласно Законот за меморијалните споменици и спомен обележја.

– Не е идејата ниту да се надмудруваме, ниту да создаваме дополнителни конфликти, затоа што, во државата и на централно и на локално ниво граѓаните очекуваат од нас да ги решаваме проблемите за кои сме поставени, а не да креираме нови проблеми, нагласи Петровска.

The post Петровска: Чекам одговори од општините за подигање споменици на загинатите бранители кај Вејце, Карпалак и Љуботенски бачила appeared first on Република.