загината девојка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaginata-devojka/ За подобро да се разбереме Tue, 17 May 2022 07:18:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png загината девојка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zaginata-devojka/ 32 32 22-годишна Македонка загина во Данска додека работела како чистачка во училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/22-godishna-makedonka-zagina-vo-danska-dodeka-rabotela-kako-chistachka-vo-uchilishte/ Tue, 17 May 2022 07:18:35 +0000 https://republika.mk/?p=503171

Дваесет и двегодишна девојка од Македонија загина во несреќен случај на своето работно место во Данска, пренесува порталот А1он. Според данската полиција, настраданата девојка работела како хигиеничарка во училиште, каде што се случила несреќата со машина за чистење.

Данските медиуми јавуваат дека таа била пренесена во болница со тешки повреди на кои им подлегнала.

– Ние сме во процес на спроведување дополнителни истраги и повторно ги испрашуваме истите сведоци, објаснува Торбен Витендорф од данската полиција.

Според данските медиуми, роднините на девојката се веќе известени. Данската управа за работна средина е повикана и мора да биде вклучена во истрагата.

The post 22-годишна Македонка загина во Данска додека работела како чистачка во училиште appeared first on Република.

]]>

Дваесет и двегодишна девојка од Македонија загина во несреќен случај на своето работно место во Данска, пренесува порталот А1он. Според данската полиција, настраданата девојка работела како хигиеничарка во училиште, каде што се случила несреќата со машина за чистење. Данските медиуми јавуваат дека таа била пренесена во болница со тешки повреди на кои им подлегнала.
– Ние сме во процес на спроведување дополнителни истраги и повторно ги испрашуваме истите сведоци, објаснува Торбен Витендорф од данската полиција.
Според данските медиуми, роднините на девојката се веќе известени. Данската управа за работна средина е повикана и мора да биде вклучена во истрагата.

The post 22-годишна Македонка загина во Данска додека работела како чистачка во училиште appeared first on Република.

]]>
Ова е девојката која загина во синоќешниот земјотрес во БиХ, има само 28 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ova-e-devojkata-koja-zagina-vo-sinokjeshniot-zemjotres-vo-bih-ima-samo-28-godini/ Sat, 23 Apr 2022 08:58:42 +0000 https://republika.mk/?p=492532

Силен земјотрес синоќа ја погоди БиХ, а Елмира Сефо (28) починала откако била донесена од Столац во тешка состојба.

Ова од Кантоналната болница го потврди д-р Сафет Мујиќ за порталот Аваз.

Според извештаите, девојката била донесена во болница без пулс, притисок и практично без знаци на живот. И покрај напорите на лекарите, реанимацијата не успеала во амбулантата или во болницата.

Нејзините родители и сестра се полесно повредени. Огромна карпа паднала врз нивната куќа во населбата Кукавац.

Како што јавува репортерот на „Аваз“ од местото на настанот, пред болницата се собрале роднините на семејството и медицинскиот персонал. Сите се во шок, занемени од тага.

Молитвите за покојниците ги преплавија и социјалните мрежи. Еден од најпознатите босански инфлуенсери, Недим Ботиќ, ја напиша најтрогателната посвета, која доби стотици споделувања и коментари, пишува monitor.mk. Тој го опиша последниот ден на Елмира дека таа постела во петок, служела ифтар (вечера) во џамија на тие што постеле, се клањала и го загубила животот во земјотресот.

Земјотресот беше почувствуван низ целата земја во Сараево, Мостар, Зеница, Требиње, Билеќа, Столац, Љубиње… Бројни граѓани на Требиње, Зеница и Сараево истрчаа на улиците.

Од силината на земјотресот се се тресело речиси една минута, а граѓаните кои живеат на повисоките катови пријавиле дека паѓале работи врз нив.

The post Ова е девојката која загина во синоќешниот земјотрес во БиХ, има само 28 години appeared first on Република.

]]>

Силен земјотрес синоќа ја погоди БиХ, а Елмира Сефо (28) починала откако била донесена од Столац во тешка состојба. Ова од Кантоналната болница го потврди д-р Сафет Мујиќ за порталот Аваз. Според извештаите, девојката била донесена во болница без пулс, притисок и практично без знаци на живот. И покрај напорите на лекарите, реанимацијата не успеала во амбулантата или во болницата. Нејзините родители и сестра се полесно повредени. Огромна карпа паднала врз нивната куќа во населбата Кукавац. Како што јавува репортерот на „Аваз“ од местото на настанот, пред болницата се собрале роднините на семејството и медицинскиот персонал. Сите се во шок, занемени од тага. Молитвите за покојниците ги преплавија и социјалните мрежи. Еден од најпознатите босански инфлуенсери, Недим Ботиќ, ја напиша најтрогателната посвета, која доби стотици споделувања и коментари, пишува monitor.mk. Тој го опиша последниот ден на Елмира дека таа постела во петок, служела ифтар (вечера) во џамија на тие што постеле, се клањала и го загубила животот во земјотресот. Земјотресот беше почувствуван низ целата земја во Сараево, Мостар, Зеница, Требиње, Билеќа, Столац, Љубиње… Бројни граѓани на Требиње, Зеница и Сараево истрчаа на улиците. Од силината на земјотресот се се тресело речиси една минута, а граѓаните кои живеат на повисоките катови пријавиле дека паѓале работи врз нив.

The post Ова е девојката која загина во синоќешниот земјотрес во БиХ, има само 28 години appeared first on Република.

]]>